1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оставање на детето само дома

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 15 декември 2019.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.284
    Пол:
    Женски
    И јас денес кога разгледав која била таа шо дигна толку фама, го делам истото мислење со тебе, од збор до збор, скроз.
    Само викам ај ќе си поќутам...

    Од километар се гледа дека и е со цел да предизвика реакции и што повеќе следачи. Па и си кажа, негативни критики биле пак реклама...

    На темава, првпат сама останав дома околу 8г. Од тогаш се чувам сама, добив и свој клуч, го чував и брат ми дури што беше 2г.
    Ама бев самостална многу повеќе за разлика од него. Ќе ми кажеа биди мирна, не пипај шпорет, не праи нешо шо не треба и си слушав.

    Брат ми беше поразличен од мене, не толку сигурен и самостоен, па тек сега скоро на 11г почнаа сам да го оставаат моите. Ако не бевме дома одеше кај баба/дедо, у населба ни се, па затоа и можеше да иде. Ама и сега откако сум на факс долго време треба да седи таму, веќе и него му здосади и еве годинава супер е, се осеќа дека е голем и самостоен. Сам си покажа кога е време.
    Претходно не беше, знаеше да земе да уклучи тостер пример и да го остави така вклучен да седи со саати... Не беше доволно зрел за да го оставиш сам и спокојно да си уживаш.

    Така да, секое дете си е своја приказна. Ама на 2г да го оставиш само, бог да чува.
    Ние имавме ситуација со брат ми на тие години (околу 2 беше), мајка ми во кујна, ја со него игравме местење некои коцки во дневна на тепих, за секунда отидов вода да се напијам, се враќам, плаче, во нос пикнал делче од гумичка од играчки некои, не можеше да дише. Викнав по мама, среќа што одма реагиравме и беше океј се. Можеше да заврши фатално. За 1мин, што отидов по вода да си земам.
    Така да, не би оставила дете никогаш само на тие години, баш ради оваа ситуација.
    А, за откога би седело само, навистина се забележува према детето.

    Сепак, на дотичнава е трик за повеќе следачи, па не вреди да и се даде тоа внимание шо го доби...
     
    На BlackMistery, M&M, MrenaRiba и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Зошто откако кучето ќе изврши нужда, кој ќе собере позади него?
    Башка што моето е исклучиво на каишка, сигурна сум дека веднаш би го згазила кола да е пуштен сам. Пуштање да се истрча само кај моите во двор и во кучешкиот парк во Градски Парк.
    Муабетот ми беше дека тие кои имаат милениче, не е дека тоа им е побитно од детето, туку тоа е живо суштество кое со желба сум го земала, кое си носи одредени обврски и ќе го чувам најдобро што можам колку што ќе живее. Јас вечерта пред да ми пукне водењакот го шетав кучето, и дента кога се вратив од болница излегов го прошетав. Тој беше моја одговорност пред да се омажам и затоа јас се грижам за него и сега. Понекогаш маж ми го шета, ама ретко, ептен ако јас не можам.
    Пак ќе речам, не дека кучето е побитно, да треба да бирам ќе го изберам детето. Ама како што за детето се грижам, зошто со желба сум ја родила, исто и за кучето се грижам зошто јас избрав да го чувам, не ми падна од небо.
    Сакав да го кажам муабетот дека не е работата дали намирниците од маркет или шетањето на кучето се приоритет, туку дека тие се секојдневни обврски кои сепак ќе ги вршиме и откако бебето влегува во нашиот живот, само на поинаков начин.
     
    На Harper, CameliaMiller, Stressed Out и 12 други им се допаѓа ова.
  3. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Бебето и кучето не се само твои обврски,ваши се сега.
    Да не должам многу,не сум имала миленик на долго време,ниту ги разбирам тие кои имаат,затоа повеќе во таа сфера не навлегувам.Како и да е,децата на прво место.Многу работи ќе запоставиме додека да ги пораснеме,а камоли домашен миленик.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не сум мајка, ама ако станам еден ден, познавајќи се каква паничарка сум, детето нема да го оставам само ни на секунда, барем до 7-8 годишна возраст.
    Не сакам да ширам црнила во темава, ама се сеќавате на случајот во Србија, баш овој период беше минатата или претходната година, каде мајката за да се види со љубовникот ги заклучила дома децата и тие се запалија поради некој електричен спој од новогодишните сијалички :(

