Форумџика на годината

Оставинска постапка

Discussion in 'Правни совети' started by gipsygirl, Jun 22, 2013.

  1. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Joined:
    Dec 3, 2020
    Messages:
    2,764
    Likes Received:
    6,803
    Дали на децата им е веќе препишан делот што тебе ти е спорен?
    Не го разбрав тој момент дали нив им е решено тоа прашање.
    Ако не е, како што пишаа погоре, нека го земе жената делот и нема да имаш ништо со децата.
     
  2. Derun

    Derun Нов член

    Joined:
    Oct 22, 2020
    Messages:
    18
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Не е пишан. Моментално тој дел е на име на покоен човек дедо им.
     
  3. Derun

    Derun Нов член

    Joined:
    Oct 22, 2020
    Messages:
    18
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Тема: Оставинска постапка
    Имам голем проблем.
    Имам градено куќа каде што еден дел од земјиштето не е на мое име. Поради новата дигитализација во Катастар. Тој дел што не е на мое име е на човекот од кој што го купив земјиштето кој што е починат. Знам дека за да се префирли ма мое име треба да покренам оставинска. Тоа е во ред. Меѓутоа јас кога го најдов неговото семејство излегоа други проблеми. Жена му на покојниот е жива. Синот му е починат. И тој има жена и две деца. Ако покренам остовина еден дел им следува на децата. После треба да ги тужам и така натаму. Дали некој знае решение за ова? Јас не можам да ја легализирам куќата. Ако чекам децата да пораснат 10 години ќе поминат. Многу голем проблем имам не знам што да правам. Ве молам некој ако знае нешто да ми помогне.
    Фала ви однапред!
     
  4. Derun

    Derun Нов член

    Joined:
    Oct 22, 2020
    Messages:
    18
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Се извинувам многу дали некој знае како иде постапката делење на имот со оставина на жена на починат и малолетни внуци. Починатиот деца нема. Починат син има со две деца. Колку и припаѓа на жена му колку на децата?
    Фала ви однапред!
     
  5. Lenna1

    Lenna1 Истакнат член

    Joined:
    Oct 28, 2018
    Messages:
    27
    Likes Received:
    42
    Здраво, колку пари вкупно фаќа оставинска постапка, вклучувајќи адвокати, нотари и сл.
     
  6. Forca

    Forca Популарен член

    Joined:
    Feb 21, 2016
    Messages:
    801
    Likes Received:
    2,187
    Gender:
    Male
    Зависи од вредноста на имотот што е предмет на оставина, отприлика околу 300 евра.
     
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Joined:
    Mar 3, 2017
    Messages:
    4,664
    Likes Received:
    24,165
    Gender:
    Female
    Дај кажете совет не можам да ја смирам мајка ми..
    Стигнало некое писмо на старата адреса ама картонче не...
    Комшијата бивш поштар иначе и кажа и демек било за оставинска.
    Нешто што мора кад тад да се случи.
    Арно ама не и даваат писмото, пошо нема картонче нели, а не ја ни прашале ни име презиме само и рекле мора да е тука.
    На кратко станов е на баба ми која е почината, мајка ми со години плаќа тука се, само не се води на оваа адреса.
    Не се плашиме од поделбата, тоа е тоа мора така.
    Ама мајка ми се уфилмала да не ја затвореле ....
    Да не ова да не она ..
    Утре ќе иде до суд да види што е и како.
    Како да ја убедам дека нема шо да се плаши пошо боже мој ништо не украла.
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    12,009
    Likes Received:
    174,630
    Gender:
    Female
    Што се случува со следново...

    Да речеме биле маж, жена и дете..
    Мажот умира, има оставинска. Се поделува онака како што се поделува имотот.

    Е сега, дел од имотот во решението од оставинската не е префрлен на жената поради XY причини. Пример сеф во банка поради тоа што банката не го прифатила полномошното што жената го дала на ќерката за извршување промена на сопственик и барала лично странката да оди а она не можела (можеби и не сакала сеедно) .. Земјиште некаде, каде што не се стигнало да се заврши со документацијата во општина итн..

    Е сега умира и жената. Дел од имотот од решението е префрлен значи на жената, дел не е..
    Откако умира жената, останува детето само наследник.

    Ме интересира што се случува со имотот што се води сеуште на име на мажот, значи човекот што прв починал?

    Ваљда разбирате што сакам да прашам иако е смотано до максимум:D
    @Forca може знае?
    Веројатно секако ќе се фаќа адвокат ама ете да видам што ме чека поради лудите идеи на мајка ми и нејзиниот пореметен мозок:envy:
     
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Joined:
    Feb 21, 2016
    Messages:
    801
    Likes Received:
    2,187
    Gender:
    Male
    Ако има претходно донесено решение за оставината на порано починатиот брачен другар, и ако почине другиот брачен другар, а не било претходно префрлен наследниот дел, тогаш само ќе се отвори и затвори оставинската постапка на тој брачен другар освен ако нема друг имот, но во никој случај не може починато лице да добие наследство, имено, децата со извод од матична книга на умрените и со претходното решение за оставина на порано починатиот брачен другар ќе го распределат делот на другиот брачен другар, како новопронајден имот со ново решение за оставина само за тој дел на имот.
    Ова е една хипотетичка ситуација али во секој случај треба секогаш добро да се знае фактичката состојба за да се даде точно решение, наследното право знае да биде многу комлицирано, затоа кога ќе ангажирате адвокат гледајте да работи граѓански предмети. :)
     
  10. Kate.93.N

    Kate.93.N Активен член

    Joined:
    Apr 2, 2024
    Messages:
    31
    Likes Received:
    8
    Gender:
    Female
    мене ме интересира за делот каде во меѓувреме треба да се извадат имотни листови, потврди за средства и слично, јас како внука, без проблем би можела да извадам ? И како да знам што се поседувало лицето, малку ми е нејасно( другата страна што исто наследува би била судски повикана, така што немам некоја помош од нив)