Оставање на детето само дома

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 15 декември 2019.

  1. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    https://www.instagram.com/p/B5FahH5HujX/?igshid=1aptbkyhmq5lt
    После сликичките е видеото последно.

    Ме навлековте да го измањачам профилов нејзин да видам што толку способна е малава Марта за нејзина возраст да седи дома сама 10-15мин. Значи не зборам за дете само во дневна, а јас во вц или во спална местам кревет, пуштам машина за сушење или перење, вадам алишта итн. Значи зборам да искочиш од дома, да заклучиш и дете ( конкретно помало од 2г ) да е дома скроз само!
    И оппп наидувам на видеово каде малава бубачкава гумена ја бутнала во уста, па самоуберенава ( какви ви се мислите таков ви е животот вика нели! Па чудно како детево и има бубачка гумена во уста а мама е со убави мисли и не го предвидела тоа ) мама бута показалец да извади бубаче од уста.
    Па еве конкретно ќе кажам за моего дете дека еве скоро ќе е 3г и никогаш, ама никогаш не пикал ништо во уста. Но, сепак е дете и сепак сум внимавала и внимавам зашто никогаш не се знае тоа мало мозоче како ќе проработи. Изненадуваат секој ден со новитети знаете и сами.
    Па ете ја видов малава Марта на видеото, па онака една особина приметив дека сепак дете пика ствари во уста ( може ова и било прв пат ама не е битно сепак е мн мало детево ) и замисли ова да се деси дур мама моча/кака куче 15мин надвор? И се деси дете му залетне играче на 8/10та мин од излагање на мама пример де! И? На камера се гледа де со тета, стрина или баба? И таа преку камера што ќе направи? Ќе се телепортира?
    Па нели помањачив профил па гледам тв онака си е поставено на комода ниска во дневната. Недај Боже во радост на некое песниче или цртан плесне со раце во тв и толку ќе е од дете Недај Боже!
    Па океј .... онака неколку поста од слики препрочитав, па свекрваи што рекла и што напраила, па патките, па пилиња, па реки, па пи..ке си ма..терине муабети како од тинејџерски години на клупа позади зграда кога си правиш :D
    И после неколку текста прочитани, слики и видеа сметам дека јасна треба да ви е сликата на личноста која ја зборите!
    Доволно е 3-4 реда од пишано под слики/пост да и се прочита и ете ви целокупна слика на личноста!


