Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Драга не зборуваме ние овдека за габори ,ама не зборуваме ни за Вилијам Леви.
    Убавината е релативна, јас и ти не гледаме со исти внатрешни очи.

    А,јас како што можеш да забележиш реков многу добро за сите оние што јадат трици дека немало машки.. и тоа ВО СКОПЈЕ,да си тргнат прво од самите себе,да земат огледало и да се видат какви се и физички и карактерно.. и после да бараат мушкото да поседува све што е дупло спротивно од нивните карактеристики за да се зборува у град дека идела со најакиот фраер бе пер.

    А за тоа со принцот незнам,ако си имаш ти габори другари тоа е твој проблем веќе, не е мој.
    Но, ни тука не е фрката дали пријателот е убав или не.
    Фрката е во тоа што се зборува дека бараат машки со манири и просечна убавина,а кога ќе се најде таков постои маана..
    зошто?
    Затоа што те почитува и не мора да трчаш по него како загар.
    А, ти сакаш да трчаш по него,затоа што го гледаш како цел,а не како човек со кого треба да направиТЕ да ВИ е убаво.
    Физичка убавина...

    Аааа, не знаев...
    па што не ја преименуваат темава во
    "Останаа ли fuck buddies во Скопјево?"

    Уште еднаш ќе повторам
    Видете се во огледало, не сте најпаметни, не сте најубави, не сте ни светици,а сепак постои некој што ве сака.
    Па од кога имањето дечко е привилегија на убавите луѓе?
    Ние грдотиите да се скриеме под земја и да не излезиме никогаш? :'(
    Крајно навредена.
     
    На aleknovy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Не знам ова дали ќе има или нема врска со темава но да си кажам...
    Кога го запознав мојот сопруг, и некој тогаш да ми кажеше дека ќе се омажам за него ќе му се исмеев во фаца најгласно што можев...Физички беше спротивност од она што јас го имав зацртано во глава а воедно и што ме привлекуваше до тогаш, ниту пак имаше некој став, шмек, на кој јас паѓам...Невидлив беше за мене и кога ме покани на кафе мислев дека ќе биде измачување тоа кафесување со него, но прифатив онака пријателски, повеќе од чиста култура :angel:
    И не го сменив многу мислењето после тоа прво кафе, само тоа дека е пријатен и паметен...
    Да скратам, поминаа многу кафиња (неколку месеци) пред мене да почне прво да ми се допаѓа, за на крај да се заљубам и да сфатам дека сакам да го поминам животот со него...Освојуваше тивко, ненападно, полека но сигурно...
    Наравоучение? :D Тргнете ги сликите во вашата глава за тоа како физички или на прв поглед треба да изгледа или делува вашиот партнер...Критериуми имајте си, но не судете површно, давајте шанси да се запознаете, дружете се...Не се знае што ќе излезе на крај...
     
    На Breezy, Theodora, kstefanija и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Invisible

    Invisible Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    33
    Прочитав во многу постови се спомнува, НАД МОЕ НИВО, ПОД МОЕ НИВО, и се запрашав кој го одредува просечното ниво, од каде таа ароганција да се каже дека некој е ПОД ВАШЕ НИВО? Само затоа што некој е различен од вас, со различни погледи во животот, различен начин на размислување, однесување итн..тогаш е под ваше ниво? Многу арогантно и нереално звучи, зошто сите сме различни, ни се допаѓаат ралични луѓе, со различен карактер, изглед, но тоа не значи дека оние другите се помалце вредни. И да има машки во Скопје, само треба да ги отворете очите подобро и бидете поотворени, не се затварајте со критериуми зошто во многу примери е докажано дека се заљубуваме баш во спротивното.
     
    На Breezy, julie77 и vitomir им се допаѓа ова.
  4. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    ќе рециплирам на две твои реченици...

    Првото болдирано - Секој сам си ги одредува своите критериуми. Ако знаеш што бараш, тогаш си имаш критериум и тоа го бараш, толку е едноставно.
    - Во врска со тоа кој е под ниво а кој над - тоа се дознава од кога ќе почнеш да праиш муабет со личноста и ќе и ја видиш интелигенцијата...Никој не рече дека ако има различни погледи на животот и различен начин на размислување дека е под ниво :!: Туку рековме дека бараме личност која што ќе не стимулира интелектуално и ќе е барем на интелектуален степен како нас! Ова во никој случај не асоцира на различни погледи кон животот - туку во кратки црти асоцира на начин на разбирање на хумор, сарказам, иронија, праење на општи муабети од различни полиња како филозофија, литература, психологија, астрономија и тако даље да не набројувам. Мислам дека ќе ме разбереш што сакам да кажам...Со една реченица - интелигентните луѓе - бараат личност која што ќе е на повисоко или барем слично/исто ниво на интелигенција, за да има мозочна стимулација и донекаде дури и верувам дека баш ОВОЈ ПОДАТОК е извор на хемијата !!!

