1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оставање на детето само дома

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 15 декември 2019.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Како не ви е јасно некогаш, постојат работи за кои можеме да се согласиме и да не се согласиме, пример, овој фустан е убав или не е убав, и постојат работи како во случајов со оставање на бебето дома само, за кои не можеш да се согласиш или не, пошо не е ствар на мислење. Постојат закони (не знам дали кај нас) кои што налагаат до која возраст е кривично дело доколку се остави детето само дома и тебе никој нема да те праша дали ти се согласуваш со тој закон. Аман да не се навредела. Можда ќе размисли два пати за постапките нејзини после острата реакција на нејзиниот пост. Не плачете ко мали деца. Не дај боже, не дај боже нешто да се случи, после нема да штедите погрдни зборови за мајката.
     
    На Rama, fana и Цвет88 им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.942
    Допаѓања:
    36.874
    Пол:
    Женски
    Темава можеше да се движи во многу поубав правец, ама... побитно е најмамичките да се пофалат колку се посветени и грижливи мајки и да ја сатанизираат немајката :^)
     
    На candy.cane и Bridget им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Да де, за сите што се одговорни родители, збори со сарказам. Најмамички. Темава требаше да биде никогаш за ништо не давај коментар, подобро да се случат сите можни сценарија дури е детето дома само одколку недај боже да се навреди некоја мама, како смеело да се искритикува некоја непромислена постапка. Ваква тема не треба ни да постои пошо оставање на дете од година и пол само дома е common sense. Не ми се верува дека има некој што мисли дека децата ќе се осамостоеле ако ги оставиш сами дома на година и пол. Ама гледаш, ја ко падната од марс, мислам сите исто се грижат и после ме шокираат вакви работи.
     
    На slobodka, Kolin, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.250
    Допаѓања:
    67.794
    Пол:
    Женски
    Ме изненадувваш дека терминов го користиш со оглед на тоа што можеби во друга тема и за тебе некој го искористил. Дебатираме како и на секоја тема, не мора да си даваме епитети и да ја сведуваме дискусијата на суптилно навредување и препукување.

    Инаку, нема зашто да не си кажете кога би го оставиле детето само или од кога сметате дека е океј. Женава ќе ја прокоментираме и после тоа секако ќе се сврти дискусијата.
    Јас не знам кога би ја оставила сама, баш немам никаква идеја. Убаво би било да споделите вие со поголеми деца како течел процесот.
    А за оставање во друга соба... И јас ја оставам, мала ни е куќата, нема ништо опасно, скали или слично, кај сака оди, нити и водам толку ред. Одам се туширам со отворена врата и ја слушам, ја прашувам дали е добра, ми одговара со да секогаш. Ама да ја оставам и да излезам на 15 минути нема шанси.
     
    На Nausicaa, candy.cane, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    22.770
    Пол:
    Женски
    Џабе објаснуваш, како и секогаш поентата се промашува оти се чита селективно. Односно од цел текст се двои само една реченица, која ним не им одговара, па врз основ на таа една реченица, пред и по која има уште еден куп кои ја дообјаснуваат они вадат заклучок дека некоја мајка се правела најмајка.

    И види, таа е полоша што се пофалила дека е против оставање на детето само дома во однос на онаа реченица, не ќе го облакам детево за кучето само да моча...

    *И аман заман, сфатете, кога има даден пример, сите збориме за тој, ако се даде друг, ќе кажеме мислење и за тој другиот.
     
    На Rama, mariz и fana им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.205
    Допаѓања:
    118.603
    Пол:
    Женски
    Пошто ти мислиш дека може убав правец да има темата, почни го, ние со задоволство ќе се приклучиме кон истиот.
     
