Дискусијава почна поради постот на конкретна личност на инста. Нејзиното дете има година и нешто, значи нема две. Како и да свртите прерано е на година и пол дете без надзор да биде. За се си има соодветно време т.е возраст. Но ова е стварно претеризам. Таа мајка упорно тврди дека зборува само за своето дете и дека оно е мирно и не прави бељи, за после да пишува дека и лоша реклама е реклама на нејзиниот профил и дека не може сите да ја сакаат и заокружува колку денес имала следачи или како и да се викаат, ради постот. Да си ја чукне главата дека има медиумско влијание , какво такво. Дека дур она се рекламира и собира следачи, шири порака која и те како може да биде штетна по безбедноста на детето. Морам да кажам нешто што ужасно ме нервира, модерно стана на инста секоја некоја да се дрзнува да дели стручни совети за храна, активности, патувања, лекувања и сешто за децата и бебињата. Од кај им е само таа стручност во секоја област да се разбираат и така самоуверено реферати да пишуваат. Да се вратам на темата сум против оставање на дете само, па и минута да е. Ни работа, ни куче,ни маче, ни ништо. Сум го осетила на своја кожа. Секое сабајле чекам да дојде мајка ми или свекрва ми, па да излезам за на работа. Не ретко, ради тоа што идат со автобус, каснат. Јас каснам за на работа, дете спие, она ти вика за 5 минути сум кај вас. И сега, да одам?! До сега не сум имала храброст. И се случи пред извесен период Мм да ги чува. Двајцата спиеле и он се симнал до пред влез само да земе нешто , на втори живееме. Валда што тропнала вратата малото се разбудило и почнало да плаче, го разбудил големиот, тој сфатил дека се сами и се уплашил. Вриштеле, големиот знае да отклучи па ја отклучи влезната врата и излегле во ходник, и тука плачело, па излегле комшиите од спратот и се чуделе што е рабората, ги смирувале и се чуделе каде сме ние. среќа па убаво си живееме со комшиите, па децава мои ги знаат и сакаат. Мм вика се качувам горе, во ходник општ хаос. Еден комшија вика извинете влегов кај вас да проверам на некој да не му се слошило или се онесвестил ( и јас би помислила на тоа). Од тогаш и мм е прпа за вакви работи, а беше баш кул . Остај тоа, после подолго време големиот имаше страв да не биде оставен сам, полека го надминавме.
Како бебе додека спие ја имам неколку пати оставено за да претрчам до подрум да извадам количка.Немаме лифт во зграда па не сум гледала друга алтернатива.Не сум се задржувала повеќе од 3 минути. Исто и пред неколку месеци ја оставив додека си црташе да земам пакет од комшии.Не посолго од 2 минути. Мене и сестра ми не оставале од 7 годишна возраст.Правевме се лом ама немаше кој да не чува.Се плашевме дома па бевме нон стоп надвор.Сестра ми е 5 години постара.Мислам дека детето може да отсанива само од кога ќе знае да си земе јадење од фрижидер.На 12 години јас на диско одев мислам дека е нон сенс.Не знам да кажам точно од колку ќе ја оставам сама зависи од мм он е голема кукавица
Мене ме интересира како планирате вие да се организирате со детето кога ќе тргне на училиште, а веќе нема да оди целодневна? Колку што сум запознаена до 3 одд е целодневна. Тоа е на возраст 8 год? Повеќето тука се изјаснивте дека 10 год ви е нонсенс да оставите дете само? Мене па ова ми е преголема контрола. Сум размислувала на темава и сметам дека од 7 год веќе ќе почнам да ја учам да седи сама кратко, за да кога ќе дојде на возраст кога нема да оди целодневна да може да седи сама тие неколку часа додека ние не сме дома. Оти, немаат сите баба/дедо сервис или флексибилно работно време Од крајност во крајност се оди со коментариве и осудиве
Ова може да се случи и ако родителот е дома. Дај не правете драми без врска. Ајде нека се јават родители чии деца се повредиле пред нивни очи (сигурно ги има многу) Јас сум една од нив (немајка)
Убава тема. Моите се 7 и 3 години. Летово два пати ја оставив големата сама (на нејзино барање) и отидов до продавница која ни е во зградава. Се задржав цели две минути (исто толку време ги оставам да речеме и кога одам наутро до тоалет за да измијам заби, лице и крема на лице да ставам). Детето среќно затоа што сум и исполнила желба, и затоа што имам доверба во неа дека нема да прави ништо поразлично од тоа кога сум и јас дома. Пред неколу дена ги оставив (овојпат двајцата) пак на 2 минути и претрчав до продавница. Како ги оставив, така ги најдов. Пред тв, си гледаа цртани. Пред неколку месеци самата помисла да оставам дете само дома, макар и на кратко, ми беше незамисливо. Се плашев и си викав дека до најмалку 12 нема шанси да седат дома сами. Ама, самите деца си покажуваат кога се спремни на тој голем чекор. Додека беа помали, како на блогерката детето пример не ги оставав сами, зошто да, колку и да се напредни и паметни (убави на мајка ) може да направат беља иако да речеме нема никаква опасност во собата каде што се оставени. А посебно па не со храна и во хранилка, зошто секунда фали за беља. Јес да мене малиот пред очи ќе ми се угушеше со чоко стоби флипс (значи среќа што ми беше пред очи па реагирав во секундата). Затоа, секогаш следете си го детето. Само така ќе одлучите кога е добро време за да почнете да го осамостојувате.
