Џорџина немој вакви акции ќе треба да се испотепаме Иксмен ти набоја 3 вида машки.Од овие 3 ниту еден не парира кај мене па затоа јас додадов и четврт вид со кој јас би се задоволила. Е ова ке биде петиот вид официално наречен принц Е сакам еден ваков (со мала корекција за надпросечната интелегенција) но не знам дали постои.Петиот тип за сега може да биде имагинарна појава
шетајќи низ градов гледам има добри момци. но со зголемената геј популација...претпоставувам дека едно 20-30% од дечките што ги гледаме по улица се хомосексуалци.
Не ги набројав јас, само знам што стварно сакате . Епа види принцови се дефицитарна стока во цел свет, значи се многу малку а најчесто и тие бараат принцеза . Можат многу да бираат и имаат изоштрени критериуми . Друга варијанта ти е место принц да бараш крал ама и тој нема да има помали критериуми, може да му се дури и поголеми од на принцот затоа што има искуство . Значи има ама ти се ко дијамант во куп песок и може ако немаш искуство да помислиш дека е обично камче и да го фрлиш па некоја друга да ти го земе . А некогаш принцовите намерно се преправаат како жаби да видат дали ги бркаш ради статусот или ради нив затоа биди спремна дека ќе бидеш и тестирана, се има на светов . Така да не се откажувај туку отвори 10 очи и развивај интуиција зашто не секогаш разумот ќе ти помогне во потрагата . Пс. Ќе пишев и уште ама не смеам да не ме земе Џорџина на заб, знам дека сум и на нишан и само чека грешка да ме упука .
И на крај заклучок .. Според долги научни испити врз популацијата во градот Скопје и во согласност со владата и прецедателот , се известуваат заинтересираните за одговор на поставеното прашање "Остнаа ли машки во Скопјево" а тој е : Благодариме на сите учесници во испитите и експериментите (Георгина благодарам за твојот текст ако не беше сарказам , да знаеш дека секогаш моето срце се исполнува со љубов и срека и се шири насекаде кога ке пишеш нешто за мене )
^^ Не беше сарказам. Јас најискрено така ве доживувам. И сериозно сакам ако сте се разбира сингл, да се споите со некоја мома од тука, што да не. На форумов озбилно има прекрасни девојки во секоја смисла на зборот. Со мојата лицитација озбилна сум ко Биљана Секуловска коа презентира за запалените куќи во Арачиново Се разбира дека толку лични ергени, ќе ги дадам исклучиво на моми со сите нишани и салтанати
Па види сега кај мене проблемот е тоа што очите ми се 10 отворени, дури и повеке од што треба за мои години Јас уште сега сум во потрага по принцот но налетувам само на жаби.Затоа сум разочарана и велам дека малку останаа саглам машки
Јас еве и јавно ќе си кажам дека му пишав уште поодамна на Елементал ЛП во која го искажав моето воодушевување кон овој исклучително умен момак и му признав дека да не бев во врска - ќе го канев на кафе! Или две! Жими мама! Да сме тука со годинките, ќе го поканам на рандеву и Јипман, мислам дека е многу забавен и фин, ќе си уплатиме после едно ливче во кладилница, а на крај ќе одиме да изнаставаме шпенагли врз столчето на нашата омилена професорица од ЈБТ ! Девојки, сериозно, златни деца имаме тука, де малку иницијатива... Георгина е во право. Поддржувам 100%. :up: Кој ќе се спари, нека се пријави. Што бе, убаво е тоа.
Една другарка ме праша: "Одкако почнавме да одиме на случувањава на плоштад (8ми септември, кошаркарскава еуфорија..) видов дека има ств мн убави машки, кај се кријат во обичните денови и во викендите?? " : ))))
^ зашто сите бевме природни тие денови, среќни, насмеани, по дресови, тренерки, фармерчиња, без пудра и шминка, без фолирања, тотално природни. А кога ќе излезат истите во град се спремаат 5 часа претходно, се шминкаме со тони пудра, муживе се дотеруваат пицнуваат седнуваат и пијат божем некои скапи алкохоли а мањачки со едно око гледаат цури и воедно се фолираат дека се недостапни, а жени глумат пички ипол со штиклишта 15ка на кои одвај одат и носат цела недела плускавци, напрчуваат уста, што покусо поразголено толку вајда подобро, во ВЦ се пола од вечерта за поправање на косата и шминката. И има мужи у Скопјево, има и жени у Скопјево, само што толку ни се накачени акциите и се глуми лудило и недостижност, па мислам дека принцот Хари побрзо ќе го фатиш за дечко него некој глумаџиски скопски фраер. А и докажано како одминуваат годините така луѓево повисоки и повисоки критериуми имаат, бараат совршенство а и самите тие се далеку од совршенството. Тешко е да фатиш дечко/девојка при вечерни излегувања зашто повеќето се вештачки и физички и карактерно. Одете на натпревар некогаш, седнете до убаво типче, правете неврзан муабет за спортистиве, навивајте, загарантирано наоѓате типац!