    На eli25 и MamacitaBuena им се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.177
    Допаѓања:
    27.343
    Луѓе, јас како мала цел живот сум била со баба и дедо и брат. Мајка ми и татко ми беа на работа.
    Не сме се колеле со ножеви.
    Ама несакајќи сме се удирале со играчки.
    Еднаш брат ми падна од скали, малечок беше 4 години.
    Мајка ми беше во ве це ние си игравме, тој падна. Никогаш нема да заборавам мајка ми цела пребледе жената, одма ургираше.
    Деца се сакаат да фатат, да пипнат. Колку и да ги чувате на дланка не дај Боже дете паѓа. Во парк, од велосипед.
    Сите сме биле деца, сме паѓале и сето тоа. Не дека е во ред, ама тоа е тој период од животот.
    Дали ја оправувам мајкава?
    -Секако дека не.
    Ама со овоа лудило на најмаки стварно немам зборови освен-Боже
     
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.942
    Допаѓања:
    36.874
    Пол:
    Женски
    Јас го пишав своето мислење на темава, врати се наназад некоја страна, мајката не ја спомнав, додека вие од уста не ја извадивте :rofl:


    @RainBow Дали некој ме нарекол најмамичка или не, не ме тангира ич. Јас не се сметам себе си за најмамичка, така што...
    Ме изненадува што ти ја охрабруваш дискусијава да оди во правец на осуда на мајката, отколку да оди во правец каде што би си давале совети или искуства околу истата (всушност и не баш, оти очигледно е дека ви одговараат тралалајки мислења, па затоа ги форсирате истите)


    @Mantub Јас кажав мислење како сметам дека би требало да се одвива темава. Вакви мислења со напади и осуди на форумов има еден тон. Мене ете не ми се допаѓаат, ама очигледно мнозинството ги милува таквите “дискусии"
     
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.205
    Допаѓања:
    118.603
    Пол:
    Женски
    А ти, нас од уста не не вадиш :) таман си е, фито сме(highfive)
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.250
    Допаѓања:
    67.794
    Пол:
    Женски
    Не е за тангирање или не, туку едноставно нема потреба од таков ироничен тон и такви зборови, ја свлекуваат дискусијата на никакво ниво.
    Дали ако јас кажам дека не е во ред да се остава така дете ја осудувам мајката? Зборувам за безбедноста на детето, не за мајката. И зборувам за себе и споделувам свое мислење.
    А да не била тука? Да била до продавница, да сте биле сами? Да се случило и нешто посериозно?
    Викаш тука била и ургирала одма, па после викаш ова лудило со најмајки.
    Што подразбираш ти лудило со најмајки, што некоја не сака да си го остави малото дете дома и смета дека не е во ред таквата постапка? Лудило ли е тоа? Или обратното е лудило?
     
    На theowndemon, candy.cane, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.942
    Допаѓања:
    36.874
    Пол:
    Женски
    Ај направи дистинкција помеѓу лична осуда и групна осуда. Ако ти е исто, ок.

    Не знам што толку ве тангираше моево мислење, ако нема вистина во истото, не треба да се возбудувате. Chill out...


    Леле аман.... форумов е полн со слични мислења, ти за моево се фати. И види двојни аршини... мислењава тука исто се полни со осуда, иронија итн... ама еве ти сметаш дека само моево е такво, а другиве не? И после не форсирате вакви тралалајки?!, Аман те молам! Читаноста ви е поголема кога има тензија и расправии, затоа и ги оставате и охрабрувате истите ;)
     
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.177
    Допаѓања:
    27.343
    Лудило е што за секоја прдешка се потресуваат за детето.
    Лудило е што ако ја знае азбуката на 6 години е гениј.
    Лудило е што има разно разни групи за се и свашта за најмајките.
    Не знам што би било ако не била таму, искрено не знам.
    Ама ако имаш дете значи додека одиш во ве-це треба да одиш со страв ако е 6-8 години?
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.250
    Допаѓања:
    67.794
    Пол:
    Женски
    Нема врска ова твоево со темава.
     
    На Alisa22, cresa-jagoda, mariz и 5 други им се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.177
    Допаѓања:
    27.343
    И да, темава е прогласена за најболна точка на форумот и затоа не ни влегувам во дискусии за мајки пошто одма изгледа се чека некоја што не е мајка и одма напаѓање на големо.
    Ок е.
    Ме прашуваш што е лудило?
    Ти одговорив.
     
