мислењево е на место, ама со нашиов македонски менталитет тоа нема да се случи уште многу многу...дудуша се чека прво машките да пријдат први а за женски тоа е научна фантастика ) тоа е, машките глумат фраери чекајки некоја од девојките да се попали на нивниот мобилен или клуч од кола, девојките се шмизлаат и чекаат некој да падне на колена пред нивната убавина и шарм и на крајот сите суви си иидат дома, со полни очи а празни раце.......а дотерувањето шминакњето нервозата што каснеше другарката и што ме фати семафор у такси полесно ни е да ја оставиме да биде залудна отколку да се обидеме да смениме нешто во врска со тоа...на жалост тоа е суровата реалност
АУ алармантна е ситуацијата искрена да бидам,сведок бев на девојки покрај мене во диско кои ги начув како се ќалат во стил абе еден да пријдеше да не беше без ич пред некое време пак во грат ние повеќе другарки собрани не е дека препотентни или со кренат нос,целааа вечер еден бар да с енасмевнеше а не дека сме утепани напротив....прогласувам дефицит на маќи во скопјево ДЕФИНИТИВНО!!!сите се прлиња самобендисани незнам што очекуваат од нас жените....сепак се знае кој е машко кој е жена.....јок нема мужи
еве и lylaby разочарана од машкиве во скопје....ах што работа ме чека, па човек неможе да стигне секаде ..... lylaby, очекуваат вие да им пријдете... шала настрана, како што се имам изјаснето многу пати до сега, пак ќе се повторам...машките чекаат на знак, а тоа е потсвесно....значи ако ти не го гледаш, ако не му обрќаш внимание, ако не му се смееш, биди сигурна дека он нема да ти пријде....а мислам дека ако го погледнеш 3 секунди во очи и да му се насмееш онака слатко, верувај дека 65% од времето тоа машко ќе ти пријде...тука претстои фактот како ќе го прифатиш? дали ќе му возвратиш? што да ти рече, и ред други фактори, кои што вие девојките не ги земате во предвид....како прво и основно, ако го одбиеш, тоа ќе се одрази на неговата самодоверба, вие ќе се смеете женско друштво цела вечер за тоа како некој идиот ти дошол како сакал да се запознаете, и згора на се, другарите цела недела ќе го реметат за тоа...дали имате на пример некаква претстава какво е тоа чувство кога треба да ти пријде дечко? слично како кога треба да држиш говор пред полна сала на луѓе .... ајде еве да речеме следно излегување, иди ти прва, дај си како задача да речеме, како социјален експеримент, да видиш какво ќе е чувството....најди дечко што ќе ти влезе во око и пријди му да се запознаете и притоа да одржиш разговор, да го забавуваш одредено време и на крај да му земеш телефон....пробај па пиши тука како ќе поминеш зашто машкото треба да мисли на сите тие работи....значи прашања од типот од кај си, шо праиш, кај работиш се веќе клишеа што ќе заврши тој разговор за 3 минути....сега од тоа ти треба да си доволно опуштен, при себе и да знаеш да извадиш интересни теми на разговор, а притоа да не го занемариш цело нејзино друштво...вака кога ќе помислиш - е голема работа ќе дојде да се запознаеме...за вас девојките не е, ама во мозокот на дечкото се мотаат сите овие работи и тоа потсвесно... кога ќе ја помине да речеме таа прва фаза да се реши и да појде до кај тебе, автоматски оди во втора фаза на што да ти каже, како да те оддржи заинтересирана...ако сте 2 девојки во друштво, истовремено ќе треба да и обрнува внимание и на другарка ти, зашто иначе ќе ти даде она знак дека не и е интересно и нормално ти ќе го откачиш....еве вака на кратко е ова....можам да пишувам на темава цел реферат, ама мислам дека можеш да ги поврзеш точките низ какви емоции поминува машко пред да се реши да и пријде на девојка......а за фактот што не ви приогаат, спомнав....гледај го, смеј му се, шмекни го ..... али пробај и ти да отидеш да се запознаеш прва, па сподели искуство како си се чувствувала....баш сакам да слушнам мислење на девојка што и се мотало низ глава во тие моменти и како е прошла позз
Има мажи ите како има и тоа мажишта,само понекогаш се загледуваме премногу во оние лизнати пицнати измазнети,издотерани . и после се чудиме зашо не ни обраќаат внимание( па нема да ти обраќа внимание кога самиот се зјапа во огледало ) по слатки ни се со депилирани нозе, и исчупани веѓи,и триста козметики и парфемчиња на нив,со изманикирани нокти итн итн. е таков сестро не те гледа,од метро сексуалци нишо не бива ни кога ке излезеш нити во кревет,а уште помалку ако треба да се ослониш на него. Мистери А да не треба да одам да му седнам во скут?! за да му разбијам трема ?? Ало треба да се знае,кој е машко а кој женско,на ниедна девојка не и треба лигле кое незнае како да и пријде на девојка,а уште помалку некоја кукавица што се плаши да и рече здраво, а ти бе пријателе викаш дека треба да ги смениме улогите аман,до кога вака бе ?? треба на бајачки да ве носиме,за да ви ја смириме тремата,мислам дајте помалку форуми фб кантер и останати тракатанци,освен по некој збор на месенџер или дигање на галама по форуми ама ич не знаете да пријдете на девојка. Туку што си ја трошам тастатурава земете играјте си кантер и дота со другарите,нај добро ке ви биде така
Ти па буквално го свакаш он ти вика треба 40-50% да вложиш во тоа не да седиш на место и да чекаш да ти пријде ке ти пријдат , тие што ке ти пријдат ти ке ги откачиш бидејки ке викаш сељаци и итн.. и после тие ке кажат на другарите оваа вака така , и после никој нема да ти пријде кантер и дота ке играат бидејки тамо нема никој да ги откачи или понижи .... Или ке вложиш труд и ти ке се пушташ или сама ке си бидеш .
