Блу, ако е другарка ти сексипилна (или посебно надарена ) што и да правиш секогаш на неа ќе се „лепат“машки, тука нема спас . Твое е сопствените квалитети да ги потенцираш да максимум, значи шминка, гардероба и понашање мора да ти се во склад и ќе имаш поголем успех кај машките. Визуелни типови сме и мораш да најдеш начин да им го привлечеш вниманието. Се учи и тоа имаш време на претек .
Имааа луге машки што направивте,остајте спонтано да си доагаат работите, пред да искочите у град петок сабота, не се напињајте додека се спремате, денеска мора да најдам некој! хаха се си доага кога најмалку се надеваш,знам дека звучи ко клише, ама така е! Жив пример сум јас, хахаха си го најдов дечкото и се заљубив во период кога ни на крај памет не ми беше да се замарам со мувачи...нели така се почнува, сакав само да отидам на одмор со друштво, и да се журкам со другарките без драми да се замарам, дали ми вратил на порака, заш не ми се јавува, ама ете се случи се спонтано...)) и да не урочам уште трае Така да за секој има дечко, и за секој дечко девојка! поздрав
Нормално е да се пребира како машките така и девојките,но треба да бидеме реални,секоја сака убав,богат,паметен,е такви нема да најдете.
Кое машко на фемина не е таков . Ти лови ги до 22 над 22 остај ми ги мене, ферска делба . Гарант ќе ме бришат .
Па не е работата во тоа дали ќе те бркаат и колку се на број туку каков те брка!Па и 10 да ме бркаат ако не ми чини што ќе ми се, за мене повторно ќе нема Сите знаеме дека има машки но работата е колку од тие се вистински (нели според нашите критериуми).Овде е проблемот
Прво такви машки не се ретки . Едноставно кој како ке си ја намести работата ти е до негде. Ако ти е ова факт ондак ти е погрешен, а ако го земеш општо па и па. Друго и те како има машки. Не низ Скопје .. Низ целава Земја. Затоа и можеме да бираме. Да бираме у стил ... (пр во прво лице ке дадам, да не настанат дополнителни компликации) Ако запознам тип некој што ете ми се свиѓа и караткер и се за почеток, и секако ке сакам да продолжам со истиот. НО ако видам дека типов по некое време си шврља и те како ке го откачам. Е сега проблемот до негде е и до нас. Зашто има типки кои едноставно и пред ситни лаги, и пред ситни избацувања ке замижат. е баш ради тоа замижување им се отвара вратата на таквите да ни се понашаат така. Доколку на таков еден не му затвориш врата пред нос што би се рекло тогаш да, нема чесни и поштени машки, уствари има ама реееееетки се .... О.о
Peli сигурна сум дека и ти не би се шетала со некој грд и има време не ќе ги земаме ние за мажи значи има време и за сериозна врска и за дечко и за се
Мене ми е најважно да ме почитува и да ме сака како најпрвин,да има добар карактер.Еднаш се изгорев гледајки ја најпрвин убавината а испадна со ич неубав карактер. Нејсе овој сега што го сакав имаше добар карактер а не беше ни малку убав ама еве ме привлече. Само кога веке зборуваат дека и девојките пребираат нека кажат и за себе најпрвин дали пребираат
Ниедно машко од присутниве на форумов не рече дека ние како пол не бираме и немаме критериуми. =) Но самото тоа што на ваква, според мене непотребна тема, се разви дискусија во над 60 страни, говори за тоа дека критериумите кај женскиот пол се на повисоко ниво и се сфаќаат многу посериозно. Вчера во некој од постовите прочитав дека џенцките (во глобала) сакаат некој што е над нивниот просек; Но дали истиот тој дечко кој е над Вашиот просек, во Вас гледа девојка која го исполнува неговиот? Е ова не знам да го одговорам ниту јас, ниту верувам никој од останатите дечки што се на форумов, зашто кај секого е различно. Оттука и мојот видливо негативен став за темава, зашто јас не знам да кажам што се врти во главата на моите „сонародници“, а не па дел од феминките со нивните крајно негативни и потценувачки ставови, кои однапред им „пресудија“ на сите машки во Скопјево, па и пошироко.
Ти мислиш дека нас ни е полесно да најдеме женска по сите критериуми ? Па баш ако си таков како вие што сакате, имаш изглед, понашање и пари не сакаш да завршиш или идеш со просек туку бараш женска по сите нишани и сеа знаеш колку такви сум сретнал во живот, ај помисли . Кога бараш ЕКСТРА КВАЛИТЕТ а и ти го нудиш соодветни примероци од двата пола се екстремно ретки . Место да се жалите барајте или дајте сигнали ние ќе ве најдеме и нормално баталете предрасуди ако е постар 5 години од вас не го бива, драстично си симнувате шанси да најдете нешто асално .