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Абе јас не ја осудив од аспект како си го чува нејзиното дете.
    Ја осудив од аспект зашто се алудира на истото како да е модерно, добро и и се аплаудира за храброста.
    Нејзиното дете нема 2 години.
    Што ќе си речат некои мајки? Дај и јас да бидам храбра?! Со дете од година - две, па и 3. За поголеми не знам. Немам поголемо дете, немам искуство.
    Да не се лажеме дека немаат влијание ваквите постови врз некого.
    Инаку, дете се остава само кога ќе имаш доверба дека знае да се грижи за себе.
    Ако тргам од себе, од 9 години, 4то или 5то одд седев сама дома после школо до 4ч. И со автобус се враќав сама од школо.
     
    На theowndemon, Vennera.aa, CameliaMiller и 14 други им се допаѓа ова.
  16. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Јас не прочитав никој да ја осуди мајката. Сите зборат за безбедноста на мало дете. А,да таа реченицата со скафандерот. Еве и мене ми е полесно да излеза м сама отколку да облекувам три деца, обувам и пакувам. И затоа назима многу често седам дома. Ете, и јас сум немајка, ама не гледам.задоволство во шетање на студ. И со тоа дека некоја мајка ќе остави дете само дека Мери така рекла,не верувам. Има влијание да, ама зарем до толку би влијаело на таква одлука. Еве моето прво дете е поголемо,девет години има, оставан беше со баби и дедовци,одеше во градинка, прв пат кажав кога го оставив сам. Значи ќе видите колку е детето спремно да седи само накратко, дали се плаши, дали може да отиде само во вц, дали знае дека не треба да чепка во струја,да оди на тераса и слично. Мое мислење е дека под 4години никако, па дури ни после. 8,9 е веќе друга приказна. Исто ми беше и со пуштање сам надвор. Ама тоа е веќе друга тема.
     
    На Vennera.aa, candy.cane, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.250
    Допаѓања:
    67.794
    Пол:
    Женски
    Имало многу поскокотливи теми, да не се лажеме. :)
    Нема врска со мајка или немајка, ниту ти спомнав такво нешто. Темава не е за дали мајките се потресувале на секоја прдешка, ниту пак за групи што имало за мајки, денес има секакви групи за се и сешто, не е тоа нешто за да му се придаде некое значење или да се окарактеризира како лудило, смешно е дури. Туку темата е за оставање на дете само дома. Што е многу, многу поразлично зашто станува збор за безбедноста на детето, а особено мало дете од две годинки, или и помало.
     
    На eli25, cresa-jagoda, mariz и 3 други им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.177
    Допаѓања:
    27.343
    Така е.
    Не можеме да го споредиме фактот дека е исто сега и пред 5-10 години. Различно време е и страшно е пред се.
    Во мојот првичен пост напишав дека не ја оправдувам мајката.
    Да оставиш дете скроз само прво, ментално не е добро. Малите деца разбираат, ќе почне да плаче. Сум била сведок ми дојде дете на гости јас ќе го заиграм мајка му во собата е -тоа си ја бара,а не пак да е излезена.
    Ситуацијава ни мислам дека е современа ни пак храбра мајка, туку напротив. Чим решила да стане мајка треба да знае дека првите години поголем дел од времето детето ќе и е приоритет.
    Вториот дел се однесуваше за тоа дека ако децата се над 5-6 годинки се поголемки,но и попалави. Родителите не треба толку да се обвинуваат ако тркнат до ве-це. Има шанси дека ќе се деси некоја несреќа, ама се минимални.
    Делот за најмајки се однесуваше на тоа децата да се над 12,13 години и уште да ти е страв да ги оставиш сами. Тоа се веќе тинејџери, големи деца.
    Да се редактирам, ова за 12 годишни деца не се однесува за членката која е во САД, туку знам лични примери.
     
    На fana и Rama им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.255
    Допаѓања:
    189.561
    И мене ме оставале од 9, трето одделение немаше целодневна настава. Тоа подразбираше и да си дојдам дома од училиште, а не тоа не беше краток пат. Мислам дека денес на истата таа дистанца би функционирале родители, коли, чуда. Не знам дали е претерување или не, не сум таму за да знам.

