1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оставинска постапка

Дискусија во 'Правни совети' започната од gipsygirl, 22 јуни 2013.

  1. mishovska

    mishovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Здраво,
    ако едниот од двајца законски наследници има полномошно за да води освавинската постапка,може ли да го злоупотреби полномошното што му е дадено за да си го префрли целиот имот на негово име, без знаење на оној кој му го дал полномошното?
     
  2. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Имот од баба...

    се дели помеѓу вујко и деца од сестра (јас и брат ми), пошто мајка ми е почината, или и татко ми се вбројува меѓу наследници?

    И како оди поделбата на имотот 1/2 на вујко ми, другата на мене и брат ми?
     
  3. farmagotka

    farmagotka Нов член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Според нов закон од 2017 година мора да биде присутен адвокат на расправата кај нотарот.
    Дали е тоа и во пракса така или сепак може нотарот самостојно да ја заврши постапката?
    Загрижена сум за финансиските трошоци, претпоставувам со присуство на адвокат е многу поскапо?
     
  4. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    И во пракса е морално да присуствува адвокат. Ако не грешам, 4800 беше адвокатот, 4800 нотарот. Плус некои административни трошоци, ме кошташе околу 11 000 - 12 000 ден постапката кај нотарот.
     
  5. Derun

    Derun Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Имам голема мака! Пред 7 години купив земјиште, каде што половина од земјиштето не стои на мое име. Бидејки од тој од кого го земав земјиштето кога го купил земјиштето му фалеле 175 м2 ама морал да заврши работа на нотар бидејки човекот од кого го купил земјиштето бил болен починал. И немале време значи да видат зошто во имотниот лист фалат квадрати. Тоа било демек грешка или промена во катастар. Сега со жена му на починатиот одворивме оставина. Ама за заж и синот и е починат. Керка му се откажува од наследство. А синот кој што е починат има 2 деца. Каква процедура ме чека? Ми рекоа дека можело ова да остане директно на децата. Снаата воопшто не сака да им остане за да немам јас проблеми. Јас имам градено и куќа...НЕ знам што да правам ве молам за совет фала ви однапред!
     
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.579
    Допаѓања:
    171.539
    Пол:
    Женски
    Има некој сознание за колку најкратко може да се заврши оставинската постапка и како би можела да ја убрзам?
     
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Прими сочуство @Dust.
    За да поведете оставинска постапка ви треба смртовницата, ќе ја извадите од матичната служба каде се вадат и изводи за родени, умрени, со тоа што ќе потенцираш дека ти треба и смртовница и извод на умрени. Во помалите градови се вади во истиот ден. После со смртовницата, ќе отидеш во суд, надлежен е судот на чие подрачје починатиот имал последно живеалиште. Се плаќа такса од околу 500 денари и судот ќе оформи предмет кој ќе го достави до нотар. Можеш да напоменеш во судот дека е хитно и штом го оформат предметот, може и истиот ден да го испратат кај нотар. Во мегувреме, ќе извадиш имотни листови со се што има починатиот на негово име од недвижен имот, после картички, сметки, сообраќајна дозвола, дозвола за оружје, ако има нели и се тоа ќе доставиш кај нотарот. За кај нотар ќе ви треба и адвокат и присуство на сите законски наследници. Постапката и вообичаено не трае долго, ама ако сакаш да ја убрзаш треба сама да ги бркаш работите. Да бараш од судот одма да го достави предметот кај нотар, да побараш од нотарот да закаже рочиште. Зашто ако оставиш така, нотарот ќе пушта покани, па ќе чека уредна достава. Вака ако побараш како што ти пишав, може и за една недела да заврши постапката.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Derun

    Derun Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Тема: Оставинска постапка
    Имам голем проблем.
    Имам градено куќа каде што еден дел од земјиштето не е на мое име. Поради новата дигитализација во Катастар. Тој дел што не е на мое име е на човекот од кој што го купив земјиштето кој што е починат. Знам дека за да се префирли ма мое име треба да покренам оставинска. Тоа е во ред. Меѓутоа јас кога го најдов неговото семејство излегоа други проблеми. Жена му на покојниот е жива. Синот му е починат. И тој има жена и две деца. Ако покренам остовина еден дел им следува на децата. После треба да ги тужам и така натаму. Дали некој знае решение за ова? Јас не можам да ја легализирам куќата. Ако чекам децата да пораснат 10 години ќе поминат. Многу голем проблем имам не знам што да правам. Ве молам некој ако знае нешто да ми помогне.
    Фала ви однапред!
     
  9. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    8.922
    Договори се со нив да поднесат оставинска постапка после да ти го препишат тој дел што е твој.
     
  10. Derun

    Derun Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Да тоа е ок меѓутоа имаат деца наследници малолетни Центарот за Социјална Грижа на децата во вакви случаи автоматски ги брани правата на децата. Проблемот е тоа после јас треба да чекам да пораснат за да се потпишат а до тогаш којзнае што ќе биде.
     
  11. Autumn Love

    Autumn Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    4.689
    Да договорите некоја нормална цена и им ги откупиш квадратите кои се спорни.
     
  12. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    8.922
    Твојот дел нека го земе жената, а на децата другата половина која нема да се продава.
     
  13. Derun

    Derun Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Таа квадратура спаѓа 30 М2 во куќата другото е пред куќата во двор. Значи може така да се дели пола пола. Воопшто ова не ми текнало. Фала вии многууу ќе полудам со години се мачам за ова.
     
  14. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    8.922
    Може да се договорите децата да се откажат од нивниот дел и се да биде на жената, па таа после колку треба да препише на друг.
     
  15. Derun

    Derun Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Децата ништо не сакаат ни мајката на децата бидејќи ова земјиште е веке купено продадено пред 10 години. Ние се плашиме од Центарот за социјална грижа на децата тие како ке одлучат. Иначе никој не ми бара ни пари ни дел ни ништо само сакаат да ми помогнат.
     
  16. Derun

    Derun Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Пари не ми бараат бидејќи тоа е веке продадено оствина со малолетни деца тоа не плаши.
     
  17. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    8.922
    А што си има врска центаро за социјална грижа? Мајката им е старател и таа потпишува додека тие се малолетни. Се откажуваат од делот и тоа е тоа.
     
  18. Derun

    Derun Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Да мајката така ќе потпише адвокатите и нотарите ни викаат дека еден дел сакале нејкеле на децата ќе биде.
     
  19. Autumn Love

    Autumn Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    4.689
    Епа делот што сега се води на нивно име ќе ти го продадат сега по некоја багатела цена од квадрат и одма ќе го решиш проблемот. Чиста сметка.
    Џабе што викаш сте го купиле кога пак на имотен лист е во нивна сопственост.
    Знам од искуство, затоа што скроз ист проблем имавме со години и вака се реши.
     
  20. Derun

    Derun Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Вие имавте проблем вака со малолетни деца или? Мене тоа ме плаши.