Баш ми е мило Трендафилка Ептен ме израдува. Во моментов имам насмевка од уво до уво како што го прочитав ова што го кажа и како ја зема судбината во свои раце. Го оствари она што го сакаше, наместо да се криеш позади застарени ограничувања. Пресреќен сум за тебе и храброста што ја покажа. Вистинска девојка на 21-от век. Продолжи да бидеш пионер
site maski ziveat so mislata mlad sum do 25 treba da ziveam i da pravam sto ke mi tekne ama poradi faktot deka pobavno sozrevaat ili sekoja cest na onie sto se sozreani maskosta ne im dava da si priznaat deka e dojdeno vreme da se fati devojka za seriozno i deka i togas moze da se iskaca so drugari da se seta i da se gleda liga na sampioni. toa e devojki nema sto da se pravi osven da prodolzime da se obiduvame i da se nadevame deka ke se najde nekoj koj se razbudil i se vratil vo realnosta
Se soglasuvam so tebe.Dodeka da im tekne deka treba da se zenat ke stanat i stari ergeni pa togas nema nikoj da gi bira.E tek togas ke vikaat sto mislev jas togas) Ima vreme za se samo akos e saka
Те сваќам што сакаш да кажеш но сите лузни до сега треба да ги заборавиш и да мислиш на иднината,што те очекува додека се ова нешто го заборавиш.Верувај и да излезеш одма со некоја девојка не мора ти да се фатиш одма со неа.Запознај ја убаво не само од 1 состанок.Не треба да размслуваш одма за врска,секое девојче е различно и различно може да те свати.Запознај го убаво девојчето,процени го убаво ама тоа ќе го направиш на мн начини,не ти одма да ја напнеш за врска или мување.Батали ги тие ствари од старт а др само по себе ќе си дојде.Кога ќе ти се засвиѓа тогаш почни на поромантично да и се приближуваш.Не е филингот одма да се фатиш со некоја,убаво е сето тоа да го направиш предходно како кавалер(се надевам дека останаа такви) Се во свое време уживај и извести не како сето тоа испаѓа СКРШИ НОГААА!!!
Работи сами по себе доаѓаат само кога си женско Девојки како трендафилка се екстремно ретки па за да машко може да чека девојката да направи дел од потезите. Инаку ти грешно си ме сфатила. Не барам совет, ниту велам дека не го имам тоа што сакам па ми треба совет како да го добијам Темава беше жени се жалат зашто никој не им се додворува, запознава, вика на кафе итн. Па ние неколку мажи дојдовме да објасниме зашто сме престанале тоа да го правиме. Не дојдовме да се жалиме *ние* дека не сме можеле да фатиме девојки или врски, или ние да бараме совет како да освоиме девојки, или да се жалиме или да бараме врски. Не ми е јасно зашто така толку од вас тоа го прочитаа. Ваљда емоционална проекција. Поентата беше да објасниме зашто не сме мотивирани да се додворуваме, викаме на кафе колку што прават мажите на филмовите или во романтични новели. Се што посочивме (ние мажите) беше во насока зашто не ни се свиѓа да се удвараме на секоја втора... Не беше во насока плачење, жалење зашто "било тешко да се фати девојка". Не е. Во македонија, преку друштва, другари, другарки, факултет, тоа е лесно. Али тоа не беше темата. Ние на друго тука одговаравме.
