хаха втора фаза Добар е твојов совет, да се остане во контакт....ама јас имам еден проблем, со гордоста....зашто после сите да следам јас, да чекам да се изживее (јасно ми е дека тоа е мој проблем и мој избор ) сметам дека доволно вредам, има и многу момци кои се заинтересирани за мене, зашто јас да не им дадам шанса...чекајќи го овој ПРОБЛЕМАТИЧНИОВ да се изживее ахх си имам јас проблеми во главава моја, многу размислувам и се двоумам
Баш напротив...Не мислам дека многу размислуваш и се двоумиш, туку мислам дека си ги цениш квалитетите и се цениш самата себе !!!!! Тоа поштовам....Според ова што ми го кажа, може сум и грешка, но звучи како да знаеш што сакаш, како да знаеш што квалитети бараш да има едно машко и дека не би се смирила за нешто помалце од тоа...Мислам дека сите би требало да се владеат според такво размислување...Да знаат што сакаат !!!!! E сега проблемот со гордоста, тука неможам да ти помогнам ќе мора сама да одлучиш дали вреди да се тргне гордоста на страна или не...Ова ти го кажува дечко кој што тешко поднесува пораз а ти го кажувам зашто во последниве 2-3 месеци ја тргнав гордоста на страна повеќе пати , но како што кажав, сама треба да процениш дали вреди или не !!!!
@Mistery Во глобала добра проценка си направил, си имам одредени принципи и многу ми е тешко да ги погазам... Не е дека неможам да фатам некој, едноставно кога гледам дека не би одело и се знам самата, зашто некој залудно да залажувам па после да си отварам уште повеќе дилеми. Мене ми е потешко да оставам, отколку да ме остават (зашто јас многу брзо се помирувам со случувањата). А и не би пробала да направам прв чекор кај дечково што ми се свиѓа, зашто ме нервира самиот факт што тој им приоѓа на one night girls (не сакам никого да навредам, секој сам си избира како ќе се однесува), а јас што слободно можам да кажам дека сум девојка на место (од секој аспект) за него сум како невидлива..... Ај ќе видиме што ќе се дешава понатаму....ахх @Pinklady Искрено не можам да фатам крај со случувањата, ко да сум изгубена во случувањата во градов
Контрапрашање, а зашто вие баш се палите на таквите мажи што моментално се во таа фаза? Баш тие мажи што немаат таква фаза, или ја прошле веќе, тие не ги ни приметувате. Види, многу е едноставно, ако чекаш да те бркаат мажи, ќе те бркаат само женкари (или мажи у фазата). Го сфаќаш ли тоа? Мажите кои не се женкари (или у фаза) НЕ БРКААТ цури туку бараат ПАРТНЕР. Партнер е личност која вложува 50%, не некоја што седи на закачалка како парче месо. Дефиницијата на партнер е личност која е на тебе еднаква. Ако глумиш плен, ќе те бркаат само ловци. Зар не го сфаќаш тоа? Па сама си се ставила на закачалка. Излези од дома и почни да запознаваш мажи како да запознаваш пријатели не како плен кој треба да биде уловен. Немој да глумиш производ на полица која треба мажите да го земат. Човек си, не си парче месо. Прво (за култура) - Нормално дека постојат културни цури. Виде дека реков -има процент- дрски цури? Поентата е што маж не знае однапред која е културна а која демонски дрска. Буквално машко кога приоѓа игра руски рулет... Може цурата да е најфина, најкултурна на планетата, може да рече еј дечко колку си грд идиот хахахахахах, додека покажува на сите другарки. Мажите тоа не го знаат однапред, не им го пишува тоа на девојките на чело. Буквално е како играње руски рулет. Второ (за одбивање) - Не ја сфати поентата. Дури и најкултурното, најубаво покажување на незаинтересираност боли ако е 10та незаинтересирана цура по ред. Го сфаќаш ли тој дел? А тоа за мажите е типичен процент. Кога мажите идат на цури на слепо, (без знак) у просек добиваат 10-20 незаинтересирани цури пред една заинтересирана да сретнат. Дали ти искрено не би изгубила мотивација после 10-20 незаинтересеирани мажи ако им пријдеш, макар колку биле фини и културни?
