Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Битно е како ќе пријдеш, несмее да биде навредливо или понижувачки :!:
    Само не ти требаат цитати од Аристотел и филозофии....едноставно и природно, најнормално :D

    Иначе според постовиве овде изгледа стварно е алармантна ситуацијата, се помалку има машки со храброст да пријдат.....еееее се менуваат времињата, сега жените се на потег :muscle: :rofl: :rofl:
     
    На srcekrsacka, XMaN и marama им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.440
    Допаѓања:
    91.722
    Пол:
    Женски
    Мене ми е важно да ме насмее, а како ќе пријде не е битно. Се дур не приоѓа да се запознаеме со едната рака подадена , а другата на мојот задник :rofl:
     
    На Trendafilka, oliolivera, Go-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Jani

    Jani Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Нашиве мапки појма немаат како да се однесуваат со девојче.. епа цури границите се отоврени сега.. пробајте надвор..
     
  4. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    Каква?

    Па пред се нормална... Да не те обесхрабрува со поглед само затоа што си посакал да се запознаете... да знае дека првиот впечаток може да излаже... да му даде шанса на момчето да ја однесе барем на едно кафе пред да донесе заклучок дека не и се допаѓа... да има сфатено дека има нешто слатко и привлечно и во срамежливоста а не само во фраерското однесување... да знае дека добрината не е наивност... а искреноста доблест наместо мана... да не мисли дека ружа на прв состанок, изненадно испратено љубовно писменце и романтика се само кореографија на црно-белите филмови...

    А да... ќе заборавев... и да не мисли дека смс порака половина час откако му го дала бројот е знак на очајност, туку едноставно културно заблагодарување за убаво поминатата вечер...
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Многу ми е мило што не отварате очи и не гледате дека уствари има навистина многу културни, симпатични и супер момци низ Скопјево, поголеми шанси за сите ние кои ги забележуваме фините момци :P
     
    На srcekrsacka, Jojoba, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Еве едно клипче, за типична скопска ситуација :lol: малце е долго, али прв пат да ми се допадне глумата на нашиве „актери“, а и дефинитивно одговара на темава :wasntme:
    http://aerodromskison.blogspot.com/2011/08/blog-post_06.html
     
    На srcekrsacka, zhap4e и happynessss им се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Градот во кој и мажите глумат оргазам...викаше Пикисипи :)

    Инаку не би да го обвинувам Марк, туку времево шашаво кое дојде. Има машки, има бе! Еден таков примерок кој стоеше до мене во клубот пред некое време, пробуваше да ми „влезе у шема“ постепено, со играње, со насмевки, со намигнување. Си велам - ај да те видам, му возвраќам со насмевка, си подзаиграв со него, пребацив по некоја реченица, онолку колку што ми дозволуваше музиката, а го гледам нешто као игра ама гледа на страна - абе Тошка стил, оригинал (се чудам од кај се инспирирал) и ко што игра, гледа во толпата и уз тупци тупци ми вика - Трајче Василевски, додај ме на фејсбук, ќе збориме на чет :D

    А згоден беше вака, и тоа бајаги. Филмска фаца. И он на мене - чет :D

    Има машки. Вистинските се на чет на фејсбук, само треба да ги додадете :?:
     
    На Smilly, mims-89, Go-Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Има машки, него еманципацијава не уништи. Сакавте жени да работите и машки работи ?! Е, еве ви, НА! :D

    Инаку во Скопје може се наоѓа по некој, во Велес е дупка празно - Офи е сведок. :!:
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Муабет помеѓу две другарки после 10 години од денес.

    Што има ново срцкa, како си :* ?

    Имам нов дечко :inlove: .

    И ти ли на Фејсбук го сретна :o ?

    Не, не, не искачам таму, на Google + :rofl:.
     
    На Divinebutterfly, oliolivera, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  10. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    иста сум јас ваква ама се омажив :D :D :D
    п.с.се шалам има девојки кои знаат да ценат и да сакаат.ќе си најдеш и ти таква ;)
     
  11. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    :) Па токму тоа и ми беше муабетот... тешко е во денешно време да налеташ на таква девојка... затоа што повеќето се веќе зафатени... но сепак, нели, надежта последна умира...

    П.С. Еден совет до сите девојки на форумов... Кога некое машко ќе ви пријде, и кога неговата почетна реченица ќе ви делува смешно...глупаво... пред да му завртите грб, размислете дека тоа исто машко најверојатно подолго време ве гледало и се трудело да смисли некоја реченица со која би го започнало разговорот... сега можеби не ја смислил добро, но сепак го направил тоа затоа што мислел дека вредите... и затоа наместо да му завртите грб после првата реченица која не ве импресионирала, дозволете му да каже и уште нешто... затоа што можеби еден ден после година, две, ќе бидете навистина среќни што не сте му свртеле грб после таа прва реченица... Исто како што не оставате книга затоа што не ви се допаднала првата реченица која што сте ја прочитале...
     