Трендафилка секоја чест за храброста! Но мислам дека многу девојки кога ќе сретнат некој што стварно им се свиѓа одлучуваат да не го направат првиот чекор, да ја пратат првата порака или да се јават, единствено затоа што се плашат дека ке остават впечаток на "лесна" девојка па автоматски типот престанува да ја гледа како предизвик..па избираат посуптилен пристап, како невино,безболно шмекање
Искрено, тој е најглупавиот мит кој што постои кај жените. Мислам ова првото има делумно вистина. Дека ќе биде видена лесна? Да, али од кого? Од глупави, несигурни другарки и трачарки кои тоа од љубомора го зборат. Зар ќе пропуштиш шанса за среќа поради маалската трачарка? Па таа ќе трачари макар што да направиш. Ако секогаш правиме работи што носат помалку успех да не трачарат за нас, нема далеку у живот да стигнеме. Ни во кариера, ни во ништо. Ова второво за предизвикот... тоа е точно само за МАЧО женкари. Знам доста женкари (со 200-300 партнери у живот поминато)... Некои од нив се софистицирани, некои од нив мачо. Овие што се мачо се тие што ќе изгубат интерес за цура ако она им пријде, она ги прави чекорите. Али за 99% од машка популација, и дури сите софистицирани женкари, тоа да девојката ги прави чекорите е плус, и и зголемува на вредност. Тоа уште у почетокот на темата го имаше... Нели правевте муабет зашто грдички, глупички цури сите имаат убави дечковци. Епа, затоа што овие девојки прават све! Они се најдобар доказ дека ова верување за предизвик/леснотија е жива глупост. Да беше вистина, немаше на овие девојки да им успева во фаќање на сите најдобри мажи. Продолжете да си го верувате тоа, и овие грдите/глупите ќе ви ги соберат сите лепотани, па после чешајте се
Не ми се верува дека темава е сеуште актуелна Ок, јас ретко кога пишувам повеќе пати на иста тема, ама мислам дека сега треба. Ако нешто заклучив е дека повеќето луѓе имаат ментална блокада во главата што им оневозможува контакт со спротивниот пол: 1. ...имам многу лузни 2. ....ќе добијам корпа 3. ....ќе мисли дека сум лесна 4. ....не сум убав/а 5. ....сите се исти ѓубриња 6. .... мажите сакаат само секс 7. .... жените сакаат само пари 8. ....ќе бидам повреден/а Емоционален багаж од минати искуства колку ти душа сака....не е проблем да имаш емоционален багаж, тоа е дел од тебе, тоа те прави човек. Проблем е што понекогаш не ти дозволува да продолжиш понатаму. Собери храброст и отвори го срцето - ризикуваш да те повредат, но ако не го направиш тоа, ризикуваш да останеш сам/а.
...Морав да се уклучам во дебатава.Читам и не ми се верува,значи браво за Трендафилка само не ми е јасно зашто сите други тоа го дочекуваат како ослободување на Скопје??...Па аман бре луѓе зарем толку ви изгледа ненормално девојка да пријде на момче и секој таков чекор треба да се прифаќа ко светско чудо? Значи тоа е најнормална работа,аман не живееме во средновековно време кога смееме мажот во очи да го погледнеме на првата брачна ноќ,ко ќе те дадат за него...ццц...малку се разочарав да бидам искрена.Мислев дека пријдувањето од страна на девојките е надмината мака веќе одамна,ама еве не било така.Уште се сфаќа со изненадувачки отворени очи Толку имам да кажам,а на момчето мислам дека беше Алек можам само да му порачам духовите од минатото да ги остави каде што и припаѓаат-во минатото...на крајот од краиштата и корпите си се составен дел од животот,ги даваш ти даваат,нема потреба тоа да се сваќа трагично,барем не кога веќе си надминал многу потешки ствари
Знаев дека ќе нае*ам за искреноста. Не сум јас ништо различен од другите мажи/жени, туку сум еден од ретките мажи што има самодоверба искрено да каже што чуствува. Они ќе ти глумат "абе, жени, кого му требаат" додека потајно е друга вистината внатре. - Имаш луѓе што репресираат лузни со алкохол, цигари, телевизија, кладилници, опседнување со фудбал итн... - Имаш луѓе што себе си ги признаваат, ама кријат од светот - Имаш луѓе што не им е срам да ги признаат Јас немам его па да глумам дека сум совршен и немам никакви лузни, несигурности итн. На секое друго поле у животот сум екстремно успешен и таму ми е моментално фокусот. Значи јас можам сеа да се фокусирам да работам на моите "лузни" и да почнам да се отварам за да смувам пак некоја просечна македонка... Ама тоа е губење време, со оглед на тоа што истите како што кажа уште се во камено време со некои сфаќања и нејќат ни интерес да покажат. Ова од минатото го знам, кога и да испаднало нешто, после сум останал со празно чуство. Пример си иде девојката од кај мене дома, или завршува "состанокот" и мене ме удира емоција БРЕЕЕЈ, за ова ли?!? Па ова не вредеше за времето и напорот. Значи, девојките не вредат толку, колку што труд очекуваат... Си велиш, боље партија билијад ќе играв. Ај, да вложуваат 50%, па вреди да се реактивираш, вака генерално, не. Знаеш, кога ќе запознаам ретка девојка што вложува 50% од напорот велам (леле, да имаше повеќе вакви девојки во скопје, па одма ќе се реактивирав)... Али веруј, не вреди... Не ми е некој приоритет моментално, и други работи далеку повеќе ме исполнуваат.
