Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    па добро за да пристапиш мораш да имаш цел, нели? затоа чуден ми беше коментарот.....за да отидеш мораш да имаш некоја цел, макар тоа и да е само запознавање.....јас не познавам никој кој што отишол да се запознае без цеч :rofl: :rofl: макар тоа и да е само трошење време, пак е цел хехе :lol: :D :D

    поздрав Nightwalker ;) 8)
     
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    хахахаххахахаха вената енигматика на скопјанките :rofl: :lol: :D мислам дека да ама повекето се копуци без чуства за жал
     
  3. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Има нешто кое најсоодветно би било да го напишам на оваа тема :)
    Седам со другарка на кафе и ми раскажува како си поминала претходната вечер во дискотека, вели:
    Супер беше, убава музика, весели бевме (таа и уште 2 нејзини другарки) игравме и пеевме :D
    Јас викам супер и некој симпатичен дечко имаше во дискотеката, само вие 3 бевте цела вечер, се сретнавте со некои познати или не? (познавајќи ја другаркава и тие што беа со неа дека се со многу предрасуди и стереотипи во однос на приоѓањето кон машки, а инаку да напоменам сингл се цуриве)
    Имав еден многу очекуван одговор на ова прашање: Леле Гоу да ти кажам стварно сите машки се педери, немаат м*да, немаат храброст да пријдат....замисли цела вечер еден тип симпатичен стоеше до нас и ме гледаше, ама не ми пријде да ми направи муабет, само другарот негов ми рече извини што ме подбутна малце и толку :doh:
    Јас се насмеав во себе и ништо не прокоментирав, зашто знам дека можеби дечките што стоеле до нив навистина сакале да се запознаат со цуриве, ама си ги познавам јас цурите знаете какви се - тоа се од оној тип на девојки кои одат во дискотека и само меѓу себе си муабетат и си се смешкаат, затворен круг кој дури и јас како другарка многу тешко го пробив за да комуницирам со нив, строго интерна комуникација и ладни и потценувачки погледи на околината. Не дека се нешто посебно убави девојките, ама си живеат во некој свој свет и чекаат принцот на бел коњ да им симне ѕвезди и да се труди мнооогу околу нив за да заслужи нивна шанса :fubar:
    Епа токму поради ваквото однесување се сингл веќе дооолго време и тврдат дека мажи во Скопје нема :rofl:
     
    На aleknovy, Hipica и Mistery им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Некои луѓе,па и јас сум во таа категорија,се потешки за ширење познанства.Често сум слушала (зад грб,не директно) коментари како сум препотентна,ладна,индиферентна кон се‘ наоколу, а не би рекла дека е така. Еден другар ми рече дека оставам впечаток на затворен тип и нема секој храброст да ми пријде. Кога си приоѓаат двајца непознати луѓе тие се странци еден за друг и природно е да пристапиш со недоверба и резерва,претераното опуштање од старт остава лош впечаток-убедена сум дека е така.Девојка која преслободно го прифаќа непознатиот(прегласно смеење,преизразени гестикулации,нападно играње околу и со него) и кај него и кај околината не остава имиџ на друштвена,туку на „лесна„ девојка,па и критериумите на „пристапувачот„ кон неа би претрпеле промени(ако целел на интелектуален и стимулативен разговор,веднаш се пренасочува на секс :lol: ).А,кај оние кои се отфрлаат за пристап поради перцепирана препотентност и индиферентност не се ни пристапува.Девојките многу повеќе се излозени на притисокот од околината за нивното однесување во јавност.Понекогаш токму нивното внимавање и претпазливост ги прави да личат на непробојни тврдини.
    Нештата се покомплицирани од колку што на сите ни изгледаат на прв поглед,како и да е ќе резимирам тешко се прифаќа да се урне бариерата и од статус „непознат„ да му се даде некому статус „некој кој потенцијално би ми значел нешто„...
     
    На Estelle и Lo.OsT им се допаѓа ова.
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Аууу луѓе што се деси, се реши ли дилемата за мужи и жени??? Кој каков е, која каква е??? Цццц сваштарии, одреден период намерно не ја читав темава прибидејки несакав да наметнувам свои ставови на други а воедно и погрешно бев сфатена...