Тоа си во право 100% Гледав еднаш еден документарец дека 93% од сите мажи воопшто не можат да ги видат тие сигнали!!!! Буквално им фали тој дел од мозокот да ги интерпретираат тие знаци! А останатите 7% се сите или хомосексуалци или психопати (повеќето женкари се медицински дијагностицирани како психопати исто иначе). ДА!! Еве ти формула како да ти пријде машко Еве јас пред некој ден пријдов на една бугарка во супермаркет, се запознавме. Да ти кажам како се случи? Идам јас накај супермаркетов, и една иде у спротивен правец, се погледавме, и добив она хемија со погледот, девојката отвори осмех УВО ДО УВО и се разминавме. Си продужувам јас накај супермаркетов, доаѓам до еден пешачки, и гледам, оваа лево до мене стои истата, буквално се вратила назад во моја насока, и се смешка, се врти цело време накај мене, се смешка... Ја си викам, хммм, девојчево е кул. Идам накај супермаркет продужувам, влегувам внатре у супермаркетот, и гледам и она таму влегува. Идам јас кај чипсот, и она доаѓа кај чипсот, јас идам кај лебовите, и она иде и цело време се смешка. Јас и пријдов, се запознавме, пофлертавме малку, ми кажа била од бугарија, ми раскажуваше нешто за мода ово оно. Не испадна ништо повеќе од флерт али и двајцата си отидовме дома насмеани уво до уво. И она среќна, и јас. Вака да се 50% македонки, ја ти гарантирам дека фините момци у македонија ќе се активираа. Али моментално повеќето се откажани и излезени од игра, и ве имаат оставено на женкарите. Жими се ми дојде желба да и кажам на оваа бугаркава, ај да те однесам јас кај македонките кај мене у македонија да им пoкажеш како се флерта. Кај нас седат онака намуртени со прекрстени раце и израз на лицето како да имаат запеk, чекаат маж убав од небо да им слета у скут без ни грам труд да вложат. Дури македонкиве кај нас мислат дека е понижување да покажеш знак на интерес према убав тип. Абе, ти упорно со тие женкарите и мажите у фаза. Тебе некој со сила те тера да се палиш на женкари и мажи у фаза? Они се максимум 5-10% од популацијата. Никој не те тера со сила да се палиш на женкари. Иди запознавај мажи исто како да запознаваш нови пријатели, и така ќе ги најдеш тие што се вон фаза (90% мажи). Не можеш да чекаш да они тебе те најдат и да све да прават без да ти им нацрташ карта (како бугарката што ти ја опишав што мене ми нацрта). Ако седиш наоколу со израз на лицето како да не си заинтересирана, и затворено тело на говорот, единствените мажи што ќе ти пријдат се женкари или типци у фаза. Го сфаќаш ли тоа? Тие суптилните сигналчиња со -гледам али не гледам-, или она глупно што го прават цури кај нас -ќе го погледнам типон на 50 метри 0.05 секунди на секои 10 минути, и он треба да сфати декај тој поглед значи интерес... Насмевни се, покажи заби, гледај го. Тие убави очи ги имаш да ги искористиш. Тие заби се таму да ги искористиш за насмевка.
Јас повеќе можам да ги разберам мажите одколку жените во оваа приказна. Знам дека мажите се трудат многу за да пријадат на некоја девојка, они си знаат низ што се поминуваат додека пристапат.. а жените тоа не го ценат и гледаат што подрско и повулгарно да се однесуваат, или тргнуваат од она: нека се помачи уште малце сеа ќе го игнорирам... каде бе така? После кукаат зашто се сами.. Јас и повеќето мои другарки на пример не сме го имале тој проблем никогаш, дали сме така воспитани, дали така се држиме незнам, јас никогаш не одбивам да се запознаам со некого кој ќе ми пристапи најучтиво и најкултурно, ако не ми се допаѓа нема да му го плеснам тоа одма у фаца, ако не друго може другарчиња да станеме, секогаш сум насмеана и позитивна, нонстоп ми приоѓаат мажи, можеби дека не делувам на ладна и дигната особа па го немаат оној страв. Девојки дотерајте се пристојно, минимална и убава шминка, средена коса, насмевка од уво до уво... момците мора да видат дека сте расположени за дружба, дека имате екстра пристап кон секого, немојте да ги селектирате момците и да ги судите одма по надворешниот изглед или облеката, никогаш не знаете каде се крие шармот во кој ќе се вљубите, не глумете пи**и со игнорирање и играње игри. Мажите ве набљудуваат долго време пред да ви пријдат, ќе забележат како се однесувате и ќе проценат дали сте вредна за приоѓање или не, во смисла на она дрско однесување и исмејување. Машки во Скопјево секако дека има, пристојни, фини, убави, мажи кои знаат да сакаат и да ценат жена, да има! Има и жени ама јас сум убедена дека се кријат зад маски..
