Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Има има како немало...само све скренале...кој на лево кој на десно...
    не без зафрканции...не е тоа што порано било...јас искрено незнам или е до мене или ова што денес скопските"фраери"го прават стварно не е во ред :envy:
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Не да останаа. Со новиве подесувања на Фејсбук сеа ќе видите сите како ќе искочат на виделина - само Чак Норис се снаоѓа со боцкањево моментално и со искажување на виртуелна љубов.

    Готово. Заврши ерата на виртуелната еротика.

    Така да...ајмо у напад. Ама онака, реално :)
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    И сега....?
    Последниве страни уназад што ги читам (сега ќе ми извините на скопски дијалект) као нешо ау сите се трудат од петни жили и даваат се од себе да си најдат некој, сите се фини мили културни и паметни, не глумат, не се ладнокрвни и ПАК нема, не се наоѓа...........а да не се такви само овде на форумов на пишан збор, а на дело друга песна, а да не случајно мислат дека се такви, а оддаваат впечаток на поинакви во реалноста :?: :?: :?:

    Ај вака - да поработите малку на себе, психички, физички, интелектуално....ма било како, да се посветите на себе, да блескате од самодоверба и да зрачите со позитивна енергија, па ќе видите што ќе се случи ;) доста со песимизам и негативни мисли и мрчење, ок?!

    мажи, жени ....подеднакво важи за сите, не правам полова дискриминација :P .....ако сакате послушајте ме, ако не само скролајте ме :lol:
    Е морав пак да се вмешам во дискусијава :rofl: да напоменам само и јас го немам најдено сеуште примерокот од спротивниот пол кој мене совршено ќе ми парира, но работам на случајот :angel:
     
    На Chocoholic.girl, GeorGinnA, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Побарај ги на Svet канал тамо пише

    -Машко 36 год бара дама за сериозна врска ....
    -Згодан дечак са 20 година бара сериозне даме за врску без врску ....


    1. Фала за убавите зборови , следниот пат кога ке гласам на форумџика на годината ... ке го погледнам твоето име и ке помислам на ова


    2. Браво за ова оти е стварно точно колку знам луге , па дури и мене ми се случи ... да бидат откачени машките само заради некои од овие состојки кој ги поседуваат или поседувале.....

    3. Можеби господ не ги сака .......а и знаеш има секакви трачеви ... на пример Црвенокосите ги убивале мажите после секс и затоа страв им е на сите :lol: :lol:


    4--браво за мислењето би ти лајкнал ама не те сака форумот

    Информација

    Невалидно допаѓање



    Него да направиме еден мал ехсперимент (не е грешно напишано)

    идете у некоја локација
    Гледате 3 машки лица

    првиот згоден ко Џокович у тело раскошен ама искористувач и лош карактер
    вториот попунет малце онака 95 кила со обична облека али добро срце
    третиот со лоша фаца али нормално тело со срамежливо срце али голема почит кон девојките

    и кој прв ке го одберете , т.е на кој ке се пуштите прв? (притоа незнајки ги нивните карактеристики)
    70‘% на првиот 20 % со другарките ке останат 5% ке идат да се начукаат 5% ке се дружат со 2 и 3 машко

    ете го проблемот , скопје полн со оптички варки (машки) сега решението колку сте добри во откривање на тие оптички варки

    - затоа треба да се активира мозокот на 10 ниво (се претпорачува да се играат карти и шах на Компутер наместо Im a Barbie girl na facebook )





    И ке ве замолам уште нешто да кога ке правите муабет со некој срамежлив дечко да не истакнувате вашата sexсуална згодна страна бидејки така испага " Me girl your argument is invalid " и дечкото ке отиде дота да игра ....... :fubar:
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ја сакам твојата смисла на хумор :D

    Извинете за оф топик,идемо даље.

    Во врска со 3те момчиња.Би го избрала вториот или третиот.Ако е грд бе,барем ме почитува.Нека биде најубав на цел свет џабе му е ако нема грам мозок.Ако е буце бе битно има срце ама знам дека ке ме сака(можда).
    Мај опинион ;)
     
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Абе сеа моето истражување е точно


    ти викаш вториот и третиот
    а сепак цело време пишуваш како си со првиот.....


