Богами провинцијала опасно зема замав така да побрзајте Шала на страна,има машки во Скопје,секако дека има.За да се "грабне" некој,не треба многу,девојки,ние сами си ја комплицираме работава.Машките не се толку комплицирани колку што ги правиме ние.Ако излегувате со помислата: 'Искачам и мувам некој вечер',бидете сигурни дека нема да биде така.Сите убави работи доаѓаат кога најмалку се очекуваат,непланирано.Кога ќе видите дека сум во врска можеби ќе си речете:Aбе ајде оваа 1 ипол заборавила како е тоа да се пушта на некој итн итн..Но не е баш така.Има нешто што го викаме харизма.Можам за себе да кажам дека не сум совршена,како што и никој не е и не сум некоја мис Македонија,но не сум ни грда,значи некоја средина.Културна и комуникативна.На некого му се допаѓам,на некого не.Спомнавте дека девојки убави,згодни,културни и паметни се сингл.Зошто?Затоа што треба да се опуштат!!Бидете комуникативни!Не се плашете да пријдете некому или да паднете во спонтан муабет со некого.Било каде и со било кого можете да започнете дружба.На пр. На шанк во дискотека,кафич..Се шегуваат шанкерот и некој дечко,ви помине низ глава нешто смешно за тоа што зборуваат,кажете го.Што ако упаднете во муабет и ги насмеете,само ќе ја продолжите дискусијата.Или малку флерт со шанкерот,што има лошо во тоа?!Колку пати ми се имаат случено вакви муабети и мали флертови со рандом личности и можеле да се продолжат понатаму..(но со фактот дека сум во врска останале како мал разговор) Мажите сакаат опуштени,комуникативни и ведри жени,не снобови што ќутат,превртуваат очи и само отвараат уста кога треба да се оговара.Што ако ви прозборел шанкер или некое помалку атрактивно момче?Не судете одма и не правете ја добро познатава фацка .Ок време е малце да скратам.Накратко сакав да кажам: Ма само опуштено!
Заразена сум со блогови, особено модни, но наидов на еден романтичен и овој пост го приметив. Еве малку романтика од мене, и суровата реалност, баш она што си го размислував, една реална љубов, ете тоа сакам, и да љубам, и бидам љубена, со многу малку прекривање емоции....еххх Ч))) ...I'm eager to find love. Why is it that even the prettiest, nicest, most out going people can't find love? Or don't have it? I'm still baffled to this day why the last boyfriend I had was 2 years ago. It kills me to know that there are people right now so happy and in love with their significant other and I have no one. I'm alone and I hate it. I just want to be someone's something, is that too much to ask for? I'm tired of being just the friend you talk to about your 'girl problems', and I'm tired of being just good friends. I want to show someone the love I have weld up inside of me and to make someone feel happy and the receive the same. Guys these days it seems just want someone because they don't want to be alone, not because there are any feelings involved and that's not what I want. I just want someone to fall in love with who I am, as I am. I just want to share my love with someone special and have someone I can think of before I go to sleep and wake up knowing things haven't changed. So for whoever you are, I want you to like me of your own accord. Not because I drop hints or dye my hair to suit your favor. Not because your friends tell you to or try to talk me up to you. Not because I wear the clothes I know you like and not because I make excuses to text you every day. Not because I’ve always been around and not because it seems like the nice or right thing to do. I want you to like me because you do. I don’t want to chase you like everyone else I’ve had around just to be knocked back down. I want you to like me for me. And if that means you never will, and that I need to sit around and work on burying these feelings deep enough that I eventually forget about them and give up. I will. I guess I'd rather be alone than have you, whoever you are, here just so neither of us had to fall asleep alone at night. I just want real, true love. But one thing I learned from love and from craving it is, if you don't expect it from anyone then you'll never be disappointed. -Taylor