Алек овде никој не рече дека си на**ал поради искреноста,муабетот ми беше дека нема потреба да се оптоваруваш со тоа дали некоја те корпосала или не Мене не ми е срам да кажам дека ме има откачено момче,фала богу дека е нормално да доживееш и таква ситуација така? Само нема потреба од ставање при срце и поради тоа да си набиваш комплекс на пониска вредност.Ете тоа си сакав јас да кажам
Значи ги прочитав само првите две страни, не сите 20 па базирано на тие првите две ај вака девојки да ви дадам предлог. Пишете ми лп која сака фб. ќе ви го кажам, ако сакате да ме аднете ок, ќе се дружиме... ако не никому ништо...Штом сте толку разочарани од машките да ве убедам спротивно...Мислам дека е фер понудата? )
И јас се пронајдов во темава.....значи не е така како што си мислев, дека само јас и кругот на мои другарки сме сингл...Се согласувам дека сеуште постојат машки кои им приоѓаат на девојките, но денеска толку многу се сменети работите, што таквите момци се реткост. Мислам дека се имаат уплашено од дрскоста, однесувањето, како и од изместените критериуми на дел од женската популација и дека се плашат од одбивање. На прашањето, ЗОШТО НЕКОЈ НЕ МИ ПРИЈДЕ, како најчест одговор ја добивам следнава фраза: СЕ ПЛАШАТ. Ако така размислуваат двете страни, никаде нема да стигнеме....И ме вади од такт кога ќе ме прашаат, зошто девојка како тебе нема дечко ??? Повеќе незнам што да одговорам, дали е проблемот до мене или до машкиот пол :/
Aуууу види богати....ние чуди се што како,тоа пред очи ни било.Aбе како викаат лекот е пет пари ама кој го знае. Dали ви е преку глава од добивање корпи? сакате да ја вратите довербата во целиот машки род? решението не е ``мистериозно``,напротив го има единствиниот и неповторлив,врачот кој ќе ве избави од маките,нашиот Mистери Eте така ,за подетални информации обратете му се со лп,јас дотука можев да помагам. A шубавко беше додека си ја бркаше работата и не се уклучи на форумов Mислам дека за дружба каква што ти посакуваш има соодветни сајтови,фала многу и пријатно!!!
Лошо си ме разбрала ондак тогаш т.е премногу екстремно. Не опишував јас *фобија* или *комплекс* од корпи туку најпросечна --антипатија-- према истите. Ме сфаќаш сега? Повеќе е на ниво инает од типот "добро сеа цуриве со сфаќања од камено време очекуваат ние да вложуваже 100% од трудот,ризикот итн а плус и да трпиме 100% од одбивањата" Комбинацијата на овие фактори е зезнатиот дел. Да жените улагаа 50% јас ти гарантирам дека мажите немаше толку да мразат одбивање. Јас од лично искуство знам дека кога и да сум имал искуство со модерна цура онака што вложувала 50%, дури и да не испаднело ништо пак не сум имал негативни чуства. Обидот и трудот бар биле двострани. Дури за сите тие девојки имам супер мислење и ги фалам на кого стигнам. Значи не е до самото одбивање туку комбинацијата да ем се светски мрзи ем одбиваат.
Тоа е само првата половина од причата. Генерално од 18-22 години повеќето типци го надминуваат стравот од приоѓање. После тоа приоѓаат доста некој период али после тој период развиваат антипатија од одбивање и приѓање. Зашто? -голем процент на дрски цури -голем процент цури кои само ќе ти го потрошат времето -голем процент одбивања* *ова со процентот одбивања е битно зашто девојки ова не го сфаќаат. Ако вие не давате знак и не сте директни со покажувањето интерес ондак типот мора да иде на СЛЕПО! Тоа значи дека он мора да иде рандом на цури не знаејќи дали воопшто има теоретска шанса. Тоа значи дека мора да пријде, мора број да побара или состанок без да уопште знае дали има шанси. Дури и најпаметниот, најубавиот, најшармантниот тип на планетата ако иде на слепо ќе трпи пет одбивања за секој успех. Тоа е СТРАШЕН процент. Одговори им "затоа што чекам да ми пријде убав квалитетен тип од добра фамилија а тие не приоѓаат" Ако сакаш да ти пријдат иди у турбофолк дискотека или каде што искачаат онакви гангстери. Одма ќе ти пријдат. Тоа секоја девојка го знае. Значи лесно е да дојдеш до тоа да ти приоѓаат лузери. Ако ти сакаш АСАЛНИ типци да ти приоѓаат. Е тоа, нема. Фората е што на лузер не му е тешко да пријде бидејќи ионака нема што да изгуби. Ионака е веќе лузер, затоа и само лузери, идиоти, манијаци најчесто приоѓаат. Да те прашам нешто, зашто убав, паметен тип од добра фамилија, со амбиции, образование, и самопочит би се казнувал себе со оние фактори горе да го трпи?