Кај нас нема целодневна воопшто. Затоа и припремам дете да седи само. Сега баба ми го гледа, ама стара е и има 76 години. Наредна година ќе пробам дали може да седи сам.
Го остава само за да не му наметнува скафандер за само 10тина минути надвор? Или да прочитам по трет пат па да се осигурам така дека е. Мајкава сака да е интересна ама не е. Феминка е? Моето е скоро 3 го немам оставено ни на една секунда. Кога беше бебе кивав држејќи го едното око отворено.
Да да, пошо и е мака да го облече сопственото дете... Јас па немајка цела зима по јакна ја шетам цццц... Уствари мајкава сака да се пофали само и ништо друго. Други мајки не чуваат сами деца, туѓите деца не се паметни...итн итн итн Ама најтешко и најмачно да ти било облакање скафандер во мајчинството. Шала на страна, но кога ќе потпорасне и ќе оди во школо, мислам дека може полесно да му се објасни на дете како и што смее само дома. Ги гледам децава на пријателиве, многу голема разлика има на 5-6 години и на 9 пример. А не па на 2.
Ги имам двајцата заедно оставано за до продавница да претечам ама големиот има 9г. Малава скоро морав на 15м да ја оставам, сами бевме, брат и на тренинг, во принцип оди и доаѓа сам ама сега кога се враќа е многу темно и нема живо пиле на патот од сала до кај нас па ми е шубе. Ја премолив да дојде со мене да го земеме не сакаше, ја прашав ќе седиш сама, ќе седам, да не си мрднала, ок. Со трчање отидов и се вративме, брат и крена повеќе од мене паника кога му кажав дека сум ја оставила сама, мислеше дека ќе плаче, како ја оставив така ја најдов, не мрднала буквално, нит се исплашила. Ама ова е инцидентно и не би го повторувала. Големиот го оставаме ама не многу, по 1,2 часа ако сме тука во близина, во принцип и он не сака да седи мнпгу сам. Веќе оди во смени во школо ама не ми е спремен за толку долго време да го оставам, заборава да заклучи, заборава телефон да земе, клуч заборава, здравје догодина можеби веќе да. Има доста деца од кај него од школо што веќе остануваат сами. Секако дека треба да се осамосталуваат на оваа возраст. Дете од 1.5, 2г е многу мало, тука нема што да се дискутира. Додека бев на породилно со малата, големиов одеше во градинка, на најладно, по дожд, спиела сум ја будела за да одиме да го земеме. Сами бевме цело време докај 5ч, немаше друга опција па не ми текнало да ја оставам на пр додека спие.
Пред некој ден баш на турски вести видов како мајка оставила две годишни близначиња за да отиде до маркет, децава преврнале греалка, па завесите и се се запалило Мене продавница ми е буквално пред врата, само еднаш бев сама дома и го оставив дур спиеше. Ама сега знаејки колку е немирен, сам отвара врати шета ау не дај боже Скоро кај една роднина која има премногу темпераментно 5 годишно дете толку немирно.... Сам спие во соба а прозорот му седеше отворен а живеат на 5ти спрат.. Незнам како спие раат мајката знаејќи го синот, не кревети уште на таван се нема качено
Боже ми опрости, ама мене ова не ме чуди од женава. Мислам, како да ви кажам, ама заследете ја на неколку дена и се' е јасно до кај оди со паметот. Не ми е јасно како успеа да собере толку народ, него ја трефна групата. Патем, нејзиното не е дете. Бебе е. Тодлерче. Кога ќе какаи ќе се брише само, кога ќе мочка само, кога ќе зборува и ќе знае да каже повише од збор два, кога ќе оди и ќе јаде само, ќе биде дете. Сега е тодлерче и се подразбира дека не треба да биде само. Па уште и сама со овошје... хорор. Сумњам дека промислено го направила ова. I highly, highly doubt it. Мислам дека на тепка ја трефна темава. И сеа више кога тргна.... ќе расте бројот на посетители. Абе, абе.... ако ги гледате од др (бизнис) агол работите, појасна слика се добива ама ај ќе си ќутам.
