Оставинска постапка

Дискусија во 'Правни совети' започната од gipsygirl, 22 јуни 2013.

  1. gipsygirl

    gipsygirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Како се поднесува барањето за поведување на оставинска постапка и дали може тоа да го сторам сама или мора преку адвокат?
    благодарам.
     
    На bokace му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.138
    Пол:
    Женски
    Треба да поднесеш барање кај адвокат. Тој ќе ти го состави барањето и ќе ти ја каже цената.
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Зашто кај адвокат?
    Ти доколку си имаш некој твој близок или личен адвокат можеш да му ја препуштиш тој да ти ја брка работата, али не мора да имаш адвокат можеш се сам да си завршиш.
    Оставинска постапка се отпочнува со изготвување и достава на Предлог за расправање на оставина на починатиот. Предлогот се доставува до судот, па потоа судот го распределува кај нотар кој постапува како судски- повереник. Во зависност од вредноста на оставината, ќе чини и нотарската награда односно нотарските трошоци. Обично постапките се брзи, нели секако во зависност од ангажманот на адвокатот( изготвување на Предлогот и негова достава) и нотарот ( закажување на рочиште за распределба на оставина и изготвување на Решение). Во секој случај ако е се во ред не би требало да трае повеќе од 30-тина дена.

    Само за болдираното би ти требало помош од адвокат, зашто не знам ни јас како се составува предлог, да знаев ќе ти пишев.
     
  4. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.942
    Пол:
    Женски
    Ke molam nekoj strucen pravnik da mi pojasni dali dogovorot za izdrska se nasleduva? Imeno takto mi napravil dogovor za izdrska so baba mi koja e seuste ziva,no toj e pocinat dali po avtomatizam go nasleduvam i jas vo ostavinata zosto sum edinstven naslednik? Mi pukna glavata denes notarkata koja mi ja vodi ostavinata se koleba,od drugi slusnav deka se nasleduva no jas sum vo dilema. Ke molam nekoj podetalno da mi objasni dosta vreme izgubiv so nesposobnjaci koi znaat samo pari da lapnat i da ti ja dokompliciraat rabotata,fala odnapred i se izvinuvam za fontot
     
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    3.143
    Како прво за оставинска постапка воопшто не ти треба адвокат, и не се покренува со предлог, туку во одделението каде што издаваат извод од матична книга на умрените се пополнува барање, се уплаќа такса, во прилог се доставува изводот од матична книга на умрените за лицето за кое ќе се води оставинската постапка, од одделението тие доставуваат до судот, а судот по автоматизам го распределува предметот кај надлежен Нотар, а Нотарот писмено ќе ве извести кога да отидете во неговата канцеларија.
    За договор за доживотна издршка, престанува да важи со смрт на давателот на издршката.
    Кога твојата баба ќе почине ти со репрезентација ќе го наследиш делот што твојот татко би го наследил доколку би бил жив.
     
  6. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.942
    Пол:
    Женски
    Jas mnogu dobro znam deka advokat ne mi treba,neznam kade ja procita dilemata za advokat :?: znaci baranjeto do sud e podneseno i odreden mi notar,deneska trebase da se sprovede ostavinata no notarkata iskomplicira,navodno se plasela vo ostavinata da go navede dogovorot za izdrska,bara da napravime aneks koj ke go ptpise baba mi,koja inaku ima 96 godini i se naogja vo bolnica poradi skrsenica . Se sovetuvav so drug notar koj mi go kaza sprotivnoto deka dogovorot go nasleduvam jas a moze da go raskine samo baba mi dokolku saka. Zatoa i prasav ama izgleda ne sme se rzbrale.
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    ^ Aбе по логика треба да се наследува, и мене ми е логично да треба. Еве ти и доказ дека е така.
    http://www.vsrm.mk/Novosti.aspx?novost=5


    Е сега зависи кои се наследници на татко ти, ако имаш браќа и сестри треба да се договорите, и нормално да се прифатите за наследници.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.942
    Пол:
    Женски
    ^
    Hipsterke mila fala ti,jas sum edinstveno detete,odnosno nemam ni braka ni sestri. Najtragicno e sto babami e skleroticna pa ima denovi kokoga me mesa so bratucetka mi inaku ke napravevme nov dogovor. Inaku jas se grizam za nea,normano posle tatkovata smrt jas gi vodam obvrskite okolu nea. Ali me snajde belja so ne iskusni notari. Sega jovo na novo ke si barame nov notar,ama se mora da odi od poceto toa e procedura.
     
  9. gipsygirl

    gipsygirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Sakam da znam kakva e procedurata za bankarski sef vo ostaviska postapka odnosno kolku e notarskata taksa vo ovoj slucaj ili toa zavisi od toa tolku e "vreden" sefot?
     
  10. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    324
    Нотарската награда во оставинска постапка зависи од вредноста на оставината на оставителот но наградата неможе да изнесува повеќе од 9.600 денари.
     