  12. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    26
    Доколку пристапот на едно машко е пристојно сепак ниту една девојка не би реагирала на лош (одбивен) начин :) ,освен ако дечкото е малерче па да налета на девојка со степен на култура во минус :!: е тогаш богами и самиот би се покајал што воопшто пробал.А се додека и пријдете на девојка на некој убав,пристоен начин,или пак да тргнам од себе не би одбила да разменам некој разговор со дечко кој би ми пришол со мала (а сепак привлечна) доза на шала :) ,на сите ни годи малку смеа и така барем мислам дека полесно би тргнал самиот понатамошен разговор :P
    И неможам сеуште да го заборавам едно приоѓање на дечко со реченицата-ДЕВОЈКО АЈ ЈАС И ТИ ДА ОДИМЕ ДО ЕДНО МЕСТО ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ :fubar: е ова ме вади од кожа :devil: мислам дека некои па и си земаат преголема слобода незнам зошто но на оваа реченица сепак ке реагирам одбивно па колку сака нека е и згоден и убав кога културата му е во минус :)
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Ме пресмеа Пирамида со ова за четот :rofl:

    и ми текна да споделам една моја случка, сум заборавила има пола година од тогаш.....со друштво бев во еден клуб и машки и женски бевме мешано, а до нас на сепарето само машки и јас уште на влегување фрлив 1-2 погледи да видам некој симпатичен моево око да улови и имаше не 1 туку 2 симпатични :D Ама дека бев со машки во друштвово мислев дека нема никој од таму ни да се осмели да фрли поглед и да пријде, нема врска јас си се забавував и си играв со сите пошто ми се другари...па после некое време уз играње туку гледам двајца од таму се приклучија на кругов што игравме и испадна еден баш до мене да игра, па како што си бев расположена и разиграна си продолжив да играм и со него :$ ама се уморив и седнав, седна типов до мене и ми вика уште да играм ама неможев морав да одморам и вика да не ми прави проблем случајно што седи до мене (заради машкиве околу). Кажав дека нема гајле и почна некои општи муабети ама од гласната музика неможевме да се разбереме убаво (а и од алкохолот во крв малце :lol: ) вика -ај понастрана од музикава да може да се разбереме, отидов се посмеавме малку 2-3 реда муабет и си се смувавме, се вративме поигравме уште малку и на одење накај дома разменивме број....приказната не продолжи понатака остана на тоа мување, познанство и муабетчиња, фино беше меѓутоа....јас си имав друга мета во глава, а исто и тој....само ете си поминавме фина вечер и двајцата :D

    Ете ти машко со храброст да пријде и покрај толку мажи околу мене што навистина ме зачуди и да не користи некоја излитена фора туку спонтано и прородно да се случи се :)
    Искрено таа вечер ни на крај памет не ми беше дека ќе се случи такво нешто, бев излезена да се забавувам....па можеби и тоа помогнало до некаде за тие од страна што гледале расположена и опуштена девојка која се забавува, а не некоја намрштена која седи со прекрстени раце и чека некој да ја расположи.....ама си се испофалив :tmi:
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Дали останаа машки во Скопјево? :^) Не би рекла
     
  15. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки


    Ти тоа сериозно? =)
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Најсериозбилно,се исчурело,или се зафатени или се манијаци или не знаат да се однесуваат со девојче.
     
    На oliolivera му/ѝ се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    А женски сме останале ли? Ако сум женско, ме нервира ова етикетирање.
    Општо, не само во Скопје, цела Македонија ја има фатено некој ванаби Холивудски бран, што кај нас е повеќе турбо-фолк стајл а ла упицани Бугарки/Српски спонзоруши и машки шмизли со розова папуча.
    И од двете страни постојат оние кои премногу бараат а премалку даваат, па после кукаат. Трагичното во ова е тоа што тие т.н. attention whores (и од двата пола) ја сочинуваат „шемата“ во еден град и поголемиот дел (читај:простата маса која за жал, на денешно време ја сочинува 80% од населението) трчаат по нив, додека финиве се на страна „заборавени“ од секого.
    И? Што се случува?
    Нафураниве си акаат корпи на се` живо, си прават филм, го фаќаат Бога за м**иња итн. Недај боже пак некој „под нивно ниво“ да им пријде...го направат да се чувствува како најдолно нешто на свет. И после овие што изеле корпа им лепат етикети на сите женски во глобала и си ветуваат себеси дека нема веќе да се пуштаат на никоја. Од друга страна посматра уште некој од последните мохиканци т.е. фините, и си се разочарува бидејќи си помислува дека штом таков „фраер“ (во негови очи) одбиле женскиве, него сигурно нема да го сакаат, па си набива комплекси.
    Исто и женскиве. Кај нив пак преовладува комплексот „Види, сите се пуштаат на онаа, каква е згодна, па сигурно мене ваква никој нема да ми пријде.“ и се повлекуваат во себе и си прават филмови за шармантен принц кој ке им тропне на врата дури си ја цедат крастата од носот и ке падне на задник од нив и ке си живеат среќно. Right!
    Или пак мохиканците од двата пола, ке почнат и тие да се фураат, мислејќи дека така ке бидат забележани и после пак истото, и тука настанува општа катастрофа и депресија.
    Едно маааало спуштање на земја не би било на одмет, сигурно првото приоѓање нема да ни открие се` за личноста па одма да прицениме од една pick up line колку е тој/таа некој/а за нас.
     
    На oliolivera, marama, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    А девојчињата знаат да се однесуваат секогаш кога (едно од тие ретките) машки им приоѓа, нели?
     
    На calliope и Go-Girl им се допаѓа ова.
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    И ние не сме китки за мирисање :D :D тоа го имам кажано некаде.Шмизли јебеш га,таква срека
     
  20. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Не останаа, Битолчанките и Стумичанките, сите ви ги зедоа, хахахахах!!! се зезам :D