Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Е искрено, јас никогаш не сум барала принц на бел коњ и не сум ни очекувала дека ќе ми дојде да ме земе и така да си живееме среќно до крајот на животот. Сега можеби некој читајќи го ова ќе преврти со очи и ќе рече, леле што се занесува оваа, уште не наполнила 15 години, не знае газот да си го избрише а тука ќе ни попува како немало машки. Ама ете, најверојатно имам право да си го кажам и моето мислење.

    Да, признавам дека едно време целев на некои машки кои беа 'над моето ниво' ,кои беа главни фраеришта, убави, паметни, интелегентни и се што машко може да поседува ама се помирив со фактот дека нив не можам да ги добијам или не се за мене и готово. Во последно време, ми се допаѓаат машки што не се нешто посебно во физичкиот изглед, карактер просечен па дури некогаш и ми се допаѓаат некои што се убави ама имаат карактер нула, а ретко кога можам да ги добијам и едните и другите. Дури другарките ми се чудат како можат да ми се допаѓаат некои такви, кога јас сум можела многу подобро. Што јас лично сметам дека не е така. Сега ќе речете, се потценуваш. Ама тоа е една меѓу последните работи што сакам да си ги направам себе си, тоа да се потценувам ми се случува во ептен, ама ептен депресивни периоди, што се вика фактички никогаш.

    И кога ми се укажала шанса да најдам некое релативно нормално машко, под тоа нормално машко мислам просечно во секој поглед, се појавиле некои други пречки. Дали јас сум се оладила кон него, дали он кон мене, дали уште не можел да ја заборави бившата или пак се јавила некоја си нова во неговиот живот, не е ни битно. Кај мене во 90% од случаевите е вака, ќе ми се засвиѓа некој - зафатен е, заљубен е во друга, не е заинтересиран за мене или пак нешто трето. Не сваќам, дали е проблемот во мене? Здрава, права, убава :D , да не испадне дека се фалам сега, не сум некоја си којзнае каква лепота, ама имам просечна убавина а ете не ме загледуваат ни потпросечни машки. Можеби е до карактерот, незнам. Ама сигурно ќе се најде некој што и мојот карактер ќе му се допадне, што ќе делиме исти мислења и интереси. Не сум надмена, не се однесувам лошо, не мавам корпи на сите страни (ова ептен ретко ми се има случувано) ,можеби напати сум делувала незаинтересирано и ладно ама тоа ми биле денови кога едноставно не ми било нешто океј и затоа така сум се однесувала.

    Но, можеби не е до машките, може е и до мојата среќа, ете на пример другарка ми има повеќе среќа од мене, иако не го негирам фактот дека таа Е поубава од мене, посекси (ако можам така да се изразам) , поопуштена е а и послободна е од нејзините дома. Ама таа се однесува поопуштено зашто не е конкретно заинтересирана за некој, па може да си направи нормален муабет со машко, да се смува зашто тој едноставно не ја привлекува и нема зашто таа да има трема пред него. Ама и она самата ми има признаено дека сите тие машки не биле вистинската работа, и дека не и значеле ништо. А мене кога ми се допаѓа некој, абе тоа е тресење. :D Иако во последно време тоа ретко ми се случува.

    Да, можеби е до мене грешката, до моето однесување ама искрено има некои девојки што се однесуваат многу полошо од мене па сепак се наоѓа и некој за нив. Но, можеби проблемот и не е до мене. Незнам.. :?:
     
    На marama и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  2. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Најти, е баш штом сум ти пријателка треба да знаеш зошто го пишувам ова. Хелоу! :^) И треба да знаеш не сум воопшто таква.
    Јас-високи критериуми? Песимистична? Генерализирам? Имам предрасуди? Јас сум била искомплексирана? (Ова најмногу ме потресе :| ) Ма даај... |(
     
  3. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Не знам дали си потресена, но знам дека штотуку ми ја истакна поентата!
    Каде пишав дека сето ова го мислам за тебе? Никаде, нели? =)
    Гледаш како? Испаѓа дека јас, како машко, со мојот пост ти „наштетив“ без да знам, поради одредени твои гледишта и критериуми на тема цитирање и посочување во постови (а воопшто немав такви намери).
    Епа после како нема да настануваат „калакурници“ кога се работи за „посериозни“ теми како љубовта, односот помеѓу машко и женско?
    Мислам дека твојов одговор беше убав пример за она што цело време сакам да го кажам.

