1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оставање на детето само дома

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 15 декември 2019.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.104
    Пол:
    Женски
    Можеше да оди темава во друг правец.
    Еве мој пример.
    Кога ја пуштив да оди во школо (8 год.) со другарка, одев по нив од спротива ко манијак (facepalm),тие да не ме видат, јас да ги гледам.
    Ова беше потребно да се смирам јас ,а таа ги следеше веќе научените правила.
    Дома исто ја остававме од 7 -8год. ,знаеше да отклучи и заклучи врата,да стави сок,...и се друго што веќе научивме.
    Знаеше да се јави,јас сега бојам,играм,гледам тв...
    Во почетокот почнавме со 5 мин.времето го продолжував.
    Ниту еднаш ја немам уплашено дека може да дојдат крадци,да се случи нешто страшно,никогаш.
    Не се немирни дома,следат тоа што сте ги научиле,исто ко што учат други работи.

    Софи спомна пример со шумеќите и девојчето кое ги испило,тоа се случува кога работите кои се потенцијално опасни се тргаат без објаснување и коментар зошто не смее.
    Дете ко дете без да ја знае причината ,ќе посегне по нив од радозналост.
    И до продавница одеше кога сакаше да купи сладолед, па и помала беше од 6,а на курс по англиски ја пуштав сама на тротоар и ја гледав.
    Бројот тел.мојот,од мојот сопруг,баба и ,го знаеше напамет.
    Запишан беше за секој случај на ливче до фиксниот телефон.
    Вратата додека е сама не се отвара, бидејќи не очекуваме никого,а и да дојде поштарот ќе остави ливче.
    ( Без сценарио ,ако отвориш може тој непознат човек да те украде или да ни го украде телевизорот.)

    Доколку веќе е околу 10 год. И се плаши само да остане дома тогаш веќе сте погрешиле некаде.
    Мора да ги пуштите од рака, потребно е за нивната самодоверба и нивното идно снаоѓање во околината.
    Сигурно не сакате дете кое на 14 год.ќе се плаши да остане само дома,да не се случи пожар,поплава,да провали крадец с л.
     
    Последна измена: 16 декември 2019
    На theowndemon, Dadusicka, pianogirl и 28 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    И ние рано почнавме сами до школо да одиме, ама немавме ниту една улица за поминување, ниту сообраќај некаков, бевме ептен блиску до школото. Имам читано дека е многу важно детето да оди само до школо, но немаме услови веќе за тоа. Сообраќај има секаде, ниту се пази на брзина ниту ништо, како да го пуштиш само детето?
    Одлични совети. Посебно ми се допадна тоа со плашењето, не сум размислувала за тоа, ама баш таков ефект би имало и би се создало анксиозно дете што нема ни да сака да биде само дома.
     
    На cresa-jagoda, Chanell*, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Го немам оставено сам дома ни на секунд. Да сме во некоја поразвиена земја каде децата уште на 12 месеци знаат да се служат со нож јер во градинка ги научиле - можеби. Ова со ножот беше само пример. Мислам дека на страна системот на воспитување е направен - детето што поскоро да се направи независно. Јас, како мајка која заштитнички се однесуваше со своето дете поради здравствените проблеми што ги имаше, на 3 год гледам дека нема стабилност која веќе треба да е совладана за некои одредени работи. Тоа не е до него, туку е до нас како родители.
    Така да, на темава ќе кажам само се зависи од тоа како е воспитувано детето. Некое и на 9 нема да е спремно да е само оставено, а некое на 6 веќе ќе знае само како да се снајде.
     
    На eli25, green.eyes, Lianna Anna и 12 други им се допаѓа ова.
  4. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Во комшии имам девојче и момче,деветгодишни,не се брат и сестра,различна фамилија.
    И едниот и другиот ги оставаат сами дома додека да се вратат родителите од работа.И најнормално си се понашаат,се што им е кажано почитуваат.
    Јас се чудам и се восхитувам,ќе бидам ли спремна така моето да го оставам,ќе го воспитам ли,ќе го научам ли...
    Понекогаш сама си ја увидувам грешката дека сум премногу заштитнички настроена спрема него,и тоа донесе некои не толку убави работи.
    Плашлив е,за се бара помош,ништо не прави сам без друштво..
    Дефинитивно не треба да се претера во ништо,а ич па толку мали да ги осамостојуваат.
     