    Првпат внук ми го чував сама дома на неполни 6 недели, тогаш бебињата нели ни мрдаат, ни се превртуваат, само си лежат, го знаев тоа ама сепак не се мрднав од неговото креветче никако, периодот после неколку месеци кога почна да лази и да се исправа од креветче, пак го чував сама еден ден, и го заспав и легнав на земја покрај креветчето, си направив филм во глава, ако се исправи и падне, нека падне на мене во случај да заспијам јас цврсто и да не го осетам.
    Еднаш во дневна го возев во коритцето за капење, додека мајка му се тушираше јас го занимавав, и без да промислам го качив со се коритце на малата масичка во дневна и така стоеше и јас го занимавав, за секунда се свртив да го местам креветот и тој со се коритце падна, не се повреди ништо, ама многу плачеше, многу ми беше жал и се осетив неспособно, во 6 години откако имам внуци тоа ми беше единственото невнимание, а голем дел од денот се со мене.

    Не сакам да мудрувам, ама не е само да се роди дете и да си мислиш само ќе се гледа, како порано што се тешеле, навистина е тешко и одговорно кога се работи за жива материја.
    Знам дека немаат сите помош од баби, дедовци и тетки, ама пак и не мора да ја тестирате снаодливоста на детето од најмала возраст, баталете и инстаграм и најмајки и се, гледајте што е можно повеќе да му се посветите на детето како индивидуа.
     
    На Coco31, cresa-jagoda, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Disconnected_

    Disconnected_ Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Колку и е само неозбилен муабетот за една ваква тематика, кажува приказни за универзумот, до мислите било (facepalm) по тоа само можеш да процениш што сорта е, она си мисли ако е безгрижна ништо не би се десило а веројатност кај мало дете да направи беља е голема.
     
    На oblace1, mariz и Rama им се допаѓа ова.
  6. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.462
    Допаѓања:
    33.190
    Пол:
    Женски
    Ја има и на Фб јас од таму разбрав еве линк .
    Ова оставање со меченце или било каква играчка во креветче дете исто така може да биде опасност по животот на детето.
    Кога сум била мала исто така ме оставиле со играчка при што сум почнала да ја џвакам и да се гушам среќа баба ми ми ја извадила од уста оти таа ме чувала тогаш инаку амин од мене ќе било тога.
    Не знам дали е феминка не сум сигурнаа но кучето и е побитно од детето очигледно.
    штом нема врееме за детето да го спреми за шетање.
    Сепак во Украина е повеќе студено од колку кај нас во Макеоднија.

    Да се навратам на темата...
    Јас сум многу против ова оставање на дете/бебе само дома и на 5минути, ми се има случено малиот сеуште немаше ниту годинка зборев со мм на месинџер и готвев додека малиот ми спиеше но во тој момент незнам нешто ми излезе дека морам да претрчам до надвор дали по дрва да земам незнам што беше дали млеко беа оставиле во продавницата која е ми е во двор скоро а морав да платам мислам дека беше за млеко.работата и така зборејќи на камера му викам на мм идам и одма се враќам гледај го малиот. излегувам јас надвор и ми текнува дека како мм ќе го гледа малиот што ако падне, или заплаче па си свив опашот и си се вратив назад и го чекав малиот дури стане па излеговме заедно после се си средивме.
    Работата во хранилка не би го оставила никогаш не пак и со јадење да се занимава. колку и да ми е безбедно дома сум против сам.
    Сега е 3ипол години доле доека бевме во Мк ми се случи да излезам до пред врата дрва да земам ама голем е малку од малку и цело време си трчи по мене кај јас таму и тој (денски не ми спие веќе па полесно ми е) а тука во Гер.нема шанса да го оставам сам макар и до подрум да треба да се симнам оти го знам што немирко е може цела зграда да ја дигне во воздух. Е сега ако се смета и оставање сам во соба кога јас приемер постилам алишта што дневниот престој ми е заедно со терасата или кујната што ми ја дели од дневниот престој еден ходник се смета за оставање на сам не знам ама секој пат јас го имам на видик и што значи дека не е сам тука сум и јас со него.
    Јас лично тука не знам од која возраст може детето да седи само дома и на колку часа ама дур можам да го водам со мене не ми е проблем ќе си го водам. а кога не има градинка целодневна.