    Но во ред е, ќе дадам краток и конкретен одговор на темава : Мужи и жени, независно има во Скопје колку ти душа сака, само треба утре сите да се избањате,исфенирате,добро да се пицнете и у лов на нов плен. Дома пред излегување пред огледало добро погледнете се, и восхитете се на својата убавина и сами себе подигнете си ја самодовербата до плафон а може и над тоа. Потоа смело влезете во локал нарачајте ја омилената пијачка и смело пријдете кон оној/онаа кој/а ќе ви запне за око. Доволно беше овде надмудрување кога ништо не се реши, жените се убедени дека машкото треба прво да пријде (поради тоа што дедо прв се фатил до баба на оро, тато прв и намигнал на мама на корзо и.т.н) а кога дотичниот г-дин ќе собере храброст да пријде женскиот фактор во ситуацијава вложува напор од пети да биде права дама која неразговара со секој... Од друга страна сосем норамално е што на машкиот фактор веќе му е преку глава од веќе именуваните дами, па нормално се решава да стагнира и да премине на другата страна и да се чуствува како трофеј, за кој женскиот фактор ќе стори се за да го освои.

    Одговорно тврдам дека ниту едната или другата страна не е во право, секој со свои критериуми и ставови но што е битно кој прв покренал иницијатива за дружење, битно е дружењето а не иницијативата нели ?
     
    На Springy и Mistery им се допаѓа ова.
  6. majami

    majami Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    Iskreno ja sum bila taa sto prva priogala na maskite I rekcijata bese:
    Lele bravo za hrabrosta ali ja imam devojka, ili ke pobegnat, ili ke te napravi nenormalna I ne znam uste sto!
    Ednostavno ni samite oni ne znaat sto sakaat! Jas ne sum vo Makedonija sega I uste polosa e situacijata!
    Sekoj den gledam maski top sredeni,ubavi,isoncani,nabildani I so masko za raka! E toa e da zbesnes! Ali uste neam izgubeno nadez taka da samo glavata gore I vo akcija!
     
  7. innahh

    innahh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Ова ми е прв коментар и воопшто прв пат како се зачленувам на некој форум, иако скришно сум читкала понекогаш. :angel: Морав да пишам дека сум фасцинирана од АЛЕК. Многу сакам инспиративни и реални луѓе, се исполнувам кога ќе прочитам нешто во кое се пронаоѓам. Алек точно и суптилно си го има склопено овој дел поврзан со темава и ми остави навистина симпатичен впечаток иако не прочитав се и што е најбитно ме насмеа од уво до уво :lol: а сега да не избегам од темава фалејќи го Алек (браво и за другите момци што се осмелија да коментираат на фемина форум :P ), ќе кажам една работа, машки има, доказ се момциве зачленети на форумов. :rofl: Сметам дека грешката е во нас самите и во тоа што очекуваме премногу, не само во контекст на темава него воопшто од животот. И не зборувам само за девојките него и за момците. Не треба да планираме однапред за работи што се релативни односно што вклучуваат комплексни психолошки профили како што сме сите ние. Не смееме да генерализираме и да дозволиме да се претопиме во толпата. Баш поради тоа и нема машки, и нема женски или како сакате поинаку речете, баш поради тоа ние не ги гледаме индивидуалните потенцијални партнери. Измамени сме од нашите сетила бидејќи сме полни со предрасуди и фрустрации. Значи се` потекнува од нас и никој друг не ни е крив што упорно отвараме теми по форуми и се обидуваме да си ја излечиме огорченоста и потребата за она по што сме створени да трагаме. Чиста контрадикторност, прво ќе речеме нема машки (они вакви такви..) а потоа директно се префрламе на тема пример како да си фатам дечко. Ако нема машки и ако сите се глупави, не знаат да пријдат или што уште не, тогаш не ти треба дечко, ти треба малце повеќе размислување и свесност за себеси, треба да се запрашаш што навистина сакаш за себе. Пример, јас имав лошо искуство од кое научив многу, порано бев многу храбра и немав проблем со тоа приоѓање прва (има начини) или пак најмалку давање на сигнал, но после тоа „лошо“ искуство оставам на машките повеќе да се трудат на почеток. Иако сум тип кој обожава да лови како тоа да е игра имав доста добри причини да си речам не. И не дека сум исфрустрирана, го поминав тој стадиум кога се некој друг ми беше крив, сега оставам на момците да се трудат ако им дозволам, баш поради тоа што знам дека во врска односно кога ќе се осетам како на своја територија вложувам многу и енергија повеќе отколку што треба да се даде. Па сега ете да биде фер игра, си направив некој компромис. Значи поентата ми беше дека никој не ни е крив што сме такви патетични суштества. Ние сме створени да трагаме и да учиме, а не да затупуваме од маалски муабети и да се плашиме што ќе речат другите, да закржлавуваме пред компјутер сонувајќи за нешто што не постои и никогаш нема да постои. Животов е таков каков што е. Има разлика од живеење и живуркање. Сепак секој има избор. Тоа е ваше. Ваше е и како ќе ме сфатите, сепак ние сите сме по малку слични но доста различни. Ако не пробаш нема да знаеш. Оставам на вас да размислите.
    Се надевам дека не избегав вон тема, ќе ми простите овој пат, се учам :$ .
    Имајте убава вечер. Поздрав
     
