Има нормални машки само што им е преку глава од скопски шмизли кој само гледат изглед . ќеш и слично. Често сум по дискотеки и никако неможеш да најдеш девојка за да земеш да размениш по некој збор па да одиш кон друга фаза каде се нормалните девојки?[/quote] дефинитвно си во право точно е тоа дека сега повекето се по кеш,ама пак ке кажам не е се во парите тие се минлива работа.Па и за машките е истото (повекето) и на нив секогаш во очи им паѓаат екстра дотерани и нафурани тигрици па после се жалите само што можеби некое утро кога ке се разбудите до неа мозе и од памет да се извадите
Останаа ли машки во Скопјево? Шо наслов ќе беше Тука им се наоѓаат маани на машките од Скопје Не озбилно... Сигурно дека машки има, само што такво си е времето, се извештачија некои вредности па кутрите мора да глумат силеџии, фраери, мачо мени, Дон Жуани, милјардери и "Долина на волците" босови за да ги импресионираат кутрите мамини принцези, шмизли, лесни девојки, недопирливи заводнички и ненаситни спонзоруши... Машките разбраа а и девојките сигурно Има секако, не само во Скопје само треба да имаш среќа и вистински да си го заслужиш (ретки се исклучоците или добро се кријат) Work on it
хахаххахаха од лично искуство незнам да ти одговорам ама ке ти одговорам од искуство на еден другар хахаххаха се запозна така со една (тигрица) искачаа некое време,пага договор за на викенд,и будење сабајле и од памет се извадил која разлика ја има кога ја видел без 1кг шминка на неа па сега ти сам реши си како ке сватиш дали кога се разбудил видел MAЧE или можеби налетал на некој ужас и после пак вие по ТИГРИЦИТЕ нели
Хахаха, можам да му замислам фаца . Ама види, точно е дека летаме по нашминканите тигрици ама па затоа има едно машко златно правило, не се залетувај по ниедна додека не ја видиш сабајле без шминка . Си знаеме и ние што финти користите .
НЕ Е ЗЛАТО СЕ ШТО СЈАЕ - омолена поговорка но и на нас зенските не ни е лесно што налетуваме на машки од типот што го има така убаво опишано VITORIJA поззз до неа и се согласувам дека сите се некако во некое ептен тешко а и смешно филмче
дефинитивно после ова денес..не останале машки во скопјево..ги има..ама или се зафатени..или си креваат акции и пе**рчиња се..
Еве јас се согласувам колку и да се женските дигнати и се прават шмизли вас ви е многу потешко да најдете, така да ќе си барате игла (машко) во пласт сено ама со добар магнет може некоја има среќа . Јас веќе си имам разработено план А, план Б и план Ц како да си најдам некоја тигрица и од сабајле ако не успеам на нормален начин .
Какви времиња доаѓаат ќе ви треба и морзеова да учите и пак да не ви е сигурно (малку сеир на озбилна тема) . Ние барем тигрица преку ден можеме да најдеме вие ни тоа .
Затоа јас си барам дечковци надвор од Скопје Шегата на страна, секаде има добри момци само треба да им се даде шанса. Ако ние се дигнеме до облаците, носето го кренеме сигурно нема некој да дојде и да не повлече по носот за да го забележиме. А за ова тигрициве погоре, јас не мислам дека некој момак таква девојка ја гледа како потенцијална партнерка. А и тигрица бре, што збор ќе да беше?
Тоа е нешто слично, ко што жапкава бара лав, тигар, волк на пример Mожеш во главата да си ја замислиш комбинацијата жапка vs. лав...? Лавови мои морски, тигрови мои океански (или како и да ги викаше оној со ушите) каде сте, кај отидовте... за вас плаче жапка зеленаааа?!? Ги поминав тие болести . Не бирам веќе тигри, волци, лавови и слични домашни и шумски ѕверки... само свој сој, жабурчиња со меурчиња. Ги има нормално, го има само... само... уствари и од Скопје треба да е обавезно, пошто... може и просто да го начекате во Скопјево, а да е од некаде другаде .
Јас тука пак со една случка За жал не бев со девојкиве излезена, ама после ми раскажаа што се случило Во една од скопскиве дискотеки излезени сами 3 девојчиња просечни (другаркиве мои демек) и им пришол некој момак и најверојатно со претходно смислениот план и тактика им рекол девојки се кладев со другарот дека ако некоја од вас ми даде бројче ќе ме врати дома со кола ако не ќе ме остави со такси да си одам....така нешто сега незнам баш во оригинал да ви пренесам зборовите ки биле. После оваа изјава цуриве само упатиле енден поглед како - што ти е глупаку свртеле грб и си заминале. Па ми кажуваат - леле каков сељак беше.... После 10 мин. од овој муабет пак ми кукаа како нема асални машки во Скопје, епа како ќе има ако тие се прават пи*ки ипол, ако така ги одјебуваат сите момци кои ќе им пријдат. Дечково може не пришол на којзнае каков начин, ама ниту навредил некоја ниту ништо, а којзнае колку време собирал храброст и се мислел што да им каже....е ај сега.... Па и да не им бил симпатичен дечкото, барем познанство да проширеле, можеби другарот негов ќе бил убав а и девојкиве па не се мис-универзум Има уште една случка со истиве цури ама таа другпат ќе ја напишам, тогаш и јас присуствував ...само муабетот ми е, ИМА МАШКИ ВО СКОПЈЕ
извинете доколку сум навредила со изразот (тигрици) гледајки по градот како ли само се со екстра долги ноктиња од пластика и уште незнаат да одат (благо речено) а веке се на некои екстра штикли немаат ни 20 год а веке се заинтересирани за кеш,јаки коли и сл. а да не збориме за екстра кратки сукнички зарем не се случува тоа во градот????? нема врска кој како сака може да ги нарече а и секој си има свое мислење за се и барем тоа не е забрането да си го каже или можеби е забрането
Може треба да им објасниме како да ни пријдат. Мене баш ќе ме насмеее ако ми пријде со некоја излитена фраза т.е сеедно е како ќе пријде ако почне да оди муабетот. А ако дојде и само каже нешто, а нема муабет џабе му е. Ту за жал не возам ама со бус ќе го однесам
Прекрсти се и тргни со десна нога, во себе речи си Ај со Господ напред! Застани пред девојчето и кажи и ЗДРАВО и подај рака