    Значи, да се повторам, не посочувам никого со претходниот пост, само зборувам според претходни укажувања, и тоа е тоа... =)
     
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936


    Јас и ти да не сме исто човече?

    Истото, да не се повторуваме.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Факт е дека момци има, но да бидеме реални сите имаме свои критериуми. Јас искрено секогаш ама секогаш се залетувам по кретени, кои немаат грам памет, не се ни нешто убави ама ете ме привлекуваат. Но, овие момци ме привлекуваат за зезање, за губење на време итн. Не би сакала со некој ваков на долги стази.
    Во последно време не дека се преценувам но сакам за себе си нешто многу повеќе од просек. Сакам убав, привлечен и веке реализиран момак во образованието , кариерата. Џабе е да губам време со момци кои се далеку под просекот.
    Од друга страна дечко ми е навистина просек. Златна средина, но пак низ глава ми се вртат некои прашања дали тој понатаму ќе биде успешен во животот или се ќе чека од мене?
    Значи тука не е прашањето дали има момци во Скопје? Туку е дали може да се најде пристоен момак за убава, стабилна врска. Повеќето кои пишуваме во оваа тема сме веќе возрасни и имаме критериуми според кои го бараме мажот од нашите соништа. Да бидеме реални ниту една од нас не сонува за идеален, но сакаме нешто над нашиот просек.
     
  6. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    ^ Прво, калакурници еее..? :?:
    Се потресов бидејќи aw c'mon, u know me better then that! :!:
    Е добро де, си кажа генерално зошто жените упорно повторуваат-нема машки, и јас само си кажав дека јас не сум таков примерок. :!:
    Со секакви си имав работа, и на крај-никој не остана, 0, зиро, нада, компир! :headbang:
    Не се жалев дека нема, преминав на акција, покажав храброст, направив прв чекор, dude, don't get me started, како машко се чувствував. :|
    И не, нема машки! Точк!
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Целиот пост ти е упатен кон неа, Најт, нормално дека девојчето се најде повикано да одговори. Верувам дека секој што ти го прочита постот(како и јас) помисли и сфати дека се однесува на Рокафела.
    Затоа вториот пост баш и не ти требаше. :)
    Инаку на темава, нема де, затоа јас од друг град си зедов. :wasntme:
     
    На Hipica, blueeparadise, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки

    Зборот „како“ ја прави сета разлика на светот во тоа дали јас директно и’ се обраќам на Рокафела во мојот пост, или ја користам како близок пример со нејзиниот. Богатството лежи во ситните детали. :)
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ако многу бираш ке си останеш сама.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    А која е разликата? Зборуваш за нејзиниот став и за таквите како неа со истиот став. Не можеш на крајот да се извадиш дека не генерализираш со тоа што ќе пишеш јас не генерализирам, џабе е потоа. :)
    Не ми е намерата да се расправам или нешто, ама ова ми упадна во очи, некако ја нападна, а потоа и викаш дека се пронашла во твојот пост, во кој всушност и ја цитираш.
    Тоа имав да кажам само.
    И не е битно за мажи во Скопјево, Македонијата не е мала. :)
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Говорам преку примери, не чувствувам обврска пред некого да се вадам :). Доколку Вие, девојките, создавате генерална слика со тој став, тоа е веќе вон моја контрола.
    И секако дека ја цитирам, тој цитат го искористив како вовед во мислењето кое имав да го кажам, во кое совршено се вклопи, но моето мислење не беше засегнато од него.
    И за крај, нормално дека не е целта да се расправаме, се развива дискусија овде, за многу „дискутабилна“ тема. :D
     
  12. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Има ама не сте ги нашле...Па девојки немора да си најдете дечко од Скопје, има и по другите градови, а и држави (сега зависи кој е расположен за таква врска) :)
    Еве јас ве поканувам на гости малце српски момци да шмекате, па ко воли нек изволи ;)
     