    На aleknovy, divi и Nightwalker им се допаѓа ова.
  8. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    и мене исто ми се случувало , што е најтрагично и дечките не биле некои типови којзнае што другарките се прашуваа како воопшто е можно да ги забележам и пак ништо само несериозно ме сфасваќале или сакале да ме смуваат или ништо па затоа се откажав
    од прва да приоѓам
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974

    Како јас да сум го пишувала истово,... иако не сум од Скопје! Можеш да замислиш колку е трагична ситуацијата во помал град, секој со секого се знае и секој со секого барем двапати се изврзал до бестрага и назад :geek: кога конечно ќе ми се засвиѓа некој,... или се отселува/оди да студира/испаѓа педер (без навреда, ама има и такви, кои подобро знаат да ми кажат која боја ми одговара, неголи да ме викнат на кафе :swear: )

    а да не спомнуваме за моите проширени хоризонти,... нов начин на размислување кој е премногу смел и отскокнува од она кое луѓето го знаат.... побогу, не можам да се замислам со типичен балканец (сигурно знаете на што алудирам тука, на многу љубомора, религија, предрасуди и став ,,ајм д мен ин д хаус,, ) - подобро ќе бидам сама 8)

    п.с. пред некој да рече ете затоа си сама,.... уверена сум дека таму некаде има некој што размислува слично како мене :inlove:
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lo.OsT

    Lo.OsT Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Интересни постови прочитав тука .Да расчистиме нешто - значи ако некој ти се свига или му пушташ знак или му приоѓаш , а ако тоа не се случи после испаѓа "Види го оној мора да е педер или незнам што ".Ако сте вие женските пасивни во ловот тогаш нема ни да уловите плен :) Многу е просто ама тешко кој го разбира !! :D
     
  11. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Ова е за другарчето ти? Хихихи :)
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    за разлика од порано, сега се движам почесто во кругови во кои има женски, и секако има и машки
    на никој до сега не му "светнало" во глава да застане , и да поразговараме, ако не за друго да се запознаеме , испага дека дечките се плашат од мене :sweat:, а колку пати сум ги чула истите тие да ме коментираат -ваква е , таква е, па што имаш да ми кажеш, доближи се и кажи ми го тоа во фаца, а не ко кукавица да ме трашариш со другарите/друштвото :envy:

    е тоа е тоа што највеке ме нервира, ем на некој си некоја си му се допага-нема храброст да и пријде а ја оговара истата девојка со другарите НА ШТО ЛИЧИ ОВА? :!:
     
  13. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Чекај, значи они за тебе зборат место да дојдат да ти кажат у фаца. И тоа ги прави кукавици?

    Па еве ти сега на форумов збориш за нив, место да им направиш муабет да им кажеш у фаца. Што те прави тоа тебе? :rofl:
     
  14. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Баш напротив. Ти правеше генерализации за сите мажи, а јас истите ги побивав.

    Тоа е во ред. Твое е правото да сакаш што сакаш. Ако сакаш маж какви што има у холивудски филмови и во романтични новели, супер. И ја сакам девојка што има IQ 200 и изгледа како Меган Фокс, и е светица, и иначе има три докторати и има милион у банка :rofl:

    Единствената причина што тој тип го гледаш како детенце е бидејќи го споредуваш со нереални мажи од нереални холивудски сцени. Најобична НОРМАЛНА срамежливост ја гледаш како нешто дисфункционално.

    Не е нормално да можеш да без ни грам трема улеташ на некого што гледаш првпат у живот (и тоа додека изгледаат непријателски настроено) и да имаш јак, резонантен глас, тотален шарм и харизма. Тоа не е нормално... тоа е супер-нормално (надпросечно).

    Тоа е како машко да гледа ретуширани слики од Меган Фокс и плејбој по цел ден, и после да иде низ скопје и да им наоѓа маани на цурите. Види ја оваа има една точка целулит, ааааааа колку е грда. Леле, оваа едното око и е 1мм повисоко од другото, леле колку е грда. Ми ја сфаќаш поентата? Ако споредуваш со идеализирани нереални слики, све изгледа лошо.



    Повеќето девојки се фини (ако бар просечно добро приоѓање имаш)... Не е тоа поентата. Ти може никад не си направила такво нешто, но има доволно голем процент девојки кои го прават тоа. Ме сфаќаш? Како играње руски рулет е.

