Прочитав дел од последниве мислења, прво - нема потреба од навредување. Убаво си кажаа некои девојки, темава апсолутно нема врска со провинцијалките и скопјанишчата Си имавме таква тема, ни ја затворија, ве молам немојте да и' удрат клуч и на оваа. Насловот е ставен во афект, ама мислам дека се однесува на поголемиот дел од градовите во Македонија. Би можел да гласи - останаа ли машки во Македонија. Смирете ја дискусијата. Од првите мои коментари на темава, повторно ќе си кажам дека изборот на машки е сведен навистина на минимум. Значи нема толку многу , не можам да кажам дека врие од квалитетни момци во Скопје, ама има, се' уште ги има. Што е проблемот, еве ќе тргнам од тоа каква бев јас и какви се се' уште СИТЕ мои другарки, па вие пресудете сами. Фактор - мрсно, недотерано суштество. Без чиста коса, без грам пудра, небањата, а намирисана со кило парфем, неуредни нокти и нечсти чевли, биди облечена и по последна мода од Fashion tv ти моме, џабе ти е. Можеби ќе се смеете, ама фактор хигиена. Вчера излегов во град, за помалку од половина час си дојдов дома. Мирисаа на манџа, на сарми, на испотено, на што веќе не. Аман бре луѓе, сапун и вода е, не е квантна физика. Фактор - намуртеност. Недружељубивост. Насмевка, насмевка и само насмевка. Притоа не мислење на тоа - овој ако ме види дека се кезам, ќе си рече дека сум се мрднала. Не, ќе си рече дека си мрдната само ако седиш смуртена во ќоше, напната во ликот, како да си примила 5 дози ботокс. Ниту една искрено насмеана девојка нема да остане незабележана. Заборавете на тој глупав урбан мит како намуртените девојки се мистериозни, таинствени, dark и секси. Жими г'зов - не се. Посекси денеска се оние кои први ќе се насмевнат, па и ќе пријдат и ќе речат едноставно - Здраво, јас сум таа. Машкото сигурно нема да ти сврти грб без да се претстави (за информација напоменавме дека девојки го прават тоа постојано). Еве, за илустрација, во тој половина час вчера, свирката почна со некои балади, и јас на зафрканција реков - свират стискавци, за да се поканиме на танц, ама никому не му стиска. Забележав еден дечко, онака културен ми се виде, викам ќе одам и ќе го прашам - сака ли да играме? Ме направија мрдната. Отидов - здраво, здраво, викам дали си за танц, нормално, морав да употребам доза иронија, зашто на светот денеска тоа му е смешно, и он се насмевна и голема работа, сме танцувале минутка и пол. Во таа минутка веднаш стана јасно дека јас сум со моите другарки, он со машко друштво, и двајцата не сме сингл, ама не е против законот. Остатокот од вечерта неговото друштво се довлечка до моето женско и се запознаа секој со секого. Што ме води до нареден фактор - проценка. Не се занесувајте премногу. Никој не вели да се потценувате, ама не се преценувајте. Обично доаѓа од дома, од воспитување, од спонзорушо-настроената мода денеска, ама сосем обични девојки, сакаат принцови во ферари и ништо испод Тренд и Рагуза за вечерно излегување. Ало, што ќе понудиш ти девојко? Дечкото доаѓа, те зема, те враќа, ти плаќа, што тоа негова работа е, должен е да те издржува тебе? Симнете се од ѕвездите и не барајте милионери за дечковци, ако сакате пари - заработете си сами. Неговите и онака никогаш нема да се лично ваши. Пуштете ги нозете колку што ви е чергата. фактор - храброст и искреност. Ништо од лагите. Еден ден ќе се дознае и дека немате стан, дека се' уште го отплаќате овој во кој живеете со вашите, дека не можете да си приуштите одмор како него пример во Египет. Едноставно бидете искрени и со него и со себе, за оние работи кои се круцијално важни за добар почеток. Зашто еден ден ќе се открие се'. Не бидете фејк, бидете си веродостоен оригинал. фактор - премногу очекувања. Од се'. Од прв состанок, од прв секс, буквално дали од многу гледање филмови или од сладникави чик лимунатки романчиња, мислите дека животот е новела на Николас Спаркс. ЈБГ, не е! На првиот состанок, јас ја поделив сметката со мојот дечко. 4/5 другарки ми рекоа дека НЕМА АПСОЛУТНО никаква ШАНСА да отидат повторно со некој таков на кафе. Епа јас отидов. Не кроев теории на заговор - дали имал или немал, или бил скржав или принципиелен како секоја од нив, туку си го земав телефонот и го поканив на втор состанок. Зашто на првиот ми беше убаво. И ред други фактори, ама ова се така најважните и размислете си убаво. Факт е дека девојките не се трудат, сакаат се' на тацна, не се подготвени за компромис, креваат раце од првото се', се муртат со носињата, сакаат совршенство (а не постои), сакаат бајка, а живееме во реалност...