    е ајде де
     
    На mims-89 и Mistery им се допаѓа ова.
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Хахаха па кога би бирала би бирала мегу вториот и третиот.Првиот не го шишам повеке.Enough said.Си ја кажав ситуацијата од која сум разочарана да не се повторувам и кое ме натерало така да мислам.Ајде бе имало машки.Ама кај се добрите да одам да си најдам еден што навистина ке вреди да го сакам а не да се прави цело време човек со ангелско лице а уствари е гаволче и на кое му признаваш чуства се плаши |( Ни беше убав ни беше грд,просечко.Ама тоа е тоа.Паднав на тест по втор пат.

    Ајде добра нок или добро утро :wasntme:
     
  8. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    каде? кога ќе учиш иди у читална...изложби и музеј се малце така по сериозни и ќе видиш доста интелигентни фацки таму.....од друга страна читална на некој начин покажува дека дечкото се грижи за својата иднина....така да почни од таму, а карактерот ќе му го запознаваш постепено.....иди на градежен/архитектура, ваљда ќе налеташ на некој ;)
     
  9. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Вториот- ако е дебел може да ослабне,облеката може да ја промени, но срцето останува.
    Ако не ги знам карактеристиките прво би се дружела да ги запознаам. (Никогаш не ми бил доволен само надворешниот изглед)
    Што се однесува до третиот ако лоша фаца=доста грдичок тогаш треба многу,многу време дружење за другите, позитивни работи, излезат пред фацата т.е кога го гледаш во лице, не ја забележуваш фацата,туку срцето,добрината,почитта итн.
     
  10. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Пак јас на оваа тема.
    Ко прво вие срамежливите и пребирливите, а и оние фраерите бре бре. Отворете ги малце очите. Не секој ден среќавате девојка каква што посакувате. Земете чекор, и да ве откачат што. Ништо. Барем знаете на што сте. А тоа какви муабети слушате или како ви изгледа некој на прв поглед, не мора да значи дека е така. И тоа муабети од другари ваква е онаква, а и она ако веќе на другар ви веќе ви се свиѓа, не мора да значи дека таа е за него, туку е баш за вас. Пробајте си ја среќата. Зашто така да се мафтате во животот, кога може да имате некој покрај себе кој ќе ви го прави животот поинтересен.

    Поздрав.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  11. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    И да после ќе ја гледате со друг на фејсбук. И да чуди се ангеле, ќе биде работата. Аман веќе, колку сте прости.
     
  12. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Ете овој коменар кажува дека нема нормално машко.
    Значи четвртиот ќе биде машко со просечен изглед, добар карактер и паметен.Фала богу не барам нешто невозможно но тешко е да се најде вакво машко.Не дека ги нема ваквите, ги има но во мал број примероци :D
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Зависи што подразбираш под нормално машко :D. Мене речи ми дека сум нормално машко и ќе го сфатам како навреда :D.

    Инаку машки со просечен изглед, добар карактер и просечна интелигенција имаш еден куп да бираш а ако сакаш со надпросечна интелигенција, добар карактер и плус малку мангупски тип е за таков ќе се помачиш да најдеш :D.

    Обично интелигентните бараат иста таква или уште поинтелигентна па биди спремна да парираш што не е секогаш лесно :D.

    Пс. Морав малку хумор во темава ептен озбилна ја направивте :D.
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Пффф...абе луди жени, ами пред нос ви се бе. :D
    Ако нејќете да се пудрите, црвите и белите за да ги сретнете во град, ќарете ги беќариве што ви се ама баш точно пред вас.
    Ееее, тоа е. Лекот е пет пари, ама кој го знае.
    Е, Георгина го знае де


    Мистери....згоден и неопходен. Лично момче Македонче, со тоа таралчето ала Џоли, па едно Аполонско тело, па еден поглед што пара срце и вени. Арно ама, трчи лажи е...ги освојуваше , заведуваше и Лилит и Сесилија и Росоњерка, ама нашол нива кукуруз кај да сади. Пффф... 8) Паметно момчешко створење, со изострен сенс за музика, елоквентност, интелегенција и исклучително напрчено свое јас у преден план.