    Ама погрешно сфаќаш. Не судат мажите цел женски род заради неколкуте лоши девојки. Не ми беше тоа поентата. Не велат мажите "леле сите жени се никакви, не приоаѓам веќе сите се злобни". Мислам има такви лузери, али повеќето не го велат тоа.

    Она што мажите го велат е "не знам дали е таква или не, и не вреди ризикот". Ме сфаќаш? Ако девојката не пушта сигналче, не пушта осмех и знакчиња, мажот вели "убава е девојкава... али не вреди ризикот... што ако е од оние? "

    Пак поаѓаш од фантазии. Не се овие дојдени времиња. Отсекогаш било вака. Остави ти филмови кај што покажуваат романси демек било. Тоа се филмови, не документарци. Нема врска. Отсекад било вака и отсекад мажите имале смртоносен страв од приоѓање. Дури научници ова го имаат проучено и е сосема нормално. Делумно е биолошки, затоа што маж со низок општествен статус ако пријде на туѓа девојка, може да биде претепан или убиен од султанот.

    Затоа мажите се програмирани биолошки да чекаат сигнал од девојката дека "еј, безбедна сум, не сум земена, нема да те убијат зашто ми правиш муабет". Прашај баба ти ако не ми веруваш. Никад не постоеле времиња кај што мажите биле како на филмовите. Ти можеш да си фантазираш дека треба да е нормално секој маж да е како у романтична новела да е нормално да приоѓа... али тоа си е фантазија. НЕ е нормално за тип тоа.

    Цацко Конопишки?

    Искрено, жените да исмејуваат мажи за како приоѓале е како Цацко Конопишко да исмева луѓе што не можат да ослабнат. Или друг пример - тоа е како бездомник да те исмејава зашто не можеш да најдеш работа.

    Затоа мажите колективно велат - епа ако сте толку паметни, ајде да ве видиме

    Бидејќи голем број жени поминуваат доста време у критикување мажи, како приоѓале, како не приоѓале. Премногу брз пришол, премногу бавно. Премногу директен бил, не бил доволно директен. Не побарал на време број, прекасно побарал број... итн... итн. И ако тоа не е доволно, ги исмејаваат мажите, како демек си дисфункционален ако не знаш све перфектно како се прави.

    Мажите мислам колективно им пукна филм и рекоа... Ок, ако сте вие толку паметни, и демек е лесно да се приоѓа, зема број, јавува, договара состанок. Ајде да ве видиме, вас експертите. Ние ќе седиме тука ќе играме кантер и дота, и ќе си пиеме пиво, па да ве видиме вас експертите... Нели, бидејќи ние сме катастрофа и едно најобично најлесно приоѓање не знаме. Покажете ни колку е лесно...
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  15. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Меѓу другото сум и писател и имам пишано неколку книги на различни теми како Ghost-Writer. Кога ќе видиш текст од мене може ти се чини ко да сум вложил труд, али за мене пишување е како дишење... не морам ни да мислам, само тече и се излева преку тастатурата...

    Тука се вклучувам еднаш у 2-3 месеци, и тоа што ќе го пишам ми одзема 5-10 минути, и тоа додека си слушам музика, играм игра со пријател или правам други работи. Така да, 10 минути труд на 2-3 месеци не се многу.
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Оф мори мајко! Или што би рекле Американците, АлекНови - OMFG :tmi:

    Како прво мразам генерализации и не ги ни правам. И те молам не ми прави тука слика на девојка која вечно генерализира, фантазира и обожава да гледа и да верува во холивудски филмови. Знаеш, јас 30 години од дома не сум излегла, го гледам Титаник по 3890ти пат, паломата до мене и плачам зошто О Боже зошто ли никој не ми приоѓа како Леонардо ди Каприо?! ;( Шмрк! Кутрата јас! Мажите се говеда! Никаде ги нема! Ах, што ли ќе правам?!
    |( Дај да бидеме реални. Еднаш веќе ти пишав и сега ќе се повторам. Колку само НЕ си ме разбрал! Или едноставно милуваш да си направиш муабетче самиот со себеси?! Не знам.

    Како второ, ај те молам, остај ме да сакам мажи ок? Не ми вметнувај типови кои не ме привлекуваат. Однапред благодарам. Или имаш можеби некаков личен проблем со тоа дека не сакам мажуленциња? :) Никаде ама баш никаде не реков дека сакам беспрекорни, идеални мажи. Од проста причина што тоа е смешно. Впрочем, НИКОЈ не е идеален.

