Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ах бре АлекНови, плескај се ти по челото колку што сакаш, ама твојот пост кој е огромен па нема ни да го воведам во цитат, само укажува на тоа колку само не си ме разбрал. Влакно во јајце да се барало, о боже. Ако ме читаш доволно, ќе ти биде јасно каков е мојот поглед во однос на приоѓањето и дека јас лично навистина не верувам во филмски романтики. Остај тоа што си го сонувам јас Џастин, тоа е резервирано за сонувањето. Реалноста е поинаква :) Ама кој ме прашува мене нели, а ти врз основа на мојот пост направи една општа генерализација за сите жени. Амин!

    Се изјаснив доволно јасно, и доволно често за тоа колку треба да се „спуштат“ девојките и да ги охрабрат мажите кои приоѓаат.

    Што се однесува до тој болдираниот дел, употребено е минато време, значи кога сум имала слатки 18 самата сум си го поставувала тоа прашање. Јасно ти е нели дека сега веќе 18 немам.
    Ама имам години искуство и со сигурност ќе ти кажам дека еве и да му пријдам на некој дечко кој ми се допаѓа а веќе при првиот муабет сфатам дека се работи за тутуле бале, готово ми проаѓа меракот. Не сакам бре мажуленце и крај. Сакам МАЖ! Епа ако ми спушта засрамен поглед, едвај пушта тенко некое гласче а уште помалку се осмелува да и пријде на некоја девојка која му се допаѓа и да и направи најобичен муабет, тоа за мене не е маж. Тоа за мене е детенце коа ќе треба да си го чувам дома и да го прашувам секој ден „Јадеше ли пиле? Ела мама, овај жени ти нешто да ми ти зготви да папкаш.“

    На прашањата нема ни да ти одговорам, затоа што те разбрав и ако видиш убаво и јас истото го кажав порано само со други зборови. Што би се рекло, се согласувам со тебе.

    Секакви не има, излишно е да се генерализира. Ама види по некое чудо на природата сеуште ми прооѓаат мажи и ниеднаш не сум ги отерала во три лепе само затоа што имале желба да ми направат муабет или да се запознаат со мене ;)
    Колку што мажите не треба да се обесхрабруваат врз основа на неколку „корпи“ од невоспитани и арогантни девојки толку и ние жените не смееме да судиме врз основа на досегашните искуства со „идиоти“. Вака така стана петокрака, јасно нели :)

    Делот за курсевите без навреда, поарно да не ти го ни искоментирам, поготово кога е спомната Америка. Ми фали тука едно смајли за крстење какви времиња дојдоа, да се запишува некој на курс за приоѓање. Небаре е најтешката работа за изведување на планетава Земја :x

    И за крај не беше темава дали има или нема машки во Скопје? Овај да, мислам, да де ;) Има бре има, за секое тенџере - капаче!
     
    На XMaN, Bokicka, Nina24 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Lo.OsT

    Lo.OsT Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    После оваа вечер повеќе незнам ни дали чуствувам нешто спрема женските .....Толкаво разочарување од мојата (до денес -сегашна) од сега Екс -девојка ...:Да се гледа со друг а да ме филува мене ???? Значи вие женските носите 2 дена радост -6 дена тага ...... Сакаше само да се исфилма со некој поголем 2 години од неа ....Типична Ку*ва .....:Ако некој мисли дека ова е офф пост нека не чита ама мене ми тежи на срце и морам да го кажам ако е скоро 3 часот после полноќ...... На ваквите девојки се гледа МНОГУ негативно ...:Да избега со друг само затоа што тој ја тепал , и малтретирал ,зашо не ја еб*л 2 посто а јас се грижев на неа и толку сакав да и помагам .... Може се чуствувам малце повреденоо ама Девојкиве МНОГУ се расипаа деновиве .Ако треба да бидеш со некој повозрасен од тебе ке си била и ти повозрасна ...Па нЕ ВИ ЛИЧИ ДА ИДЕТЕ СО 6-7 години постари дечковци од вас , тоа докажува дека сте тешки ку*вичиња. Никад не сум пател за женско но нема ни сега ,ама не е фер тоа со го направи и мислам дека ако ја видам ке ја плукнам во лице ...::Готово јас таквите ги бришам а треба и сите тие што не повредуваат и не заслужуваат да бидат во нашите срца да бидат избришани за да не живееме со истите ЗЛОБНИ СТВОРЕЊА !!!!! Просто почнав да се грозам од неа .....Бљаккк |( :puke: :puke: :puke: :puke: :puke: :puke:
     
  3. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Јас не те сфатив баш нај нај... ама не бери гајле, штом и ти викаш не вреди, не се замарај со нејзе... Знам дека ти е тешко, но такви девојки, не те заслужуваат тебе... Многу лудо време е дојдено, не знам што да кажам... Сигурно има на светов некоја која ќе го цени твоето внимание, нејзе може ќе и текне подоцна, но ќе биде касно...
     