    Најти...ол мајти ...исклучително интелегентен машки примерок, би рекла еден од ретките во напливот на потенцирање мушка снага :rock: Јас го обожавам затоа што не пати од балкански синдром тупаница на маса, значи неговите погледи на светот се подалеку од сопствениот нос, интересен е, духовит, забавен момак. Висок, строен и мил. Симпатичен е...


    Иксмен...иако од старт не ми беше еден од омилените ликови, не дека има исклучителни промени во мојот став, но :!: за доста работи најверојатно сум имала грешна проценка. Признавам! :) Најверојатно е згоден дечко, пошто се перчи ко паун за неговите фитнес подвизи, он ти е нешто као ин хелти бади хелти гоуст :D што најверојатно нема да им парира на некои слични на мене, оти ќе треба очите да му ги ископам ако ми преврти очи додека мљацкам некој сочен стек :lol: ...Интересен дечко, разумен, шо би се рекло има муабет во него.


    Јипмен...мене момчево ми е срцка значи. Физички не го знам, не ме ни занима...доволен ми е фактот што поседува харизма доволна да го стопи и најголемиот намќор. Забавен, интелегентен, со некоја исклучителна детско позитивна смисла за хумор...го доживувам баш ко срцулка, да го грабнеш и да бегаш

    Елементал...овој бре многу е умен. Најверојатно е секси момак, не кажувам од кај знам стоп оп :!: ...она што ме бендисува кај него е моментот што знае што сака, од себе, од другите околу него. Јасен и гласен во своите ставови, не пати од комплекси на комшиски сеир или у превод му чуе кој што и како рекол и затоа го поштувам мноЗу

    Сите заинтересирани со ЛП нека се обратат кај мене, главната лицитација ќе биде за некое време.
    Значи ќе бидам зафатена со спроводаџиски активности и лично еве ќе се заложам, да усреќам некои невести од тука...

    Па после кажујте дека знам само да мрчам

    Акцијата ја прогласувам за отворена...3...2...1...СЕГА!!!
     
    На x.Daisy.x, Neytiri, zhap4e и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Георгино, немој молим те да пушташ лицитација, јас колку шо ги следам момциве, не ќе да се баш сингл па после ќе отвараат феминките теми - како да го разделам од девојката :D

    Не знам зошто толку сте запнале дека нема машки. Јас би рекла па и девојки нема баш. Да бев сега машко веројатно ќе добивав едино редовна партија секс и тоа е тоа. Тажно но испразнето ќе се враќав во своето дувло очајувајќи по нормална девојка која знае да направи нормален муабет. Ко за почеток. Зготвената турлитава би му дошло као чекор број 2 :!:

    Озбилно го праев муабетот со еден тип со кој се запознав во Парадизо. Добив воедно комплимент дека сум као демек, аут оф спејс. Му викам дај не ме мавтај со комплименти. Точно е - немаше зошто да ми ги дава непотребно, јас си знам затоа што од извесна битна причина сум му табу. Како и да е, паметен, згоден момак, у најубави години но - САМ. Му велам што се дешава?
    Вика е вакви ко тебе опуштени не се дешаваат. Градот е преполн со Мона Лизи и со напрчени патка фаци. Никој не знае муабет да ти направи, и тоа квалитетен. Ако пријдеш си - сељак. Ако не приоѓаш пак си сељак. Ако немаш бицепс трицепс, за нигде си. А ако имаш и пробаш да направиш муабет, добиваш едвај двосложни зборчиња. Итн... погледнав околу себе и видов дека дисково беше полно со
    - или веќе постоечки парови
    - чопоративни пиштолџиски друштвенца како се лигават по
    - чопоративни фенси шмензи друштва од спротивниот пол со носиња до Солунска глава, а богами и миничи (иако изгледот е помалку битен)

    Насмеани и опуштени фаци - немаше.