  11. srna22

    srna22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Tatko mi ima uste 2brakja ...baba mi i dedo mi se pocinati....tatko mi ziveese vo kukjata so starite, gi gledase, plakjase za se....vlozuval, gradel..no kukjata e na ime na dedo mi, posle toa imotot se deli na trojcata brakja i na baba mi ...edniot brat ne bara nisto i go dava delot na tatko mi, drugiot brat bara del (a se iselil oddamna i ne gi gledal voopato starite) ....baba mi pred da umre potpisa deka nejziniot del go poklonuva na tatko mi, dali vazi uste toa od potpisot? ??? Ako znae nekoj neka mi pise....kako moze tatko mi da si ja zacuva kukjata ????
     
  12. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    816
    На суд имотот се дели 50% на сопругата и 50% на децата, што значи дека тие вторите 50% ќе се делат на 3 дела, т.е. 16,6 % Фактички татко ти веќе има 82% од куќата. Дел му припаѓа и на братот што бара, без разлика што не ги гледал старите. Мој предлог, за да не се маткате со судови, бидејќи и татко ми беше во слична ситуација е да го натера вториот брат да му го препише третиот т.е. четвртиот дел од куќата, а татко ти за возврат би го обештетил материјално. Бидејќи и така татко ти веќе има поголем дел од куќата, а чичко и правно само 12%. Сепак консултирајте се со добар адвокат, во оваа наша држава ништо не е сигурно.
     
    На srna22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    2.194
    Од баба ми (на мајка ми мајка) останува стан во вредност од околу 50 000 евра.
    Наследници сме вујко ми, јас и брат ми (пошто мајка ми е почината пред да почине баба ми, а тестамент нема оставено за станот).

    Прашањето ми е во однос на распределбата, според она што читав сите тројца сме наследници од прв ред, иако претходно си мислев дека вујко ми е прв ред, а ние втор. Сите тројца имаме право на подеднаков дел или?
     
  14. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.765
    Пол:
    Женски
    Станот ќе се дели на два дела.
    Половина припаѓа на вујко ти, а другата половина ја делите ти и брат ти на еднакви делови. Значи вујко ти добива 25.000 евра,а вие по 12.500. Поздрав :)
     
    На Sfera му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам малце офф топик, ама ја прегледав цела тема „Правни совети“ и нема каде да го поставам прашањево.
    Имено, со оставинска постапка мене ми припаднаа 2 стана во Скопје (имам Решение од нотар).
    Сега треба да ги префрлам становите на мое име, односно да извадам имотни листови на мое име.
    Како оди оваа процедура, каде треба да одам, кои документи каде треба да ги поднесам, има ли некој рок до кога треба ова да го направам?
    Фала однапред за одговорите!
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    Најпрво одиш во Градско Собрание со решението за да видиш дали има заостанат данок за плаќање. Откога тоа ќе го завршиш, со заверен документ од градското Собрание одиш во катастар поднесуваш документи и чекаш да ти се издадат имотни листови за околу 2 недели.
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Daleron, ФАЛА многу за одговорот!
    Дали знаеш кои документи ми се потребни за во Градско Собрание и за во Катастар (освен Решението од Нотарот)?
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    Решението од нотар и лична карта ништо повеќе.
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  19. makar

    makar Нов член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Предмет: Оставинска постапка

    Здраво на сите,
    Имам прашање до вас:
    Дедо ми и баба ми се починати. Дедо ми почина последен, прибидејќи инвалид, тетка ми се грижеше за него ( 3 год)под услов да и ја препише куќата. Речено -сторено. Куќата е веќе на тетка ми. Но освен куќа , баба ми и дедо ми имаа пари во банка а и по некоја нива. По дедовата смрт, никој од нас надледниците ( вујко ми и ние тројца внуци , дека Мајка ми е почината) не беше обавестен нити од суд нити од нотар за процедурата што следи. Тетка ми ја зеде куќата и се прави луда за наследството и кажува дека дедо ми и оставил нејзе се!
    Ајде нивите не може да се скријат во џеп ама
    1.Како можам да докажам дека дедо ми имаше пари во банка и да барам да се делат на сите како што си е редот?
    Со тоа што бидејќи неподвижен само тетка ми имаше полномошно за сметката В банка.
    2. Како да докажам дека баба ми имаше злато кое треба да се дели исто на сите?
    ..... Незнам од кај да почнам...
    Ви благодарам на одговорите
     
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    Никако, тоа е раскрчмено пред да почине дедо ти.
    Ако баба ти имала имот требало да се поведе оставинска постапка по нејзината смрт. Тоа тогаш не е направено и толку. Додека дедо ти бил жив тетка ти успеала се да лапне и готово.
    Зависи и каков договор има дедо ти оставено за тетка ти да го наследи целиот имот, ама без разлика сепак судот е должен да ги извести сите наследници. Колку што разбрав тетка ти веќе се средила така да повеќе ништо не можеш да сториш.