Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Мајка ми ми велеше да не си најдам дечко во средно, бидејќи сеуште не се зрели, не се сериозни, вака, така, а моите другарки оттогаш беа верени со некого. :^) И ми велеа-штом не си нашла во средно, никогаш нема да си најдеш. Е добро де, ќе видиме. Има машки, ама нешто не е во ред со нив, ни јас не сфаќам. Сега кај нас, се е обратно. :?: Мора јас да сум таа што моли, таа што издржува притисок, и што не греши. Strike one, ur out! Ете, такви се кај нас. Па после молење, извини, вака, така. A-a! :!:
    Тоа кој сака, јас не. Или се премногу срамежливи, или премногу несигурни, или премногу незрели! |( :doh:
     
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Не знаат. Поради сликите кои ги имаме создадено едни за други, и поради тоа што во глобала повеќето мачо-сељомени се служат со мутави, непристојни фрази, девојкиве имаат страв дека и овој ке е таков и обично уште кога ке го видат дека иде накај нив, иде некоја реченица во глава „Леле којзнае каков сељак е овој сега, којзнае што ке лупне.“ и автоматски викаат „не“ без разлика како ке им пријде типот.
    И фин да е, го јаде стапот врз основа на општоприфатеното мислење и стравот дека ке е ист како и дотогашните кои сочно и` се пуштале.
     
    На viks5, marama и Nightwalker им се допаѓа ова.
  3. Ivycka

    Ivycka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    32
    Абе се наоѓа по некој асален ама ретки се (затоа јас најдов од друг град :$ ) :)
     
  4. stevocar

    stevocar Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    10
    Абе зошто така зборите?
     
  5. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Па сериозно, кога не сум сретнала таков во овој град, ако има исклучоци јас на таков не сум наишла
     
  6. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Ќе наидеш, порано или подоцна. Но со таков став, многу потешко од очекувањата...
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lo.OsT

    Lo.OsT Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Не сте наште вистински машки зошто се кретени барате мислите дека бред пит ќе Ви дојде вас да ве праша дали сакате да му бидете девојка -.- треба да се симнете на земја вие женските зошто треба да си ги пуштите ноџињата колку ви е чергичето ! и ало чекај малце ако е машко кое се срами не е дебил ако барем собрал храброст да ти пријде , па запознај се нема ништо да ти се случи,а ако му речеш нешто од типот --- Дечко ае прошетај !!! тогаш тоа си е знак на недостаток на култура ...... крај краева и можеш на културен начин да го откачиш ако не ти се допаѓа ;)
     
    На mims-89, Nightwalker и Go-Girl им се допаѓа ова.
  8. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Најтвокер, погрешно си ме разбрал, не барам никого затоа што веќе си најдов, не во овој град затоа што не сретнав некој по мојот вкус, што не значи дека ги нема, туку дека она што го барав требало да го најдам на друго место...

    Не лути се но не можеш да знаеш на кого колкаво му е чергичето, различни луѓе сме со различни потреби и карактери, кретени никоја паметна не бара, зависи и ти што подразбираш под кретен, жал ми е ако си сретнал некоја арогантна која невоспитано се однесувала, ама и вие машките треба да знаете да процените каде сте пожелни а каде не и која е културна а која не ... И без срамење и собирање храброст момци, на повеќето од жените тоа не им се допаѓа, повеѓе самодоверба и спонтаност
     
  9. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    33.879
    Пол:
    Женски
    Пред да си го поставите ова прашање, размислете кои се вашите критериуми при избор на момче,
    дали имате преголеми очекувања, преголеми барања?
    Тргнете најпрво од себе, можеби проблемот не лежи во околината туку во нас самите. Најлесно е да се обвини другата страна, но не заборавајте дека не сте совршени, бидејќи никој не е совршен.
    И женските и машките знаат многу да пребираат, но не заборавајте никој не е без маани. :!:
    На крај одговор на ова прашање - секако дека останаа машки не само во Ск туку насекаде, само треба да ги отворите подобро очите и да се приземјите, ќе ги забележите сигурно. ;)
    Секој со својата среќа, никогаш не се знае каде ќе ја пронајдеш својата половина.
     