    Второто болдирано - Имам размислувано на темата дали спротивностите се привлекуваат и сум дошол до заклучок дека е само една изрека ништо повеќе...За да успее една врска треба партнерите да имаат слични погледи кон животот - тоа е факт. Ако еден сака да стави акцент на уживање и на пијанчење а другиот партнер сака да се посвети за на фамилијата - тоа нема да оди далеку верувај. Треба да се има слчни вредности, почит, разбирање, значи ако тргнеме од ова треба да има доста сличности во карактерните размислувања и идеали кои што го градат човекот. Да се надоврзам само со првото болдирано - исто така значи бараме некоја личност која што е на интелектуалено ниво барем како нас. Така да ако има спротивности - пиши пропао, зашто не успева таа врска. Јас искрено неможам да најдам ниту еден реален пример за успешна врска каде што партнерите се ден и ноќ, каде што е докажано и владее она - спротивностите се привлекуваат... ;)

    оки толку од мојата дебата :)
     
    На Miss.M5 и beticka им се допаѓа ова.
  5. Invisible

    Invisible Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    33
    ^ Примерот над мене покажува дека постојат ситуации кога се заљубуваме во личност различна од оние со нашите критериуми, и тоа не значи дека е спротивното од нас, инаку познавам и такви примери со спртивностите што успеале. Спротивности не мора да значи примерот што го даде ти. Нормално дека секој бара нешто што ке одговара, ама поставување толку остри граници, исто како ако некој не гледа ист жанр на филмови или ист вид на музика не е за мене(прост пример).

    Девојки во љубовта нема правила, пружете им повеќе шанси на машките, со тоа си пружате и на вас повеќе и поретко ќе се жалите дека нема машки.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Леле бе, па ти скроз не си ме сфатила што сакам да кажам.

    Се согласувам дека за сите нас различни работи се убави. Дека се работи за ВКУС. Џош Хартнет го лупнав онака, само како пример. И баш затоа пишав дека дечко ти мора да ти биде убав. Ете тоа болдирано зборче самото си кажува дека мора тебе да ти биде убав. Значи не е тоа оној момак за кого сите зборуваат вау мау какви стомачни има, какви очи заводнички и какво стегнато г‘зе, туку оној дечко кој ЗА ТЕБЕ е убав. Значи ЗА ТЕБЕ. Веќе не знам колку пати повторив, се надевам ме сфати овој пат.

    А зошто не ја преименуваат темава во "Останаа ли fuck buddies во Скопјево?" ?
    Ова ти е реплика на мојот пример со сексот и со рандом глумецот кој го лупнав, претпоставувам.
    Епа драга, кога имаш дечко, нема сигурно на љубов и незаборавни поминувања заедно да ви живее врската. Сексот и општо ИНТИМНОСТА на еден пар е многу важен елемент во нивната врска. Колку важен би можеле повеќе да кажат оние кои веќе го искусиле. Јас можам да зборувам само од она што сум го научила од туѓите искуства на форумов и надвор од него.

    И за крај:
    Како можеш да се сметаш себеси за (ќе се послужам со твојот речник) грдотија и како можеш да ги поделиш луѓето на убави и неубави т.е. грди кога и самата кажа дека убавината е релативна и дека сите луѓе не гледаат исто со своите внатрешни очи?
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Хипица

    Прво и основно МЕНЕ да ме привлекуваше некое машко физички, досега немаше да имам ниту едно.
    Како што реков не се работи ниту за габори, ниту за Вилијам Леви,ама и те како ќе ми направи филм ако ме гледа во очи додека ми зборува,а не во некоја икс точка, нормално да знае што зборува, си ги има манирите на фраер,а не на ванаби фраер.

    И за све останато ме мрзи реченица по реченица да ти цитирам :
    Сексот знаеш зошто го спомнав?
    Затоа што во секоја ебана твоја реченица физичка убавина, физичка убавина е.
    Јас ти кажувам кај мене како е.
    Сум била со критериум да биде со црна коса,демек исти да сме.
    Епа некогаш си ги "спуштив" критериумите и наебав на плавуши.