Еве кревам знаменце високо (сигнал де) Шала на страна.За пресудата демек ако е 5 години поголем не чини кај мене го нема тоа.Па би сакала некој малку поголем со по здраво размислување а не јас цел живот да треба го влечам за нос. А тоа за Мистери демек нарцис поради коментарот... јас не гледам така на тоа.Па во право е.Ако сам не си ја дигнеш малку цената не очекувај друг да те фали.И искрено јас ќе си барам.Не сум од тие што се помируваат со каков било Валда ке се најде некој близу моите критериум ако не здравје..битно за сега мислам дека нема да се помирам со каков било Туку има уште многу време за мене.Рано е за брмчење ама кога веке се отвори муабетот да го искажам и јас мојот став
Уште има дискусии на темава? Сериозно, не би да мудрувам..ама стварно нема смисла темава. Баш пред некое време гледав на 9gag, се работеше за тоа како ние женските секогаш се сплеткуваме со некој сељак,а бараме принц на бел коњ, притоа принцот на белиот коњ ни е пред нас и е во friend zone. И така е. Заборавете на критериумите, пошо тие ви се само за тема за разговор со другарки или вака на форум, во живо сите ги занемаруваме критериумите што сме си ги поставиле за некое машко. И колку повеќе си ги креваш критериумите, толку акциите како женско ти паѓаат. Излезете, свртете се околу себе, ќе пронајдете 100 машки.. епа не може никој да не ваља од 100, изгледа проблемот е до вас. * и да не сте најпаметни, не сте најубави, не сте светици затоа не барајте таков човек, зошто нема никогаш да најдете
Јас ќе се надополнам на Хмен и на Најти Хман брат - абе кај мене у критериум спаѓаат тие од 21-25/6 Најти - да се надополнам на твојот пост од мое лично размислување како девојќите сакаат НЕКОЈ ШТО Е НА ПОВИСОКО НИВО ОД НИВ !!!!!! Ок они може сакаат, ама дали он ќе сака девојка што ЌЕ Е НА ПОНИСКО НИВО ОД НЕГО? Еве јас лично на пример, критериум ми е девојката БАРЕМ да ми парире интелектуално (за други критериуми нема ни да навлегувам)....Значи девојката треба да ми парира интелектуално за да може да има (да ја наречам ЖЕШКА) мозочна стимулација со двосмислени реченици кои што ќе треба она да разбира што значат.... Така да сосем во право си за поентава кога ја истакна дека ок може девојкиве сакаат некој на повисоко ниво од нив, но дали тој ќе биде заинтересиран?
И кај мене се истите ама како што сум приметил различен вкус имаме (среќа) инаку ќе се утепавме . За другото си сосема во право, ако принцезата бара принц и принцот ќе си бара принцеза (по сите нишани да му е равна и на изглед (нека е и позгодна нема да се буниме ) и на понашање и на карактер) или пошо сум јас нешто постар у мој случај ќе биде кралица .
Ми падна во очи еден пост на Пеликуна каде што имаше пишано дека не бара некој убав (бидејќи се залетала еднаш по изгледот и се изгорила), туку сака фин дечко нели кој ќе ја почитува. Сите секогаш даваме ваква изјава. А до кога ни важи ова? - Дури навистина не најдеме таков дечко и во тој момент... Тој е екстра-фин дечко, ама го гледаме само како пријател. И ми се чин во ред е тоа. Не можеш да речеш Неќам бе да е убав, само нека ми отвара врата кога влегуваме во кафич. ! Не можеш. Бидејќи и другар може врата да ти отвори кога влегувате во кафич. За да ти е дечко, мора да ти биде убав. Т.е. да те привлекува физички. Затоа што не би сакале кога се бакнувате со него или кога имате секс, да си го замислувате Џош Хартнет на неговото место. Не би сакале. И ДА - останаа машки во Скопјево. Тврдам.
Машки, го имам еликсирот на врската и сакам да ви го откријам ... на темава сум од самото креирање и заприметив дека ако сакаш да си најдеш некоја личност како себеси треба само да не мислиш на НИКАКВА ВРСКА кога си излезен со другарите ... Само глуми совршен и недопирлив и секоја би те гледала како недостижен ... Потоа следува фазата на запознавање , а тоа настанува кога ке регистрираш некој сигнал од цурата . Следува неколку кратно излегување со неа потоа и има само 1 причина за која ти што го читаш ова си сингл ( ако не си мило ми е ) а тоа е НЕМОЈ ДА СЕ СРАМИШ ДА ПРИЈДЕШ БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СИ МАШКО ИЛИ ЖЕНСКО . Придрзувај се до ова и ке видиш каква трансформација ке ти се испреплети во животот !
еј Лост или јас не те разбрав или ти сам малку контрадикторно пишуваш....ај како ова се изведува објасни ми (болдираново) да глумиш недостижен, а да пријдеш Ајде молим те чекор по чекор да укапирам, каква ти е оваа техника Може некогаш ќе ми се најде
Гоу во 5 чекори 1чекор ...се облакаш секси 2чекор ...бираш добар парфем да се победи конкуренцијата 3чекор ... бираш диско да се знае кај можеш да оперираш без пречки од бившите и досадните 4чекор .... обзервација на диското , мора да се провери теренот какви пленови има 5 чекор ке дојдеш до машкото и ке му речеш "You have 1 minute to impress me"