    Како и да е не ја оправдувам мајката од ФБ/Инста кој каде и да ја следи сепак точно е и лошата реклама е добра реклама за нејзе. Ама претерува се нешто да се стави на нет секој момент.

    Или она како беше цитирам ,, И на крај “какви ти се мислите такво ти е секојдневието”. Ако се тресеш за нешто си во страв да не те снајде нешто, баш тебе ќе те снајде.'' не е оправдание.
     
    На Rama, Chantal, didisi и 4 други им се допаѓа ова.
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Исто! Поголемата ќерка од 4 години ми се има случено да ја оставам дома на 5-10 минути сама и немало проблем! Објаснувам - јас одам таму, ти играј си, не излегувај, се враќам за брзо! Во маало сама игра од 4 години, точно под тераса, буквално гласот и го слушам па и ја гледам. Кога потпорасна на 5 години малце и подалеку оди( неколку куќи подолу), ама пак е овде на мој видик. Добар дел од денот минува надвор со деца. Кога е прежешко или ладно играат и по дома, кај нас или кај другарче ( секако задолжително е да ми каже кај кого оди да игра)
    Ако има потреба да се одалечи обавезно доаѓа дома, се договара со мене дали смее и тогаш оди. Можеби сум малце поопуштена бидејќи игра со поголеми дечиња( 2 год постари) кои патем ја пазат , ама и самото дете е претпазливо и се договара и почитува што смее а што не. Се разбира дека немам потполна доверба, сепак дете е, ама ете се учиме на самостојнсот, се договараме, градиме доверба и за среќа засега почитува правила. И имам кажено до ,,овде" смееш да одиш (куќата на комшиите) буквално не дава чекор подалеку без мое одобрување. Еднаш топката им избегала подалеку и не отишла да ја земе оти ,,мама не ми дава подалеку од оваа куќа" Сосетка ми раскажува дека ја викала да си играат во двор со нејзиното дете, не отишла иако сите деца отишле затоа што ,мама не ми дава да се одалечувам,, И уште многу ситуации во кои мојата 5 годишна ќерка ми докажала дека можам да имам доверба и дека ги почитува правилата до каде смее да игра. Се разбира проверувам каде е, знам со кого е, во секој момент знам каде ќе ја најдам... претпазлива сум и ја учам сЕ да ми кажува.
    Исто и на продавница има одено 5-6 пати, маалска продавница. По патот кој го оди до таму ја знаат и ги знае сите соседи, ама се плашам од невнимателни возачи па не сум многу спокојна и затоа не ја пуштам иако малата сака.

    Инаку зависи и од самото дете, некои се посамостојни и похрабри, други пак и да ги тераш не сакаат сами да останат... Затоа се зависи од самото дете.

    На годинка, две, па и три не сум ја оставала сама... дури ни во соба сама да игра на таа возраст не ми се остава а не пак да е подалеку од мене.
     
    На Gaga.sk, Rama, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.667
    Допаѓања:
    72.565
    Пол:
    Женски
    Не да претерува! Треба како прво да си ја чукне главата и да се освести дека претерува со фотографии од нејзиното дете насекаде јавно и сите може да ги гледаат, не размислува на никаква безбедност. И сега плус кажува јавно дека детето и само го остава дома... :worried: Па недај боже ама некој ке го искористи тој момент, секакви лудаци има... Јас се засекирав за девојченцето... Како тоа не го размислува воопшто? :shake:

    Јас незнам од кога би ги оставила, најверојатно самото дете и самото искуство ке покаже. Ама на памет не ми дошло 2г дете да оставам дома само. Па уште вика не ги охрабрувала другите истото да го прават, а постот нејзин друго кажува.
     
