Hey phy, не ги сфаќај моите одговори како напад против тебе Чисто се надоврзувам на тебе и одговарам на тоа што ќе ми го кажеш. Не го сфаќај како борба или напад. Мислам дека искрено мислиш дека ни ги правиш, но не си свесна колку генерализации правиш за мажите без да приметиш. Погрешно си ме сфатила. Мислам дека иако не си свесна, индиректно ги вреѓање и напаѓаше мажите - и ти го посочувам тоа. Замисли ја сега да напишам текст и ги нарекувам девојките со просечен изглед "глупачи". Кога ти претходно ги нарекуваше просечните мажи со етикети како мажулиња, тоа е доста навредливо. Не реков дека го правиш свесно. Велам дека најверојатно ги споредуваш мажите со нереални критериуми без да знаеш. Мажите на пример ќе дојдат на ваков форум и ќе прочитаат како некоја девојка ги исмејува мажите затоа што не биле перфектно самоуверени. Ти тоа не го нарекуваш "перфектно" - но ти кажувам, идејата што ја имаш за тоа што треба да биде "нормално" - е впрочем надпросечно. Не е нормално да може да пријде машко на женско без грам трема. Тоа не е оправдание да го резилиш, исмејаваш и нарекуваш мажуленце и да му ја исмејаваш машкоста. И не сфаќај лично, не зборам за тебе. Чисто се надоврзувам на тебе. Една девојка пред тебе се фалеше како мавнала 15 корпи во една вечер на нова година, затоа што биле сите биле неинтелигенти глупаци... Да не случајно им правела менса тест? Како им измерила интелигенција за 30 секунди и после да оди да ги резили и исмејава и омаловажува? Ние мажите преку години во дружба со другарки лично имаме увидено колку површно жените одлучуваат да уништат машко поради некоја споредна работа - аголот под кој пришол или која боја чорапи носел... па потоа го исмејуваат и вреѓаат пред цел град. Погрешно си ме сфатила. Во случајов испаѓа ти погрешно си сфатила дека ја тебе погрешно сум те сфатил Реков дека му доаѓа исто како јас да сакам девојка што изгледа ко Меган Фокс плус има докторат. Само би било нефер да сега јас исмејувам и понижувам жени кои не личат како меган фокс и немаат плус докторат. Нормално дека е возможно. Код: Јас знам девојка што е можеби една од најубавите девојки во Скопје, екстремно самоуверена и харизматична, и плус работи на докторат моментално. Меѓутоа ја не велам дека сите други девојки се "женулиња" и да идам да ги навредувам дека не биле "вистински жени" Повторно, не го сфаќај мојот одговор како напад против Phy. Јас само се надоврзувам на тебе и повеќе одговарам на генералната тема. Според мене, целава тема беше серија омаловажувања и генерализација и напади против машкиот род. Многу мал процент на девојки се обидоа да ги разберат машките и да се стават во машки чевли. Имаше 5-6 девојки кои сменија перспектива, но повеќето си продолжија со вреѓање и омаловажување мажи, без обид да имаат ни малку разбирање или сочуство. Мажите маваат бојкот баш затоа што им е смачено што толку голем број девојки одбиваат да имаат разбирање или сфаќање за тешкотиите во машката улога.
Алек се вратил после...колку време? Таман работа, actually it's starting to get interesting! Малку го смени тонот, претходно осеќав блага ароганција, можеби затоа настапив и јас во одбрана на мојот став, односно имав потреба да се доизјаснам, бидејќи навистина сеуште имам чуство дека бев погрешно протолкувана. Тоа дека ги класифицирам мажите во повеќе групи не е генерализација. Тоа дека сум рекла мажулиња, според мене не е навреда. Пази - од мали години сум со мажи и сум се изнаслушала секакви муабети за нас жените. Сум чула муабети во стилот на - кокошки, мисирки, глупачи, грдотии, зелени, розеви, секакви. Не се прај дека вие не карактеризирате ниту анализирате девојки чисто онака меѓу вас. И тоа понекогаш доста потценувачки (да, сега генерализирам, точно е)Мислиш дека сум се осетила навредено? Не. Каква врска има со мене тоа што некоја е глупача и мисирка? Ако јас не се пронаоѓам во таа група, бидејќи реално мислам дека не сум таа, нема зошто да се чуствувам прозвана, уште помалку навредена. Ако некој не се чуствува „мажуле“, веројатно нема ни да го забележи тој збор во мојот пост. За девојката која правела менса тест на форумов, немам појма која е и не ме интересира искрено. Јас секогаш зборувам за себеси. А јас никого не потценувам ниту настапувам априори во некоја шмизл варијанта. Впрочем прочитај ми ја случката со келнерот Напротив, многу пати знам да си направам муабет со дечки, дали онаков без врска муабет или со некој кој да речеме решил да ми се додворува. А сега со законов за пушење, да ти кажам, супер ми е надвор кога ќе искочам на цигарче, какви познанаства се разврзуваат. И додека ги гледам девојките кои срамежливо трепкаат со очињата и скришум ги гледаат дечките, јас си правам муабет. Не дека ќе го носам веднаш дома или ќе го лапам. Ама од муабет се се почнува Така да јас како што реков веќе на темава, мислам дека има машки во градот. Кој не го мисли тоа веројатно е или срамежлив, или несмел, или неискусен, или интровертен, или арогантен, или... едноставно е непушач А оној делот со привлекување. Како да ти кажам. Јас не јадам баклава, не ја ни сакам. Јас јадам еклери. И со тоа што ќе речам дека не јадам и не сакам баклава затоа што ми е многу блага и тешка за желудников, не ја вреѓам баклавата како кулинарски изум. Ја би да грицнам сочно еклерче. Кој сака баклави, нека повели Јас сакам ванила и чоколадо. Ме инспирира, што да правам.