Има Мажи колку ти душа сака ама несака зјапање у мобилниот додека си во дискотека или кафич, и глумење на лудило и виша класа Сватете едно нешто нема толкав број на принцови колку што ние сакаме да изиграваме принцези, па така еднаш двапати ке му шибнеш дрско и безобразно корпа и толку од муабетот и на крај ке си завршиш со најголемиот ропак, што ке ти ја вади душата
Ми се допаѓа темава за коментирање за тоа дали останале машки во Ск . Епа младава генерација( зборам за Женскиот пол ) се повеке и повеке се распува така што не забележуваат дека ние се обидуваме да и пријдеме и тие ке фрлат некој поглед во нас , ама коа ке дое моментот да се направи муабет со нив они толку се срамат и сеа да не се "дадат" одма почнуваат да не игнорираат .Ние тоа го свакаме за здрава корпа и више се откажуваме од истата особа( Секоја чест за исклучоците ) . По некое време девојкава сваќа со напраила и пак онака прака погледи ,не кани ,али од ситуацијата од првиот пат више неаме желба за да пријдеме . Тука е проблемот , нормално ние сме машки и би требало според некоја теорија први да пријдеме , но само ако девојкиве вложат пола од тоа ние со го вложуваме може да се роди цврста врска . Ако заедно се потрудиме можда и ке успееме да го решиме проблемов
Се согласувам со ЛоОст во голема мера !!! ..... Еве пример....Пред некој ден бев излезен во кафич и на 2 маси од мене стоеше девојка која што беше навистина доста симпатична....е сега ја приметив јас дека од време на време погледнува на интервали што се вика го задржува погледот една секунда и после пак се праи дека не ја интересира.....И бев решен да и отидам да се запознаеме, и се укажа шанса она доаѓа, поминува покрај мене и не ни погледна така да речам десно од неа....туку главата дигната горе и само право....е тука ми се скриши филмот.......после тоа се врати, упорно гледаше пак, дури и со другарка и и двете гледаа упорно, ама веќе скршен беше филмот.....значи не е се до нас.....па насмеј се бе, помини покрај дечкото, погледни го, насмеј му се....а не да дигнеш главата горе и да се праиш дека си кој знае што....епа нема така....а толку фалеше само...значи кога помина покрај мене да погледнеше и да се насмееше....друго немаше потреба да праи ништо......Може и не се согласувате со мене, ама ова е моја гледна точка а мислам дека доста машки би се согласиле со ова !!
Истото и мене ми се случи на нова година бе . Се гледавме со едно девојче што беше премногу симпатично и цело време нешто си праќаме погледи , ваму -таму и ја решив да направам некој муабет со неа зашто не ја познавав . Идам седнувам до неа и почнувам нешто : здраво како си ваму-таму и девојчево ја врти главата и си отиде . Јас со отворена уста останав на столот и викам што и е проблемот на девојчево ???? ..... После втората вечер истата ситуација . Ме гледа цела вечер ама ја бев при крај да се откажам но викам ае ке ја прегазам гордоста и пак ке и пријдам зашто и мене почна да ми станува непријатно од толку "манијачење "од неа :/ . Пак си отиде ..... е тука више готово ја баталив и се разочарав од неа максимално . После пак нешто ме гледаше на моменти ама више готово ја избришав . Мразам такви девојки .....Грррррр :? .....
