Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.375
    Допаѓања:
    114.339
    Пол:
    Женски
    Има бе мажи низ скопјево, кој вика дека нема.
    Само претежно се зафатени, си имаат дечковци :)) Во тренд се де што би рекла Тијанка во една песна.
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Да,ги има но повекето шетаат грда девојка а некоја убавица седи и ги гледа од страна надевајки се дека и нејзе ке и дојде некогаш принцот на бел коњ.
    А сега малку за темата повеке.
    Браво Трендафилка за ова.Со темава кажуваш проблем кој е веке дел од секојдневието.Навистина се ежам кога ке погледнам некоја грда девојка да шета некој убавец или обратно.Не за џабе рекле убавите круши свињите ги јадат. И некогаш се прашувам дали мене ми фали нешто?Што има таа а го нема јас за да има дечко а јас сум сама?Сум се факала себеси неколку часа пред огледало барајки си ги мааните :D .Да бидеме искрени повекето денес се пребирливи,бараат кола и длабок џеб па и изглед.Имам зборувано со пријател на темава ми вика секогаш кога и да пријдам на некоја девојка ми вели:Чекај прво да те погледнам :wasntme: Што до некаде и женските се криви кои се сами заради тоа што пребираат.А за машките шта да ти причам бре?Видат некоја со минич и деколте и друга која го навистина сака ама е облечена поедноставно.Веднаш ке им пријдат на првата која глуми Анџелина Џоли.И двата пола се некогаш пребирливи така да префрлањево сите сте спонзоруши(на женските)и сите машки се исти не држи вода.
    Нам ни е интересно да се заљубиме во некој недостапен а оној кој навистина не сака го игнорираме.Зар сме се запрашале некогаш дали со тој кој го игнорираме ке сме повеке срекни отколку со оној кој се прави недостапен?хм интересно за размислување.Секогаш има некој кој сака да биде со нас ама ние сме слепи за да го видиме тоа.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.375
    Допаѓања:
    114.339
    Пол:
    Женски
    Пеликуна а зашто ме цитираше погоре??? :^)
     
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Баш за тоа да ја продолжам дискусијата велиш дека постојат машки кои се зафатени ама јас се согласувам со тоа само што тие зафатените машки поголемиот дел шетаат грди девојки а некоја убавица седи сама. ;)
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.375
    Допаѓања:
    114.339
    Пол:
    Женски
    Значи и мене можи некоја сама ме гледа додека се шетам со дечко ми и вика Види го оној каква шета а јас сум сама??? Додека така размислуваш и ќе си бидеш сама. Секој си има своја убавина. А машкиве кај нас се малку покомплицирани од останатите земји зашто и животот кај нас е поинаков. Во другите земји самиот живот е порелаксиран, не се оптеретени толку со тоа кој е од кај е и дали вози ваква или онаква кола, дали е од партија или му се клања на некој водач на партија и слично. А и девојкиве кај нас се малку повеќе уфилмани, мислат дека се сестрите Кардашианс и дека така треба да се однесуваат.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не не,погрешно ме сфати,јас не размислувам така туку кажувам како размислуваат повекето исфрустрирани девојки.Мене не ми е гајле дали сега или утре ке сум сама,знам дека што е мое ке си дојде,кој ме сака ке ме сака и со маани.Ама ваква е денешницата што некогаш ке се замисле некој зошто е сама а некоја која не и се допага има момче.Некогаш ке помислиш дека ти фали нешто.Јбг такви времиња дојдоа.Сум се прашувала и јас што има таа а го немам јас?зошто таа може да си фати дечко а јас не можам?Или како кажа Трендафилка во воведот или некој друг додека коментира што да направам веке?симпатична сум со смисла на хумор и дружељубуива,го правам првиот чекор и пак не успевам?
     
  7. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Епа еве ви една причина! Кои сме ние да коментираме од страна прво и основно, дали некој ГРДОЊА шета лепотица и обратно? Сте чуле за различен вкус? Јас ова го сфатив откако еден другар толку убаво ме пресече од корен кога ми го плесна следново у фаца, значи имаше стварно онака непривлечна девојка, а он е мн убав дечко. И сите од страна пробуваат да му кажат нешто у стил како зашто баш со неа, што е она толку посебна? И типов само рече да можев ќе ви ги дадев моите очи па да видите колку мене ми е убава, иначе нема никогаш да сфатите. :o И има право! А не, по цел ден на кафе со другарките и депресивни коментари од типот никад нема да фатам дечко сите лепотани шетаат под рака ружни и „лесни“ женски. Не, туку си нашле некој кој им одговара и не се толку површни да ценат изглед само. Кога ќе го сфатиме сите тоа светот ќе биде убав и розев. А до тогаш да, ќе нема машки не само во Скопје, туку никаде.
    Не сум светица, не викам дека мене не ми се случило да прокоментирам пак, ама не со таков интензитет и омраза. За секој има по некој, само не сте лепотици за сите, како што и сите не се убави за вас! И можеби ако малце повеќе се свртите кон карактерот и дозволите да се покаже дечкото работите ќе тргнат на подобро! Повеќето од девојките овде имаат над 20 години, мислам дека е време да се цени дупло повеќе карактерот, а не изгледот. Совршен никогаш нема да се најде.
     