    На Lo.OsT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. divi

    divi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Лост - друже прво прими сочуство, знам дека ти е тешко, се гледа од постот колку си изнервиран и разочаран. Ај не се секирај, знаеш како викаат како дошле така ошле. Лошата работа е што имаш негативно искуство со една девојка што најверојатно ќе се одрази на твоите други врски, и ќе ти се намали довербата спрема жените. Ај малку позитивни мисли сега, опушти се, и не се замарај, еден ден ќе најдеш соодветна партнерка која ќе те сака и почитува и го заслужува твоето внимание.
     
    На Lo.OsT му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zapirka

    zapirka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    И јас бев во иста ситуација пред 5,6 месеци и веруви не вреди,она губи биди поздравен и знај има доста супер девојки на овој свет
     
    На Lo.OsT му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    ЛОСТ нормално е да си разочаран и нервозаен и бесен и гневен, али во однос со темава и сите искуства и анализи кои беа споделени едно е најважно :

    немој да бидеш огорчен спрема сите останати девојки до крај на животот, НЕ СМЕ СИТЕ ИСТИ!!!!
    и не сите останати ќе ти го направат истото......

    сигурно и ти си повредил некој во животот, може свесно може несвесно, намерно или ненамерно, немој да очајуваш, ќе помине кратко време и ќе сфатиш дека не вреди, и со секоја наредна започни без предрасуди истравувања од минатото, тоа е мој совет за доброто на сите ;)
     
    На Lo.OsT му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Лост вака сега...

    Верувам дека ти е тешко......Еден факт се има докажано точен а тоа е дека кога машко сака, сака многу повеќе од женско, и дека машко преболува многу потешко...Како и да е, со ваквиот потег девојкава само докажала дека како прво не е дорасната за тебе, не се почитува самата себе, а не те почитува па и тебе, не цени се што си напраил за неа, целото внимание и љубовта што си и ја дал. Девојкава НЕ МОЖЕ ДА РАЗМИСЛИ како што треба...Така да Лост ќе го поминеш овој период...секој го има поминато верувај...и јас го имам поминато кога мислев дека е крај на свет....но не беше....за кратко време сватив колку сум бил слеп и дека можам многу подобро од неа со некоја што ќе цени се то праам и ќе ми возврати.....само ќе мораш да си помогнеш самиот на себе....како прво во никој случај, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ да не си се затворил дома и да жалиш, да лежеш у кревет и да и го гледаш фб профилот по 50 пати на ден....Туку автоматски бриши ја од фб да немаш никаков контакт, бриши ја од тел, бриши ја од скајп, мсн....Второ -ИЗЛЕГУВАЈ; забавувај се со другари, и така речено ич да не ти свирка....За многу брзо време ќе забележиш дека и не е толку лошо туку дека подобро сега од колку после 3 години....и ќе сватиш дека не е таква личност за тебе, ПОВРШНА!!!!!

    Taka Лост, само главата гордо, ти не си напраил ништо лошо, туку напротив си и докажал што е љубов, а она нема доволно интелигенција да го цени тоа....затоа главата горе и излегувај, забавувај се и се ќе помине за брзо време

    поздрав
     
    На Lo.OsT и discofilman им се допаѓа ова.
  8. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Ми изгледа деликатна темава така што нема да си дозволам да бидам саркастична, така што ако ми летне се извинувам однапред.
    Прво, да не мешаме муле и магаре. Девојката не е курва само поради фактот што избрала друг, туку е глупа ко бетон што одбрала нешто (очигледно) полошо за неа. Емотивно си врзан за неа па можам да го разберам гневот, ама грешката во перцепција над ситуацијата ќе направи да ја мразиш едно 10 дена па ако и текне да се смирите или ако ти стрча плачејќи првиот инстинкт ќе ти биде да и помогнеш...Зошто? Бидејќи се лечиш со вештачки емоции. Ти во суштина не си и гневен. Ти си гневен на себе што си вложил толку и си и дал шанса она да го фрли и да одбере нешто друго. Првото нешто што можеш да го направиш за да си помогнеш себеси е да не се замараш со нешта кои се непроменливи. Она е таква, глупава, наивна, потпаѓа под влијанија, не знае да процени ситуација, не знае да цени емоции и дефинитивно не знае како поштено да изигра...Ама може и едноставно не те сака. Може не те ни сакала туку те искористила заради моментот на „безбедно перниче“. Ти си го ублажил падот своевремено после насилникот дечко, и сега наеднаш..не си и доволно возбудлив или пати од патологија дека у суштина он ја тепа пошто ја сака.. Што е болест, и тоа од посериозните. Стејт оф мајнд дечко.
    Заеби. Издигни се над ситуацијава и ќе сфатиш дека у суштина ти ништо и не си изгубил...Дури си добил. Слобода за да си фатиш АСАЛНА девојка...
    И искрено, машките кои изиграваат принц на дензел ин дистрес девојките најобично ги снаоѓа ваква судбина. Не биди засолниште за никој. Со следната, помалце емотивна драма повеќе забава и добар секс! :rofl:
    Иди на пиво со другарите и земи број од некоја убава урбана девојка! И ич да не те чешка што и е и како и е....
     