Упорност дечки упорност Другарче мое способен е во една вечер да се пушти на 30 девојки и дефинитивно ке му успее кај една така да никој нема да ви брои бројот на корпите него дека стеотишле со девојка под рака ...така да не сфаќајте премногу озбилно или при срце секоја корпа...главата горе и во нов поход
Не сваќаме при срце, туку не иритира понашањето на некои припаднички од понежниот пол....само тоа гго дискутираме, ништо друго
Абе финтава е што како женскиве мислат дека ние сме срамезливи , глупави ама коа ке дое време за муабет они не можат да се соберат од ситуацијата !!!! значи не е до нас .... а што се однесува до тоа дали маски останале во скопје ке кажам дека машките си останале т.е. ги има и секад ке ги има ама каде идеме со понежниов пол никој незнае ....
Луст како каде идете со понежниот пол ... па сегде идете... Немој така Мистериус јас те мислев ти оженет а ти самец со такви размислувања ... се изненадив ... и си требал да ис е приближиш на девојката а не да победи гордоста машка. Инаку причината поради која многу девојки немаат дечковци не е некоја си нерешлива работа. факт е дека девојките си глумат ,недостапни, ладни, тешки девојки, не им треба дечко, убаво им е сингл, па некој ке им пријде ... епа сега не е мој тип , не е облечен убаво, црн е јас плави сакам , не знам како се однесува ... епа кој да знае? затоа ке го запознаеш ... неретко па и муживе или сакаат да се изразам со нивен сленг да ли*ат нешто само една вечер , или се пијани па не ни знаат што сакаат , со чест на исклучоците. Затоа има и девојки и машки кои се да речеме за нигде. И јас сум сакала да имам црн дечко, висооооооок и со зелени очи ... ама ете судбината ме однела кај плав дечко висок колку мене Ако раскинеме ке си барам по мерка Се шалам. Ама на 19 години па и више да чекаме принц на бел коњ не иде. Од секоја девојка што ја познавам 3 до 5 вклучувајќи ме и мене сме со дечковци ... Плус сме во ерава на фејсбук каде многу лесно може да се дојде до контакт со девојка или машко ама пак ... не сакаат ... и не знам што е толку страшно.... и кога им се свиѓа некој не даваат никаков знак како што е кажано погоре а после тоа се каат тоа ви гарантирам. Се се чека на машките а тие сироти мислат оти ние сне малу попаметни а ние сироти сне за нигде и така цел живот во круг додека секој не си го најде своето друго половинче.
хаха уште тоа ми фали на 22 оженет.. п.с. не ги критикувај плавите дечковци ќе те молам Од време на време знаеме да изненадиме со интелигенцијата хаха исклучок од правилото ....се зафркавам Во целина во право си...не дека им е убаво да се сингл, туку се фураат Ќе им дојде паметот некој ден....или како што викаат, ќе им дојде јајцето на газот (со извинение)
Ич нејкам дуели, ама ме испровоцира сега Искрено ни јас незнам што е проблемот со девојчињава, бидејки имам примено мн Банани. Не сум се пуштал на некој моделки или некој од естрада или нешо сл и константно ми лепат Банани. Еве последнава Банана највеќе ме зачеша. Пробав и со романтика и со фино и бла бла бла и сега па уште ми се љути и не ми праи муабет, дури и бега го спринтер од мене Ааај сеа чаре за мојот проблем? а толку сакам да се гушкам зимово
хахахаха темава е навистина скокотлива,хехехехехе секогаш кога ке помислам дека сама мозам да си најдам типче, не ми успева з о ш т о???? затоа што сите се срамезливи, а секогаш кога сум излезена со другарки/друштво сум ведра, и насмеана, ама к о ј да се пресрами да ми пријде???? Е тоа е веке п р о б л е м , и не сум воопшто крената во облаци А што се однесува од ф.б. тоа барам врска, или нешто сериозно испага катастрофа, еднаш два пати ке те излазе на кафе, на кафе, всушност кога ке го запознаеш како лицност, ке сватиш дека е нешто катастрофално, и сака да те мотка, т.е. да си игра со тебе, или не мозел да си најде во зиво девојка, или е премногу срамезлив, или пак нешто му фали, па затоа тргнал на ф.б. да кани на кафе девојки, како под изговор сакам врска-глупости како едно типче лани, на разговор, одиме заедно, ми дава сигнали дека му се допагам, а не се обидува да ми се доблизи, сакав да му казам -пази се од мене, ке те изедам ако ми се доблизиш хахахаха
еххххх срцекршачка барем да имасе еднo 30 % од женскиве со твојот памет , и како ја не налетувам на тие 30% ????????????? ............. :?