Според мене периодот од 18-22 години кај машките е “најопасен“, тогаш тие сакаат да се изживеат, да свртат колку што е можно повеќе девојки........чиста глупост! Што треба да правиме ние девојките, да чекаме да се изживеете??? Некако ми изгледа дека не е фер да сме на закачалка... Ова што ти Aleknovy го напиша за одбивањето... не е секоја девојка во градов идиотка, сте размислиле дека има и културни девојки, дури и да не е заинтересирана тоа ќе го покаже на културен начин. А и поголемиот дел од девојките даваат знак дека некој им се допаѓа, само што момците не ги разбираат тие знаци, јас незнам што треба да направиме, можеби да напишеме/нацртаме на лист ??? А јас да ти поставам контра прашање, зашто убава, паметна девојка, од добра фамилија, со амбиции, образование, самопочит и принципи да трчка по некое момче и да се понижува зашто тој моментално сака да се изживее и не е спремен за врска ??? Тоа според тебе е фер ??? А и баш не сваќам од кој аспект мислиш на добра фамилија, денес е реткост да запознаеш некој кој имањето пари не го претвориле во ТАТИНА ЌЕРКА/СИН ( секоја чест на исклучоците) Не можеме вака да гледаме на работите, јас во моето претходно мислење не навредив никого, кажав дека изменето е времето во кое што живееме, правилата, принципите, но сепак двете страни треба да се потрудат нештата да се сменат. А за тие што ти ги нарекуваш гангстери, ќе кажам само едно ЗА СЕКОЕ ЛОНЧЕ-КАПАЧЕ....
Океј, океј, пред да почнете трета светска војна на темава , мала интервенција од моја страна. Прво малку да го одбранам Алек и да и дадам малку информација на ФБИ. Имено, мажите имаат потреба да се изживеат ...имаат потреба и девојките во тоа сум сигурен. Второ - не сите мажи ја задоволуваат горенаведената потреба во ист период. Некои порано некои (како јас) подоцна. Јас на пример од 18-22 бев ама некаде на 24-25 бев Зошто ми требаше да го правам тоа - за да сфатам што сакам кај жените, за да соберам искуство (животно, сексуално, емоционално, секакво..). Да, точно, повредив неколку девојки и за тоа ми е жал, но само за тоа и за ништо друго. Сега сум женет и ги гледам момците помлади од мене, сеуште ергени како поминуваат низ истата фаза, и си велам „подобро како мене пред брак, него како некои други во брак“... Порано или подоцна машките мора да се „испукаат“ - колку порано толку подобро.
Јас искрено немам никаква намера да започнувам војна сето ова што е напишано го сваќам како лични искуства (сите ние имаме различни) од кои можеме да извлечеме поука. Зоки-поки се согласувам дека машките имаат потреба да се изживеат и дека е подобро пред брак отколку во брак, само што на нас девојките тоа понекогаш ни пречи ( особено затоа што дечкото што ми се допаѓа е во таа фаза, а поради тоа не ни размислувам да пробам нешто). Јас никаде не напишав дека само момците се виновни за состојбата во градот , туку двете страни.
@zoki-poki Се додека не го прочитав не сватив дека веќе излегувам од таа фаза за изживување. Значи 18-22, па и не е лошо...Кој знае може од 25-28 идеме втора рунда хаха ) @FBI Зафркнати се тие години, нема да ти кажам поинаку, но не викам дека неможе да си го смени он карактерот. Особено ако навистина се затреска во тебе Може е до одреден степен ризично ова што ќе ти го кажам, не ако си заљубена во него пробај, а ако не си заљубена, не губи контакт, биди во чест контакт со него, зашто кога и да е ќе му помине периодот, а ако си во чест контакт со него кога ќе му помине ти ќе бидеш една од првите да дознаеш...