Брат, кажувај се кој си да те частам пиво за овие неколку реда бе!! Мое скромно мислење е дека СИТЕ девојки (ќе им опростите за генерализацијата ама тоа е) што денес се жалат за тоа дека никој веќе не им приоѓа, додворува и дека мистериозно исчезнале машките во град од половина милион луѓе, го поминале тој (за многумина од нив) ЌЕЈФСКИ период кога машките биле похрабри, приоѓале а овие ги начекувале на нож, мавајќи корпи по цели вечери и после слатко се смееле со другарките, чувствувајќи се како Мак верзијата на Меган Фокс (его алерт). ФАКТ е дека голем дел од тие машки можеби и си биле тапчовци, имале епски катастрофален приод и да бидеме искрени, не исполнувале ни основен критериум. Ама исто така факт е дека имало меѓу нив момци што имале што да понудат и можеби ве посакувале за повеќе од само трофејче за вечерта. Да одговорам на женските забелешки за тоа дека ние машките повеќе сакаме да гледаме Лига на Шампиони, да играме спортска или да тропкаме баскет отколку да излеземе со девојка на кафе & муабетче: Гореспоменатите активности СЕ БЕЗБЕДНИ. Тие се безбедни во смисла на пружено задоволство. Таму никој нема да ти ја лепне пред цело друштво, никој нема да те смета за ретард бидејќи (како што многу убаво кажа Алек претходно) на вас не ви се ќејфнал нашиот агол на приоѓање. Свесни сме дека мнозинството жени не ги разбираат тие наши пасии, ама тие нас ни носат среќа и можност да се дружиме. Дури и кога нашиот тим ќе изгуби, ќе не зафркне утакмица на спортска или ќе се повредиме на баскет теренот, тоа ни носи повеќе задоволство отколку да се замараме дали некоја цура ќе ни "пресуди" за 5 секунди муабет. Мнозинството жени не сваќаат какво е чувството кога ќе те спуштат јавно за некоја си тривијална забелешка и кога треба да си ја подигнеш самодовербата од земја и да собереш сили за следната девојка што ти се свиѓа. Не е еднаш, не е пет пати...тоа е составен ден од животот на повеќето машки. Вие велите да бидеме свои, да бидеме кул и да не се замараме ако не обрукаат, ама ВИЕ не сте била на тоа место. И уште нешто...има ли на форумов девојки што одбиле дечко а после им било криво кога го виделе истиот тој дечко со друга? Јас знам најмалку пет такви од мојот круг на познанства. Зошто го правите тоа, а после ви е криво или ви се буди љубопитноста? Голем дел од проблемот е и во вас.