    На Lo.OsT, EleMental, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lo.OsT

    Lo.OsT Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Поздрав и до тебе и Сакам само да напоменам дека "денешнава младина" се расипува и не ги бранам машките и тие не се цвеке за мирисање али те молам .... Што е тоа "Пичка ипол сум сеа ако идам со 5 години поголем од мене "??!! wait a second Не личи и не е вкусно тоа за гледање од страна .... Расипаност и парите ја згазија Љубовта !!!Поздрав до тебе уште 1 и не сметај ме дека избрзувам за некои работи само немозам многу да се воздржам :lol: :lol: :lol:


    Секоја чест многу добро објаснето .... БраВо :) :) :) :)
     
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Што бараме?Некогаш и ние не знаеме што бараме,ама сепак основни работи кои ги сакаме се љубов,искреност,почитување.Зарем е премногу ова?Не,колку што знам.Знаеме да сме пребирливи,но некогаш можеш да се заљубиш и во мошне непривлечно момче ама за тебе да биде најубаво нели ;)
     
  12. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123

    Слушај сега вака , не сакам да се навраќам на теми каде што веќе сум дала мислење , јас знам дека младината се расипува , но ти што трчаш по расипани девојчиња ако е така ? Што не си најдеш некое нормално девојче ? Не одат сите со 5 години постари од нив , повеќето не одат јас колку што знам , но и да одат некои , па што ? Не мора да значи дека тоа е од што сака да се прави тоа ти што си го напишал , не знам како се изрази , туку едноставно таков сака ? Не се баш сите расипани и парајлијки , но ти зависи какви бараш ...
     
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Абе бегај тамо кажуваш на некоа девојка , дека е многу убава дека ја сакаш и бега од тебе ко мачка од куче

    после машки дали останале , па нема да останат
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Па збркај ја де додека не се умори па може ќе ти дае (некоја може и намерно да се сопне :lol: ) а ако те изгребе 5-6 пати по ред батали ја и бркај друга мачка :lol: :rofl:.

    Барем мачки, тигрици, лавици, орлици и сите други гребасти животинки од женскиот род ги имаме на претек у државата :lol: :rofl: .
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.758
    Пол:
    Женски
    Како прво, мораш да го промениш овој начин на размислување. Ова мене ми личи на завист, ништо повеќе. Мораш да сфатиш дека убавината е релативна, а тие „грди“ девојки како што ги викаш ти, имале храброст да направат прв чекор, т.е му дале шанса на некое типче и покрај тоа што не одбрал баш оригинална реченица за запознавање. Не го откантале одма, туку решиле да се дружат, па што ќе биде, нека биде. И притоа не подразбирам мување, туку едноставно, дружење. Машките го ценат тоа. Затоа девојките не треба да изигруваат ледени принцези, напротив. И претходно имам пишувано за ова, и пак ќе пишувам, иако може никој да не го прочита. Не велам дека сите машки се цвеќиња за мирисање, ама дека има фини момци - има секаде, исто како што има и фини девојки. Нормално, секогаш ќе има и девојки и момци со култура на однесување - нула, ама таквите на километри се намирисуваат.

    Теодора чинам спомна дека момците не читале body language, демек ако некоја девојка седи со скрстени раце и нозе, значи дека не сака никој да и' приоѓа, ама искрено, машките приоѓаат затоа што сите ледени принцези во денешно време така и се однесуваат, па не знаат која е отворена за дружење и приоѓање, а која навистина не сака да и' пријде некој. Седат со скрстени раце и нозе како да се без желба за дружење, правејќи се тешки за освојување, а всушност одвај чекаат да им пријде некој. И тој некој, таман ќе собере храброст, таман ќе им пријде (а се погодило да не исполнува некој нивни критериум за убавина - да се разбереме, убавината е навистина релативна и прашање на вкус), уште пред да прозбори ќе биде проценет како уште еден „сељак и манијак“. Шанса за поправен нема да има, иако не згрешил ништо.