    На Gea, sesilija, GeorGinnA и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Lo.OsT

    Lo.OsT Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Благодарам на сите ( посебно на Mистеру и на Дафне ) ,сите што на некој начин ми помагаат да го поминам периодов ....И мислам дека Никогаш нема да зажалам зашто се приклучив на форумов зашто знам да добијам премногу добри совети од поискусни луѓе од мене :) ....:А што се однесува до девојката се обидувам да ја заборавам ( иако иам 35 пропуштени повици од неа ) , да не правам муабет со некоја што сватив дека навистина не заслужува да биде сакана .....туку кубена итн итн .....Мислам тоа е толку патетично што ни јас неможев да поверувам ..:Иако сеа ми е полесно коа ке си го кажам проблемот што ме јадеше ..:И уште еднаш благодарам на сите што ми помагаат.Навистина многу убаво ми дојдоа советите :))))
     
    На Dafnee и Mistery им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Лост
    навистина ми е жал што вака ти се случува,нема кој не поминал низ вакви ситуации независно дали е машко или женско треба време за емоционално закрепнување полека но сигурно ке биде се ок.

    факт е дека постојат и такви машки кои тепаат и малтретираат со изговор дека сакаат некоја девојка-го имам искусено тоа па затоа знам како е но тие се психопати и на таквите им треба стручна помош

    излегувај, дружи се, забавувај се и се надевам дека во најскоро време ке ја запознаеш вистинската.

    со срека :$
     
    На Lo.OsT му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lo.OsT

    Lo.OsT Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Фала ти срцекршачка , ама неам волја за ништо , само се чуствувам малце чудно , некако отфрлено .... и Јас се надевам дека ке ја најдам вистинската наскоро . :)
     
  12. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Барај ги погрешните и забављај се бре детеее! Вистинската би требало сама да те најде..не губи време во безцелни потраги :wink:
     
    На Lo.OsT му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lo.OsT

    Lo.OsT Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Хехехех треба да се забавуваме со погрешните за да ја најдеме вистинската ..... Нели ???? :DDDDDDDDD
     
    На seksi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не.
    Значи сите исчезнаа.
    Никој не постои.
    Јас незнам што било ова.

    Глупости -.-
    Пред нос ви се бе луѓе.
     
    На aleknovy и Nightwalker им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Па како викаат, тоа што е пред нос најпосле се гледа. Она Еееее пред нос ми било, а не сум го видела :lol: Треба само внимателно да се гледа :!:
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Додуша јас знам кај се и ај ке ви кажам,дремат на ФБ или се пукаат во некое интернет кафе :D .
    А навечер кога ке излезат, е тогаш па вие си имате работа токму тогаш нешто ве засега околу телефонот :rofl:
     
    На Alanna и sonuvacka им се допаѓа ова.
  17. Lo.OsT

    Lo.OsT Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    хахахаххаах во право си симона тоа го праиме :D најмногу ...... а тоа другото ............... пффффффф треба малце и девојчињата да знаат каде да бараат нели :DDDDDDDDDDD
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    па да ти се закачи за тебе некој тип да не можеш да го откачиш хахаха (од лично искуство кажано)



    а тоа секси за гледањето во мобилните телефони имаш право, оти вчера бевме излезени вечерта 5 девојчиња во кафуле во Центар, а спроти нас имаше 3 интересни дечки
    абе на никоја од нас никој не и се доближи ниту и прозборе,типчињава зјапнаа во мобилниве ужас.

    потоа дојдоа уште двајца, едниот се смешкаше ама ништо не стана , а и потоа и ние си отидовме од таму.

    изгледа дека се исплашија од нас, ние 5 тие 3ца, хахаха па можеби изгледавме страчни
     
  19. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    срцекршачка чисто вака информативно да те прашам, а зашто на пример ти не си отишла да се запознаете? таман ќе можеш и да го реметиш за тоа што гледа во мобилниот :rofl:
     
    На aleknovy и Cija-si им се допаѓа ова.
  20. Lo.OsT

    Lo.OsT Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    ХХАХАХАХАХА срцекршачка за тоа збориме ама баш Цело Време дека сеа не е она " Он е машко , он ке пријде " итн ..... ако и на бас ви се свигале зашто вие не сте пријделе ? ????
     
    На Cija-si му/ѝ се допаѓа ова.