Зошто само жените да се каат. Лично јас имам слушнато и за машки.. Демек типов не сака да е со таа девојка, а потоа кога таа ќе фати дечко си вели...абе ја сакав ама ете она си најде друг значи не ме сака мене. Мене ми се има случено повеќе пати да дојде некој тип, демек да се најде у муабет. 1 мала бев...Типов го праќа другарот- Абе девојче на другар ми му се свиѓаш. И што треба сеа да кажам јас?? Ајде кажи му и он мене или кажи му не ми се допаѓа. Тогаш имав дечко па си кажав извини имам дечко. 2 Стоиме покрај коњопој...на масата до нас тип кој што и не беше така лош....Си се гледавме смешкавме, за после некое време типов без збор да се стави кај нас на маса и ќути. Другарките видоа што е работата и се тргнаа на друга маса мене ме оставија. И јас се смешкам и му викам Гледај какви се моите другарки...и од тука почна ајде остави ги што ќе се напиеме и бла бла.... 3 надвор пред клуб друштво..еден другар се среќава со двајца другари, едниот од нив ни се стаи на маса...Бидејќи предходно не се запознавме ја пружив рака и се запознав. И сега тој е моето муле, некои од вас знаат Но, ете тоа не го сметам како само мој прв чекор туку заеднички, зошто тој сам дојде ја сама пружив рака. Не сме ни едните ниту пак другите цвеќенца. Не зависно кој го прави првиот чекор.. Немате само вие пасии...И вие не можете да разберете зошто на женските им треба толку многу време да се спремат. А за тоа што повеќе носи задоволство...па што ти е битно милењето на некоја цура која што штотуку сии ја запознал. Нормално е да имаш работи кои повеќе би те исполниле од тоа. Но, фудбалот да е пред некоја која би ти била жена и мајка на твоите деца, извини ама не е во ред. За тоа дека не треба да се замарате ако ве обрукаат не се согласувам, и не почитувам такво женско. Јас не би дозволила некој да ме брука, ни мене а ни тој покрај мене. Имало прилики, другар да ми го навредува индиректно мојот дечко, секогаш сум се бунела, не пред него туку отпосле на само..А ако тоа повторно продолжи, а мојов упорно ќути настапувам јас. Точно, а и во обратна ситуација. Не значи дека некој/а ако молчела на чинот на запознавање и не бил/а опуштен/а нема да ја/го биде.
Муабетиве ме потсеќаат на едно кусо стрипче што го читав некаде по нетот. Двајца многу си се симпатишат и дечково конечно собира храброст да и пријде на девојката. Арно ама таа е умна глава, пак решава да го игра вицот со кокошката, чунки тој ќе ја сака повеќе од за една вечер. Е фино, но по извесно време дечково сфаќа дека вилицата не да му паднала до земја, но веќе рине со неа, па решава и тој да ја стави на игнор. Пошто без внинамието на дечкото, девојкава почнала да пошизува низ куќи, решава сега таа да оди во јуриш по него... ама џаба! Тој сега е недодирлив . Сфаќа по ова умната женска глава дека на игнор кога го имала ставено, тој кутриот трчал по неа , па си решава да се врати и она во недопирливите. Е приказнава завршува со: „си живееја среќно и весело на различни страни од светот“.
Не викам дека само жените треба да се каат. И јас сум се глупирал па сум се каел после кога ќе ја видам со друг. Одговорот ми беше така насочен бидејќи темата е таква, машките "исчезнувале" во Скопјето. И се согласувам, никој не е цвеќе за мирисање, половите знаат да бидат доста брутални еден спрема друг, и многу често некој го "јадел" ни крив ни должен поради нечиј комплекс/фрустрација/моментално нерасположение.
И откако темава ги покри скоро сите аспекти на машко - женските односи во Скопје, можеме да го извлечеме следниот заклучок: Од анализи нема фајде. Од гледање шпански серии, такоџе. Ако ти се допаѓа, ако му се допаѓаш, смесете се. Во библиска смисла на зборот.
Оффф девојко секоја чест!Истиот муабет се врти и во мојот потесен а и поширог круг на другарки.Едно време почнав да мислам дека сум пребирлива.Потоа сфатив дека јас не сум таа што пребира туку едноставно немам избор.Сигурно не би се смувала или не дај боже фатила со некој што ни малку не ми се свиѓа ама и вака па не е добро коа гледам дека секакви да не кажам дури и неизбањати имаат некој во животот а јас немам...а тоа дека ги мрзи да ни пријдат или дека поубаво со друго нешто ќе се занимаваат отколку да се трудат да не придобијат е точно а имам и искусено такво нешто со последната врска која беше одамна да не кажам пред 1 година(среќа се заврши на време инаку чуствував дека покрај мене не е дечко од 20 години туку стара баба без воља за живот-.-)којзнае колку денови се спремал да ми каже дека чувствува нешто за мене греота-.-...излегувам често и познавам многу луѓе во градов...незнам која е причината...дали да ја барам вината во себе или во феминизираниве машки...??
пааа да ви кажам у Скопјето останаа машки ии тоаа бајги убај....јас коа си најдов дечко од Скопје, а сум премногу пребирлива што останува за други .....хуху
Бидејќи имаат влакна на гради, срамота! Неиздепилирани! Не бе, заебанција на страна, има машки, само какви е прашањето... За сите различно, кој во какви кругови се движи.