    И главното што ти го зборував претходно беше дека не мора којзнае колку да те привлекува физички, само да ја отвори устата доволно ќе знаеш дали сакаш или не да си со него.

    Мувањето за една вечер или сексот наречи ги физичка привлечност.
    Ама,за дечко...грешка си.

    Тоа е.
    Не е важно колку си убав или не, освен нормално ако машкото не те гледа како кукла за во град,а ти него како непресушен извор на сепариња во диско, скапи облеки и парфеми.

    И пак ќе ти речам ЗА ДА ТИ БИДЕ НЕКОЈ ДЕЧКО НЕ Е ПРЕСУДНА ТАА ФИЗИЧКА ПРИВЛЕЧНОСТ,па ти како сакаш сфати го ова.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ А кој рече дека е пресудна?
    Те молам не ме вади од контекст. Ти мојот пост до толку го изврти (или можда така си го сфатила, не велам не) што направи како јас всушност да велам physical appearance is all that matters. А не е така.
    Фала Богу дека убавината не е пресудна, но си има и таа своја улога која не смееме да ја занемариме.

    И кога спомнав дека дечко ти мора да ти биде убав, не мислев дека треба да ги задоволува оние критериуми кои ние сме си ги зацртале. На пример, ете можеби јас сакам да имам висок црн добро граден дечко со црни очи, ама тоа не значи дека некој понизок плав со плави очи не би ме привлекол физички.
    Физичкото привлекување не се основа на одредени критериуми. Него или го има, или го нема и (јас лично) за присуството или отсуството на физичка привлечност дознавам во истиот момент кога ќе здогледам некого.
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ^
    Да,ама тоа понатаму не значи дека тој дечко нема да ти се допадне, нели?
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сите имаме некакви критериуми, да не се лажеме, ама правиме разумни и помалку разумни компромиси па времето и навиката оставаме да ги ускладат разликите.

    Туку јас никако не успевам да одгатнам едно нешто во Македонија армијата сингл е поголема може и од армијата невработени, луѓето и реално и виртуелно едни мислат како промискуитетот цути во облик на фак-бадис др. дека се страда од акутен нее*итис, па најдете ми НЗС?! И она мачо претставување како големи е*ачишта на некои од момците наспроти (ПОЛУ)невини (имавме и тука на форумов де) и де-факто невини или „тешки„ девојки епа епа не оди едно со друго!

    Луѓе има и во Скопје и во сите градови проблеми што како што влегуваат така излегуваат од кафиЌи и останати објекти од забавно-рекреативен карактер има повеќе отколку луѓе - нереално високо поставени критериуми, ,,шмизл/бич максимално настроена наку*ч наспроти мачо/сељак кој чека да го ловат,, синдром се шири како пандемија, некој би да избегне одговорност и обврски на врска, некој се плаши да разголи срце и се изложи на евентуална повреденост без разлика дали ова е научен рефлекс од минати негативни искуства или пак генерален настап, некој е талент и функционална врска да претвори во дизастр онака да разбие досада или од мазохистички причини некој љуби да се самосожалува што е сингл или пак љубовта е преценета како емоција или пак ние не и‘ сме дораснати ни до колена или комбинација на се‘ претходно, како и да е синглувањето на македонската љубовна сцена (треба да се направи сингл џингл) е меѓу ретките нешта во земјичкава ни насушна кое има има тенденција на раст. И најсмешно е што сите се силат на тастатури во принцип и кога се сингл и кога се во врска (колку конфликти донел нетот и мобилниот само Господ знае) и најчесто на тоа останува...
     
    На Magnolija, KayaLena, sesilija и 4 други им се допаѓа ова.
  11. magde1990

    magde1990 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    IMA DEVOJKI DECKOVCI NA SEKOJ CEKOR I NE E SAMO DA SE FATIS SO NEKOGO I DA KAZES IMAM DECKO GLEDAJ DA E NORMALEN NO DRUGARKI KOGA KE MI KAZAT NEMOZAM DA SI FATAM DECKO DECKO STVARNO SE CUDAM I NESVAKAM
    [mod-kirilica:b5t70u1q][/mod-kirilica:b5t70u1q]
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.586
    Има дечки и дечки...ама...едно е сигурно,Скопје за олку плачипички не знаело од времето на прадедо ми.