    На calliope, SaIvnjaann, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Епа таа убавица очигледно е дека треба да седи сама додека така размислува,и со тоа нејзино размислување губи многу од својата *убавина*,Ццц овие муабети ги правев до 8 одделение,како бе размислувате така?
    Убавината на таа убавица и е дадена,ништо не направила за да ја заслужи но затоа треба да ја заслужи љубовта ако сака да ја има.
     
    На Go-Girl, zoki-poki и Nightwalker им се допаѓа ова.
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Eпа сите сме така размислувале ако сме искрени нели.Знам многу кои се однесувале така или пак уште посмешно другарката ги тера на такво однесување:Па види ја таа прчла,ти си подобра од нејзе и така натака девојчето набива комплекси и го добива тоа однесување.За жал денешницата е таква и не можеме да ја измениме.Ама пак интересно е што сепак многу девојки кои се убави се сами а и имаат убав карактер,ретко некој денес ја гледа како прво нешто карактерот.Секогаш најпрвин се гледа надворешната убавина.Срека што можам да се пофалам дека не сум од тој тип кој ја гледа надворешната убавина најпрвин.
     
  10. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Добро уште дискутирате на темава? Зар има уште нешто да се каже? Јас мислам одамна ја исцрпевме, ама ај нема врска..Целата тема може да се сумеризира во 2-3 реченици: Машки има - женски има !!!! Машките имаат страв од пуштање - зашто девојкиве се со (да ја доловиме ситуацијата сликовитo) - Глава горе, ни лево ни десно, цицки напред, минич до пич, коктел/коњак у рака, глуми недопирлива пи.ка, влезена е у некој нејзин фазон јас сум најјака риба у град, ќе и се приближи некој го гледа демек шо сакаш сеа - а уствари умира да и рече нешто, за да на крај на толку спремање и пицнување ќе им рече на другарките во 2:30 - ај си идеме тапа е, зашто уствари она не си дава сама шанса и нормално при излегување - глава високо горе и не гледа ни лево ни десно т.е. тргни се од патот - јас минам тука - стил.....Така е? - Така е ;)

    фала многу - чао пријатно
     
    На happynessss, babyblond, Go-Girl и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Еееее мистери бе легенда си што ке праиме без тебе на форумов :D :D :D
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Inna15

    Inna15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    хаха добра тема :)
    некако сите денес ми изгледаат ко да ја сакаат само таа една работа...и плус, се мноооогу недозреани...за мене личи дека не останале машки у скопјево :/ барем јас не сум запознала некој special :lol:
    како иде времето, се повеќе и повеќе се разочарувам...али добро, секакви има и секаде, не само во Скопјево ;)
     
  13. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Абе ги има..ама малку се и тешко е да ги најдеш! или пак сите таканаречени нормални се зафатени или се ориентирани кон сопствениот пол! ете така :D
     
  14. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Хахахха се изнасмеав со темава, дефинитивно не ни оставија машки во Скопјево, со лупа јас почнав да ги барам :)
     
  15. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Ималооо беее. Има. Има. :)
     
  16. Decibel

    Decibel Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2010
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Машки
  17. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    А има ли девојки во Скопјево? :(

    Или за тоа има посебна тема што неможам да ја најдам... :)
     
  18. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    зависи каква ти треба :) .
     
  19. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    хахахха девојки има ама зависи што срека ке имаш и на каква ке налеташ :D во секој случај опасно е во последно време и за машко а и за женско и мене не ми е јасно што се случува :?: ама што викаат надежта последна умира па се надевам на подобро ;)
     
  20. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Машки
    Има нормални машки само што им е преку глава од скопски шмизли кој само гледат изглед . ќеш и слично. Често сум по дискотеки и никако неможеш да најдеш девојка за да земеш да размениш по некој збор па да одиш кон друга фаза каде се нормалните девојки?
     
    На seksi и oliolivera им се допаѓа ова.