Темава ја имам прочитано од првиот пост и редовно ја следеам и само сакам да си кажам дека сум голем фан на Трендафилка (нашата форумџика на годината) и Алекнови ... најверојатно дека сум и јас од Аеродром Моментално немам да додадам нешто посебно во дискусијата бидејќи сум истомисленик со повеќето луѓе.
а за мене и мистеру не си фан а ? "ми се допага " више не стискам кај тебе патем бокичка браво за постот како и трендафилка одлично изразување кое веке неколку страни другите членови се обидуваат да го направат истото
Уффф, не кажувај вакви работи, ионака имам преголемо его... Сеа као балон ќе ми се надува Иначе за Трендафилка, стварно е царица. Ја има мудроста на 10 животни века, и супер објаснува и пишува.
Па добро де, пробај да скршнеш до Капиштец или од другата страна на Вардар, има и таму примероци вредни за спомнување! Браво бе Боки Финтата е оние разочараните да не очајуваат и генерализираат и понатаму дека „немало никој“...мислам Боже мој ако тргнам од себеси, досега веројатно требаше да се фрлам во матен Вардар! Ама само ќе заринкам за џабе со главава и ќе и правам друштво на онаа статуата под Камени.
Па добро де, пробај да скршнеш до Капиштец или од другата страна на Вардар, има и таму примероци вредни за спомнување! хахах.. Не не. Јас не ни сум од Скопје. Но, еве неколку години откако сум тука, запознавам само луѓе од Аеродром. Дали тоа значи дека само фраерите од Аеродром се пуштаат или таква “среќа“ сум имала. Инаку, за темава.. срамежлива сум по природа, не можам јас да го направам првиот чекор... (единствено на фб). Знам дека тоа не е во ред, но си викам има време, ќе се опуштам некој ден и јас... Чекајќи го тој ден остарев
супергирл, а да напраиш ти еден тест? една вечер собери храброст и појди прва на некој дечко.....и после кажи ни што се десило
Ок, очигледно дека не ти западнал за око ниту еден од моите претходни постови каде јасно кажав дека мене лично никогаш, ама баш НИКОГАШ не ми било проблем јас некому прва да пријдам, а за останатото што ти го наброја воопшто не ми претставува проблем, од причина што не сум уфурана скопска пичка туку сум нормална и не ми е проблем културно да поразговарам со некој. Она што ти го наброја според мене не е поопуштеност туку културно понашање кое треба да го има една современа девојка, за поопуштеноста мислев на еден сосема поинаков начин, она секс за една ноќ и утре како ништо да не се десило итн. Меѓутоа нешто да разјаснам постојат исклучоци и не велам дека се сите такви, далеку било, исто како што има и такви уфурани скопјанки кои не сакаат да се ништо подолу од оние провинцијалките па понекогаш се дури и полоши од нив, но има и такви кои окулу себе изградиле цели бетонски ѕидови па ај биди маж па помини. Јас не сум компетентна некому да судам според тоа од каде доаѓа, како се однесува или како би требало да се однесува, туку едноставно посочив на една категорија девојки.
Оф леле, Најубава, јас не ти префрлам на тебе. Нема потреба да ми објаснуваш каква си, затоа што воопшто не алудирав на тебе конкретно како личност. Јас едноставно го искористив или да не речам злоупотребив твојот последен пост каде зборуваш за поопуштеност за да се надоврзам на темата и да го изнесам мојот поглед на овој проблем А и како што виде намерно пишав - не знам дали си употребила иронија и зборуваш за друга поопуштеност. Како што гледам сепак било така Патем, добронамерен предлог од мене - ај цензурирај те молам зборови како пи*ка. Можеби е до мене, ама просто се ежам кога некој некоја девојка нарекува пи*ка, грдо е и деградирачки а и очи ми боде тука на форумов кога не се цензурира Тоа за што зборувам јас е поопуштеност и нема врска со култура. Ехеее еден куп културни девојки има стегнати со предубедувања од типот „нема да се клештам, ќе ме мислат ненормална!“, „ау да не треба сега муабет да му правам? Не сум луда! Ќе си мисли дека сум лесен плен.“ итн итн, а кога правиш се спротивно на ова што го наброив, е тоа се вика поопуштеност. Тоа дека има многу стегнати девојки, тоа е факт. Заради причини кои мене не ми се јасни, не се однесуваат природно и опуштено па потоа и никој не им приоѓа. Не се ни чудам.
