1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оставање на детето само дома

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 15 декември 2019.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    Затоа реков зборувам конкретно за државата каде што јас живеам.
    За жал тешко дека во Америка постои место каде што не се случил криминал цели 50 години, дури и 10 г. е многу.
     
    На CameliaMiller, Rama и M&M им се допаѓа ова.
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    Искрено не сум ни го разгледала тој закон, за жал многу ретко можеш да видиш деца да се играат на улица, единствено гледам деца надвор сами само кога одат и се враќаат од училиште.
    А живееме во мирен дел без многу криминал.

    Постовите ми се еден по друг, се извинувам :)
     
    На CameliaMiller, Rama, M&M и 2 други им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Ама над 4 година е веќе сосема друга возраст од 2 .
    Ете моето е толкаво. И ни на крај памет не ми паѓа да го оставам сама ни на 5 мин.
    Познавајќи го колку е палав, отвара врати, фајќа клучеви, му текнува да се топори на маса, скока од кревети. Баш е во возраст кога се истражува и сака да види.
    Плус што не се плаши од ништо и не е сеуште свесен за опасноста.
    Нема никакво оправдување. Ни да го оставам додека спие. Шансите да стане се големи.
    Врзен во столче? Ни најсигурното не е сигурно дека нема да се обрне.

    Единствено го оставам за до дуќан кога малата ми е тука. Која и не е така мала и многу го пази. И имам поверение.

    Самостални деца не се прават со оставање дома на 2 год. Ќе дојде и тој период во свое време. Кога јас и мм ќе оцениме дека може да биде сам дома.
     
    На Kitten, CameliaMiller, theowndemon и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Колку се смешни вакви женички што ги почнуваат постовите со НЕ БАРАМ ЈАС ВАЛИДАЦИЈА ПОШО МЕНЕ НЕ МИ ТРЕБА ЈАС СУМ САМОУВЕРЕНА МАЈКА, кој к** пишеш ако си самоуверена? Оставање на детето дома е широк поим пошо дете може да биде од 5 години и може да биде од 12 години. Оваа на инстаграм оставила бебе. Не знам која страна да ја фатам со вакви. Не осудувај си велам, секој прави најдобро што знае. Ама од друга страна луѓе што упорни во своите срања и нејќат да ги сменат, да послушаат совет, зарем тие закони кои ги споменувате погоре за оставање на детето само дома се џабе измислени? И јас нејќам да сум презаштитнички настроена со ќерка ми, ниту да ја пуштам сама да расте, барам средина. Ама каква независност бре од бебе бараш.
     
    На ~Allure~, Kitten, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.401
    Допаѓања:
    81.592
    Пол:
    Женски
    Можеби концептот на темата не требаше да биде инфлуесеркава и нејзината одлука да го остави нејзиното дете само дома.
    Наведува на осудување.
    Требаше да биде со друг концепт .
    Кога би ги оставиле вашето дете дома?
     
    На Kitten, M&M и gjoker4e им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Ама ти си во мал град. Кај мене дома преку ден имаат влезено и зеле пари од новчаник, додека сме биле дома. Не дај Боже дете да е само дома во таква ситуација и го начека тој што влегол...коса ми се крева што се може да се случи. Ете, некогаш нема да заклучиш...а и нашава врата е прилично тешка за заклучување и отклучување, јас не можам да заклучам.
     
    На Kitten, CameliaMiller, green.eyes и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Имав шест години кога мајка ми првпат ме остави сама дома. Едната баба падна и го скрши колкот, а притоа претходно имаше мозочен удар. Татко ми беше во странство, а другата баба во друг град. Баба ми мораше под итно да оди во болница, па мајка ми мораше да ме остави сама на 1-2 часа додека дојде другата баба. Убаво се сеќавам како вчера да беше, плачејќи ми одржа лекција што смеам, а што не смеам да правам. Храна ми имаше оставено во фрижидер, а најстрого ми забрани да излегувам на тераса. Ако некој ѕвони на влезната врата, прво да прашам кој е, па ако е гласот на баба ми, тогаш да отворам. На секои 30 минути ми ѕвонеше на домашниот телефон проверувајќи дали е се во ред. Прилично мирно и послушно дете бев, па се пројде супер. Тоа беше првиот пат кога ме оставиле сама дома. Веќе од 11-12 години константно седев сама дома додека моите се на работа.
     
    На Herrera, Trxmx, Kitten и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.694
    Допаѓања:
    39.749
    Пол:
    Женски
    Дете од две години не би оставила никако само. Ниту будно, ниту ако спие. Уствари ако спие ич, зошто станува и ме бара, ако не дај боже се разбуди во тие 15минути ќе зајде од плачење ако не се појавам во собата каде спие во првата пола минута. Ако е будно исто ќе ме детектира дека излегувам, а и да не ме детектира ќе ме побара за многу брзо и истото го имам. Дури и да не плачеше по мене или било кој, премногу опасности има за дете од две години што не можеме ни да ги предвидиме. Колку и да е мирно дете, еднаш треба нешто да се случи и да биде фатално. Мм пред некое време имаше луда идеа да го оставел на минутка во кола (спиел) за да земел резултати. Му реков да не помислил. Да си го стави детето на рамо и да оди или да чека да стане.
    А на која возраср би била спремна да го оставам не можам да прогнозирам времето ќе покаже.