Не прочитав се зашто веќе глупаво ми стана, но ме изиритира мислењето на најубава.....ова твоево размислување ти е провинцијалски комплекс, така да си знаеш.....И да ти кажам ако девојка вреди, ќе вреди и ако е од провинција и ако е од скопје....така да со вакви мислења и коментари како твоиве само докажа колку си интелигентна.....стварно ме изиритира....и да, темава има друго име, така да модераториве нека избришат се друго.... поздрав !!!!!
Трендафилка - БРАВО !!!!! тоа е се што имам да кажам, БРАВО.....и следни коментари пишувајте поврзани со темава!!!
Мхм, значи и самите вие кажавте дека има процент на девојки кои се дојдени во Скопје за да го завршат факултетот и да успеат да си го обезбедат животот, меѓутоа многу е поголем бројот на оние кои не им се учи факултет туку им се искача и лудува па поради тоа немжат да го губат времето на факултет туку се трудат да најдат некој доволно моќен да ги задоволи нејзините каприци, и доволно глуп за да се ожени со неа. Јас провинцијалките ги вмешав во оваа тема од причина што во последно време машките кои сеуште ги има во Скопје навикнаа на поопуштеноста која ја имаат провинцијалките, и нормално е да очекуваат и ние да се однесуваме така како нив. И уште нешто провинцијалките не ви ги земаа мажите туку они сами ги избираат нив, од причина што овие се многу полесен плен одколку некоја стабилна девојка со свои ставови за животот која цврсто стои на земја и не лета по нечии пари и т.н.
ЛЕЛЕ СТВАРНО!?! Сакаш да кажеш дека провинцијалките им ги кренаа стандардите на мажите? КАКО НЕ ИМ Е СРАМ!!!! А ете, ја мислев дека мажите треба да ги толерираат овие скопските мона лизи со дигнати носови. Како не им е срам на провинцијалкиве да дојдат и да им покажат на мажите дека женско може да биде опуштена, фина и пријателски настроена Како не им е срам на провинцијалкиве... Ради нив сеа веќе не можам да си дозволам да бидам ку*ка... АААА ќе морам да почнам да бидам пријателски настроена =========== Ок, крај на сарказмот Иначе не знам зашто би морале цели теми да се заклучуваат ако има неколку офф-топик постови? Овој форум колку што знам има сплит-топик опција... Значи можеш да ги преместиш у канта само тие мислења што се офф-топик. Нема логика да пропадне цела тема што има стотици супер мислења на интересна тема, за неколку офф-топик.
Не претерувајте ВЕ МОЛАМ. Овој проблем го начнавме во тогашната Скопје vs. Провинција пред да ни ја затворат темата. Добри и лоши луѓе има секаде. Само тоа правило постои. Како што од другите градови доаѓаат тука само да се прое*ат, прошетаат и да си најдат фраер*, добар дел од тие сакаат само да завршат факултет и со душа чекаат да си се вратат во својот град и да си изградат живот. И како што тука има воспитани и фини девојки, има и такви скопјанки кои на ум го имаат само она како првата спомената група* од другите градови. Така што - НЕ ГЕНЕРАЛИЗИРАЈТЕ. Ниту едните ниту другите не се цветки за мирисање.
Имам многу другарки кои што се од Скопје, а исто така многу кои што се од провинција......И тотално добро се сложуваат.....Нормално дека има девојки што се отидени да се омажат, не викам не и тоа е факт....но не можете да генерализирате.....А има и доста такви скопски пуфли кои што ми идат на живци и се мислат дека се некои пи.ки, а уствари незнаат два реда муабет да ти напраат...ќе им отидеш и ќе те изнервираат до максимум..па одозгора и ќе оговараат....па некоја обична девојка од провинција, што едвај собрала пари да се запише на факс, таа скопска пуфла ќе ја уништи со карактер и со знаење.....а нормално има и многу паметни и девојки на земја од скопје !!!!! зборот ми е дека има девојки кои што се рачунаат јаки пи.ки во секој град, но скопскиве претеруваат, ама затоа ќе си завршат со најголемиот идиот кои што ќе ги малтретира !!!!