    Сериозно, јас не знам што се случува,ама...процентот на мажи кои се толку несигурни и недефиниран,кои плутат по површината енормно е пораснат. Не дека јас сакав сега да се скрасам,по стереотип де ко што сигурно ќе биде изваден од еден обичен став,туку навистина не можам да пронајдам квалитетен машки примерок (добро,освен 3ца) кои се достојни за ЕПИТЕТОТ маж. Се се тоа некои разгалени мамини синови,тазе хејтери кои се дават во комоформнизам(глеј моља ти се,како ти џубре едно,ситуирано,дојде до моментот да хејташ,а ми те ранеа со сребрено лажиче?!Мама те фрустрираше и не те галеше доволно или одеше по стариот принцип врз основа на казна и награда,а не ултимативна љубов,па сега сакаш потврда,пошто чу дека мразењето е закон,устав и интелигенција?!),ама пошто е на цена да си хејтер,си хејтаат рандом, нестабилни јахачи од по 25+ години со неконзистентни желби и идеи,ниту страст кон својата конечна цел,која впрочем и ја немаат.Ги нема бре,немаат идентитет,имаат лична карта,немаат идентитет. Првичната битка која ја водиме е,да се расплодиме,овај нали,но парадоксот на нашето време е што нашата свест и слобода ги користиме како изговор за својата недефинираност и така речи развратништво,Содома и Гомора,ги злоупотребуваме зад кулисот на унапредните идеи и развиена свест за ситен,лош секс,со цел потврда (да се разбереме,ова стриктно се однесува за мажите,зошто ако не го потврдиш у кревет,ако сака нека има и милион,ќе си пати...од умот).И он ти вика као,абе денес срамота е да се води по идеја,фамилија да создадам,свесни суштества сме,прво треба да се осигураме,да стапнеме на здрава нога,примитивно е...ма немој?! Потврда у кревет,потврда од општеството,а мајмунот не сака да се потврди како човек! Смешка!(тука може да ги ставите сите категории на мажи,бизнисмени,асистенти на факултет,земјоделци,масери, инжињери,протетичари, автомеханичари, сељаци,помодари,некомформисти (демек),верници (ауф,па уште и ваков ако е,со крстена вода да те напива после секој орален),атеисти,философи,простаци,ама генералната определба е...сто посто не е невин и е*е за себе) Истите овие се поврзуваат со истите подоле ради проста психологија...лоша мајчинска улога.

    Другите се оние пасивните,па шо знам,не знам,ам не ми е убо вака,ам незгодно ми е,ам како сакаш. Како сакааам?! Како сакааааааааааааам?! Дали си бре ти нормален?! Имаш став у животов за нешто?! Знаеш барем дали сакаш кока кола или пепси?! Дали сакаш да ти ги перам гаќите во експрес лонец или во машина на перење на вриење?! Знаеш дали сакаш суши или сакаш крап на жар?! Или треба да ти кажам и јас како сакам?! А да одеше да направиш некое кариериче у животов?! Да покажеш заби,а не да бидеш ситно референче кое се мочка пред шефот?! Овие...дури и нема шо да збориш бе.Немаат живот,гледаат филмови,серии, некои од нив посветено читаат и ...толку.Ако се посреќи,ќе фатат женска на демек интелектуален шарм,уште и ако е посимпатичен ехееее хеееее...си се заебала сестро.
    И обата типови...се исти. Дали оној првион глуми кралот лав и се удара у груди со својата машкост,а има јамболија на гради,не ради друго,туку да се потврди фактот дека е пичка,а не ради тестестерон (при дај боже па земи му ја косата!) и нема една стабилна идеја во животот,ниту знае кај тера,ни колку пие,ни што крши,ни шо е*е,ни што болест фатил...дали другион тип кој пати од едипов комплекс и бара замена за мајка или не дај боже доминанта со кшшшк камшик за да го бичува (види и јазикот е камшик,овие сакаат да бидат и вербално камшикувани),исто ти се фаќа...не постои вистински маж,а оние приближните...се чуваат у сеф и им даваш по потреба вода и храна,зошто си ја еба мајката!
    А јас право да ви кажам и не ги разбирам жените кои се залетуваат по оваа оштетена стока. Што би рекла мајката на една форумџика и овие жениве и овие маживе,за џабе ни го дишат воздухот! Уствари тука имаме два исти пола...хм...дојдов до чуден заклучок...хомосексуалци..ок,неврмајнд,прескокнете ова.Ма не бе чекај,овие не се разликуваат ни од лошиот термин педерана,сакајќи да го докажат токму обратното.