Во нашето мило и драго Скопје врие од провинцијалски девојчиња кои мама и тато ги праќаат у Скопје не да учат туку маж да си најдат, факултетот е само маска. А потоа да не ги заборавам и нашите т.н. скопски шмизли кои не го вртат ни погледот ако дечкото не е најјак у диско и ако не части се окулу него, или ако накај дома си оди со такси а не со кола (не постара од 2005 година) .Мислам фуууујјјј за тие таквите, пред се огледалата не им се доволно чисти за да се погледнат и да сфатат дека преку нивното фенси фустанче им се гледа целата долна облека, па оппп сите машки кај нив...А зашто??? Затоа што ке ја соблече за 5 мин. и ќе си заврши работа и таа и тој среќни. Но има и друг проблем аа тоа е што нормалните и девојките на место плашејки се да не остават впечаток дека се лесни како примерот претходно бараат мушкото да се потруди. Мислам океј е малце да бидеш таинствен и повлечен за да заинтригираш, и да оставиш впечаток дека не си лесна цура, дека нема он вечерва да те врати дома или нема одма утре на кафе да излезеш. Но ако некој ти се свиѓа или не постои КУЛТУРА која треба да ја употребиш дали ако сакаш да дадеш до знаеење дека типот не те интересира или дека можеби би имал некакви шанси кај тебе. Мене она што ме вади од такт е ГЛУПАВОСТА И ПЛИТКОСТА на мушкиот мозок (секоја чест на исклучоците) но те гледа го гледаш, доаѓа и се е ок се запознаваш, и на место сеа муаабетот да тече полека најнормално од кај си, што праиш и сл. Тој ко копук ти кажува име ја вика келнерката те части пијачка и за да се исцепа вади 1000 или евра или остава бакшиш....Алоооо каде со тој памет ја барам интелектуалец да седнам на кафе утре и муабет да правам а не некој кој незнае нижто друго освен парите на мама и тато, неговата јака кола и формулата како да бидеш најјак фраер у Скопје. Тоа е она што ме ужаснува кај скопските фраери а оние паметните како смотани стојат од страна и чекаат некоја да дојде и на маса да им каже: еј ми се свиѓаш...Сум имала доволен број на случаи да видам какви се нашиве скопски фраери и фала богу што успеав да најдам некој нормален кој не живее у филмот биди главен ***ч у Ск.
Значи LilMissBossy i najubava2010 не можевтe да сумеризирате подобро...БРАВО!!!!! и ДА, слободно може да се започне разговор и да се упадне у разговор, и тоа е точно....факт е дека на ВАС ви е полесно да му пријдете на машко од колку на машко да му пријде на женско....Верувај ако ништо друго машкото ќе се запознае !!!! во тоа сум 99% сигурен.....а има женски што знаат да ја завртат главата на страна.... хмммм е тоа веќе тука, тој чекор, го сметам за прво како низок степен на интелигенција, а после тоа дека е некултурна, а како трето ќе и го плеснам у лице и ќе си заминам.....ама ок нема веза, бегам од темава.....Оваа вечер бев у midnight, и со друштвото посматравме.....па какви снобови има во ск тоа немаш претстава...просто да се чудиш....доаѓа, се надувал, и минува те бута со рацете па одозгора и вика тргни се....и вака си мислам, што интелигентни луѓе ќе беа бе....а што е најтажно пак, има девојки што се "палат" на тоа....значи они се со уште помала интелигенција .... ама ок е, тие што се залетуваат се обично тинејџерки...ретко да видиш некоја 24 години да се залетува по таков тип....како прво антипатичен ќе и е.....ок, ова беше само обзервација....друг факт е следниов....имам можност да споредам како се однесуваат девојките во скопје, и во друг помал град во македонија....верувајте во помалите градови е уште позаебано.....зашто ако и се пуштите и ве "одјебе", утре цел град ќе збори, зашто да бидеме реални во такви градови сите се знаат......значи девојкиве во малите градови се бетер од девојките во скопје, па затоа и машките не идат да се запознаат така на слепо......додека во скопје и да отидеш, утре очи нема да ти види .... на крај крајот (збориме за скопје), што има да изгубам? ништо......ама пак и вие нема да се шинете ако отидете први и едноставно речете може да се запознаеме...али ретко која има таква храброст и одлучност !!
Личност со самодоверба која знае колку вреди, која знае дека иако е у фармерки повторно може да го има секој т.н. фраер, нема никаков проблем прва да пријде. Почнувајќи од себе мене ако типот ми се свиѓа може да чекам да дојде а за тоа време имам простор да посматрам окулу него па одма ќе забележам дали вреди или не јас да го направам „фамозниот прв чекор“. Ако тој е културен ако има манири и ако држи до себе не ми е никаков проблем да појдам и да се запознаам но ако е привлечен само на прв поглед едноставно не вреди тој за таков чекор. Мене никогаш не ми било тешко да направам муабет па макар и прва да пријдам, ако мушкото го боли ако добие корпа нека осети и цурата како е кога некој и глуми Бред Пит, кога таа живее у филм дека е Анџелина. Иако не сум почуствувала како е да добиеш корпа верувам дека не е фер некој заради тебе да се почуствува мизерно и да му уништиш вечер глумејки јака пичка. Постои начин на кој можеш да дадеш до знеење дека едноставно тој дечко не те интересира и никој да не биде навреден.
