Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сосема се согласувам со Теодора. Некако забележувам преголема разочараност од многу млади девојки. Девојчиња, сериозно, толку сте млади, дваесетче едвај да имате а вие веќе разочарани. Е како бре така?
    Па уште и со толкава сигурност во тие години кога што се вика сеуште сте со цуцли од немање животно искуство, уште малку ви фали за во Исус да почнете да се колнете со колкава само сигурност сте убедени дека - „тоа е тоа, и друго нема“. Која смелост еј!

    Како прво, млади сте, премногу! Како второ, место да уживате во младоста вие ќе си го оптеретувате мозочето со тоа дали имате односно немате дечко, ма дајте!
    И милион пати сме рекле на темиве - ќе го немате се додека излегувате и секоја втора слободна секунда ви прелетува оваа мисла - „очајно сакам дечко“. Таквите цури се најнепривлечни, сериозно. Најпривлечни се оние кои се опуштени, весели, насмеани и природни. Не форсираат ништо. Ако вие излезете во град изгледајќи ко гладен ненајаден волк, кој пушта лига и очајно сака да лапне некого, никој нема да ви пријде ниту да ви направи муабет, а уште помалку да ви се пушта.

    Рилакс бре пипл! :D Уживајте во она што го имате - животот и младоста. Немојте да тврдите дека се е загубено затоа што навистина не знаете сеуште ништо. И пред се, затоа што ништо не е загубено. За компарација, моја 42годишна пријателка се разведе пред неодамна. Мислите дека се откажала од љубов? Јок бре! Живее со полна пареа и погодете што, се заљуби повторно :)
    И за крај, никако ама никако не ја барајте вината кај другите. Не може цел свет, во случајов цел машки род од Македонија да ви е виновен. Као демек ги немало. Мижи Асан да ти баам е работава. Ги има, само можеби изгледате навистина како гладен волк, а пред него сите квалитетни јагниња бегаат, верувајте ;)
     
    На Miss.M5, Annath, Cynthia и 9 други им се допаѓа ова.
  2. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Претпоставувам дека некои од девојкиве што зборат дека сите паметни дечки се бубалици се млади девојки? Она што многу девојки не го сфаќаат е дека на мажите им треба време да се развијат. Дали е можно да најдеш тип што е ем интелигентен, ем убав, ем фит, ем амбициозен, ем шармантен? Да, можно е... Ако има типот 30-40 години.

    Ваљда од гледање многу филмови, али девојките мислат дека машко се раѓа со социјално вештини и знаење за како да постапува со девојки, али не е точно.

    Ако упознаеш млад дечко што е шармантен, харизматичен и знае точно како да пријде - тоа е затоа што не се прибрал дома и висел по друштва и искачал уште од мал по цел ден. Нормално дека нема да биде "интелигентен", ако немал време да седи дома и да чита и бил цело време надвор.

    А ако упознаеш тип што е паметен, нормално дека ќе биде бубалица и ќе биде социјално неразвиен. Не може некој да седи и да се едуцира и да развива памет и при тоа да развива социјални вештини.

    Само на филмови постои тоа да имаш машко на 18-20 години што го бива во све. Во реалноста денот има само 16 саати будност, и сите овие карактеристики се вештини за кои треба време да се развијат. Не е како на филмовите да е тоа некаков си вроден талент. Ниту едно машко не се раѓа знаејќи како да приоѓа на девојки (на пример).

    Исто со играчите

    Нормално дека играчите (што сакаат само една вечер) се единствени што знаат како да прават муабет со девојка. Тоа се типците што уште од пелени се опседнати со мување и цел ден го поминале мислејќи и работејќи на таа вештина.

    Чудно е кога девојките очекуваат да млад тип да ги има заводничките способности на играч, а да не биде играч. Тоа е да не речам оксиморон. Само на филмови го има.

    На 30-40 години веќе постои. До 30-40 години тие што се мажи кои се посветиле на секоја сфера во животот успеваат да совладат све, па така се ем шармантни, ем интелигентни и начитани, ем амбициозни и успешни. На 20 години меѓутоа, машките генерално се специјализирани. Или се играчи, или бубалици итн итн итн..
     