Па би било убаво еве да земеме пример , да кажеме Машко X и девојка A од форумот се спарат и започнуваат процесите на љубовта заедно си кажуваат на форумот кој што сака , она се изјаснува во Што би му кажале (ај изненадиме вечер) и X ја изненадува и така љубов цвета и итн итн ..... НО секоја приказна има и темна страна , например X за*бе работа или направи некој грешка и сега девојката изнервирана пишува на некоја тема "овој мојот вчера ми досагаше или леле колку незнае ова она" и X ке прочита и ке се испокараат на форум па дури и ке ги бануваат, тогаш ке раскинат па онда другите пријателки нејзини ке застанат на нејзина страна , а другите пријателки ке застанат на машкото ...и почнува војна на форумот ..... препукувања на сите теми .... банови.... изнервираноста ке почне да се пренесува и надвор од форумот на работа у школо ке бидете изнервирани ке почнете лошо да влијаеете и на другите во околината и тогаш и тие исто ке бидат на лошата страна и така ко епидемија ке се прошири низ Скопје .... Македонија ... Балкан ... подоцна и низ целиот свет .... што ке донесе до 3 светска војна и уништување на 95% од популацијата .... се додека еден ден све започне одпоново
реткост се стварно.. се согласувам комплетно.. секогаш кога некој е убав и сладок испага дека е кретен и дека сака само 1 вечер.. а некој ако е паметен е грд и бубалица и незнам што.. затоа пробувам првиве типови кои ги викам играчи да ги игнорирам... а немора да значи дека сите убави се дигнати и незнам што... реков и погоре... вистинските се вистинска реткост...
Е ќе почнам да тепам ако уште некој пише дека немало машки во Скопјево Луѓе ако стварно сте до толку тапа дајте пишете ми бројче во ЛП јас стварно ќе ви местам некој, затоа што јас искрено секој ден сретнувам по два тројца супер момци и стварно неам шо да им правам
mims лесно е да каже некој кој има срека во љубовта,на кому се врака бившиот да ја моли а мегутоа има и нова љубов во животот а запрашај се како им е на оние кои немаат воопшто срека во љубовта,кои се одбивани кога ке пробат да искажат чуства и секој може да те одбие само да си го полни егото.Погрешен или не,тоа чуство боли,може не си осетила а не ти ни посакувам да осетиш и секогаш си на крај повреден,не знаеш кој пат да го одбереш за да успееш понатаму.Се бориш со сите сили надевајки се дека ке успееш да го освоиш оној кој ти се допага.Можеби некои девојки се однесуваат претерано лошо но што е со оние кои се навистина добри?кои се искрени?кои се директни?или еве не се бара повеке искреност. No Hard feelings
Срцка веруј сум осетила многу полошо од тоа, јас ете имам и нова љубов и бивш шо плаче и уште 10 удварачи да речеме ама не сум во завидна позиција да знаеш. И мене предходно ме заебале ме заебале ехеее сите што сум ги имала до сега. Јас само се обидувам да ви ги отворам очите за да не ги сфаќате толку сериозно работите и да не се откажувате, има машки за сите, мислам без врска е да се откажувате, а немате појма од животот искрено. Формула сакаш да ти кажам? Позитивност + насмевка и тоа е тоа, само треба да им дадете шанса на луѓето да ви се претстават и да ги запознаете, ништо повеќе. П.С. Не се признаваат чувства на лик со кој немаш сериозна врска.