    Секако гугл има одговор на се, па има одговор и на темава
    https://www.childwelfare.gov/pubpdfs/homealone.pdf
    Резиме за инстант читачите: само 3 УС држави имаат регулиран лимит од колку години се остава дете само дома, возраста варира од 8 до 12 години. За @RainBow и останатите читачи-убаво четиво.

    Бидејќи живеам во мало место и основните училишта се релативно блиску (до 500 метри), гледам деца од второ одделение (7-8 години) кои си одат сами дома.
    Ние немаме ни баби ни роднини ни дадилки. Ни инста ни фејсбук ни мајчински групи. Си го проценувам детето, гледаме што е за неа и за мене прифатливо и што нејзини врсници практикуваат. Самостојност се гради со тоа што јас ја пуштам ќерка (5 год) сама да си купи бомбони или млеко од маалска продавница, додека јас ја чекам пред продавницата. Не со тоа што ќе ја пуштам сама да помине улица.

    Темата кога каква беља може да се случи, би ја прескокнала, откако на колега дете, покрај 2 родители присутни дома, сериозно се повредило. Сите се живи, здрави, неразведени и никој никого не обвинува. Shit happens:(
     
    Последна измена: 16 декември 2019
    На SexiLy, theowndemon, Nausicaa и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    55.227
    Пол:
    Женски
    Многу ми се интересни одредени 2-3 ликови кои мора секогаш и во секоја тема да се двојат со посебен снегулка синдром од мнозинството, па тука се расфрлаат со исмевање на најмамички, па се само тие не осудувале и не биле малограѓанки и слично|(
    Аман никој не фрла со дрва и камења по Инстаграм мамичкава која мудрува, само си правиме муабет, темава е да се разменат искуства, не е убаво и да пишуваме црни сценарија, ама за голем жал, баш тие црни сценарија досега многупати се случиле и кај нас и во странство кога малечки деца биле оставени сами дома, и не е лошо мајките и идните мајки кои читаат да си разменуваат мислења, иако на крај од денот секој си одлучува за себеси, и секој прави како му одговара:D
    Никој не рече дека децата кога ќе имаат 5,6,7 години нема да ги оставаат сами накратко, или пак дека нема да ги спремаат за осамостојување додека се вратат родителите од работа, сите ви посочуваат само дека дете од година или две не се остава само ни на 5 минути, бидејќи тогаш може се и сешто да направи, бидејќи е во таква фаза кога буквално се го интересира.
    Внук ми има 5+ години, колку пати сме сами дома, тој ќе биде горе а јас долу ќе правам јадење или ќе чистам, си седи и си гледа цртани или вози камиони и автомобили, имам доверба во него, ама претходно вратата влезна сепак ми е заклучена, или ако биде долу кај мене во соба, а јас во кујна, пак доаѓам одвреме-навреме и го надгледувам, имам доверба целосна бидејќи оди и во градинка, и некако е посвесен и поснаодлив за се, за разлика од сестра му.
    Внука ми е помала, ама и многу е пожива од него, неа и кога ја носам во парк, не ја оставам сама воопшто, кога се лизга на лизгалки, ја држам назад за грбчето, и потоа трчам однапред да ја фатам, иако не се престрашни лизгалките де, ама ете поради внимание:D

    Не знам како може да имате целосна доверба во дете од премала возраст, внук ми кога имаше 2 години додека играше со една играчка гитара со врвка, врвката си ја замотал за врат, ние со мајка му бевме во истата соба, ама работевме нешто, и арно што навреме го забележавме да го отплеткаме, а ќе речеш во иста соба беше со нас, точно е дека несреќи се случуваат и пред родителите, ама ако сте со детето големи се шансите да реагирате навреме и да го спасите детето од секаква непријатност, не рекле за џабе старите дека за лошото да се случи не треба многу, секунди се во прашање, скраја да биде.
     
    На eli25, Coco31, duffi и 6 други им се допаѓа ова.