Постои нормално....ако имаш манири и малце ако ти сече главата.... па баш ми е мило што има девојки што размислуваат како тебе...само во пракса колку е тоа така незнам....ај може некогаш ќе ми пријдеш прва па ќе ти глумам бред пит али од втор пат ќе се запознаам...биди малце упорна како ние што сме ...шала настрана, размислувањево твое си е на место....само што мал е процентот на девојки што го делат твоево размислување....Во секој случај за тебе !!!! ценам таква девојка !!!
Јас одамна му пријдов на мојот Бред Пит и го освоив со упорност. Така да ти биди си на штрек да не ти пријде некоја друга Анџелина а у моментот ти да биде тој кој што ќе го глумиш Бред Пит и цурата да ја откачиш на начин на кој што не би ја оправдал нејзината храброст или да стекнеш кредибилитет за упорност.
културен сум јас ако не ми се допаѓа ќе ја спуштам како што кажа ти на културен начин...нормално од кога ќе се запознаеме....(може има другарка од кај да знам.....познанство не се фрла )хахахха
Тедибеар: Што мене ми се има случено во љубовта, на најголемиот пријател не му посакувам да му се случи, но тоа беше НЕКОГАШ ,кога навистина ми беше тешко и ме беше фатено депресија, ама сватив дека љубовта не е најважен сегмент во животот, постојат и други сегменти, а сега со друго момче- дадена му е шанса, се надевам дека ке знае да ја цени , бидејки самиот ја бараше истата. Се надевам дека и лост ке си ја пронајде среката со својата втора половина и дека ке успее во тоа, и му посакувам успех во тоа.
Браво и за LilMissBossy и за najubava2010 и за Mistery .... Имаме многу сличен начин на размислување а тоа ми се допаѓа многу ,затоа што тоа едноставно е единствената реалност... Има цури што се палат на кеш ( ама тие и не се нешто многу интересни :?) а има и цури кои држат свој став ( и тука вреди машко да се потруди ). Ама си има тоа свои граници.... Женските често пати знаат да претераат со дигање на акции итн ....Па чекајте АЛОООООООО коа ке си одите дома сами ке се прашате : " зашо онаа има дечко а ја неам . И што има толку во неа што нема во мене ?????!!!!! ....." ЕпА суровата реалност е тоа дека таа е поопуштена со Машкото со кое се држи за рака , и знае како да се испонаша во такви случаеви . Тука лежи "зајакот" и дајте потрудете се да ја избегнувате оваа доблест !!!!!!! И да смејте се тоа НИКОЈ не може да ви го ЗЕМЕ !!!!!!!!!!!!!!!!
Ешто запнавте за провинцијалките сега ко да ви е криво што се поопуштени и што ви ги крадат мажите додека глумите пички со џин тоник у рака, ај излечете комплекси, додека дигната стоиш на шанк или седиш на сепаре ни Џеј Џеј нема да ти пријде
Хахахах Џеј Џеј неможам да престанам да се смеам ... Ако малце подобро прочиташ ќе сфатиш дека јас немам никакви комплекси, а провинцијалките не ми земале мене ништо ... Па искрено да ти кажам не седам дигната на сепаре за глумам пичка, седам на сепаре со добро друштво, уживам во пијачката, добро се забавувам, и од време на време фрлам поглед чисто за да се насмеам додека го посматрам простотилукот на провинцијалските т.н. пички додека они во Скопје го живеат својот сон и тежнеат да ја обезбедат својата иднина во метрополата. и да не заборавам го бркаат Џеј Џеј и Елвир Меќич
Скопјанки никогаш нема да се помират со фактот дека не се ништо повеќе од провинцијалките, ц ц ц божеее.....тоа го покажува и коментарот над мене, ми се од вакви искомлексирани девојки..немам што да додадам
Само ке додадам дека сум од Кавадарци (тако звана провинција за нашите мили скопјанки) И учев во Ск. ПОла од другарките што ги имам се од Скопје и само ке ви кажам дека им се плаче за да го живеат нашиот `провинцијалски` живот. Кога и да дојдат кај мене, никогаш не заминале без да кажат дека вистинското живеење го имаме ние , не тие... И да, има и такви кои се дојдени во Скопје да најдат маж или да се профураат за сите пари, демек на факултет се, учат они, но има и исклучоци кои иако се од некое си село од п.м имаат повеке култура, понашањеи изглед и се поинтересни за машките затоа што носот не му е до облаци дигнат, а тоа нормално им смета на скопјанките. А да, и немојте да се занесувате дека ако сте од Скопје сте којзнае во каква предност (без навреди тука), предноста е само што некои работи ви се со полесен пристап, а за друго мноогу губите... Кога ке го искусите студентскиот живот,студентските забави, преживувањето, седенки до 5 наутро по интернатите и студентските домови, вистинските другарства во кои се буквално се се дели (добро де долен веш не ) е тогаш ке сватите колку девојките и момчињата од другите градови имаат поисполнет живот... И да разјасниме кој како сака нека ме нарекува, ако јас си ја исполнувам целта за која сум отидена во друг град дали да учам или да најдам работа,не ми е битно дали за некоја ке сум провинцијалка, селанка или незнам што, ако јас го завршам школувањето и најдам добро платена работа, значи јас вредам.. а таа слободно може да ми завидува затоа што провинцијалка и го земала нејзиното работно место од соништата.. Мислам јасно е... и девојки без лутиш..