    Да точно е дека нас не оставале. Јас конкретно од 7 1/2 години сум седела со брат ми (додека сме биле иста смена) веќе од 8 сама, со клуч на врат. Ама тогаш не бевме изложени толку медиумски на глупости. Додуша брат ми гледаше многу карате кид па имавме дупка во столбот во сред дневна. И како што спомена некој тогаш комшиите си живееја. Секогаш имаше некој каде можеше да се обратиме за нешто. Комшиите имаа резервен клуч. Сега и за на одмор не би им оставила. Најверојатно нема да ме ограбат, ама од радозналост ќе се пршуњаат да видат што имам дома.
     
    На CameliaMiller, kukla21, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Озбилниве сте вие загрижениве со неоставање дете само на 10 години???
    Па, јас на тие години со „затресени“ родители, баби и дедовци сум се возел сам во автобус по 3 саати и сам сум возел точак надвор од градска средина, а да не зборувам што правеа другарчињата што имаа порелаксирани семејства. Дома само дете од 10 години никако хахахахха.

    Исто ко една загрижена најмајка што дома немала телевизор за случајно дечињата да не изгледале нешто погрешно, таа од проектор им пуштала на ѕид строго контролирани содржини. Тешко на децата со такви родители.
     
    На Just.do.it, Stressed Out, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.971
    Допаѓања:
    233.193
    Се краде и кај нас и се влегува и во сред ден. И тоа многу. Особено што се знаеме и знаат отприлика кога нема никој дома.

    Јас ме зборувам за 2 годишни деца, туку за поголеми кои беа спомнати во темата.
    Јас планирам за година-две сам да седи дома после училиште.
     
    На CameliaMiller и Annath им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.791
    Screenshot_20191215-202233_Chrome.jpg Screenshot_20191215-202115_Chrome.jpg

    Ова е од годинава, Македонија
     
    На CameliaMiller, slobodka, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.971
    Допаѓања:
    233.193
    На Just.do.it, Harper, Stressed Out и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.401
    Допаѓања:
    81.592
    Пол:
    Женски
    Исклучително е важно дете да се остави само до 12 год.
    Да му се даде доверба дека може без наше присуство, за неговата самодоверба и самостојност.
    Инаку може да имаме проблем со неговиот иден емоционален развој.
    Детето да стане интровертно, несигурно и фобично.
    Да нагласам дека говорам за возраст од школска возраст до 12 год.
     
    На Trxmx, supergirlmb, candy.cane и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    21.022
    Пол:
    Женски
    Мојава не би знаела кога ќе ја оставам сама, но сега на 2 години нема шанси.
    Послушна е и НАПРЕДНА, исто како мајкава се испофали на инста. Од 10 месеци оди, од 11 збори, на лизгалки исто сама се качува, вози тротинет, сама јаде од 7 месеци... уште да ја фалам треба?
    Нема врска напредноста со тоа кога е вистински момент за оставање сама.
    Баш зошто е напредна она мисли дека може се сама, знае се кое каде стои и да, знае да отвара врати... знае да се облече и соблече сама, па не би се чудела да се облече и излезе сама.
    Уште по врата не пробала да се качи, онака како пајак, зошто сирото ниско е(мало де).
    Така да дур не научи што е опасно, нема оставање сама дома.
    Си мислам што ако уклучи шпорет, што реши да се бања милион што ако, зошто нели она е напредна и знае се.
    Тоа што е напредно детето си носи и проблеми еден куп.
    И мојава знае на улица кога има кола да се тргне, да застане на пешачки и да чека зелено, ама не е за верба.
    Мали се..
    А дали на 7 години ќе може, ќе видиме. Има време до тогаш.
    Некогаш детскиот инат на јас можам, може скапо да не чини.
    И јас сум била сама, и сум ја облакала у скафандер да одам по леб. Сите сме некогаш сами.
    До пред влез сум морала да се симнам на 2 секунди, она спие, сум одложувала за кога ќе стане за да се симнеме двете.
    Ама секој си знае за себе нели.
     
    На CameliaMiller, green.eyes, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.791
    Не знам, може и на 7 да ја оставам, не знам. Ама сега на 3 и пол, не. Досега никогаш.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  16. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Само конкретно ќе кажам за без надзор оставено дете во хранилка! И на самите упатства кога се купува хранилка е наведено : Никако оставање само дете без надзор!

    Иако е врзано со каишки на хранилка, дел од секунда е да го фати нерва колку и да е мирно па да тресне со се хранилка т.е да се преврти! Или па да си се одкопча ( многу дечиња веќе сами знаат поготово после 2г да се откопчаат од хранилка или количка и да се качи т.е застане на нозе и тресне доле!