Ја мислам дека е 50/50. Фората е што секој ги гледа мааните на другиот. Ние гледаме што жените грешат. А оние гледаат ние што грешиме. Можда е процентот 60/40, можда е 70/30... можда е 50/50... На крај краева не е битно кој има поголем процент вина. Битно е дека и двете страни имаат вина и треба да работат да го средат својот дел.
Оние што се прават многу јаки во 90% завршуваат со некоја бараба што ќе ги малтретира цел живот затоа што кога ќе ги прашате зошто се омажи за таков а не за некој културен и помирен ќе ви одговорат дека им било многу досадно со таквите мажи.
^ discofilman : Па да ти кажам право - само 25 години ми беа потребни да го спакувам и сварам ова. Освен факторот хигиена - си се бањам редовно од мала и тоа што не сум патела ниту патам од комплекс да испијам кафе низ шемаџиските локали (убаво ми е кафето и во Бисер и Скопјанка) и да збарам некое маалско је*ачиште со бесно количе... За другото - помалку или повеќе било моја вина. Сум била смуртена, сум се мислела три недели за обично кафе, сум глумела лудило, playin hard to get, нема по твое, само по мое - my way or my way и ништо од тоа не успева кај машко. Да не се разбереме погрешно, не сум доживеала лоботомија, па сега сум се сменила целосно, демек друга личност сум, или сум се потценила, или сум скратила нешто од моите квалитети и карактерни особини. Едноставно е, со глава во ѕид не се плеска сосила, тоа што не чини ќе си го ублажиш, искорениш, промениш. My software now is better&improved Simple as that. И кај машките има вина, нормално. Затоа ќе си процениш за кој вреди да се ризикува и да се трудиш.
^ Комши, по тебе ли рика цела една плејада девојки, па се измисли поимот - аеродромски фраер Кога сме веќе кај тоа - може некој да ми го појасни феноменот? Кога ќе кажам кај живеам - добивам само погледи чудилници - Аууууу, аеродромски фраери имате вие.
Пази една работа.Девојките се тие што од страна на нивните мајки се воспитувани да бараат некој богат и многу убав а не машките.Ова важи за поголемиот дел.Мајката и вика ќерко да бараш богат и убав,кога ќе влезеш во таа куќа ќе молчиш и ќе работиш за да не се жзалат на тебе.Кога ќе го родиш првото дете ќе почнеш да отвараш уста по малку но обврските ќе си ги завршуваш.Е кога ќе го родиш и второто тогаш ќе го покажеш вистинското лице и ќе ја превземеш цела контрола.Жалосно но вистинито.
Ја лично сум интересен феномен... Оставам впечаток некад на женкар, а во многу работи (на ова поле) сум дури подпросечен со искуство. Сега скоро кога бев со една бугарка мислеше ја лажам кога и реков дека не вртам по пар девојки во скопје... 10 пати ме праша зашто ја лажам... Имам научено како да бидам самоуверен од прва. Можам по 20 телефонски броеви на ден од убави девојки да соберам без проблем... Али делот после тоа не го владеам... така да, нема плејада девојки кај мене -Тоа за аеродром, шала на страна, стварно го имам чуено и ја. Не знам зашто има таква репутација за мажи од аеродром.
Најубава - спомнуваш поопуштеност. Не знам што точно мислиш со ова и дали воопшто употреби некоја доза на иронија, ама ако си мислела со поопуштеноста нешто како тоа дека девојката се насмевнува, го охрабрува мажот со смели чекори, геста, муабет итн. па тогаш веројатно некој треба да го земе тоа како пример и да го примени на себеси а не да се бори против тоа Што ни се криви „провинцијалките“, треба да сме им благодарни што барем ние скопјанките видовме што сакаат машките хм? Ова со аеродромскиве фраери стварно не знам кај никна, ама изгледа постои од кога постои и аеродром како населба, пардон држава! Пред неколку години на гости кај другарка, нејзиниот тригодишен внук го прашувам - „Ќе ми направиш муабет?“ „Да, ама и ќе ти местам дечко!“ „Аиии стварно каков дечко ќе ми местиш бе срце? Од каде?“ Збунет поглед во стил на I mean like duh! и детево ми се обраќа „Па од Аеродром, нормаааално!“ И за крај, ситуација од Белград. Не е битно каде и не е битно кој. Девојка од Скопје излезена со свое друштво. Отспротива белградски фраерчиња. Еден од нив ја забележува, и таа го забележува. Се меркаат, се меркаат....се меркаат саат време. Таа му се насмевнува на крај, тој конечно приоѓа. Секој навикнат по свое. Тој: „Јеботе мораш ми речи одакле си, знаш овде су девојке опуштеније, прилазе прве.“ Таа: „Из Скопља.“ Тој се врти и на другарите им вика „Из Скопља!“ Другарите креваат раце: „Ааааа па зато!“ Не велам дека типов направил муабет на векот, ама друга ми беше поентата....„Ааааа из Скопља! Све нам је јасно!“ Сфативте нели Не дека сакам да генерализирам, мразам генерализирање ама факт е дека девојките можат да кукаат до смрт дека нема никој за нив. Ако се вакви стегнати и со носињата до стратосферата, нема ни да има. Едино стројници вршат во таков случај работа.