    И незнам како може споредба да правите на оставање скроз само дете под 3-4г дома и дете оставено во една соба, а родителот пр. во вц или спална? Озбилно такви споредби направивте т.е демек па и јас го оставам во дневна дур сум во спална и диплам итн! Па сигурно со слушалки на уши и музика не слушате дур сте во спална или вц, или имате затворени врати по дома и ептенннн јака збучна изолација како во стидио за снимање песни? Значи на секој шум, звук, дете да заплаче, да се слушне тресок, да ве викне итн ТУКА сте на неколку метри и слушате, па и подѕиркувате, верувам и на моменти подзборнувате и сте присутни за Недај Боже!
    А, сосема друго е јас детево да го оставам дома скрозззз само ( ете 2г и 8мес е поголем од Марта ) и да го заклучам во дневна ( зашто иначе ќе си отвори нели квака ) да оставам безбедна дневната ( но, не постои ништо безбедно освен ако е празна дневна само е ламинат/паркет без гарнитура, наткасни, столици, играчки итн зашто доволно е на стол да се качи па на маса, на наткасна итн ) и да заклучам и влезна врата и да искочам да мочам/какам куче или до продавница да пазарам!
    Значи не е нормално и крај!
    Подеднакво не е нормално како дете оставено само во кола толку мало без разлика спиело или не спиело! Оставете во некоја поразвиена земја само дете во кола па да ве видам :)
    Ене во Н.Л во кола беа оставени зимото двете дечиња демек спиеле, па оппп се разбудија во паника вриштеа па комшии кршеа прозор да ги вадат!
    Ама не е нормално и крај!
    Демек оние кој го мислат спротивното дека не е нормално се посесивни и мрднати мајки на 1-2-3-4г па и повеќе годишни дечиња? А, спротивните од тоа што? Во друга земја ќе ве пријави некој и опппп ѕврц на врата 2 службени униформирани лица и 3 лица од социјална служба и нема објаснување, трескање од земја и плачење аман за аман, врски фаќање, жалби и молби итн! Не бреее не постои жива сила која ќе ве спаси. Ви ставаат едно печатче и потпис и секое право врз тоа дете го губите! Сепак пред све е заштита над децата на прво место. А, доколку се воочи дека загрозувате живот на дете или нели Недај Боже е загрозен .... ви се одзимаат сите права на родител и во иднина, како раѓате следно дете така Државата ви го одзима. Ова конкретно за во Швајцарија и Германија ви кажувам. За другите земји не сум сигурна.
    Ене го мојот па и остали деца помали, поима немаат што опасност е претрчување на улица, брцање во штекер, уклучена рингла, рерна, не седење во седиште во кола итн. Значи сеуште немаат ни претстава што и како може да се повредат или да се случи!
    Ајде качи дете на 6ти спрат и изнеси на тераса и остај го да видиш дали е свесно и знае за опасност хммм. Дали ќе седи мирно или од љубопитност ќе се испентари на гелендерот да гледа надоле.
    Или не тргајте ножевите од фјоката нека му се на дофат де шо има везе дете е мора да знае на 2-3г дека може да се заколе, а треба да се осамостои па нека се научи да ракува и со нож!
    Или шо им даваме рака или ги држиме мислиш дланка ќе им стопиме дур поминуваме пешачки м? Абе нека одат паралелно до нас или позади или пред нас! Нека се осамостои тоа 2-3-4г дете шо ви е остајте го! Во кола во седиште хммм. Абе врзи му појасот обичен и при секое кочење нека се научи самоконтрола па да си се телесно укочива и глава цврсто да си држи при идар или кочење.
    Скокало на гарнитура во близина на масичката. Нека скока де шо има везе и да падне и да расцепи глава! Како иначе ќе се осамостои на 2-3г м?
    Незнаело да џвака? Глупости! Дај му нека се осамостали дај бомбони, крупно исечено овошје, зеленчук или шо и да е и нека јаде бе! Абе дај му пушени свински коски од оние за грав некој што ги користат и нека глода дете нека се јача. Излези од дневна оди пружај алишта и остај дете нека се учи само да џвака на 1-2-3г нека се осамостои де!
    Подеднаква е опасноста како да го оставиш скроз само дома и тие 10мин толку мало дете без разлика напредно, мирно, паметно итн. ДЕТЕ Е ТОДЛЕР крај!
    Посесивни мајки без осет дека дете треба да се осамостои! И јас сум ете посесивна мајка упм јадно дете не може од мене да дише ни 5мин.
    Озбилни сте некој што ве прочитав па и тие кај дотичнава што аплаудираа и ја подржаваа?
    Страшно!
    И за крај : Осамостојување на дете е да знае да си закопча јакна само, да знае да облече патика/чизма само, да знае да се соблече и облече само, да знае да си измие лице, раце, заби, да се исбрише после мочкање и какање, да кога ќе заврши со јадење однесе прибор во лабаво, да си ги стави прљавите алишта во корпа за перење, патиките на место после шетање, само вода да си стави ( ма макар на мало столче да се качи нормално под надзор де ) , да јаде само со приборот ( виљушка, лажица ) итн!
    Е тоа е осамостојување бре жени.
    А, не само дете дома :D
    Малку прочитајте прво значење на осамостојување што значи.
    Џабе и 10годишно дете да остаиш само дома ако незнае да си принесе јадење, да се измие, да се избрише после вц, да пушти вида после користење вц итн.
    Имајте убав ден понеделнички и не постои термин “ трендовски/модерно/паметно/промислено “ во оставање тодлер скрозззз сам дома! Против законски е и лудост е!

    Се извинувам за утната некоја буква и грешки во пишувањето, да не едитирам целосно.


    Едит : ете ја @danichap нека каже за Германија ( за она погоре што пишав ) . Ете и другарка ми исто таму живее, па некад идам таму на гости па за тоа знам како функционира. Како раѓаш така ти зимаат дете! Зборам каде е докажано и со јаки докази на негрижа, запоставување и загрозување на живот или Недај Боѓе веќе загризен живот ( починато бебе/дете ).
     
    Последна измена: 16 декември 2019
    На sanji4444, Melinda1985, neno0o и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Видам ли огромен пост после страни и страни испишани за една ситуација, знам дека нема ништо вредно за читање.
     