    На kalinaka, Rama, gjoker4e и 11 други им се допаѓа ова.
  9. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.462
    Допаѓања:
    33.190
    Пол:
    Женски
    Е баш така јавно и е се нема изгледа приватен живот уште да објави со маж и како се .... па се ќе е комплетно. Не е битно тоа можда ќе свати некогаш ако се случи недај боже нешто лошо па тогаш ќе мисли подобро ама што знам волк длака мрнува ама карактер тешко така и со човекот е .
     
    На Rama, didisi и mariz им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.574
    Допаѓања:
    155.660
    Пол:
    Женски
    Децата се пргави и мислам дека е голем ризик да се остава само. Пргави се, си играат, нестабилни. Во најмала рака ќе падни, и да не е нешто посериозно, ќе плачи и нема да има кој да го смири и то е вид траума. Ама шансите да направи поголема глупост се поверојатни.

    Оставање само влијае многу на осамостојување на дете ама никако не треба пролонгирано да се остава само (пример родител во друга соба и само го гледа), пошто детето учи низ игра. Да, дур игра и само учи, ама учи многу повеќе ако збора за тоа шо игра со некој, или ако збора за тоа шо гледа со некој. Ова зборам за деца кои немаат почнато во училиште. Зато и нели имаше муабет дека многу деца се затворени, и малку збораат, и само играат игри на таблет. Тоа е оти фали факторот родителот или кој било друг да збора со тоа дете и затоа пролонгирано оставање само не е добро. Од друга страна, океј е да се остава повремено. Ако се заигра само и му е ептен добро, а родителот треба да збрка нешто - само на око нека му е, ама на дистанца.

    Школските деца пак сакаат внимание ама веќе треба да им се дава можност за останување сами и осамостојување, во кратки интервали, и како растат во поголеми интервали. Тука мислам родителот да не е во домот, прво пример во двор/ пред зграда, после и до продавница и полека да навикнуваат на седење сами дома.

    И мислам дека треба да нагласам дека сум до втора страна со читање така да давам мислење на првично поставена тема, ако веќе некако свртен е фокусот поинаку ќе допишам.
     
    На cresa-jagoda, Rama, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ствaрнo е тaжнo дa ве читa чoвек, кo стaри бaби сo црни сценaријa, сo зaпaлени куќи, изгoрени децa...
    А еднaш мислaм имaше темa зa бебетo вo пoсебнa сoбa дa спие и пoвеќетo Америкaнки бевте.
     
    На Biljarkata, Sejfullai, Stressed Out и 4 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Јас немам баба сервис и било каква помош, па планирам од 6 години да почнам да ја учам како да опстане сама.
    Мора.
    Колку што знам некаде во прво одделение одат на екскурзија со спиење, па и на еднодневни екскурзии, мора да знае и сама да се среди после тоалет, сама да се облече-соблече, сама да знае дека е испотена и дека мора да смени блузиче, да си облече јакна кога е ќе залади.....и други ситни и поедри работи.
    Кога ќе тргне во школо и улиците ќе ги учиме.

    На 2 години се навистина премали.
    100% сум сигурна дека нема родител кој намерно го учи детето од таа возраст да седи само дома.Повеќе верувам дека мајката морала да пазари на кратко па го оставила кога мислела дека е најбезбедно да претрча.
    За другите незнам, ама за себе знам дека сум претрчувала.
    За лошото малку треба, ама може да се случи и кога мајката е нај-ангажирана околу детето.
    И домашните обврски сум ги завршувала со дете.Ќе му истурам играчки, ќе му дадам тенџериња да тропа и ќе си готвам.

    Моето дете не е пргаво.Претежно сум со неа, мирна е, тивка е, повеќе сака да читаме или цртаме отколку да беснее (за разлика од внуците кои се обратно - само да се трчало, е нив сами не би ги оставила, ќе се исколат за минута).Можеби затоа имам впечаток дека за 3 минути до најблиската аптека и зазад, нема да се случи ништо.
     
    На Kitten, Rama, Chantal и 11 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.667
    Допаѓања:
    72.565
    Пол:
    Женски
    Едно е само да спие и пак да си тука и да го слушнеш кога ке стане, а друго е само на 1,2г да седи дома, значи премало е за да е скроз само дома.
     