И ја го имам чуено ова. Дури на телевизија го имаше. Интервјуираа еден сопственик на Белградски клуб, и он сам ова го спомна, без да го прашаат. Збореше колку бил различен Белград и водење белградски клуб зашто девојките се подиректни итн итн. Ја имам другарчиња и белграѓани, и другарчиња што патуваат таму. Често слушам вакви прикаски. Имаше скоро еден другар ова им се деси Доаѓа девојката - Мојата другарка и ја се кладевме дека морам да се смувам со тебе Другаров од белград - Може, али само ако другар ми од Скопје слика да ставиме на фејсбук Другар ми од скопје - Мене ми се свиѓа другарка ти На крај сите се измуваа, сите се изнасликаа и ставија уште на фејсбук. Сосема друг свет е таму на моменти. Да не зборам дека по светски времиња им е ноќниот живот. Таму во 1 сабајле веќе се прибираш од надвор, тука кај нас во 1 и пол тек се пунат клубови.
хахаха аххххххххххх од скопје била бе конкретно јас не сум искусил такво искуство со девојка од ск да ми се понаша кога ќе и пријдам....обично ме прифаќаат....еве и неќни во петокот бев излезен во миднајт со машко друштво и до нас стоеја две девојчиња....немаше некаков eye contact или насмевки, они две си беа влезени во разговор и чекав да завршат со разговорот....кога завршија и отидов со едноставно "здраво девојки, може ли да се запознаеме" .... не сум по оние фрази и пик ап линии, туку едноставно идам директно....искуството ми покажало дека директно обично функционира и најмногу !!! девојките ме прифатија најнормално, на едната и земав број итн ..... ама, девојките беа и двете постари од 20 години....не беа некој залетани тинекџерки....да беа залетани тинејџерки ке се подразмислев дали да им отидам.....
Па, созреваат со возраста, дефинитивно. Некои работи ги сфаќаат и почнуваат да им кликаат. Има нешто што машките го забораваат. Како што треба време и зрелост да научиш да приоѓаш, треба време и зрелост да научиш како да реагираш на приоѓање. Многу често незрели девојки лошо реагираат не ради дрскост, туку од збунетост, не знаат што да одговорат и се блокираат.
аааа тоа ли била финтата. А јас се чудам зошто не можам да си фатам дечко, а цело време на аеродромски фраери налетувам
Напишав во СДК еден пост за еден типичен пример на машко - женските односи и машко - женските размислувања за една те иста работа. За, жал инспирацијата не ми беше инцидентен настан, туку секојдневие. Се повеќе има машки кои единствена цел им е собирање поени кај другарчињата и девојки кои се повеќе се огорчени од тоа однесување и прават капитални грешки со тоа што се однесуваат како вистински ороспии. Факт е дека се е сведено на уан најт стенд. Факт е дека сите се несреќни и мизерни. Факт е дека ваквата ситуација не им одговара на на едните ни на другите. Сите сме луѓе од крв и месо. На сите ни треба љубов. Проблемот е во разочарувањето. Едните се разочарани од другите и обратно. Девојките мислат дека сите машки се исти и упорно генерализираат и се изживуваат врз секое машко мислејќи дека е класичен идиот затоа што сигурно имале некој таков во животот претходно. Машките исто така мислат дека сите девојки се исти и упорно генерализираат и се изживуваат врз секоја девојка мислејќи дека е кучка и ороспија, затоа што сигурно имале некоја таква во животот претходно. И се вртиме во круг. Премногу длабоко е навлезено се. Нема назад. Може само да се прилагодиме на ситуацијата и да се надеваме дека ќе излезе како што треба... Колку и да тоа изгледа невозможно во моментов.