матично одделение со извод на умрени...таму ќе ти дадат да пополниш податоци за смртовница кои сами ја составуваат па по службена должност доставуваат до суд...судот ја распределува кај нотар, нотарот ќе ве контактира дали преку покани дали телефонски и после кај него се води целата работа
Сакам да прашам за оставинска постапка, ние денес бевме во суд и во матична служба, во матичното тој ни рече дека оваа постапка ќе одела 6 месеци бидејќи татко ми почина во Скопје, а не во градот од каде што сме, а нас ни е за побрзо бидејќи сите возила се на негово име а сега им иде време за регистрација, и ако не се префрлени не можеме да ги регистрираме. Дали знаете зошто треба толку да чекаме и дали може да се забрза процесот?
Може побрзо да се реши оставината, само треба сами да си се заангажирате. Ова 6 месеци е многу, и по службена должност кога оди пак побрзо се решава. Извадете извод на умрени од татко ви и одете во судот каде што имал последно живеалиште татко ви, таму ќе ви оформат предмет кој ќе го испратат на нотар за да ја реши оставинската постапка. Напоменете дека ви е хитно, не би трбало да ви прават проблем. Има многу случаи каде починатото лице на свое име има фирма, која не би можела да функционира без решено наследство., така да 6 месеци е нон сенс. Штом судот ви оформи оставински предмет и ви одреди нотар, кај нотарот и во еден ден може да завршите работа.
Првин се оди кај адвокат, адвокатот ја брка работата во судот подоцна. Судот те вика и ти одредува кај кој нотар да одиш. Заедно со адвокатот одите кај одредениот нотар и тука се завршува и за еден ден. Судот решава максимално за 1 месеци. Многу е ова 6 месеци.
Се извинувам многу дали некој знае како иде постапката делење на имот со оставина на жена на починат и малолетни внуци. Починатиот деца нема. Починат син има со две деца. Колку и припаѓа на жена му колку на децата? Фала ви однапред!