    На SparkyAngel, Go-Girl и Nightwalker им се допаѓа ова.
  13. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    386
    Останаа
    ги гледам, ама не ги чувствувам.. :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Чим нејќат ни си мила ни со сила мора да е до тебе :D. Од толку машки ниеден да не те де брка треба да се замислиш :D.
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Би требало да имате големо искуство за да кажете дека нема или премало јас не сум од Скопје од Битола сум ама ако сака некоја девојка да си најде дечко ќе си најде денес барем тоа не е пречка има фб има триста глобални мрежи :^) затоа ве молам не се расправајте за глупости. А машки има многу ама треба да се потрудиме да го пронајдеме вистинскиот ;)
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не знам дали треба да бидеш ептен искусен или не ама од разните случки кои сум ги слушала а и од моите некогаш ти доага да помислиш дали има навистина машки или не.Е сега ако некој има успешна врска не значи и дека некој трети или петти има.Не може на секој да тече мед и млеко.
    Сега ке се избаци некој со пост:Не можеш од едно искуство или две да почнеш да мислеш дека немало.Ајде настрана моите,што е со примерите од другите девојки?Дечко ми ме малтретира,дечко ми ме извара,дечко ми вака,дечко ми онака.Како по тоа можеш да мислиш дека навистина има поштено машко денес.Ајде да кажеме дека постојат.Ама премногу се ретки тие кои навистина се борат за љубовта на девојките,ама или се зафатени или не се заинтересирани.

    И ајде,коментарите од типот со таков став кон работите секако дека ке останеш сам не ми идат некако.Па чекај,како да не бидам разочарана јас или некој друг или некој трет кој на темава кажаа дека не постојат?Обично оние кои имаат успешна врска им е супер зборуваат како имало но како им е на оние кои се разочарале од партнерот?А да...секој во животот бил разочаран |(
    И коментари од типот ако пребирате или ви фали нешто...ма дај...Кој е совршен?Никој.Дали само женските пребираат?Не.

    Имав еден разговор со едно момче пред неколку месеци и ми кажа:Јас никогаш не би шетал грда девојка.Значи еве и тие пребираат.
     
  17. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988

    Поимот грда е релативна работа....за некои тоа што е грдо за други е убаво и привлечно, и обратно ;)

    Блупарадајз сама си одговори на прашањата и дилемте.....до тебе е и до твоето однесување кон потенцијалните момци т.е. симпатии. Треба малку повеќе да искулираш и да не се притресуваш толку како што опиша ;) ете ја наведе другарката како пример.....остави спонтано да се случуваат работите. Кога веќе како што велич немаш екстра критериуми и очекувања, нема да биде тешко.

    ИМА примероци од спротивен пол во Скопје....ќе ги пронајдеме, на снегов ќе остават траги и полесно ќе биде да се најдат ;)
     
    На Hipica и blueeparadise им се допаѓа ова.
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јебеш га,се е до карактер.Симпатија?Ма дај...јас се чудам како да го отсакам потенцијалниот :rofl: .Да,сакам да најдам друг ама да биде сличен како тој што го сакам моментално,црн слаб висок со смисла на хумор :D
    само да ја нема таа лоша особина која ја имаше |(

    И така натака ;)
     
  19. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Ај не се глупирајте сеа...Машки има во Скопје, и тоа премногу.Само што, некој не знае каде да ги најде :D
    Не мора кој знае каде да барате, околу вас сигурно има некој совршен дечко, кој само чека некоја да го зграпчи ;)
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Абе Гоу, јас така се потресував ако ептен некое машко ми значи и сум се затрескала во него а ако се работи за обично свиѓање не ми е гајле многу ама ете пак не бива работата.
    Па и тие момци што ги свиѓам како што реков ни се нешто преубави, како што реков просечни се во се и незнам што очекуваат они од мене. И јас сум најобична девојка, нема да се правам она што не сум заради нив. Јас најнормално ќе си се однесувам (според мене) е сега, ако не ми е денот тоа секако малку ќе ми се запримети во однесувањето ама тоа е. А и за другарката, се случило многу пати да се запознаеме и двете со некои дечки а тие на пример да се два-тројца, едниот ептен убав, другиот просечен, третиот да не речам грд и сите тројца се гледа дека фрлаат поглед на неа, а не на мене. А и јас насмеана, им викам здраво, им правам муабет.. И да, понекогаш стварно се прашувам дали е проблемот до мене. И изгледа е..