Да дефинитивно, и ја кога ги гледам скопскиве госпоѓи како мрчат за провинцијалките, само ми опаѓа мислењето за скопјанките. Покажуваат некој комплекс на супериорност, ко да е Скопје луксембург...
Машки во Скопје има и тоа доволно и тоа многу повеќе отколку што има женски!Проблемот е што и едните и другите мора исклучиво да се бараат преку луѓе без разлика дали се роднини,пријатели или познаници а не по дискотеки,кафичи а уште помалку на места како што се Гранд,Колосеум и да не ги набројувам останатите што ги ставам во истава група.
Се согласувам со дискофилман, никогаш не вели никогаш, но од секогаш сум мислела така, се запознаваш преку некој, не во гужва и гласна музика...ма да се случува и тоа... А за провинцијалките, јас порано мислев дека секој си го одбира патот како ќе дојде до своето, дека и они имаат право на напредок, но веќе не.... можеби го прикриваат тоа, но има и такви кои подло и расипано, на скриен начин постојано ќе го бараат скопјанецот, не дека за Скопјанките не останува ништо, но мислам дека они треба да си бараат маж каков што сакаат од своето место... Ако дошле по кариера, нека не бараат патишта до тоа преку мажот и статусот кој тој можеби претходно го имал во Скопје... Јас верувам дека треба да се има трпение, и многу работа и труд. Ништо не доаѓа преку ноќ, и нема shortcut (како што они тоа го прават)... Јас сум од Скопје и таква сум, ја барам љубовта и мојот успех, но не преку сенката на мојот дечко/маж... офтопик е, но премногу бранење на девојките, кои се почест случај не е во ред....
Јас сум од Скопје и неможам да сфатам како ги делите луѓето на „СЕЉАНКИ ОД ПРОВИНЦИЈА„ и „СКОПЈАНКИ„ е тоа е комплекс да ви кажам. Несакате да видите дека девојките од другите градови се многу поопуштени кога ќе излезат во град и затоа повеќето мажи се лепат на нив, тоа е гледам со свои очи. И тоа ви боде очи и одма, ете ја дошла да се омажи тука. Има секакви девојки не викам не, ама вака кога генерализирате самите се праите простачки. Има машки во Скопјево ама за кого како, со ваквите мислења ќе најдете само истомисленик што ги дели луѓето, ги дискриминарате за што? Од љубомора или комплекс? Се додека има вакви девојки со вакви размисување што се мислат за главни цури у дискотека и му се смеат на „простотилукот„ од страна ќе нема машки за нив во Скопјево, па ни у другите градови! Дигнати фаци алал да ви е!
Имавме тема Скопје - Провинција и видовме што се случи Би ги замолила модераторите да ги избришат сите офтопик мислења каде се дискутира за провинција, а не за машките (како што гласи темава).......па да продолжиме со муабет. Вие драги мои скопјанки и (не)скопјанки воздржете се од постови кои водат накај офтопик барем во оваа тема Несакам да се затвори темава, зашто стварно интересни работи прочитав до сега, ајде не ја уништувајте со вакви дискусии ве молам.
Господе Боже! На нечии постови на човек на му е доволно ниту да се крсти. И овде ли најдовте да се препирате за Скопје версус провинција?! Немам зборови Само едно ќе кажам а тоа и го реков впрочем веќе на темата. Мажите не сакаат да си го однесат дома Мане или Моне. Не им е потребна убава слика. Не сакаат насловна од Elle - ок можеби сакаат ама знаат дека таа насловна не им носи ништо освен некоја лична сатисфакција дека ете „ќарил“ беспрекорна девојка. За оние кои седат со своето коктелче во рака, во поза број 435 со насмевка број 23 и си направиле ѕид околу себе за Кина да дојде тука и да се чуди, е за нив не останаа машки во Скопјето Опуштете се и спуштете се дооооле! Ама не онака како што е мислено во песната Ете тоа би им го препорачала на тие девојки кои ги спомнав горе. Па после ќе ви биде крива и Струмица, и Валандово, и Ашкабат и Уагадугу. Е да! Тие се сигурно криви за тоа што има гладни деца во Африка, за тоа што постојат анаконди во Бразил и за тоа што не остануваат асални машки во Скопје