Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073

    Со кој памет признавате чувства на прв, втор, трет состанок. Луѓе во години не си ги признаваат чувствата, а не па вака.
    Мене некој да ми го каже тоа и јас ќе избегам, мислам нема потреба од такво нешто. Како прво изгледа ко лигавење, како лажење, како сака да те смота за да те легне и такви работи.... Второ ти ја убива желбата за да го запознаеш подобро, ако некој ми се допаѓа продолжувам да излегувам со него, дури и да се затрескам на прв втор состанок, зошто би му кажала што чувствувам за него.
    Тоа нема поента. Ако на некој му значам и сака да продолжи со мене може да го покаже тоа со ситни знаци на внимание не да ми се отвори, а ни се знаеме ни ништо.
    Чувајте си го тоа за себе. Дефинитивно е лош старт ;)
     
    На XMaN, marama и Hiii им се допаѓа ова.
  2. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    изгледа не останаа машки ;(
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.441
    Допаѓања:
    91.725
    Пол:
    Женски
    Па добро бре девојки сите викаме дека сме убави, паметни, а момците шетаат низ град со грди девојки и глупи, тоа значи дека сите сме неспособни, м? А да заборавив јас имам дечко и тоа значи дека сум глупава и грда, а момците се палат на грди девојки. Бог да чува сте. Ако седите дома и не знаете да сврзете два реда муабет до вас е проблемот. Плус како тука нема момци мислам на оваа тема, а сите прашувате за совет во темана -Совети од машки?
     
    На mims-89 и XMaN им се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Која е логиката 14 годишно девојче да го напише ова?
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не и испракал срценца на фб изгледа па е разочарана :wasntme:
     
    На seksi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Машките се фолирааат
    Девојките љубов негираат

    Па каква е оваа ситуација
    Каква е оваа ситуација

    Таква е оваа ситуација
     
    На WildCherry, blueeparadise, De-lovely и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    јас до сега бев сингл не сум била со никого и на фб не се замарам но тоа што сакав да кажам е дека не останаа машки кои се искрени
    барем јас на тоа мислев :!:
     
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Но, од каде знаеш кога не си била со никој? Имаш премало искуство за да напишеш такво нешто.
     
  9. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Машки
    Проблемот е токму во девојките и тоа што незнат што сакат! Фините момци обично ќе им пријадат а убавите девојки одма сакат некој ко Бред Пит или Вин Дизел и одма корпа и после сами биле па ги откачиле блал бала. Токму затоа машките се повеќе почнуват врски со понеатрактивни девојки пофини се и поспуштени на земја
     
  10. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Јас мислам дека ти си постара и ѓи почитувам постарите нооо те молам не ме сваќај како глупо и некултурно девојче но после тоа што им се случи на моите другарки незнам што да мислам бившите на другарките беа со нив само заради нивните гради
     
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Немало машки, немало женски. На крај ќе испадне Скопје да го преименуваат во Гагаград, зошто само хермафродити остануваат.

    Извадете ги од глава сите амерички лимонада филмчиња, сите потресувања, трескања од земја. Јас не знам по толку анализирање како не ви прснала вратната артерија. Има женски, има машки. Ако не знаете како да пријдете/да ви пријдат, проблемот барајте го во себе а не во спротивниот пол.

    Точно дека нереалните очекувања се нус-појава и кај двата пола заради привидот на совршенство што ни го сервираат медиумите, ама не верувам дека некој би останал рамнодушен кога ќе запознае фин дечко/девојка и ќе ги почувствува првите пеперутки во стомак. Тогаш и салестото меше на либето ќе ви наликува на совршено обликуваниот абдомен на некој познат глумец/глумица.

    Припичувањето одамна излезе во мода.
     