ај прочитај поубаво што пишав??? ти кажав да му ДАДЕШ ЗНАК !!!!!! а не да изиграваш пи.ка ипол, со главата горе, па ќе поминеш покрај него нема ни да го погледнеш а чувај Боже па да се насмееш !!!! А не да ги смените улогите !!!!! Заради таковто ваше однесување на крај ќе завршите со најголемите идиоти што ве малтретираат, зашто сте изигравале пи.ка ипол !!!!! ама во право си, нема потреба да си ја "трошам тастатурата"....објаснив мислам добро јас дека НЕ ти кажувам да се сменат улогите, туку сосем нешто трето...а ти како ќе го сватиш, твој проблем
^ Мистери, многу ми се бендиса тој долгиот пост што го пиша, ете и лајк ти мавнав Па и да се сменат улогите, и да му пристапи девојката прва на дечкото.... што има тука страшно? Го имам направено тоа еднаш (додуша малце алкохолот ми помогна), но мисијата беше успешно завршена Жените со векови се бореле да не бидат дискриминирани, да можат да работат, да се школуваат, да гласаат... исто како и мажите. А сега се буните дека машкото морало прво да пријде! Па зар тоа не е дискриминација? Зар тоа не е она против кое се бореле истакнати водачи на женскиот род? Јас гласам за рамноправност. Па и мажите имаат душа. И Херкулес можда се мислел со денови како да и‘ пријде на Мег.
Обратно ...... хмммм што може да ти се слуши полошо од корпа ??!!... вака така ке ја заборавиш ама за да ја избегнеш таа корпа би требало да примиш некој знак нели ...Сеедно ако и 2 пола бидат малце поактивни љубовта ке цвета и кај двата партнера ( само залагајте некој % у врската и да не успее не е крај на светот не има мн мажи на кој можеш да и пријдеш ) . Заради вашата гордос и срамежливост не дозволувајте да си идете дома со празни раце
Храбра сум и сум приоѓала досега мн пати и да сум забележала дека треба да се покаже некој знак за да се предизвика дечкото да пријде ,е не успеало значи нит сум килава нит гнасна напротив се најок,телефон ми побарале неколку пати еве во последно време ама повик нема хаха како гревче некое нит се агледувам по нашминкани прчлиња тие па највеќе ме нервираат повеќе сакамнекој спуштен на земја....верувајте да не излезе дека се фала си ласкам ама пристојна сум доста а и комуникативна и сум пришла дури некогаш нападно знам да делувам(не во негативна смисла но нешто не е во ред,да беше воопшто немаше да решам да пишам во темава,едноставно сите се мн кул и како да се геј недај боже шала на страна и околу мене истото повеќе пријателки се пожалиле на темава,и не ,не исмејувам дечко кој ми приоѓа и си ја пробува шансата кај мене,напротив културна сум и културно покажувам знаци на незаинтересираност доколку не ми паѓа во очи.....е сега не сме совршени ние жените сите знаеме некогаш да згрешиме....ама тука има нешто жими се
Последниот пост е ............................ баш интересен Тоа сваќање не треба само да го постирате овде треба да го ПРИМЕНУВАТЕ !
Абе ги има за имање, ама или се queens of hard to get, или не сме им на ниво, или онаа познатата, „Не е до тебе, до мене е.“ Шала мала, ама навистина некако исчезна магијата на запознавање преку проводи, излегувања, забави... Сега некако се’ е автоматизирано и исфорсирано.
Да не бидам погрешно сфатен, делчето по шалата го мислам подеднакво и за машките, и за женските. Не делам на полови и пристапи.
Tоа дека и кај машките се оди исфорсирано и по автоматизам? Мислам дека е очигледно од досегашната дискусија, и други посочија, односно доколку не се земат предвид исклучоците, и машките очекуваат дека убави фраза-две и чашка-две алкохол се доволни за да се зближат со девојка за конкретната вечер, па и подолго. Изгубен е уникатниот пристап, меѓусебното запознавање и растечкиот интерес да се биде со девојката што ги интересира. Веднаш се гледа директно кон „целта“, односно се скока кон неа.
незнам nightwalker, не би се согласил конкретно со ова, ама ај секој си има гледна точка и мислење....Кога ќе отидам да се запознаам со девојка немора да значи дека сакам одма да ја легнам....Може сакам да се запознаам зашто е харизматична и зрачи со позитивна енергија....Лично мислам дека ваков пристап одма да ја однесеш дома и да ја легнеш е и причината поради која што се даваат МНОГУ КОРПИ....Па никоја не би сакала некој нападен кој што ќе ја брза да и ги соблече гаките....Трипати повеќе шанси имаш да и земеш само број и да и се јавиш утредента за на кафе, одколку да ја напињаш да ја носиш дома......Ама како што кажав, секој си има гледна точка и мислење.... )
Друже, никаде не споменав легнување како цел. За некој цел е мување/забава за една вечер, за друг да запознае девојка за сериозно гледање, за трет, како што кажа ти, секс, за четврт може да е едноставна и пријатна дружба... Но сите тие работи се цели, инаку зошто воопшто би пристапувале бесцелно кон девојките? Затоа целосно стојам зад она што го пишав, како моја гледна точка.