Ќерќа ми има 11 месеца. Од кога е родена ја оставам сама на спиење за да одам до продавница што ми е до влез, и да го прошетам кучето. Не секој ден, ама сигурно 2-3 пати во неделата се случуваше додека бев на породилно. Кога беше убаво времето, намерно ја чекав да стане и да излеземе сите заедно. Многу пати се случило да морам да го изнесам кучето зошто веќе му дошло време да излезе, или сум имала пратка од карго да ја подигнам пред зграда, или брат ми поминал да донесе нешто. Ако детето е будно, дури и кога врнело надвор, сум ја облакала и сум ја земала со мене. Јас по влечки на дожд, во една рака дете, во другата куче, и во џеб пари за каргото. Едноставно немало шанси да ја оставам сама во дневна, креветче, хранилка, што и да е, сама и будна зошто иако е самостојна и не ме бара мене конкретно, многу е радознала и нема шанси да излезам низ врата без да направи скандал зошто она не е вклучена во активноста. Значи еве се ставам во средина помеѓу оние кои никогаш не би оставиле мало дете само, и тие како блогерката. Често сум ја оставала додека спие, никогаш не ми се случило да се разбуди додека да се вратам. Никогаш не сум ја оставила сама будна, ниту би ја оставила додека сосема нема разбирање за да можам да и објаснам каде одам и како треба да се однесува додека е сама. Јас сум седела сама дома од 11 години кога не живеевме повеќе со баба ми, претходно секогаш била баба ми тука. Од 8 години одев сама со автобус на училиште, и преку булевар сама поминував улица. Врз основ на тоа мое лично искуство, би рекла дека некоја самостојност би очекувала од дете на училишна возраст, здравје ќе видиме кога точно тоа би било со малата. А за муабетот што се може да се случи додека родителот го нема, мене детево ми се лизна буквално пред мене, падна незгодно и дури и крв од нос и потече. Ништо посебно, ама тоа беше најлошо што се удрила. Тоа, и на одмор што падна од кревет додека ја фрлав валканата пелена во канта 3 метра од креветот. Несреќи се случуваат кога најмалку очекуваш. Сега кога веќе и оди, дури се свртиш на другиот крај од станот ќе стаса. Дете со толкава подвижност и нула логика за тоа што е опасно не би оставила сама.
@Sexybaby86 и останати мајки на помали деца- да ве опуштам малку: разликата меѓу 3 годишно и 5 годишно дете е како разлика меѓу некој што има 20 и 40 години. Отприлика Децата во основа сами покажуваат кога за што се спремни. Кога беше моето уште бебе, а се преселивме во нов стан, не смеев да ја оставам ни 5 секунди пред влезна врата, дури да ја качам количката 5 скали нагоре кон лифтот. Плачеше и врескаше, а јас на 3 чекори од нејзе. Таа фаза и траеше, едно пола година. Кога имаше 4, пројави желба да игра пред зграда сама- јас да ја гледам/слушам преку прозор; сите деца од зградава се слична возраст и го оставаат сами. Па нешто се уплаши и нејќеше да чуе до наредното лето, кога научи да си отклучува врата од влез и пред зграда е со клуч околу врат. Сама дома не сум ја оставила пред на наполни 5. И тоа се има случено 2-3 пати, да претрчам до продавница на 10 минути. Буквално сум трчала, сум завршила работа за 5 мин. Ситуација слична како што опиша @ivi1987 , ја оставан и наоѓам пред телевизор. Кога дете ќе стане свесно за тоа што е опасно, што смее а што не смее и ќе се научи да почитува поставени правила- тогаш е во ред да биде само дома. Истото важи и за надвор. Е за седење само со саати, тоа не знам, уште не сме дошле до таа лекција. Оставање само мало дете, кое не може да рационализира што е џиш, што е високо и што е опасно- НЕ. Ни будно, ни во хранилка а особено не заспано. Оф топик: Во дом кај што живее мало дете, сите полици и плакари би требало да бидат безбедно заштрафени на зид.