Ова е супер метафора. Досеа ја немам чуено, али стварно доста девојки опишува. Буквално имаш девојки у скопјево еден куп што поаѓаат од филозофија "Ја ќе изградам бетонски ѕид околу себе, па сега нека дојде мојт принц со неговата армија тенкови да го пробие и да ме освои". Сега, ја се ставам у женски чевли, и знам зашто девојките имаат потреба да не бидат прелесни. Го сфаќам тој инстинкт... Али може слободно да се рече дека денеска сите претеруваат у обратната насока премногу...
Се сложувам со сите вас за сите ваши постови зашто секој човек си има свое сваќање на оваа проблематика ..... Епа прво затворете со тоа "провинцијалките" зашто мислам дека секоја девојка си има способности за да улови некој дечко ама кај некој се поголеми и поразвиени за жал . Не се нешто тие не-Скопјанките многу криви (Иако има многу расипани ), тие си ловат фраери зашто тие не се "стискаат" како нашиве(Скопјанки). И дајте више не пуштајте офпостови , затворете ја таа тема.....Е сеа тука се раѓа и друг проблем .Односот на Машко-Женско треба да биде некаде 50%-50% ама кај нас е 80%-20% (Без лутење ама ова е мојот став ) зашто има премногу дигнати цури кои глумат јаки пи*иња ако дадат 20 корпи во 1 вечер ....Вака не беше отсекогаш т.е. порано девојките беа позаинтересирани за начинот за започнување на дијалог со некого.Ама има само 1 вистина , Сите тие претходно споменети пи*иња во поголем дел од ситуациите се вракаат дома секоја вечер сами ( ама битно изглумиле НЕДОПИРЛИВИ вечерта ) ...... Значи ете го проблемот , и не викам дека и ние машките сме цвеќиња ама коа некој ке ти скрши филм ке ти се уништи вечерта целосно ..... У кратки црти не се дигајте у облаци зашто Ке останете сами , и малце ставете го карактерот и тие манири што ги има машкото пред парите и сите тие материјалистички работи и барем пробајте да ги гледате машките во душата Проценете пред да фрлите корпа !!!!! Само за крај СекоЈА чест на исклучоците и тие девојки кои имаат созреано ...:РЕСПЕКТ
Незнам тоа поставување на зид што викате од женска страна ми е оправдувачко од една страна од друга не.Во подолга врска сум со дечко и ретко се случува да излезам сама со другарки.Излегов минатиот викенд и луѓе осеќав дека секое машко ме гледаше(не само мене и другите девојки)како некој секс објект,онака ме гледа и ме е*е со поглед.Епа каков став тогаш јас да завземам незнам, и како да не поставам мини зид околу мене Осеќам дека денес се се сведува само на секс одма од прва вечер ако може да те однесе негде и да те легне,бакнежот само како бакнеж стана гола вода...не се трудат на некој друг начин да те придобијат,како што беше тоа до пред некоја година.На пример со нормален поглед смеќерски,со насмевка со муабетче,а не да ме соблака со поглед директ! Што знам дали јас сум изгубила осет со работава или незнам што е работата ама некако не ми е на арно
Во однос на тоа дека некои девојки глумат јаки скопски пи*ки - мислам дека главниот проблем е што постои тенка линија меѓу тоа девојката да испадне „лесна“ или „недопирлива“. Гледајќи од себе, и јас сум се нашла во ситуации кога едноставно не знам како да реагирам и како ќе бидам потоа сфатена. Не секогаш девојките не го преземаат првиот чекор поради нивното женско его, туку можеби им е страв дека после тоа ќе ја имаат етикетата „лесна“ на себе.
Најодговорно тврдам дека тоа за тенка линија и (ќе испаднела не е лесна) не е вистина од машка страна, а 99% од мажи со кои сум зборел го велат истото. Прво тоа дека била тенка линијата... ваљда е тенка колку што е тенок појасот околу сатурн... само неколку километри По моја проценка, а повторно, ова е само моја лична проценка, просечната девојка пре-компензира 10-кратно... Не е дека иде 10% над она што е потребно да не биде видена како лесна... не иде ни 100%, него 1000%... Значи поминува едно 10 нивоа, и стига до ниво (недопирлива)... што е доста оддалечено од "лесна и достапна секому". Ова е ниво кај што можда 2% од сите мажи на планетата воопшто можат да и пристапат.... А да бидеме реални, тие мажи се доста барани и пробирливи. Иронијата е што единствениот маж што може да пробие низ ѕидот на една просечна девојка, е маж кој воопшто не е заинтересиран во неа (вакви типови идат строго со нај-нај-најдобрите, најубави, најбогати девојки). Ова ги остава само женкарите, кои можат да го пробијат тој ѕид, али се заинтересирани само да ја искористат.
ХХХХХХХХХХХХАХАХАХА aleknovy не знаеш само колку си во право . Таа тенка линија уствари и не постои т.е. постојат десет - дваесет нивоа до дека да станеш НЕДОПИРЛИВА ( не дека си нешто пи*ка ама па затоа дома сама си идеш ) . Нашиве скопјанки се на дваесет и првото ниво ( а тоа е више саркастично ) и воопшто не се трудат да бидат нешто подобри .Сакам да се надоврзам на OrdinaryGirl за нејзиното мислење дека машките треба први да приоѓаат.Можеби OrdinaryGirl до некаде си во право ама кажи ми која е финтата ако некоја девојка ти скрши филм зашто носот и е некаде у облаци ..........Не вреди некоја да глуми толку јака пи*ка ,нема ништо да и биде ако направи 2 реда муабет ( Респект за исклучоците кои уште не сум ги сретнал ) ....... Се надевам дека во иднина ова ке се смени !!!!
Мартинче те подржувам 100проценти колку пати и мене ми се случило да излезам со другарка, особено вечер кога ке приметам дека некој чукнат се загледал во мене, дури и страв ме фака, а само да се осмели да ми пријде, па тешко него,не бетонски зид, кула ке си изградам од такви манијачишта бе ееееее. како пред неколку години се вракам кај Соборна Црква кога почна да ме следи еден психопат и ми рече: " izvini devojko dali bi sakala da se e*es so mene? СРЕД БЕЛ ДЕН ПРЕД ЦРКВА , останав без коментар, ме фати страв и почнав да бегам ко да сум видела дух, и летоска во Парк бев седната на клупа и читав списание кога ми се појави човек-повозрасен па имаше накај 40-50,гол т.е. од половина па надоле пред мене се соблече , леле кога ме фати страв незнаев каде се наогам, мислев дека крв ке проплукам од страв, јас си знам низ што се сум поминала од секакви чудовишта што ми излегле од некаде, па за секунда до силување ке дошло да не сум реагирала на време , тоа не вреди да се нарекуваат луге, тоа се МОНСТРУМИ , и ај после биди комуникативна, опуштена со припадниците на посилниот пол постојат исклучоци, секоја чест за нив, ама тоа се ретки случаеви
заборавив да напишам прееска дека целото ова манијачење започна на некои си 19-20 години кога еден од сопствениците на фитнес клубот каде што вежбав фитнес, се обиде да ме намами со цел да ме нападне а "трикот" беше во: "ке можеш ли да ми го подадеш сапунот?"човекот се тушираше, а изгледаше сосема нормално, како и секој обичен човек. ЗАКЛУЧОК: девојки/чиња внимавајте со кого и каде се движите оти манијаци и педофили и разни ненормални умови има на секој чекор околу нас, и кога неочекуваме напагаат.
Еј мужи ама не сте ми јасни ич. Од една страна викате девојките се дигнати у облаци, не ценат карактер и се спонзоруши, а од друга страна вашето искуство било токму со такви. Каква е таа проценка на карактер од едно гледање? Law of attraction, сте слушнале за тоа? Ако вие се вртите и лепите за такви, значи и до вашите критериуми е работата.
Мислам дека мал дел од проблемот си носи вина и тој фамозен Фејсбук.Секогаш се прашувам зошто луѓето имаат смелост да му прозборат на некого на фб,а вака не?! И се до немајкаде посмели,за било што..Мислам дека би било во ред да се вратат во реалноста и да го подобрат вистинскиот социјален живот. Ова не е со цел да навредам некого и јас користам фб и не го оспорувам,само и покрај мојот фб свет имам еден подобар,реалниот
Attraction is not a choice !!! you are either attracted to someone or not ... you can't tell yourself : "i am going to be attracted to that guy" -мое мислење- Вкусот се менува со времето...жив пример сум за тоа....но неможеш самата да си кажеш сега ќе ми се свиѓа овој...или ти се свиѓа или не...
MMMMM Law of attraction... да да и јас не се сложувам со оваа теорија . Не дека не сум налетувал само на такви девојки (оние со облаците ) него сум Запознавал и поЦИВИЛИЗИРАНИ и поКУЛТУРНИ и по паметни девојки ( и мојата сега си е ваква ) и знам да проценам и да одлучам која е за мене а која не е затоа што не живееме во 10 век каде што не си смеел ни да ја погледнеш девојката што ти се свига не пак да и пријдеш...... а плус тоа девојките околу нас што ги има се различни т.е има и културни , убави , цивилизирани итн , ама има и девојки со сите овие особини само со НЕ пред секоја ...... затоа и тие девојки ке ги видите само у женско друштво зашто машко неможат да привлечат ......... Пред некое време престанав да се замарам со нив ..... со да праиме Life is going on....