    Ми иде сите да ги пратам по „оригано“ до Струмица, малку да се опуштат. Затоа што увидов дека дечкото е изгледа во право.
    Или отварам лицитација и за него ако сакате :D
     
    На mia9184, Mistery, Go-Girl и 10 други им се допаѓа ова.
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Се сложувам потполно со тебе Пирамидке.
    И прашањето треба да биде и обратно: останаа ли уште девојки во Ск?
    Иако сето тоа горенаведено од тебе важи и за другите градови, не само во Ск. Во другите, помали градови ситуацијата е уште понезавидлива.

    И да потенцирам, оние со кренати носиња, се оние кои се најмалку вредни како личности!
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Дајте бе да ве прошетам да видите дека има :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Па сите по тебе да зјапаат, и уште комплекси да им набиеш на девојкиве :D
     
    На x.Daisy.x, zhap4e, GeorGinnA и 3 други им се допаѓа ова.
  19. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    Може да си дискутирате вака и до наредната нова година... и пак ништо... има во скопјево и машки и женски... само човек треба да се потруди... и машките да се потрудат повеќе и девојките да се потрудат повеќе... со помалку предрасуди и без она стартно еј типов/типкава не е за мене а три реда муабет не сте направиле...

    И малку поотворено... што е тоа... или нема да ти прави муабет ко божем ќе и се сронат бисерите ако поразговара малку или одма ќе почне со мани пребарување... или не сака ни на едно кафе да отиде, ко божем дома пред тв поинтересно ќе си помине...

    Плус колку пати човек треба да повтори дека нормалните машки малку потешко приоѓаат на девојка затоа што не се изверзирани во шмекање како фраерите, а и кога ќе пријдат им треба малку охрабрување од типот на насмевка, муабет (наместо одговори со да и не) и итн итн...

    П.С. Една мала тајна... 95% од нормалните машки не одат по дискотеки да бркаат девојки... така да, малку проширете ги местата на барање... застанете кај и да сте и завртете се наоколу и можеби типот што е до вас а кој не сте го приметиле 5 години затоа што не е фраер кој приоѓа на девојка без око да му трепне е можеби вистинскиот тип за вас....
     
    На seksi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Една случка од минатиот викенд.....друштво во кафана и машки и женски, десетина души. Еден од момците во друштвово - сингл. Па му викам на братучедов (бидејќи тие двајца се добри другари) да направи муабет за една од девојките кои неа присутни (исто така сингл).
    Бидејќи се знаат веќе некое време, сите заедно излегуваме често, а знам дека и двајцата се во потрага по партнер/ка ама им е тешко да си најдат.
    Дотичниве ликови се просечни, значи просечна убавина, ОК карактер, ама се страмежливи ПРЕмногу.....па затоа јас решив да бидам добра вила и да поработам на случајот (да пуштам абер на двете страни) зашто имам визија дека би биле добар пар. :D
    Е сега следи моментот.....ајде да не се срами од мене дечково, му викам на братучедот да си помуабети со него и овој ми враќа дека веќе зборувал затоа што и тој ја имал истата идеја како мене, но дечково изјавил дека НЕ Е ДОВОЛНО ФРАЕР за да се обиде кај девојкава, кај оваа или кај било која друга во околината (во кафанава која патем беше преполна со жени). Додека девојкава кога јас ја потпрашав ми направи една фаца како да сум и рекла лимон да излиже :lol:

    И ај сега, овој нема самодоверба, не бил фраер, немал манекенски изглед и џеб полн со ќеш.....оваа си бара принц на бел коњ.....и се самосожалуваат и бедираат :fubar:

    Така мојот обид за стројник беше неуспешен, ама не се откажувам лесно :wasntme: сакам сите околу мене да бидат среќни и задоволени :rofl: ќе фрлам јас уште 2-3 муабети ај ај ;)
     
    На crazylady и seksi им се допаѓа ова.