    На cresa-jagoda, Rama, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Не ја подржувам ниту моја фитнес Мама ниту пак оние кои велите нема да го оставите детето само до 10 години, или пак дека ни во друга соба не го оставате само. Ниту нејзиното - wanna be екстраискулирана не е во ред, ниту пак вашата екстремна претпазливост.
    Сум ги оставала децата сами најмногу по 5 минутки, но во различни фази од растот. Пример за малово кое сега има 8 ипол месеци. Го заспивам во дневна и одам во кујна да правам ручек. Ако ми притреба нешто да скинам од двор, или да земам нешто од подрум, претрчувам најбрзо што можам и си земам. Нема да чекам детето да стане зашто нормално нели потоа нема ни ручек да се узнае ни ништо!
    Кога беше помала и пред да почне да лази ја оставав сама во игралната на под, широко околу неа нема од што да се чукне, во раце глодалка да се занимава, а јас одев во ВЦ, па дури и во неколку наврати се туширав на брзина (не повеќе од 5 минути).
    Откако почна да лази, нормално не можам да бидам до толку опуштена да одам да се туширам, ја оставам во игралната за да тркнам по нешто до кујна и сл, ама обично таа инстант иде по мене.
    Еве неделава почна да се исправа за мебелот и ако не си до неа ќе падне, па периодов не можам ни секунда да ја оставам.

    И син ми периодот кога проодуваше не го остававме сам, но откако потпорасна и почна се да разбира, после 2 ипол години на пример, не гледам причина за паника ако го оставам сам заигран во игрална, а јас да излезам на тераса да пружам алишта.
    Да одам до продавница не ми паѓа на памет на оваа возраст, или до кај комшивка и сл ко што имаше примери, ама неоставање само во соседна соба ми е веќе контрол фрик. :o
    Друго, живееме на 2ри спрат од куќа, свекор ми и свекрва ми живеат долу, но нема внатрешни скали, туку мора од надвор да излезеш, син ми веќе одамна сам си слегува кај нив. Сум го пазела на почетокот, ама потоа почнав да го оставам и сам да оди и наслушнувам само дали ќе почне да збори од долу, ако ми е сомнително излегувам да видам дали навистина отишол кај нив или се заиграл во двор.

    За кога ќе биде поголем, кога ќе тргне на школо (на 6 години), претпоставувам би била поопуштена и би го оставила и додека да тркнам до продавница за 15тина минути, ако нему не му се оди на пример.
    За 7-8 годишно дете па да не правиме муабет, би требало веќе да знае убаво да се снаоѓа низ домот па и да треба да остане на 1-2 часа само, би го оставила во исклучителни ситуации, секако не за да си терам шопинг.
     
    На Alishan30, Rama, Chantal и 9 други им се допаѓа ова.
  15. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.192
    Погоре пишаа има огромна разлика на децата од година во година. Син ми има 3.5 години. Како расте се поразбран и помирен е. Сигурна сум да го оставам на 10-15 минути и да се договориме дека ќе го најдам на исто место, освен до вц ако отиде.
    Не сум ги оставила, освен заклучени во кола со подотворени прозори на 5 мин, со претходно да се согласат со мене. Се правиме по договор.

    П.с и моите се врло паметни и врло напредни :hai::makeup: :D:D:D(fingers)
     
    На Chantal, JuLleE, TutiFuti и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам оф топик али да и каже некој на мајкичкава на инстаграм дека работиве што ги има набројано за бебето (зборење, одење) се скрос просек за таа возраст? И да и каже дека тие работи немаат врска со способноста на бебето да процени опасност.
     
    На cresa-jagoda, Rama, Chantal и 11 други им се допаѓа ова.
  17. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20191216_111820.jpg Според ова, се гледа дека сака само внимание. Свесна е дека детето не е доволно зрело за оставање само дома, а сепак го остава.
    Сите се согласуваме дека кога-тогаш ќе ги оставиме, и јас а имам оставено дур спие да земам карго или нешто од долниот спрат. Ама додека е будна не, додека јаде никако.
     