    На Zimone, easyyyyy, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Уште кога видов дека постот е од кире бт- знаев што ќе пишува во него |(

    А Алек, браво за упорноста, не се откажуваш од темата, сега осеќам дека си полн со знаења од некој нов семинар ;)
    Него, дај податоци “од терен“ кажи како ти иде сега, како реагираат девојкиве на тебе :wasntme: ?
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Алекнови друже, те почитувам, од секогаш сум читал твои постови и почитувам твое мислење, ама не се согласувам со твојава изјава....Ај сеа да си удрам една реклама :) , ама еве со лични факти и доказисе поткрепувам и затоа не се сложувам со теоријава... Се што имам постигнато до сеа во животов, можам да се пофалам дека сум постигнал со интелигенција, шарм, харизма и тако даље, а верувај дека не зборам само за девојки, туку зборувам и за на професионален план, дека за мои години сум постигнал ствари кои што луѓе на 30 и више имаат проблеми да фантазираат за нив. А има уште многу дечки кои што се помлади од мене, кои што лично ги познавам, дечкиве се 20-21 година, но сепак знаат како да се постават, знаат како да шармираат девојка, знаат да ти направат претерано интелектуален муабет и се 9 и 10-ки на машински, електро, градежен итн....Така да, неможам да се согласам со теоријава...сори :tmi: Неможе да се генерализира, зависи од премногу работи....Домашно воспитување, навики уште од малечок, капацитет на интелигенција и тако даље... ;) Има дечки кои што на 22 години знаат да се пуштаат, се шармантни, интелигентни, амбициозни, а не дека треба да има 30+ па да има вакви квалитети....тоа си е индивидуално

    Што сакам да кажам во случајов - сакам да кажам дека вакви дечки постојат а јас знам кои се....така да девојки - Ќе треба да се дружите со мене :D

    Остани ми поздравен друже алекнови и се читаме;)
     
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Алек, Алек..

    Во голем дел се согласувам со твоите мислења и ставови, но нели доволно повторуваше дека женските се исмеваат со машките на приоѓање, и како ти имаш манекенски френдови пред кои девојките клечат и како е притисокот е голем кога се приоѓа...

    Тие се направени муабети, форумот те читна и мнозинството верувам се согласуваме со тебе. Тоа е општо познато, не гледам каде врие водата тука, стварно не е измислена топла вода.

    И последниот твој пост содржи разумно размислување, но и ти пуца од генерализации и строги поделби. Во реалноста секогаш постојат исклучоци, целиот свет функционира во сива зона, ретко што е или црно или бело.

    И мене некогаш ми е преку глава од женската прибирливост, критериумите што ги наметнуваат на нас како последица од испраните мозочиња од Холивуд и списанијата, но во тебе како да врие некоја тешка горчина.
    АКО е така, дај не се труј, постирање на форум стварно не верувам дека ќе помогне...

    Што знам што друго да напишам, чудно ми е што темата не е затворена, се вртиме во круг само...

    @ Мистери - брееј ама пердуви се разлетаа од твојот пост, паунски, големи :D
     
    На Go-Girl, Trendafilka, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Најпосле малку инспирација да коментирам и да не веруваш, во муабет меѓу машки :D.

    Со Алек се слагам во голем дел затоа што сум и сам над 30 (значи ми одговара да се сложам :D) и знам каков сум бил на 20 и каков сум сега епа има огромна разлика, не толку во интелигенција ама во понашање и животно искуство нема шанси тој што сум сега со тој што сум бил порано.

    Точно е што рече Мистери дека има момци кои и на 22-23 се топ и постигнале многу ама се бројат на прсти и шансите на една девојка баш на таков да налета и се многу мали, баш зашто се такви типци екстремно ретки. Но и таков тип колку и да е интелигентен нема шанси да го има искуството што го има тип на 30 или 40, да се убие неможе да го има и Мистери на 30 ќе биде (под услов да не се занесе па да се зачмае) поискусен па и помудар во одредени животни ситуации па и подругчија ќе реагира него на 20, тоа е тоа што го дава животното искуство, мудроста да реагираме правилно во најголем дел животни ситуации.

    Ќе кажам пример за мене:

    Во средно една типка со која онака се дружев нешо се изнервира и пред цел клас ми рече: Икс ти си ПЕДЕР! Од кожа излегов и и се налутив и од тој момент веќе не се дружевме се додека не дознав после 10 год од нејзина другарка дека типката ме свиѓала многу и била бесна зашто тоа не сум го приметувал. Тогаш сфатив дека типката сакала кај мене да предизвика реакција а ПЕДЕРОТ и бил веќе очај, дечко коа ќе ме ПРИМЕТИШ ама јас неискусен и полн со повредено ЕГО ја баталив.

    Сега така да ми рече некоја баш ради искуството точно ќе знам да проценам и правилно да реагирам, што не значи сите типци на 20 не би знаеле ама па ќе кикснат на друга ситуација.

    Можам уште многу други ситуации да спомнам и за работа и за други теми каде сеа различно и многу поразумно реагирам него на 20, животното искуство и годините си го прават своето (под услов да не си глуп :D).