    Си имам(в) еден модерен Ланселот. Зошто и како?! Сега ќе ви објаснам. Зошто е израснат со идејата за здрав поим што е мајка и што е жена.Израснат е со идејата дека жената мора да биде индивидуална и своја,мора да поштува добар секс и да ужива во својот живот и го почитува тоа. Израснат е и со идејата дека мажот како и да го вртиш е доминантното суштество кое мора да ја задоволи основната потреба,таа да се чувствува сигурно колку и да е своеглава и сака да доминира,сепак,мажите се далеку порационални,па дури и кога се водат по ИД,отколку жените.Но,главна иницијална која него го прави витез е дисциплината,цел со одредена поента,критериум и не дека тој сто пати нема да се пронајде во животот,но тоа е(беше) толку рафинирано добро и мазно до беспрекорност. Знае за категоричност,но знае и за мекост и пред се знае да ја одбрани одмерено женската чест. Да,таа е доволно возрасна да ги одработи своите битки,но често и не умее сама...а овој витезов,е човек или надежен дека ќе стане човек,а се останато по не знам која критерија оди по ѓаволите,а со тоа и светот,зошто подоминантни се оние со недостапна психолошка помош...туку толку им е слободоумноста.Е толку,толку...

    Затоа што вие сте ми умни и паметни,ќе знаете дека ова не е зошто јас мразам мажи,пошто знаете дека неколку илјадници пати имам споменато дека мажите ги љубам повеќе од све на светот,дека сум тотално антифеминистички настроена и дека сакам мир во светот ( :D ).

    Конечниот заклучок е...не,не останаа мажи во Скопје.Иако ви личат на мажи,секоја вечер е своевидна драг квин маскарада.

    Ви посакувам многу среќа и ококорени очи,а до вистинскиот...што знам,научете да плетете,завршете факултет,направете кариера...и не се потресувајте.
     
    На artemis, Magnolija, lebarka и 8 други им се допаѓа ова.
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не де, сите изумреле а ние останатите сме плачипи*ки, мифки, лигуши и паразити и секој пат ве прашуваме што сакате и ви го тераме ќеифот. И да, чекаме мама да ни зготви ручек инаку плачеме ко бебенца :D.

    Со цел пост се слагам ама коа ја видов последната реченица си реков WTF :D.

    Ти си го нашла витезот ама за други немало веќе, хах :D. За просекот има и премногу избор, за испод просекот уште повеќе а за надпросечните секогаш било мака (односно многу тешко) да си најдат соодветен партнер машко или женско, и порано и сега и секогаш.

    Ептен сте раскенкани (не сите туку вие што се жалите :D), сѐ немало принцови за вас принцезите :D.
     
    На aleknovy и Nightwalker им се допаѓа ова.
  14. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Молчи друже, и не само тоа, туку за разлика од нас, машките, кои во Скопје и пошироко не’ нема, џенцки има секаде колку сакаш, и работава е која од која посолидна, онака, со која и да избереш, нема да погрешиш... Абе мераци сме, не знаеме што пропуштаме, кога само би се смениле од корен, зашто вака, нели, за ништо не не’ бива... -.-
     
    На aleknovy и XMaN им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ма не сме раскенкани, само ни се смачи од бакнување толку многу жаби за да го најдеме принцот. А што би рекол Ештон Кучер (ова од филмот беше де, ти текнува) - the problem in this city is that everybody thinks they're the fu*king royalty! :D

    Не сме раскенкани, има има, јас стално велам - има бреее има! Ама и муабетот на Лилит е на место, да бидеме искрени.

    Можеби сум го кажала ова, прошлото лето, кога ги пуштав веѓиве - јао срамота со веѓи а ла Хрушчов да шетам :D , и не излегував баш баш, едно месец дена па и више. Другарка ми ме зезаше ми вика - абе дај излези со нас, како ќе запознаеш некој ако не се социјализираш и не излегуваш, нема белким на балкон да ти падне.
    И викав - е де у право си ама у моментов сум индиспонирана, а не сум ѕвезда со темна цвикера да шетам. Оно као муабет еден што ќе напраев - душо не ти давам и не ти давам ни очи да ми видиш едно месец дена :D

    Утредента седам на балкон, пушам, пијам кафе, читам и кога гледам еден комшија поминува, нешто ми го привлече погледот и гледам - ме гледа. Си велам мене ли ме гледа? Погледнав нагоре, надолу, нема никој - It's gotta be me then. И ми се насмевнува, ми намигнува, дури и муабетче ми напраи - комшике на кафе надвор од балкончето кога ќе имаш време и желба да идеш?