Е Пеликуна извини ама самата си го бараш Мал милион совети ти имаме дадено сите, не е до него, до тебе е, ти сакаш да се сожалуваш и да си живееш во бајка удобно сместена. Незнам стварно кој ти е проблемот, до толку ли не сфаќаш дека се вртиш во круг со него и сеуште се жалиш, цело време те пратам и во што би му кажале и во испукајте се, не бараш совети во Љубовни проблеми ама доволно е човек да те прати за да ти ја осознае ситуацијата. Никој не ти е виновен, крај краева може ќе те боли, ама подобар пример неможам да најдам од си нашол офца па ја стриже, сериозно ти кажувам. Мајка му стара па немаш 14 години за да се ветрееш по еден ист тип толку време Па нели сфати по ѓаволите дека тој само егото си го билда со тебе? Интересно му е бе, ти се враќа секогаш кога ќе посака, знае дека кога и да ти се врати ќе те има зашто незнаеш да речеш не, и искрено незнам каде ти се принципите во животот, каде ти е самодовербата, гордоста. Ќе речеш - по ѓаволите со гордоста бе, ќе ја згазам за да бидам среќна два дена, ама ќе ја згазиш еднаш, два пати, но веќе кога ќе се случи по трет пат не е на арно. Незнам сега каква ти е ситуацијата, несакам да ме сфатиш дека ти се мешам или пресудувам за твојот живот, ама стварно бе веќе стави си го прстот на чело... Не си дете Се извинувам за оф топикот, и се извинувам што неповикана се вмешав, ама размисли, јас заклучив дека тој си го лади со тебе од само неколку мислења прочитани на форумов, незнам што ти сеуште мислиш и како ти сеуште му веруваш на тој. Се надевам дека нема да ме сфатиш погрешно, за твое добро ти кажувам.
Не мора за во Скопје,ајде да ги земеме и помалите градови.Буквално не знаеш што се случува.Ја изневерува мојата другарка со некоја лесна девојка а претходно се договориле за излегување.Типацот уништи 3 годишна врска само за да си ги задоволи неговите каприци. Еве нема да се земам себеси за пример сега,мозеби имам зборувано претходно за ова:Значи дечкото на братучетка ми се менува тотално од корен,братучетка ми не може да дознае кој е проблемот и решава да го стави на тестот.По долго карање му раскинува зошто ја навредува.Си оди таа дома тој во кафич,по неполн час му се јавува и му вели плачејки ајде да средиме работа,тој доага пред нејзината кука и и вели ама не плачи не те водат на боцкање.Ееееееј со кој памет го вели тоа Се разделија.По еден месец таа си фака дечко а тој шири муабет како брзо го сменила.Е ајде де,кој е овде крив.Изреволтирана сум од вакви однесувања.Некогаш ставрно ме тера да се откажам од љубовта зошто колку и да бев позитивна настроена,колку и да бев весела и друштвена пак мораше да си го дига егото.Е не можам веке.Две врски ми се уништија,ме повредија и ме газеа како што им текнуваше.Како енма да сум разочарана.И сега борејки се за еден тип кој го сакав премногу,на кој му ја очитав лекцијата а ме третираше како принцеза порано морав да се откажам зошто ги послушав вашите совети кои и беа вистинити и не се каам.Ама пак да барам љубов и пак да останам повредена не знам дали ке имам сили да издржам.Океј сите сме имале вакви проблеми,секој карактер е различен и различно го поминува тоа ама...некогаш стварно те тера да мислиш дека нема асално машко.Океј можда постои ама кај се тие добрите,или се зафатени или не се заинтересирани. Офи,ги применив советите,и сум ви благодарна на нив.Моментално сум онака,како билка.Надевајки се дека ке најдам нова љубов.Претходната е позади мене.Да,мора да признаам дека некогаш ме фака мака и за него ама...јбг чуства Да,признавам,некогаш зборувам со него ама сум рамнодушна.Не е повеке тоа.Не знам да речам не,тоа сигурно.Знам дека сум крива ама да го оставиме тоа на страна. Со типот кога се испокарав тој сфати дека може да ме изгуби од кога му реков крај,и ке речам дека се однесува многу подобро,а јас имам страв да не го загубам.Задоволна сум со него моментално ама не го сакам како порано.Не го барам не му пишам,ако ми пиша океј ако не исто ко да не постои. Што да кажеме ако чуствата ти ги возврати а на крај онака решава да те остава за да го молиш.Како што кажав случката погоре со братучетка ми.