    На cresa-jagoda, Rama, Цвет88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.853
    Допаѓања:
    21.124
    Пол:
    Женски
    Не знам како може да не замислувам црно сценарио кога знам дека знае да отвори фиока и да си земе лажиче, знам дека знае да си земе ѓезвето и да стави на шпорет демек чај пие.
    Што ако место лажиче земе нож, што ако откако ќе го направи чајот се фати со рака за ринглата...
    Ете не се пожари, земјотреси, крадци, киднапери или што ти уште не.
    Едно е да си во вц, на балкон, во друга соба на 1-2 минути. Друго е да отидеш некаде каде што нема да можеш ни глас да чуеш, а во никој случај па да реагираш.
    Колку и да се удираме во гради, колку се нашите деца напредни и паметни. А уствари се нормални за нивната возраст, нема реална потреба од тоа оставање сами дома за да го мочам кучето, или да испазарам нешто.
    Зошто да ми смета тоа дете со мене во продавница, па јас мислам дека баш сакав да го родам, да го растам, а не да ми е мака да му облакам скафандер.

    Секој ден викам не, секој ден, за се.
    Не викам не кога ќе се качи на тв побогу, туку ја симнувам ја тргам, барам контакт со очи и објаснувам дека тоа така не смее, дека ќе падне, ќе се повреди, ќе се скрши тв итн итн итн..
    Ама ете, напредно дете, на лустер се качува, па ќе ја оставам сама.
    Може она, послушна е. Сама се чува.
    Јас стварно еден период не можев да ја оставам сама ни секунда. Зошто баш тогаш пробува се што мисли дека може, а јас не дозволувам.
    Секако дека ќе дојде момент кога ќе треба да седи сама дома, да игра надвор сама итн.
    Ама за тоа треба време и спремност. Тогаш кога ќе знае што значи нож, шпорет, кога ќе знае дека не смее да излага сама, да не отвара на никого, кога нема да плаче до зајдување, има милион кога.
    Многу се мали и не знаат да се пазат.
    Мојава иако напредна, се сопнува на прав пат... ќе падне незгодно, ќе се удри...
    Да бе да, сценарио е.. филм цел.
    Не значи дека секој пат ќе е немирно, ама ете, баш еднаш може да се случи.

    Овие постови кога некоја се праи најмама... ми се толку полни со осуда..
    Као глеј ја како сум го научила детето, спие, мирно е...
    Не бе мила, си имала среќа па не си видела мака.
    Или со вежбиве... као ако не вежбаш, не се сакаш себе си, си се запоставила.
    Ела да видиш какви вежби имаме ние по дома, ама не им дадов фенси име, се викаат игра.
    Ела да видиш како се слабее 20кг.
    Премногу се форсира совршенство во последно време премногу.
    Имам мајка во близина, која има дете, куче, зајче, папагал, живеат сами, па никогаш не го оставила детето само дома, а е 6 години. Не вежба, има подочњаци, уморна е и нервозна. Секогаш е чисто, испрано, испеглано.
    Ама таа е мајка херој за мене. Зошто ми дава пример дека се може да се постигне ако се сака.
    Наспроти неа, има таму некаде мајка, на која и е тешко да му облече скафандер на детето кога го моча кучето.
    Ете тоа е тоа модерно време. Да се пофалиме која има попаметно дете, која повеќе ослабела, која направила по специјалитет за ручек.
    Не има секакви.
    Ама ај бар вака си имаме тема за муабет, а некој си има заработка.
     
    На Lady*Bug, CameliaMiller, Rama и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Просто да се чуди човек, на фемина најнајнајнајдобрите мајки со најнајнајнајнапредните деца.
     
    На GirlRose, Sejfullai, Stressed Out и 4 други им се допаѓа ова.
  20. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам само... и кој знае дали воопшто има направено таква глупост, него може и целта на глупиов муабет е само да собери некој следач плус. Кој знае, ама веќе ништо не ме чуди.
    А доколку навистина има направено вакви глупости , алал и вера на паметот. Бог да сачувај, куче дали мочкало да ми биде поважно од дете, па на сметка на кучето да си оставам дете само. Неразбирливо за мене.
     
    На cresa-jagoda, Rama, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.