    На Stressed Out, ivi1987, Queen Leah и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    22.775
    Пол:
    Женски
    Поентата на видеото, ваууу видете како ме послуша и плукна.
    А дете не ја ни исперцепира.
    Воодушевување вааауу што имаш, како достигнување на векот.
    Уште муабетот со свеки, као еве јас и одам контра...
    Поврзаност-ништо.
    Морам малце и јас да и го прочачкам профилот.
    Да научам нешто де.

    А баш се чудев, што имаат толку за објавување секој ден, толку интересно, толку паметно.
    Не знам, можда пропуштам многу работи од секојдневието. Некои работи кои сметам дека се нормални и не се научна фантастика.
    Оно баш тие да ти биле привлечни за добар бизнис.
     
    На Rama, Vennera.aa, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    :D Ме изнасмеа Цветче.
    Чепкај и собирај совети, искуства па може тоа ќе охрабри мајки дека сето тоа е сосема коректно и нормално за осамостојување на тодлерот.
    Но, внимавај после кога ќе споделуваш и пишеш пост да е во 3-5 кратки реченици за да е ВРЕДНО за читање де :D Да не се мачат читателите да читаат зашто конфузија им ствараат долги постови кој на крај резултираат со БЕЗ ПОЕНТА/ВРЕДНОСТ!
    Од сега вредноста на писателот ќе се вреднува во книгите, студиите и тн. кој се само од 4-5 реда цитат. Цитат. Зашто конкретно тие кратки поста пишани се со голема поента и се поучни за секоја мајка која тука чита.
    Цветче не си губи драгоцено време верувај после 4 поста пишани на инста нејзини ќе се откажеш :)
     
    На Rama, fana, TutiFuti и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    22.775
    Пол:
    Женски
    Ма се откажав на првиот хахахаха....
    Стварно не ми е научна фантастика. Нит па нешто посебно паметно.
    Каде ли грешиме :D
     
    На Rama, fana и sofi2107 им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981

    Абе... баш затоа малку и саркастично пишав, пошто не ми стои за таков талент. Не верувам да знае до толку за психолошки тригери за да ги употреби во нејзини цели искрено. :D Ја следев кратко да видам што е фамата уште кога почна ама брррррр, мамулки. Ноу. :D

    Него на тепка, па ај сега кога се напраи фама, да искористиме, пошто таман претпразнично (кога органскиот сообраќај нулира на социј мрежи и треба да плаќаш за видливост) доби сноубол ефект и иг ќе ја форсира сеа мин 1 недела.

    Мош па стварно намерно вака прави, шо ја знам.

    Се разбираме мислам секако, не е ок никако. Ама никако
     
    На slobodka, CameliaMiller, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.128
    Пол:
    Женски
    Конкретно, за Германија, оти нели вчера реков ќе разгледам по нетов, се препорачува/дозволува (не знам дали е законски регулирано) да се остави дете од 4 или 5 години само, на кратко, околу 15 минути, но само ако родителите се во непосредна близина. И не со помало дете од него, за кое истово би имало одговорност да го чува. И никако дете кое е на возраст испод тоа. Поправете ако грешам.

    Горе доле, повеќето што го прочитав беше од 9 до најкасно 12 годишна возраст, поради емоционалнот развој на децата. Но да бидеме реални, повеќето школарчиња седат сами дома. Како порано, така и сега. И чинам 9 е многу, освен ако детето е стварно неодговорно. Повеќето се согласуваме околу тоа дека пермисивност и презаштитеност не се во ред.

    Моите сум ги оставала и како помали и сега, но само кога сум во друга соба, проверувам/правам ручек, идам у вц итн.

    Реков дека е на родителот да процени кога е детето способно да биде оставено само и никако не мислам дека за тоа е способно дете од година дена. Мислам реално, мене пред очи ми паѓале и ми се засркнале со храна и добро што сум била тука да изреагирам навремено.

    А не ме свиѓа баш ни како замина темава, со психолошки профил на мајката. |(

    Бриџопрочитајметемолам. :worried:
    :*
     
    На CameliaMiller, Rama, Biljarkata и 9 други им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    118.613
    Пол:
    Женски
    Абе оваа уствари ја мрзи скафандер да и облечи на девојчето јас на инста прочитав сеа. Сестро не ти е детето самостално, НЕ! Ти си мрза! Разбирам дека мораш да одиш до продавница ама за таму ако треба во ќебе ќе ја замотам и не ја оставам бе.
    Ау нееее фенси си ти сори плис, ќебето сељачко е, скафандерчето е топ ама јбг те мрзуфка да и го облечеш :puke:
     
    На mssuniquee, cresa-jagoda, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Oвa нaмернo, нели? :D
    Пoчестo oткoлку штo мислиме се oстaвaaт децa нa 10тинa минути, oсвен нa фoрумoт, зa тукa збoр дa немa, сaмo не е нештo штo трубиш нaсекaде. Тoa и е грешкaтa. Излегувa итнa ситуaцијa, претрчувaш вo стрaв и тoлку, ќутиш. Oти утре недaјбoже и пред твoи oчи дa му се случи нештo нa дететo, ќе си мaјкaтa штo oстaвa дете сaмo, мoнструм.
     