    На mariz, Coco31, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Јас ги оставам сами, ама на кратко. За да отидам до продавница (преку улица). Им зборувам што не треба да прават. На тераса и да сакаат да излезат не можат. Секогаш ги заклучувам. Се што е опасно е тргнато.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.638
    Допаѓања:
    251.345
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми има 8год и веќе година наназад не прави проблем да остане сама дома некој час. Повод беше што не сакаше со нас на пазарење или на доручек за викенд и реши да седи дома. Имаше запишан мој и на мм тел до фиксниот а сега и дадов и мобилен со запишани наши броеви. Летово шетаа сами со другарките по нашата улица. Знаат за движење на тротоар, знаат да купат сладолед/леб... Генерално не е дете кое прави глупости.
    Е зимава кога се стемнува рано не секогаш сака да остане сама дома кога е темница...
    Не сум и коментирала дека некој може да и влезе дома, од тоа верувам многу би се исплашила.

    Болна точка ни е одењето во училиште. Децата од нејзиното одделение кои не минуваат булевар доаѓаат сами, па сака и она а тоа е баш тешко изводливо дур е вакво сообраќајното решение на улицата кон школо. Секој ден се објаснуваме и убедуваме дека е за нејзино добро да ја земе возрасен. Дури се договаравме јас да одам на растојание од неа а она да проба како демек сама да се враќа, ама не било тоа-тоа :D
     
    На Rama, Ava.84, Ano и 18 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    261.071
    Имам гледано документарци за случајов.
    Морбидно.

    До ден денес не се знае ништо за девојчево.
    Во Шпанија е киднапирана, а инаку од Британија е.


    На темава, немам деца, ама ми падна чудно да ви кажам. Мислев дека е common sense дека мало дете (под 10 год.) не се остава само, ама тука прочитав дека БЕБИЊА сами оставале?

    Мене ми е чудно (и можеби грешам, назад ми е зимата) како бебе од раѓање спие во посебна соба? А сега читам и само оставање.

    Не, не. Страв ми е од помислата. Секунда треба за да нема назад.
     
    На Rama, green.eyes, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    261.071
    Не знам за сите училишта, сестра ми до крај на 5то одеше целодневна.
    Во 6то имаше 10 ипол години.

    Ја носеше мајка ми во школо од сабајле, а првите неколку месеци татко ми одеше со автобус до школо да ја земе и да ја врати, да ја научи со автобус.
    После сама се враќаше.

    Сега, сестра ми основно учеше во Центар, не во населба. Автобуската и' беше преку прометен булевар.
    Во населба блиску до дома ни е.

    Јас од друга страна, основно учев во населба, и никогаш не бев целодневна. До душа имав и баба дома, ама до школо и назад одевме неколку деца, од улица. Памтам дека до второ и некој родител/баба не' носеше и враќаше пешки. После сами.
     
    На ane.bella и fana им се допаѓа ова.
  9. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали вие децата што не ги оставате сами дома над 5-6 години, ги оставате пред зграда на таа возраст да си играат со другарчињата?

    Зборувам за саат два, не за 10 саати сами да седат дома.
     
  10. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    Да ве потсетам само дека авторот т.е блогеркава остава дете од година и пол само ко што пишала ОД ЛАНИ што значи од кога било 5-6 месеци.
    Не 5,не 8, туку година и пол старо детенце!
    Вашите примери се друго, нејзиново е друго.
    Не дека сакам да и правам психолошки профил, ама треба да подразмисли за последиците.
    И јас имав доверба во моето дете од година и пол, ама пред очи ќе се задаваше од парче смока пред некој ден, не сакам да помислам што би било ако и на 2минути не бев присутна во тој момент..
    Не ми кажувајте дека е ок да се остава за да тркне до продавница.
    До тоалет да бев во тој момент свашта можеше да се случи.
    Оправдување за оваа нејзина постапка нема.
    Јавно го споделила што значи знае дека ќе наиде на критики.
    Негативциве на форумот што едвај чекаат да се изинаетат и да одат контра на секој збор за она што за повеќето не е нормално велејќи дека е нормално и не е фрка, не се интересни веќе.
    Црното им е бело, белото црно.
    Досадни.
     