    На Phyramide, Lilliana, Theodora и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Lo.OsT

    Lo.OsT Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Хахахах Па нормално дека ке нема машки .... Бред пит и вин дизел не живеат во Скопје .... Девојки спуштете се на земја и барајте нешто што ви одговара а не оној принцот зашто ке ви дојде само коњот кој само ке ве однесе дома намуртени и после зошто сте биле сами !!?? ... И малце култура покачете , луѓе сме муабет правиме и да се запознаеш со некој што не ти се свиѓа нема да биде крај на светот !!??... Па знаете понекогаш и огледалото лаже не сте ни вие принцези ниту ние принцеви .... Мислам бев јасен :D :D :D :D
     
    На LilMissBossy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.441
    Допаѓања:
    91.725
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да си кажам пример. Излегуваме со сестра ми. таа е многу посрамежлива од мене и не сака многу запознавања. НИ приоѓа еден момак и ни кажува дека сме многу убави. Таа му се насмевна , јас му реков фала. И застана момаков муабет да ни прави, се гледаше дека е заинтересиран за неа. Ќе ја праша нешто ќе му одговори и ќе ја сврти главата, пак ќе ја праша оваа пак исто. И мене ми стана незгодно почнав јас разговор, момаков окапа со нас. На крај ми побара број, се разбира не му дадов, но си направивме муабет.
    Муабетот ми беше зошто да не поразговарате со некој, кога тој собрал храброст да пријде?
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ми се може да бирам и ќе бирам, зошто да не :)
    Како што имаат женските вакви очекувања и вие мажите не сте баш скромни.
    Има и момци и девојки, не само во Скопје туку секаде, само треба на секој да му се пружи шанса и да добие третман кој го заслужува ;)
     
    На Estelle, XMaN и Pelikuna им се допаѓа ова.
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Со извинување али да цитирам еден статус од Фацебук кој се однесува од девојче кон машкиот род


    - "Kolku si opasen ne me zanima samo si losh i dosaden seljacino dzabe se primash. Mozesh samo da seresh no nemozes da me dopresh ;)
    Pusi mi go ;)"



    |-) :fubar:
     
    На Izaabella и mims-89 им се допаѓа ова.
  16. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    УФ, срамота.
     
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не знам што толку се припотресуваат луѓево од одбивање. Што е битно како ќе те одбие кога резултатот е ист, ти рекла НЕ.

    Дали ќе ми каже на културен или некултурен начин и не ми игра некоја улога. Дури може и да е пофино да е девојката пооштра за да не си имаш лажни надежи дека треба пак да пробаш и нема тука никакво лутење и правење драми, барем си знаеш на што си :).

    Како сака нека ме одбие нејзино право исто како што е и мое веќе да не ја рецкам и да си бркнам друга :).
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ги има таквите XMan,не знам зошто воопшто се чудеш.Секој е со различен каректер и различно ги преболува корпите.Ке кажам еден пример за другарка.Кога одби еден додворувач тој полуде.Па и плачеше пред очи:Зошто ма не ме сакаш?Ми падна жал за него ама тоа е.Плус не си одговараа ни малку.
    Корпа си е корпа.Секако дека нема да ти е сеедно ако те одбие цурата.А си собирал храброст цело време да и пријдеш за ништо.
     
  19. Lo.OsT

    Lo.OsT Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Има секакви надр*ани машки Пеликуна :rofl: :rofl: :rofl: али и женскиве собираат храброст да се пуштат на :D мангиве( машкиве) :D само што мислат некои дека се кралици и дома сами се враќаат .... Малце разонода ова - она лаф муабет праите колку да се каже нешто а не Ќутни -бутни :!:
     
  20. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Леле, темава... :drunk:

    Еве вака, јас како застапник на (не)постоечкиот машки пол во Скопје, официјално кажувам дека во Скопје не е останато ниту едно е*ано машко...
    Сите што ги гледате се или привиденија, или пешковци, или со афинитети кон животни... :rofl:

    Така де!
     
    На Phyramide, mia9184, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.