    На Biljarkata и Stressed Out им се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.771
    Допаѓања:
    145.280
    И јас не се согласувам дека толку далеку треба да отиде темата. Океј е , се согласивме дека дете од 2 год не е баш за само, а мајката во продавница.
    Ама не е ни ок да се прави анализа на мајката и детево.
    Го оставила- по мене сосем погрешно. Ама да анализарам како го гледа ич не ми е од работата.
     
    На mssuniquee, Rama, do-re-mi и 7 други им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    118.613
    Пол:
    Женски
    Читано меѓу редови тоа и е темата.
     
  12. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Јас сум против. Ама ми се има случено да ги оставам сами. Тоа беше сега брзо, ми стигна прака од карго и морав да подизлезам. Сама бев дома, надвор врнеше истураше и ја ставив малата во креветче оградица, малиот до неа и му реков да и фрла топчиња. Ја заклучив дневната. Со трчање отидов и се вратив.И ден денес некогаш си велам како можев. Ама тоа траеше толку кратко значи исто ко во вц да сум била дури и помалку. Тие си играа не ни приметија дека мњ нема.Големиот прв пат на 8год го оставивме, сам сакаше, брат му на вакцина го носевме. Му оставив тел. И и кажав на комшивката дека е сам. Се беше ок. Одговорно дете е. Кратко беше и тоа. За да шетам куче нема шанса да оставам дете. И пред нас се случило да се удрат и.повредат. Јас имам навика да ги оставам на кратко тројцаа сами и да ги шпиунирам. Знаете колку се поодговорни? Али на дете верба јас немам. Особено не на мало ко на блогеркава.има илјадници следбеници незнам што и е текна ваков пост.
     
    На cresa-jagoda, Rama, Vennera.aa и 6 други им се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Премногу црна хроника се чита и премногу црни сценарија прочитав тука. Искрено, не е добро човек со таков страв и мисли да живее постојано.
    Сите се сложивме и сме со мислење дека дете под 3 години не треба да се остава само дома.
    Ама дека јас како мајка не треба да ги оставам ни секунда во соба да си играат и дека треба во врат да им дишам, не ми иде стварно.

    Од друга страна па, тука читам дека си ги гледате и пазите децата постојано а сликата во парк и по лулашки е сосем поинаква. Деца оставени сами да трчаат, рипаат, се качуваат кај што не треба и излетуваат по тротоари и улици, а мајките и бабите во телефоните гњурат и со свртен грб кон детето муабети си тераат.

    Пак ќе кажам, секој родител треба да си го познава детето и да знае во кој период во животот што може само да прави. Ништо исфорсирано, спонтано да тече осамостојувањето за се, не само за седење дома само.
    Кога ќе ви почнат децата во школо, ќе почнат да одат на екскурзии, музеј и разнимитиствари. Нема да ги пуштате или како?
     
    На CameliaMiller, Rama, lovestoneddd и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.402
    Допаѓања:
    90.566
    Пол:
    Женски
    Јас мислев темава ќе се развие подалеку од мајкава на инстаграм и нејзиното дете:?: односно да збориме за процесот за оставање дома,возраста е сосема индивидуална,но најмногу од се улога игра родителот.
    Родител кој ке ја пренесе сопствената несигурност на своето дете,нема ни на 14 да остане само дома.
    Играње надвор,одење до продавница,до школо, до тренинг,читајки ја темава имам впечаток дека до 13 год.децата во школо ке ги носите, нема ни да знаат сами до дома да дојдат.
    Страшни сценарија кои може да се случат говорат за вашите фобии.
     