    На Rama, slobodka, kukla21 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Од друга страна па мислам оваа дека измислува кога подобро ќе размислам.
    Сака да има повеќе прегледи,коментари лајкови.
    Ја мрзело да му облака скафандер, како не. Облечи јакна ондак.
     
    На kukla21, Chanell* и fana им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    261.071
    Се фаќате за зборови.
    Не е важно дали е скафандер тежок за облекување или гумени чизми за на дожд, дали на кучето му се моча или на детето не му се излегува баш до продавница... реално, најреално... мало е да остане само, без оглед на “причините“.

    Викаш не разбираш зошто чуваат животни, еве јас не разбирам зошто некој не чува и како може да живее без миленици, можеби затоа што од раѓање сум со животни и моите родители од секогаш чувале.
    Па сепак, му се моча на кучето не е изговор.
    Аман, секој ден гледам куп мајки/татковци, деца во количка, куче на ланец, или уште почесто две деца и куче, и зиме и лете, па тие не се родители ли? Или може се семоќни, па успеваат некако и до продавница да одат, и куче да шетаат, и бебето само да не остане.

    Се комплицираат работи што не се комплицирани.
    Ако баш баш баш не може да се земе денес детево на шетање, белким има комшија ако никој друг, што ќе го изнесе кучето 15 минути. Или ќе поседи со детето толку.

    Не сакам да верувам дека е вистина што блогеркава го пишува, затоа што е едноставно неразумно.

    Чешки да зборуваше за дете од 5 години, ама детено на сликана тодлер е.
     
    На senjorita-v, Rama, neno0o и 10 други им се допаѓа ова.
  13. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Како прво прочитај убаво, пишав измислува за гледаност.
    Како второ, обрати се на таа што пишала дека не сфаќа зошто чуваат животни, а не на мене. И припази на односот, па поготово кога не си сигурна дека грешен напаѓаш.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    261.071
    Извини, мислев дека твое е тоа мислење.
    Без оглед, поентата е таа.
     
    На ane.bella и mariz им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Исто мислам. Пишав баш поназад, замотај го во ќебе, секако две мин работа се, чапаш што треба во продавница и магла.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  16. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Она суши лаже и билда рејтинг овде :rofl:
     
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    161.396
    Пол:
    Женски
    Море и некоја членка да Не е?
    Па се смешка сега под мустаќ:)
     
    На Sexybaby86, wannaBeMomma, TutiFuti и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Ја нема на стори да спомне сеуште.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller Абе и јас чував Кане корсо кое за жал ми умре пред еден месец, па бебе во количка и кучето со нас и се шетавме.
    10-15-30мин, сите тројца надвор.
    Значи ако се сака се може.
    Ама во муабетот као демек ај бебето може да поседи дома само, а кучето мора да се прошета во дадено време, бебе нека почека.
    Не е во ред.

    А дека си доби популарност,лајкови и прегледу, тоа да.
    Дај Боже да измислува, да го прави ова за да си крене рејтинг.
     
    На Chantal, Coco31, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    261.071
    Абе ако мора да се*е кучето - мора, сите што чуваме знаеме.
    Ама не е до толку де уникатна ситуација бебе и животно, па ај сега госпоѓава да не' просветлува колку е тешко.

    Срамота е прво, оти тука читаме самохрани мајки, мајки со по 3 деца, па баш ме интересира како бе тие излегуваат на крај?

    Мислам чаталот нема крај, само за жал, чатал кој е многу опасен по детево ако е вистина.
     
    На senjorita-v, mariz, Rama и 7 други им се допаѓа ова.