Не е дека нема асално машко, туку ти незнаеш да се поставиш, затоа и ти се случува тоа што ти се случува. Ранлива си, покажуваш чувства веднаш, што ако ти се расипале 2 врски? Па мене преку 10 ми се расипале па што? Останав сама? -Не. Секогаш си наоѓав нов, ама знаев кога да кажам доста, стоп готово. Кога нешто не иде - не иде. 21 година имаш, ти треба да размислуваш за твојата иднина, а не на овие години да се замараш дека две врски ти се уништиле, и да се вртиш во круг со некој недоквакан. Мораш да научиш да кажеш не, се додека си сеуште отворена за разговор со него се дотогаш ќе те пецка. Жени сме по ѓаволите, и јасно ми е, ама кога на нешто треба крај да се стави - треба, не постигнуваш ништо со тоа што крајот го одолговлекуваш. Не си во потрага по нова љубов, седиш и чекаш тој пак да ти се врати, затоа што сеуште се слушаш со него. Излези со другарки, дотерај се, нашминкај се, отиди во некоја дискотека, јас гарантирам дека ќе најдеш некој друг, но се додека продолжуваш контакт со него нема да успееш во таа потрага. Не те заслужува бе! Седни и повторувај си го тоа во памет - Не ме заслужува, што по ѓаволите уште правам со него? Па јас можам милион пати да си најдам поарен, зошто да се осудувам да бидам несреќна? Зарем тој мочко треба да ми биде иднината? Искрено, за толку ли ништожна се сметаш? До толку да неможеш друг да си најдеш? Отворено ти зборувам, како што би и зборувала на другарка, несакам да се навредиш, но стави се на некое повисоко ниво сама себе во твојот живот девојко! Еве јас те читам на форумов, и сметам дека си интелигентна личност, поседуваш богат речник, те бива едноставно и сум заклучила дека си добра личност... Еве ти една листа која треба да си ја повторуваш секогаш за да ти се разјаснат некои работи? -Грда ли сум? -Глупа ли сум? -Проста? -Незнам ли друг да си најдам? -Што постигнувам? -21 година имам... -Каков ќе ми биде животот со тој човек? -Зошто му се понижувам? -Имам ли ЈАС свое ЈАС? -Не сум грда -Не сум глупа -Не сум проста, интелигентна сум, добар оратор, поседеувам харизма... -Можам секогаш друг да си најдам и ќе умирам од среќа кога ќе ме видиш како со него ќе поминам крај тебе. -Со тебе не постигнувам ништо, само се вртам во круг, ти си мизерен и не ме заслужуваш. -На моите години треба да си ја замислувам иднината а јас седам и се нервирам за некој морон кој си го лади со мене... -Зошто да ти се понижувам кога ги имам сите горенаведени квалитети во мојов живот. Кој си ти во мојот живот? Што си направил ти во мојов живот? Можеби имаш златен пенис? -Не. -И да, имам свое јас, и тоа ќе го докажам, после тоа ќе бидам една посилна личност со која никој нема курташак да си поигра. Се надевам дека бев од корист...
Сакам само да се надоврзам околу разочарувањето што е видно кај форумџиките на помала возраст. Ќе се земам себеси за пример иако не секогаш сум расположена да говорам за себе. Јас имав врска со дечко од соседството знаеја и нашите родители и сите соседи за нас. Кога раскинавме ми беше непријатно на улица да излезам од срам посебно да не налетам на некој од неговото семејство. Иако не важам за срамежлива личност. И јас и тој бевме повредени при прекинот и иако тој беше по моја проценка морално најчистиот дечко кој сум го имала се измува со моја другарка после извесен период. Потоа имав врска од 7 год. во која вложив огромен дел од себеси и пак сето тоа беше залудно. Нема човек на планетава кој нема во својата биографија љубовен настан кој го удрил од земја или ако нема во овој момент веројатно е прашање на време. И љубовта како и животот се борба и треба да продолжиш и после секој пораз. Затоа не е решение да кршиш прсти и се гушиш во солзи како немаш среќа, туку да пркосиш и тргнеш во потрага по неа, бидејќи на крајот, среќата ги сака повеќе храбрите. Еве сум и сега сингл на 32 год. и вчера бевме кај пријателка од мајка ми да правиме зимници заедно и таму се запознав со луѓе на моја возраст и од машки и од женски пол кои се уште сингл иако никој од нас рака на срце не беше за фрлање психо-физички . Кога јас не и вртам грб на љубовта со +10 години која е поентата на истото? Иако сум имала големи разочарувања мене ме разочарала таа и таа личност или јас сум го разочарала тој и тој станува збор за конкретни луѓе со ЕМБГ , зошто би се откажала од љубовта? Во крајна сметка, љубовта и не се форсира, кога треба да се случи ќе се случи и нема врска со големината на местото на живеење и во Њујорк и во Токио и во било кој милионски град има луѓе кои се сингл. Во краен случај да бидеш сингл не е исто што и да бидеш скраја да е болен, сфатете го како периодот пред да се запознае личноста која е предодредена за вас, .