Нема веќе, сите отидоа за Америци Се шалам, сеа некако широколико е прашањето Фала Богу дека е присутен и тоа бајаги машкиот род во Скопјево, ги има од секоја генерација.. Дури и можеби премногу. Но за жал не се доволно машки за да го претставуваат тој род кој што би требало да е посилен. Да не генерализирам, да не навредам некој од форумов затоа што забележувам дека не е само за девојки, така напоменав бидејќи за моите 20 години немам сретнато машко, што е доволно машко. Знам дека ќе ме сфатите Се разбира дека не се сите исти, тоа да го кажам за жал не сум комптетентна, си постојат и исклучоци и искрено да си кажам, едвај чекам да наидам на некој исклучок од честите и досадни правила
незнам колку сум соодветна за да судам. Јас конкретно нема да зборувам за машки на 20- па натамау години туку за тинејџери на возраст од 16,17,18. Искрено сум се разочарала од кукавичлукот на машките на моја возраст, да не може да пријде на девојче тоа е срамота. а и не дека имаме којзнае каков избор поголем дел од машките се запоставиле на ништо не личат, алал да им е на исклучоците (кои се малку и зафатени). Порано имав некоја замисла за асално машко. сега веќе не знам што да мислам :/
Има, само треба да се знае да се избере, пошто имаме обичај женските да се лепиме ко муви на биппп, па избегнете тоа што ве привлекува по автоматизам и вклучете поинаков радар. И јас се убедувам истото да го направам
Јас би да удрам една контра на некои машки размислувања како приоѓањето е тешко за нив, исто така и отфрлањето е тешка активност барем за повеќето девојки. И покрај одвоено време со некој со кој се запознала девојката сфаќа дека немаат скоро ништо заедничко и сега другава страна не чита боди ленгвиџ од типот ги вкрстува рацете, преместува нозе на друга страна ако седат или одговорите и се лаконски и насмевката од финоЌа се поусилена, значи дефинитивно е ЛАДНО мислиш на Арктик сте. Ама тој ни гледа ни слуша ни конта и на крај излегува навреден и уште ќе смислува трилион одмаздољубиви планови за да ја оцрни или исфлека во поширок или потесен круг бидејќи не се согласила на што ти знам јас кои му биле плановите со неа, згора на се‘ тој си имал сигурни 50% реализација (негови) и таа уништувачот на забави му ги расипала, ?! Значи има машки има девојки, ама пустиот спој е болна точка бидејќи се во игра многу суети, ега и замисли и некако не поминува ова баш глатко кога ѕвездите ли или не знам која сила не се наклонети на некој несуден пар да остане распар и повредената страна поретко прифаќа достоинствен пораз. Да се разбереме ова е најчесто вака одиграно сценарио барем по моја замисла макар што јас не сум родена во периодот на изум на мобилните телефони, така да може да важи и обратното - во стил девојката да е иницијаторот кој ќе остане со празни раце најмалку! Само што зрел човек знае дека некогаш и поразот води кон победа т.е. подоцна може да се запознае далеку поквалитетна личност на пример. Или пак и на машките сигурно им се случило во текот на дружењето да увидат дека конкретната девојка која превисоко котирала од секој аспект во нивната замисла претрпела девалвации и покрај нејзината очигледна загреаност тој да го изгуби интересот за неа. Не треба да се гледа на исходот од дружењето од аспект на победник или поразен или жртва или што ти знам јас не каква улога бидејќи тоа е потенцијал кој има веројатност да се оствари или исто толкава да не бидне и не треба потоа да се драматизира и да си создаваме огорченост и лоши искуства и спомени како на пр. многу одамна имав другар кој имал други ај да речам претензии кон мене за кои си немав ама баш никаков поим и кога стапив во врска со друг дечко престана да ми зборува и до ден денес е непроменето иако бевме навистина блиски другари, ова е нонсенс, па и тотално незрело. Значи има пак ќе повторам доволно луѓе па близу 7 милијарди сме, само нема доволно изградена свест за последиците од нереализираните спарувања, !
Да, останаа, ама ние женските многу често правиме погрешен избор и се залетуваме по погрешни без да размислиме за последиците од тоа. Инаку, не се сите машки исти, а ние треба да сме малку попребирливи.
Еј се дружам со многу машки од Скопје и ретко некој асален да е. Не зборам за убавина или образование или финансиска состојба зборам за КОМПЛЕКСИ. Значи како што се искомплексирани машките во Скопје на друго место не се. Колку и да е убав кога ќе почне реченица од типот ’’ Леле брат да видиш вујна ми у минстерство десна рука му е на Грујо.. Да видиш вујко ми мрднатиот нова кола порачал... итн итн. И што е најјако другите наместо да му се исмеат и они почнуваат ’’ Еј а бе стрина ми е у минстерство исто може се знаат’’ Сме седнале на кафе да се забавуваме мајка му стара што ме боли бе пи*ката вујна ти кај работи. Кај мене некој така да каже цел град ќе му се смее а тука во Скопје тоа и општа состојба. Има луѓе имаат милиони па не се фалат. Биди си тоа што си.