Губела време А на инстаграм не губи ич од времето кое треба да го поминува со малата Јас скоро се запрепастив кога пријателка ми кажа дека ја остава малата сама во стан и оди до продавница на 10-15мин... мирна била. Колку и да е мирно, само не би го оставила, до кога незнам. Градинката ми е на 1мин од дома и малава заспана сум ја зимала во раце и во количка или сум ја будела за да одиме по батко и.. и уште тоа го правам ако е дома она. Не излегува од креветче сама, но доволно ке е да стане да се расплаче и да се исплаши.. она за рок од 30сек веќе е солзи до колена, а не да плаче 5-10мин... До двор ако треба да завршам некоја работа, со мене ги зимам.. на 2ри кат сме во куќа и ги зимам обавезно. Еднаш го начекав малиот си го отворил прозорот (имаше 3г) и се потпрел на мрежата со рачињата Никако оставање мали дечиња дома сами, па ни 5мин. Се препотувам, уморна се враќам од пазарење со нив, ама ке си седнам 5мин и ке си земам здив, ке си се напијам сокче или вода и супер сум. Абе и сам кога беше синко до 2ипол, а и сега заедно он 4ипол, она 2г на 5мин ги ѕиркам што работат ако се во друга соба, а ако се тивки и на минута
Дете од година и пол само дома па уште во хранилка врзано со храна пред него.. Не не и не, не е храброст лудост е, па уште тоа да се наметнува како врв на самостојност и напредност. Ми се јавува другарка воодушевена од постов и ми вели ние се тресиме до вц да одиме види алал да и е, тука ја прекинав. Страшното е што влијае врз маса на мајки кои во желба да се во чекор со ''трендсетеркиве'' животот ќе му го загрозат на сопственото дете зошто кога може на Митра детето да седи само дома ќе седи и моето и ќе се осамостои. Синко е 3г и 5м го оставам сам во соба кога одам да ја заспивам малата во соседната соба во прашање се некои 15-20мин, се случи спонтано сам пројави желба да остане да си ја продолжи активноста која ја прави но го следам на монитор, среќен што имам доверба во него продолжува со тоа што го правел и на врата ме дочекува со види мама што направив додека те немаше. Но не би се осудила да го оставам сам дома, па макар да го гледам и да ми треба повеќе од минута да стигнам до него. За малата која сега наполни година ја оставам само за во вц на минута а мали го земам со мене зошто е многу креативен кога е во прашање сестра му.
Ма колку и да сакам кучиња или мачки,тотално нонсенс ми е да го оставам детето т.е бебето дома само за да го прошетам кучето надвор!!! Што, да не ќе го урочите дома ако не го прошетате? Не знам дали имате памет воопшто! Па стави бебе во кенгур и иди шетај кучето, аман, кучињата ли ви се побитни од децата? Свашта држи земјава.
Му дошло време на кучето за шетање,жити мајка Пушти го кучето сам нека шета,ќе се врати.Приказнава,кучето побитно од детето,Бог да чува што нема да видиш и чуеш. Ако не си способен да чуваш и миленик и дете во исто време,откажи се,толку едноставно е.
@Chanell* @MamacitaBuena Еве јас сум ја оставала малата додека спие и сум излегувала, ама кога на кучето му било време за искачање, пишав и погоре, дете во една рака, кучето во друга, и искачам. Моето куче дури и надвор има одредено место каде оди по нужда, не го оставам било каде да прави бељи иако собирам позади него, буквално како на команда може да заврши работа за помалку од минута. Ама не можам да оставам дете што лази, и со тоа било каде низ дома да стаса, да биде ни толку време само. Кога спие, и знам дека нема да стане уште саат време, за мене побезбедно место од празно креветче нема. Ама будно дете нема шанси, еве денес бев во оваа ситуација, ја замотав во јакна, капа, шал и на дожд излеговме сите за кучето да прошета. Сакав да кажам дека кучето го имам повеќе години пред детето, дел од семејството ми е. Не би го дала некаде зошто сега имам дете, само морам да се организирам. Ако тоа значи дека и дете од 8 кила ќе носам во раце додека кучето врши физиолошки потреби, јебига тоа е, ќе го носам.
Моето дете има 23 кила,продавницата ми е на 1 километар во еден правец,на враќање го носам в раце.Дома сам да го оставам на крај памет не ми паѓа. Ова ми е стварно потреба,а се мачам така многу често. Да ви кажам искрено за животниве,абе додека се мали барем децата не е лошо да има кој да ве одменува,да се грижи за нив,уште тие ви фалат.А зошто кучето не оди само надвор да врши нужда или да шета,мора придружба? Еве комшииве имаат куче,го пуштаат само пред зграда,се изнатрчува и се враќа дома.