    Како трето стопирај ја малку арогантноста во твоето изразување. Не се исмејувај, не е убаво. Немој повторно вештачки да создаваш слика за мене небаре сакам нешто невозможно. Невозможно е во моментов да си изградам куќа со базен на Јупитер. Да најдам X солидни машки примероци со кои ќе докажам дека останаа машки во Скопје/Македонија - НЕ!

    Како четврто, „најобична срамежливост гледам како нешто дисфункционално“?! WTF? ОК, знам дека е тешко да се разбере текст на јапонски, ама јас на јапонски не пишував. Пишував на македонски. Не си ме разбрал, жал ми е - нема да те разубедувам, излишно е - но извини, не си во право ;)

    Знаеш што? Мамурна сум па ме примрзе да ти реплицирам на се што си навел. Повторно. Без иронија, најискрено - ме мрзи :) Тука ќе стопирам. И за крај ќе ти кажам една работа.
    Седи си бе ти дома со другарите, играј си карти или табла, што и да е. Отвори си го пивцето и чекај.
    Јас ти посакувам излижано ѕвонче на вратата и убав тефтер во кој ќе можеш да си ги запишуваш сите девојки кои кампуваат со шатори пред твојот влез, чекајќи да дојдат на ред кај тебе, затоа што времињата се сменија :)
    Јас ќе одам на кафе со еден тип кој за жал морав да го смирувам со лексилиум прв пат кога го запознав затоа што МИ ПРИЈДЕ и ми направи муабет, и автоматски се струполи пред мене :o ЈБГ не е Бред Пит и потоа ми призна дека многу се плашел од тоа како ќе ми пријде затоа што сум правела шмизл фаца - I mean like duh :emo:

    Секое добро и наздравје пивцето, јас одам да изгледам некој од моите омилени холивудски филмови, чисто онака знаеш, да знам какви мажи сакам да ми приоѓаат ;)
     
    На XMaN, parrot, Go-Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    претпоставувам дека смислата на прашањето е дали останаа квалитетни машки во Скопјево, а не било какви, нели? иако можеби би требало најпрвин да се дефинира што се тоа квалитетни, добри, искрени машки, сепак мислам дека сите тука кои се изјасниле се согласуваат дека не останале толку многу добри машки или дека нивниот број во последните години драстично се намалил.

    мислам дека девојките кои го поставуваат ова прашање се натпросечно добри, па им е (по)тешко да си најдат соодветен партнер, без притоа да ги намалат критериумите кои нивниот посакуван партнер би требало да ги има.

    ако претпоставиме дека постојат разни групи на машки по квалитет на човечност, исто како и девојки, тогаш прашањето се сведува каде и како да се пронајдат квалитетните машки и квалитетните девојки едни со други. би било пострашно, ако во последните години, сите ние како луѓе, и машки и девојки, сме се влошиле, т.е. сме изгубиле од човечноста.

    од друга страна, како што одминуваат годините, расте социјалниот притисок од роднини, пријатели и други душегрижници, девојката/машкото, што побрзо да се мажат/женат, што дополнително го усложнува проблемот. ем си добар/а, ем си сам/а, ем те критикуваат најблиските, ем и на тебе не ти е лесно :D

    на крајот, мислам дека проблемот е повеке во пасивност и недостиг од упорност при барањето на вистинскиот партнер/ка, отколку од вистински недостиг на добри машки/женски во скопје и македонија :) или можеби, не?
     
    На Gea и Libera им се допаѓа ова.
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Машки има, она квалитетни што би се рекло, ама има и високи критериуми поставени од женска страна. :D Јас како што сум перфекционист, замислете како ми е. Кажа фала, а не благодарам? NEEEEEEEEXT! -.-
    Да си се вратам на поставеното прашање, нема барања само од нас женските туку и од машка страна. Нели мора да си пи*ка по пропис. Зборувам за гледиштата кон женските на мои години. Тоа јака ц*цка, добар г*з, секси нога држи вода, ама треба и да даде бре. -.- Нели, потреби имаат милите. Па и ние имаме море за едно пристојно машко! ...пак забегав од темата. :x
    Фала богу што сите имаме различни барања, па и тоа клошарчињата има која да ги исчисти. :D
    На помали години мислам ретко се наоѓа некој со кого можеш да свртеш асален муабет. Мене дечко ми кога ми пиша прв пат и дознав дека сака историја, египтологија..уху! Реков овој мој е и за жива глава не го давам. :D За сите сите има по некој, само се кријат по дупки зајачки.
     
    На si.exs му/ѝ се допаѓа ова.
  19. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    се зезна нешто форумот три копии од реплика прати - избришете го ова ако може, фала
     
  20. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    се зезна нешто форумот три копии од реплика прати - избришете го ова ако може, фала