    На An-na, Biljarkata, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Оф топик е, ама еве јас сум мајка која лизгалки и нишалки ги смета за опасност. Значи баш таму јас не оставам дете само. И се ежам кога гледам тригодишни деца качени на огромни лизгалки, се нишат со сета сила на нишалките, мене нозе ми се тресат. Еве јас немајка сум, првото дете до 4 5год не го носев на такви места. Другиве да ама очите шеснаески и до нив.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.528
    Допаѓања:
    288.930
    Јас сум апсолутно против за оставање на мало дете само дома.

    Кај мене се ца.4.5, 3 и 1.5. До сега никогаш не биле сами во куќа а јас да ја напуштам истата. Ниту кога било само едно, ниту две ниту сега кога се три. Приказните поголемото ги пази помалите важат кога и тоа е доволно големо правилно да рассуди определни ситуации. Во нашиот случај, кога најголемата е 4.5, не станува збор за таква ситуација, може само некои идеи да им истекнат.

    Ако немам леб ќе месам. Ако немам брашно ќе варам макарони. Ако немам макарони ќе варам јуфки. Ако немам јуфки ќе пржам компири. Ако немам компири ќе пржам јајца....и така до недоглед.
    Од дуќанче може да е итен само памперсот и млекото, затоа резерви сум купувала за да имам, да не мора пакети да мкнам паралелно со деца.

    Сакам куче ама сеуште немам бидејќи не ми е вреден газот да се справам со три деца и плус куче.

    Сум имала и помош сум била и со недели сама дома. И со сите три, комбинации со кенгур, дупли колички, одење... ама сум си рекла боље да ги изнесам, да ги фати воздух отколку да седиме дома цел ден.
    @Bridget се надевам не читаш надоле, па ќе ме поштедиш од најмамичка епитети|(.

    Најмалово е 1г и 9 месеци. Станува од сите можни хранилки. Од една успева и да се откопча. Додека си се завртел она стои. Се качува на апсолутно се. ОД земја на стол, од стол на прозорец, на работна маса од кујна....
    На иста возраст другите почнаа да се превртуваат од креветче. Дигаа, прчеа нозе...и успеваа да испаднат.
    Физички се доволно мобилни да стасаат секаде но емоционално и ментално си се баш тодлери, без страв и без проценка на опасност.
    Нејзе сама не ја оставам бидејќи физички е многу фит, повеќе и од големите, но со тоа знам дека може само повеќе бељи да направи.
    Другите две ги оставам сами во соба, а јас да сум во соседната. Ги погледнувам на 5 минути да речеме.
    Не сум хеликоптер мајка, ниту ги чувам во стерилна средина но предизвиците и фазите на осамостојување треба да бидат соодветни на возраста. Се сложувам со она што го кажа @sofi2107 на таа тематика.

    @sofi2107 лично искуство немам фала богу, но колегата на мм е босанец, имаат 4 деца. Жената ми кажа дека го оставила едното , мислам дека било 6-7 години имало тогаш, само дома, за да заврши обврски на брзаница со другите деца. ПРвите комшии ги пријавија и им дојдоа од социјалното. Не им ги зедоа бидејќи ништо не се десило, но имаа редовни контроли и разговори. Ова пред 10 години. Дали нешто е променето сега не знам, ќе треба да прогуглам.
     
    На AngelOfArh, CameliaMiller, Doozy и 20 други им се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.128
    Пол:
    Женски
    Не мора толку искреност, круна треба да се дарува. Темава е полн погодок. :rofl: Не за џабе велат дека молчењето е злато. :D

    Ама скроз сум сериозна во делот дека не е во ред да се остави толку мало дете само дома. Па поготово во хранилка или додека јаде. Таму каде што те мрзеше да прочиташ, сериозно има добри аргументи. :nod:

    Не, не. Ако се случи нешто пред твои очи, тука си да изреагираш.

    Која е таа итна ситуација? Да го прошетам кучето?
    Ништо продуктивно тука.
     
    На Herrera, Alisa22, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    118.613
    Пол:
    Женски
    Ако ;) (highfive)
     
  19. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.972
    Допаѓања:
    13.724
    Сум ја оставила на 3-4 минути да тркнам до продавниа (оти ми е ептен блиску, а било многу ладно надвор). Ја оставив во креветче, заклучив спалната (таму нема ништо опасно што да фати) и одма се вратив. Секако никогаш не би ја оставила мала на 2 саата сама, ама за 3 -4 минути не гледам проблем, барем кај моето дете.
     
    На Rama и Queen Leah им се допаѓа ова.
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.972
    Допаѓања:
    13.724
    Сешто. Не се согласувај, ама не вреѓај и повраќај.