    Не велам дека момците се совршени, јас само од моја гледна точка и искуство кажувам какви се голем дел од девојките кај нас. Сите се принцези на мама и тато, и не смее ништо помалку од најдоброто да го добијат, ама понекогаш тоа најдобро се крие зад аголот ;)

    Момци и девојки, дружете се - и без многу големи очекувања и високи критериуми - љубовта доаѓа кога најмалку се надевате! ;)
     
    На marama, zhap4e, kejt25 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јипман ке се осудам да ти кажам дека не си во право,зошто?И ние бегаме девојчињата некогаш но не значи дека и вие момчињата не бегате.
    Еве ке кажам пример.Еден дечко и се додворуваше на другарка ми кој смртно и се допагаше.Само за него зборуваше,и што знам таму.Кога дојде време да излезат и кога таа му ги призна чуствата тој избега,се уплаши и повеке никогаш не ја побара,поминаа од тогаш добри 2-3 години.
    Еве јас признав на оној кој го сакав чуствата(веке се блокнавме :D )и што добив со тоа?игнор само и лошо однесување ништо друго,така да и вие не сте китки за мирисање.Можам да кажувам вакви примери до утре сабајле ама денот само што започна,не сакам да се изморам уште сега :D
    Еве јас никогаш немам бегано кога некој ми спомне дека ме сака,туку баш напротив,искрена сум и кажувам што си мислам,дал го сакам или не.Бегање никако.
     
  17. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Пак на темава се спомнаа мачкици и тигрици, па еве една песна :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=1scZw52dzpA

    Ајде шала на страна сега јас сакам да раскажам уште една ситуација од моето секојдневие....од порано е, може има 3 години од тогаш поминато, ама сега ми текна.....да ви кажам дека ниту јас не бев отсекогаш со вакво размислување како сега и толку ај ќе си земам за право да кажам искулирана во комуникацијата и приоѓањето.
    Ај да раскажам, летно време, летна дискотека во градски парк....јас и уште 3-4 девојки на подиум, претходно едвај ме намолија да излезам, а мене не ми беше баш најдобро и главата ми пукаше, викам ајде може ќе е подобро отколку дома да седам, аналгинче и право на журка. Земав некое сокче во дискотекава и онака млитаво се движев во ритам на музиката, незнам како сум изгледала од страна, ама знам дека другаркиве се обидуваа да ме расположат и ај за атер нивни намонтирав една насмевка. За отприлика саат време, откако влеговме некој позади мене ми вика извини девојче, се свртев и гледам непознат лик, се обидувам да се сетам дали го знам ама не, ниту него ниту тие 2 со него што беа. Ми вели може ли да се запознаеме, викам ОК пружив рака и кажав име, се запозна и со другиве девојки и направи 2 реда муабет, ама мене едноставно вечерта не ми беше дојдено до дружење и ширење познанства, па затоа по десетина минути кога се обиде нешто мене лично да ми зборува и да ме убеди да сме играле, јас само одмавнав со глава и реков извини неможам, постоја уште некое време дечкото со другарите тука до нас и си отиде.
    Можеби излегов кучка и дигната, ама тоа е.....барем пружив рака и не го избламирав пред друштвото.
    Еве како во овој случај, понекогаш реакциите на луѓето не се врз основа на некои предрасуди, филмови и слично, туку сосема друга е позадината....лош момент, или жолта минута....па баш тогаш некој "ќе го јаде" и ќе оди после да ја раскаже случката од свој аспект, со сите тие лоши епитети и генерализации :)

    П.С. јас може малку повеќе замарам на темава со случкиве, ама ај можеби некој ќе извлече поука.....а несакам да пишувам генерално, зашто доволно филозофиравме во повеќето постови на темава :D
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.758
    Пол:
    Женски
    Убаво од тебе Гоу што ги споделуваш искуствата :clap: , понекогаш така подобро се согледуваат работите, отколку со филозофирање и генерализирање.
    Pelikuna, немој да ги цениш момците според она што ти се случило. За така да избегаат, има две причини: или признавањето на чувствата дошло прерано (па ни јас не сакам бре на први состаноци одма некој да ми се лигави колку ме сака... од каде ме сака без да ме знае и познава? :^) ), или пак едноставно тие момци се ловци - штом освојат една девојка, одат на наредната. А таков не ти треба.
     
    На kejt25 и Go-Girl им се допаѓа ова.
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Знаеш има истражувања кој викаат дека машкото може уште на првиот состанок да познае дали таа е вистинската
    кај понежниот пол треба 5+ состаноци па да се знае нешто :D
     
  20. kejt25

    kejt25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    8
    Не се сложувам со тебе Yipman2 дека на девојките им се потребни 5 состаноци за да проценат дали маското е вистинското , напротив устражувањата покажуват обратно дека женските се тие што побрзо проценуваат , а што се однесува до отварањето на првиот состанок и признавањето на чувствата потполно се согласувам со Аннатх , се губи цела магија на привлечноста со отварањето пребрзо .