    И викам на другарка ми - АХА немало да ми падне на балкон, море мрш! :D

    Не дека нешто бидна со типов отпосле, нешто сериозно де, ама си реков. Тогаш кога човек најмалку се надева тогаш ќе ти падне некој пред нос. Нешто као гомце од птица а тие наводно среќа носат.

    Се усреќив, шо би рекол еден познаник. Небитно - битно ги има! А сеа какви, и тоа е прашање :D

    И немојте бре мужи толку суетно и трагично се да сфаќате, темава не е - кој е полош машкава или женскава популација ;) Малку со резерва, сепак ве сакаме, не ли гледате?
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Токму тука лежи и поентата, пријателке... Да не беа машко-џенцките односи сфатени толку суетно и трагично од страна на дел од девојките, темава немаше да е толку актуелна, колку што е. :)
    А тоа дека не’ сакате/ве сакаме, воопшто не го ни доведувам под знак прашалник. :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Те сфаќам јас тебе ама на што ќе личи ако пишам: Нема жени во Скопјево, сите се кокошки и шмизли или нема асална женска за мене сирот јас :'( :'( :'(

    :D :D :D

    Епа нормално е да бакнете неколку жаби додека најдете нешто вредно исто ко што е нормално ние да бакнеме неколку кокошки, кози и мисирки додека најдеме, лавица, тигрица, орлица или некоја друга граблива женска животинка :D.

    Во жалењето е проблемот, генерализацијата и во глумењето royalty (односно лудило) :D.
     
    На aleknovy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Епа тука лежи проблемот - суета! Ах таа суета! :)

    Јасно ми е де, кај секој е присутна и оп! Проблемчето е на сцена.

    Мене ми беше поентата дека времињата се сменија, и тоа многу. И многу е смешно кога сега ги повторуваме речениците кои ги слушавме од нашите родители - ех во наше време.
    Ама точно е, секое време си носи, свое бреме што би се рекло.

    Еднаш поодамна, возејќи се со еден многу ама многу зборлест и љубопитен таксист, си напраив муабетче. Ми вика - кај дечкото?
    Си викам што да речам сега по ѓаволите?! Дечко ми е? Не ми е. Сега се запознавме. Мувач, не е ни тоа. Другар - пих да бе, па и другар ми е ама со таа разлика што се удружив со сите негови органи малку повеќе. И ќутам со фаца на :?: мислејќи се што да одговорам. А можев да излажам нели, ама не сакав.
    И таксистов ме гледа и се смее. А постар господин вика - тешко е да се одговори на ова прашање а? Вика у НАШЕ ВРЕМЕ - ете ти го пак - немаше вакви ствари, вие денес мрднавте бе деца. Као се љубите, па не знаете што е финтата, па после и секс паѓа и пак не знаете, дали сте заедно, оно као по потреба си се гледате, добивате нежности и други физички задоволства, ама не знаете дали сте пар, или не сте. Порано беше полесно. Ќе ми бидеш ли женска? Да. Ајде - и после следеше се она со што вие обично почнувате, или не. Зависи како ќе се одвиваат работите.

    Ете такви станавме повеќето од нас. И на крај се думаме.
    Е сега ова е само едната страна од паричката. Има и други - посигурни, појасни случаи кога секој знае на што е. Се додека не настане куршлус - не дај Боже :)

    Да не почнам со муабетите, дека има и не мал број на луѓе „заглавени“ во погрешни врски затоа што - се навикнале. Има и такви. И кога ги прашувам добро ти што правиш? Абе барем добивам правилен секс, а го гледаш несреќен, блед никаков, едвај чека да најде изговор за да не се види со девојката.
    Пих. Чудни сме, дефинитивно.

    Ау една правосмукалка шо ми праи - се размуабетив, безвезе онака :D

    Frozen - Madonna ми иде у позадина и се смеам за текстот, колку ми се уклапа у муабетот :)
     
    На dryad, tanja6, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Пирамитке, ме пресмеа со текстот, посебно со делот за дечкото ама што си е така така си е :D. Имаш лајк на куб од мене :D.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Машки останаа, ама кај заминаа женските????? :rofl: