Мистеру кога ке види некое машко sexy lady и тоа како attraction is choice после додека созрее и почне да гледа карактер , ке помине време...
Mislam deka ne e proglem nitu vo maskite nitu pak vo zenskite ednistveniot proglem e toa sto site koga se so prijatelite se falat premnogu a vo realnost nisto ne pravat, premnogu se sramezlivi da i se doblizat na zenskata i da i kazat ej zenska izgledas prekrasno mi se dopagas,a isto taka i zenskite ocekuvaat deka maskoto e toa sto ke dojde prvo i taka zavrsuva celata rabota bes nikoj da se obide,Da bidam iskren ova go znam od licno iskustvo ke kazam zosto jas nikogas ne lazam toa e proglemot so mene i so mnogu maski no istiot proglem e prisuten i kaj zenskite no edno nesto se razlikuvam od site drugi maski a toa e ne se falam kako site drugi deka se mnogu golemi fraeri deka imaat premnogu zenski,i onaa drugana rabota da ja spomnam deka sekoj vecer dupat ili imaat seks,ma daj toa e samo izmisluvanje realnosta e bolna i za maskite i za zneskite zamislete ima luge sto imaat i 25,30 godini nemaat devojka ili pak obratno nemaat masko a da ne zboram deka seuste nemaat seksualno iskustvo,ama se pravat gordi i izmisluvaat samo drugi da im zaviduvaat a dlaboko vo srceto znae deka toa e laga i deka gresi so toa sto go kazuva.
сега ми текна нешто поврзано со темава: има една реклама со 3 фраери и една девојка па така да едниот и вели-ке те однесам на шопинг, ке ти купам се и штикли и накит вториот и вели-да се повозиме во моето Ферари и ги покажува клучевите третиот и вели-имаш убав тен, па на мојата јахта да се сончаме заедно убаво би било како реагира на сите тројца девојката? со одмавнување на главата арно ама се појавува четврт дечко,онака спонтано, со роза во раката-розева, и досепнува неколку слатки зборчиња, и девојката доага со него па машки самите сватите во што е поентата на рекламата
Не е тоа law of attraction, туку дека како ти ќе си ги сфатиш работите така и ќе ги доживуваш. Позитивни мисли влечат позитивни случувања, и обратно негативните мисли влечат негативни случувања. Тоа што сакам да го кажам е дека привлекуваме (и не привлекуваат) онакви луѓе какви што ние сме си замислиле. Значи ако некој се дружи во „напувани“ кругови, не треба да очекува ништо повеќе од напувана реакција. До нас самите е, не треба да го обвинуваме спротивниот пол.
А сепак размисли дали треба да бидете срамежливи, нешто што е топично за мене е дека ако ми се допага некој едноставно ќе му кажам подобро би било да знам на што сум отколку ли да чекам тој прв да ми пријде ( а прашање е дали тој тоа ќе го направи), лошото е и ти што кажа премногу се срамат. Па дај народе СРАМОТА Е ДА СЕ СРАМИШ хахаха.
Хаааа. Јас на пример не сум спонзоруша, ама можеби повеќе ќе ми се допадне тој со ферарито хахах, така да нема врска рекламата. Ми се чини дека беше за книги нешто, читајте повеќе образувајте се како треба да постапите... така? Работава е замисли ист дечко да ти ги нуди тие работи, што ќе избереш розата? Искрено? Ја би ферари
Абе поарно е ферари али сепак не секој треба да биде до тоооолку голема спонзоуша ... сепак гордоста треба да ти биде пред С`Е
Да финтата беше дека 4 тип и фрли книга "Како да го освоиш женското срце" (Знаењето е сила,Знаењето е моќ---Подржано од владата на република македонија )
Секоја чест за мимс и искреноста !!!!!!!!!!!!!!!!!......а маја ти во таква ситуација што би одбрала? гордоста треба да ти е пред се/.......па јас можам да се кладам дека тука на форумов повеќе од пола што ќе речат дека ќе ја одберат розата, во вистинска ситуација би отишле со ферарито.....веќе имаме заклучено повеќе пати дека тука на форумов имаме многу "светици"
Па уште повеќе ќе си ја кренам гордоста кога ќе искочам од ферарито Башка јас реков дека АКО повеќе ми се допаѓа тој фраер на пример
многу јасно....јас примеров го дадов ако е исти фраер.....ако ти дојде со роза и со ферари...во кој случај би ти бил попривлечен.....и како што кажав.....имаме многу светици на форумов што ќе речат со розата....али на мене да ми дојде женска со ферари и со роза би ми била по привлечна во ферарито
Да поарно е ферари, ама ај стави се на место да си у кафичда ти се приближат 3 машки и да ти понудат шопинг, ферари или јахта ... би прифатила ли да одеш со некој што не го познаваш? Јас не реков дека ќе ја прифатам ружата, ама доколку некој не ми се барем свиѓа сигурно нема да прифатам да се возан во ферари или јахта ... размисли убаво дали ти би го направила тоа.
Јас би шопинг.Од кај да знам на каков шопинг мисли дечкото. Можда е некој великодушен па ќе ме однесе да си изберам и Ферари и јахта Извинете на офф морав да искоментирам
здраво на сите посебно на Трендафилка и Алекнови и благодарна сум за нивните извршени анализи и споделени сериозни разработувања на односите дечко-девојка, и начинот на кој ние всушност функционраме, резонираме и се однесуваме, впрочем Венера и Марс морам да кажам дека темава ја читав може 4 саати од почеток до крај и едноставно сум пресреќна што сум една од девојќите на кои им се случува истото, т.е. се израдував највеќе на свет што не сум единствена, зашто сериозно почнав да размислувам дека имам некој проблем, дека сум претежок карактер,и тн....... кога нешто не иде, најчесто сме многу самокритични и се обвинуваме самите себе. Читајќи ја темава ми олесна фактот што очигледно девојќи кои се нормални (сите сме луди на свој начин, али сепак без некои крајности, тоа е моја дефиниција за нормално) имаат проблем во наоѓањето на соодветен дечко и се среќаваат буквално со исти ситуации, се препознав себеси во може 90% примери, случки и ситуации.... моите размислувања на овој феномен се дека до 20 и некоја година впрочем никој не се замара за иднина, никој не размислува на брак (освен некои случаи, кои не ги вклучувам во овој пример) и работите се одвиваат многу полесно, поедноставно, зашто никој не прави никакви „пресметки“ какви што ги правиме подоцна, кога во глава ми се вртам милион прашања кога ќе сретнам некој дечко : од каде е? што е? од каква фамилија? дали е едуциран? вработен? дали е алкохоличар, женкар, психопат, манијак, силеџија, хомо, дали е женет, разведен, има ли деца, хроничен лажго ли е, твоите дали ќе го прафатат........ и уште незнам колку прашања....... до 20 и некоја година (зависи кој какви приоритети има во животот) овие прашања воопшто не се тема на разговор и нормално е дека полесно се впуштаме во што било, се забавуваме , гледаме супер да си ја поминеме вечерта и толку...... но како почињаат сите другарки да се мажат...... просто имаме потреба да имаме некој, но стварно неможам да разберам да го разберам феноменот кој се случува и е присутен во односите дечко-девојка јас како проблем го гледам моментот кога запознаваме некој веднаш го замислуваме како брачен партнер или како дечко за сериозна врска, значи веднаш во истиот момент, од толку што сакаме нешто убаво да ни се случи и сакаме да веруваме дека ете сме го нашле вистинскиот (и дека мачењето од барањето на правиот човек е завршено конечно) веднаш ги прескокнуваме оние основни фази, и одиме на крај од цела таа прича..... и кога со вакви очи гледаме некој, многуууу повеќе се разочаруваме, секоја караница не фрустрира дупло повеќе........ кога ќе запознаеме некој мислиме ете може тој е правиот и премногу очекуваме, пребрзо го правиме филмот, нестрпливи сме, што нормално после тоа резултира со максималноооооо разочарување и толку од напорите.... после сме разочарани , креваме раце, у фазон: готово, неможам веќе, сите се исти, ужас..........нема за мене дечко......ќе останам сама..... и тн.... во однос на приоѓањето на машките , јас неможам и мислам дека никогаш нема да ги разберам и оправдам машките, „се срамеле„ а бе ај??????? дечко на 30 години, реализиран во кариера или незнам што се срами??????? е па што мушко е тоа???? едноставно неможам да ги оправдам колку и да се трудам а што ние не се срамиме???? па веќе ако си искочил па опуштисе, написе нешто, насмејсе, играј, секој добро расположен дечко што ќе ми пријде нормално е дека ќе го прифатам, ако ништо друго ќе се зезаме вечерта, ќе се дружиме и без разлика кој на кого му се/не му се свиѓа никој нема да биде повреден. јас сум тип на девојка која искача и играаааааа.....