    Ајде да удрам завршница, Алек е во право во најголем дел а Мистери и ЕлеМентал се во право дека постојат исклучоци а јас сум во право дека животното искуство што го имам на мои години дечко на 20 нема шанси да го има колку и да е паметен (пак ќе потенцирам со многу ретки исклучоци) :D.

    Што значи најдобрите момци се на фемина па девојки навалете, има за секоја по нешто :D.

    Пс. Мистери друже стварно се разлетаа малку паунови пердуви ама пошто и мене а и на ЕлеМентал повремено ни летаат нема шо да се буниме, пауници (односно тигрици у мој случај :D) ќе има за сите :D.
     
    На aleknovy, Phyramide, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Guys, should I get you a ruler? :wasntme:

    (едвај чекав да ја употребам фразава негде, многу ми е јака) :D

    Вака, во однос на пристапувањето, пуштањето, кршењето на ледот и слично, што се однесува до машките - или некој тоа го поседува или не. Either you're a playa or not. Самодовербата и харизмата обично се win - win combination. И тука не зборувам за дечки кои се однесуваат со девојките како со крпи па да мислите - ете, само идиоти ве привлекуваат. Нема врска. Еве нека ми потврдат девојките, ретко која да не се возбудува кога ќе наиде машко со висока самодоверба и став. Можеби не знае точно што прави и како прави, не мора да значи дека мува цел живот па искуството го направило подобар заводник и поискусен пристапувач и сега се што прави - прави по некоја шема, туку едноставно што и да прави, прави без растресени раци, самоуверено и го прави така, да изгледа ужасно секси и привлечно. Верувајте ми, до самодовербата е а не е до ставот - јао мацо види ме колку сум добар и тука се избацува бицепсче, трицепсче, златан ланац, паркет груда и Босанац и слични љубовни тракатанци ;) Дечките со висока самодоверба и без зборови освојуваат.
    Е сега има и такви кои глумат самодоверба односно глумат нешто што не се и ризикуваат да изгледаат смешно. Зборувам за неизградени личности. Млади дечки. Дечки кои што мислат дека ако на момент ги глумат оние првите ќе упали а не контаат дека се или ужасно смотани и делуваат смешно, или ужасно слатки и делуваат шантраво па девојката посакува да ги гали, и гушка, да им ја разбушави косата и да ги вика Џони :D Совет за нив - бидете природни :)

    А што се однесува до годините? Да, секогаш искуството ни додава шарм и поголема сигурност во постапките. Но како што реков, ако некој го нема тоа во крв на 20 - нема да го има ни на 30 ниту на 40 години. Така да, чуму генерализацијава?

    А од друга страна пак, што се однесува до нас девојките - мислам дека тука искуството има битно голема улога. Мислам дека девојка која е повозрасна, позрела, помалку се осмелува што од култура што од сталоженост, да глуми лудило а уште помалку да одбие на најсељачки можен начин дечко кој се труди да и пријде или да и направи муабет. Па делувал тој вака или онака. Смеење и потценувачко терање у три лепе е својствено или за невоспитани девојки или за незрели девојки. Сме биле сите у тие години, знаеме за што зборуваме.

    Сума сумарум - генерализирањето не помага, така да се што кажав сфатете го со голема резерва и дајте да се спариме бре доста муабети. Ајде, еци пеци пец! :D

    А ти Мистери доста се фалиш - остај им малку простор и на другите дечки, и они идат на лицитација кај Георгина, не само ти :D :*
     
    На Annath, EleMental, Mistery и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Пирамитке во најголем дел си во право но за ова грешиш :D .

    Еве јас бев толку срамежлив на 20 што испуштав златни шанси а плус место во девојки гледав во ѕвезди :lol: и ја чекав идеалната :D.

    Сеа сум вакциниран од срам и стварно гајле неам, така да точно е или го имаш осетот или го немаш ама ако ти е неразвиен или блокиран од срам џабе ти е :D .
     
    На Annath и Phyramide им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Па да де, па истото тоа што го мислам ти го кажа и јас потполно се слагам со тебе :)

    Знаеш зошто велам, ако не ти е во крв? Затоа што сум видела машки и на 35 кои се понеснаодливи од 15годишно момче. Така да сакав да кажам, џабе што имаат 35 кога треперат како тинејџер пред прв секс ;)

    А секако дека со годините се оперираме од срам. Јас гледам по себеси, каква бев на 15, на 20, и сега.
    Сега сум да ме грабнеш и да бегаш бе (уф ризикувам да звучам ко Мистери а целта ми е да звучам ко Тошо Малерот) :D

    Јас гледам и по градот, мислам дека спомнав, постари девојки гледам смело како приоѓаат на машки, немаат проблем. Дури и јас многу посмело односно поопуштено сега си правам муабет кога гледам прилика за тоа - патем браос за законот за пушење, какви муабети паѓаат во зима и со какви фаци се запознава човек, мх мх :lol:
    На 20 волку опуштена не бев богами.
     