    Иста е малава на деугарка ми мирно, послушно, беља да не направи, седи и прави све што ќе и кажеш итн. Нооо, дел од секунда беше кога само претрча до вц да извади алишта од машина и кога влезе во дневна .... малата ( тогаш неполни 2ипол г. си се одкопчала од хранилка и застаната на нозе на сама хранилка ( на седиште ) го имитираше девојченцето од цртанот како игра со газето! Среќа нели што мама влезе нели? А, што доколку мама го шетала кучето ( немаат куче ) и што ќе беше да паднеше во 7мата минута дур мама е на мочање куче и тек треба да се врати 20тата минута м?
    Ете и ја имам куче ама дека 10мин се моча и кака куче хмммм :D едино ако не разбира команда одма мочај и какај :D
    Дур искочиш од стан, па ако имаш лифт, па да одиш до паркче ехеее ете ти само 6-7мин изгубени.

    Моето е 2г и 8мес и никогаш ни 2мин не сум го оставила сам. Не е бељаџија нит сумљам дека нешто би направил. Но, никогаш неможеш да си сигурен со дете нели. Не само што ќе зајде од плачење ако на првото викање Мама не добие одговор туку веќе и сам врати отвара. Па може да замислам да го заклучам во дневна ќе зајде да ме нема 10-15мин.
    Друга работа. Дете како дете во паника ете може со играчка да фрли во љутина ( колку и да е мирно ) во даден момент и оппп погоди тв и?
    Или ете отвори фјока на наткасна и реши да се пентари па цела наткасна му се преврти над него ( за ова има многу видеа на јутуб што се дешава со комоди, фјокарници, наткасни, тв итн ). Значи свашта може да се деси.
    Незнам јас лично никогаш мало дете не би оставила за да одам до продавница или да мочам куче надвор! Никогаш!
    А, кога ќе е над пр. 10г искрено незнам. Све зависи од самото дете па според неговиот тогашен карактер ќе знам.

    И да не заборавам за ситуацијата со детето на другарка ид сопругот. Анастасија беше тогаш 6-7г ( да не лажам не баш памтам ) . Баба ја чуваше и дур баба пружала алишта малата си го зема столчето од терпезариска маса, си го потпре на кујнски пулт ( мама што си ја гледала кога се качува нели ) си се качила на работната маса и од горниот висач си ги зема шумливите таблети. Па не 1-2 да стаи дете, си стаила поеќе од 6-7 таблетки и брзински за баба да не ја кара на екс сокчето! За неполни 1-2ч дете почна без престан да повраќа и поима немаа од што. Одма им се јавија се вратија мама и тато и едвај дете призна што направило! Директ на Клиника беа на чистење. Превитаминоза дете од 6-7 таблетки ( а може и повеќе ако смешала и од другите кутивчиња што биле ама дете не призна ) . И? Ај чистењето на желудник, а што доколку недај Боже се лизнела од пулт и треснела со глава на плочки м?
    Така да незнам баш за мало дете оставање само дома, а и за помало од 10г.
    Ете јас сум против.
    Но, не судам на оние кој ете имаат спротивно мислење од моето!
    Секој со своето и секој за своето си одговара!
     
    На Trxmx, Sofi.ja, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми си се откопчува сама во хранилка кога веќе не и’ се јаде и фино лепо си се исправува во неа на нозе. Знае и да си заигра така стоечки ако има музика на тв, затоа секогаш до неа има некој. Секогаш. Така што тврдам дека хранилка е една од најнебезбедните работи во која можеш да оставиш двегодишно дете.
    Не наоѓајте оправдување за оставање само дете дома на две, три, па и пет години. Лудост е, како да ви кажам.
     
    На Trxmx, CameliaMiller, Sofi.ja и 21 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.545
    Допаѓања:
    115.494
    Пол:
    Женски
    Бебе и дете до 9-10 не се остава само,а над тоа може ако е научено да не фаќа нешто што не треба.
    Јас од мои 9 години бев оставана со браќата да ме пазат,а постепено и сама.Мирно дете бев и секогаш ги слушав постарите,па не им беше проблем да ме остават сама.
     
    На Rama и didisi им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.971
    Допаѓања:
    233.193
    Не наоѓам Секси, така ми налагала ситуацијата и сум проценила дека може да го оставам. Јас сама растам дете од раѓање, и тоа придонесе да биде доста независен и самостоен и од мал да знае што треба да прави.
    На 2-3 години нормално не го оставав ни до тоалет да идам.
     
    На CameliaMiller, M&M и Chantal им се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Верувам дека е самостоен и независен, така е научен. И мојава е екстра напредна и физички и психички, зборува и разбира како тригодишно дете. Да не ја фалам што вика Цвет, ќе треба до утре да пишувам. АМА, деца се. Никогаш не можеш да бидеш сигурен што ќе направат, иако се паметни и размислуваат. Им лета мозокот.
    Не сум за чување дете под стаклено ѕвоно и врзано за сукњата на мама, тоа никако. Но за оставање само дома не ми е сеедно додека не бидам сигурна дека нема да има проблем. Кога ќе биде тоа не знам, ама на две, три и пет години знам дека нема да биде. За себе зборувам.
     
    На CameliaMiller, Sofi.ja, Lolipop23 и 8 други им се допаѓа ова.