мене музиката ме крева од земја и неможам да бидам имуна и да дремам и да се зверам наоколу.......едноставно играм, и сакам да се зезам, искачам за да ми биде убаво, да се опуштам од денот и глупостите кои си ги носи секој ден...... никогаш не ми се случило дечко да дојде до мене, и да заигра или сл.... што е тоа тешко???? неможам да разберам...... како и да е сакам да верувам дека постои некоја судбина а и најлесно е така, па верувам во она познатото „за секое тенџерче, капаче“ што од друга страна ме прави рамнодушна и незаинтересирана за преземање на некои иницијативи, до некаде како што рече Алекнови на форумов, чекам од небо да ми падне
Се гледа дека имаш 5ка македонски баш убаво си напишала. Али машките викаш не ти приогаат кога играш еве лично од мое друштво дечкото е под притисок да игра со тебе поради следниве причини: 1 .поубава си од него (мислење дека не е доволен за тебе) 2. стравот дека не те познава и дека ке добие корпа и после цело друштво ке го ремети цела нок 3. од твоите другарки ... он едвај со тебе ке прави муабет (каде цело негово друштво го гледа) па сеа уште и твоите другарки у близина .... (срам срам срам ) 4. зависи од твојот стил на играње и облека ... можеби он го нема тој стил или пак незнае да игра 5. мисли дека имаш дечко 6. можеби не те свига сеа дечко кој има 30 год и неке да ти пријде можеби не те свига или мисли дека си мала и дека некеш сериозна врска , или е женет и неке да ја изневерува жената.....
Има премногу причини што се откриваат во односот дечко-девојка а најглавните се срамежливоста и стравот.Нормално ако не го знаеш некој нема ОДМА ДА ИГРАШ СО НЕГО , прво ке се обидеш да напраиш било каков муабет со него , да го запознаеш подобро ,да видиш како размислува ,дали има дечко итн .Од друга страна стравот е тоа што ако добие тој корпа ке биде исмејуван цела вечер ( без разлика од негово или нејзино друшто ) и може да испадне голем лузер а тоа би му ја уништило и вечерта а и плус ако таа девојка има дечко и со него е дојдена а сама игра и ти и се ставиш да играш ,е тука ке искрснат некои проблеми со дечко и што е многу нормално од негова страна ..... Затоа прво запознавање со муабет е најубава опција . Според мене
Глуварче, се согласувам со тебе во однос на тоа дека не треба да ги правдаме машките кои не се смели за приоѓање. Колку пати сум си рекла, машки се да му .... не се од шеќер! Ако не знае да пријде како утре ќе ми поправи нешто низ куќа?! Епа времињата се сменија по се изгледа. Сега ние имаме тестиси (што би се рекло мадиња ), а машките ги изгубија Или барем голем дел. Сакаме да сме еманципирани, еве ни шанса. Стегаме мускули силно и машки, епа белким имаме смелост да си посегнеме по она што го сакаме. Ако некој ни се допаѓа, минимум што можеме да направиме е да провериме дали има интерес за нас. Ако нема, ај чао пријатно. Никому ништо нели. Обесување околу врат не почитувам, ама преземање на првиот чекор од страна на девојката, понекогаш може многу да направи. Ах и не очекувај како што ти кажа Јипман, дека 30 годишен маж ќе ти пријде со играње или на некој ваков откачен начин. Мислам, потполно те разбирам, од проста причина што и јас сонувам за некое филмско заведување во стилот на некој локален Џастин. Ама на 30 години, од страна на некој маж, јок. Муабет може да заврши работа, ко за почеток, а после паркетот може да е само ваш. По избор. Плус причините за неприоѓање можат да бидат повеќе.