    На Annath, Mistery и XMaN им се допаѓа ова.
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Е за таквите стварно нема спас, тоа е, или ќе биде родителите да им најдат женска што сум имал прилика да видам :D.

    Ама коа ќе ми текне колку без срамежлив на 20 срам ме фаќа, не смеам ни да пишам дешавки ќе ми падне репутација на форумов така да ќе си молчам :lol:.

    Ама па коа ќе се вакцинираш од срам и плус имаш самодоверба нов универзум ти се отвара, посебно богатствата на женските убавини и светови :rofl:.

    Пс. Отидов у поезија, осеќам убав ден ќе биде денес :D.
     
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Пирамида на 15 години прашуваше "Волку Волку зашто ушите ти се големи толку"
    А сега нејзе ја прашуваат "црвенкапице црвенкапице зашто срцето на волкот му го зимаш толку "


    Све е до годините , али како старееш све подобар и подобар си
    или све полош и полош си , нема трета мајка
     
    На Phyramide, Annath, XMaN и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Машки, машки имате во Скопје и уште се жалите :D :lol:
    за останататот ке се воздржам :lol:
     
    На talentirana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Ептен убаво прашање кое ме интересираше уште во зимата 201oта а богами и зимава која доаѓа 2011та. Почнав да патувам почесто и да наоѓам странци. OMG :puke:
     
  14. ivann

    ivann Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    10
    Ако нема машки во Скопје повелете во Битола хих :rock:
     
  15. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Барате на погрешното место. Тоа што се живо зјапа у малолетнички,је*еш га,си зјапаат,тоа не значи дека ќе тркнат да им праат џагара багара,чисто начекале некоја по укус на која најчесто годините не и ги пишуе на чело. Кладилнициве се најчесто пуни со 50 годишни мушкарци,помладиве се цело време по дискотеки,кафулиња,журчиња итн. Тоа шо е тиња кај денешниот мушки род е шо незнае да сврзе 2 реда муабет,и мисли дека ако отиде у кафиќ и повеќе од 2 момиња му фрлат по некое око,чат пат 2 очи,он е неодолив и може да ги пеца со едноставен коментар на слика ubava si,hehe :D или Sakash da odime na kafica? Општо на младинава менталитетот е на страшно ниско ниво,ретки се оние шо се издвојаваат и тие најчесто од вас се сметани за фрикови а не за нормални машки. Си зиам за право да генерализирам пошо најчесто тој муабет го добивам од поубавиов пол. Има машки,не е дека нема,али ретки се,на крај краева не е интересно ако се сите Џони Деп На Ајнштајн Помалиот Црнчуга.
     
  16. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Џони Деп На Ајнштајн Помалиот Црнчуга ? oh yeah towelie
     
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Машkите се покpај вас!
     
  18. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    НЕ! Не останаа!
    Не сум песимистична, воопшто, ама навистина бе нема. Нема шанси да е до мене. :wasntme: Нејќат ни со мила, ни со сила. И веќе немам живци. :|
    НО! Секогаш има деца кои те боцкаат на фб. :D
     
    На dryad, blueeparadise, Pelikuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Абе аман во Ск ако нема машки, во другиве градој да не има!
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Машки секогаш имало, и ќе има. Меѓу нив ќе наидеш на секакви: чувствителни, дрски, учтиви, сеирџии, „сезнајковци“, романтичари, фраери...
    Ги има на претек од сите типови, и нормално дека секоја девојка си има свој личен „фаворит“ од овие, на кој најмногу се пали.
    Но токму се’ почестите ставови како твојот, за тоа дека дечковци немало (а всушност се работи само за се’ повисоки критериуми кои почнуваат да се граничат со надреалното, бајките), се причина што вие, „кутрите напатени“ женски душички, сте „forever alone“, немате среќа во љубовта, иако сите сте такви срцкасти и цуцкасти, а ние машките „као непромислено и бесчувствително си го живееме животот, не мислејќи за вашите потреби и желби.“
    Ти се молам, веќе илјадапати слушната приказна, максимално „истрошена“, и монотона; И нормално дека на девојка со ваков, да не речам „искомплексиран“ и максимално предрасуден став, нема да и’ пријдам.

    *Не ги бројам тука исклучоците, ниту генерализирам, имајте го тоа на ум. :!:
    Зборувам од лични искуства, разговори, слушања и веќе 500 постови како овој на пријателката ми Рокафела. :)
     
    На aleknovy, Hipica, XMaN и 3 други им се допаѓа ова.