Има за тој што сака да најде Не ,навистина...времињава станаа многу чудни,генерацииве уште повеќе..земаат примери нествојствени за нашите простори,живееат во некој друг свет..ретко кој е свој и знае што сака..Кога ќе се потсетам и јас некогаш се прашував истото,има ли машки ? Наместо постојано да се прашував истото па истото,јас одлучив да поработам на себе,да дознаам што сакам,што ми треба,па да тргнам во потрага ,хехе..смешно ми изгледа сега ама навистина беше така... Зборот ми беше, кога незнаеш што сакаш и да има,ти изгледа ко да нема.. Затоа девојки и момци,од мое искуство , спознајтете ги ваши потреби,можности и се ќе си дојде на свое,од нигде никаде ќе се појави некој
ИксМен,отвори тема за жените на драго срце ќе дискутираме и за тоа. Ко што реков,многу сум антифеминистички настроена,па сега ти види. И не ми беше поентата,еј јас си најдов витез,па оди мори омажи се,туку зборев за глобалната слика која пак го шири погледот кон поголемиот наш проблем по други останати теми. Инертноста и начинот на живеење,начинот на развивање на нештата,начинот на равој на нашето општество итн итн... Сите зборуваме за добиени војни и злобните луѓе,без да погледнеме дека од нас поголемо зло не постои,зошто?! Затоа што те мрзи да бидеш доследен,особено машката популација. Нема витезштво во урбаната џунгла,а сите се свесни дека треба да изедеш за да не бидеш изеден,но на најдолниот начин се прави истото,со простота и злоба.Ја нема умереноста,џентлменството,одмереноста,ги нема манирите. Мажите станаа мачиња кои ако имаат среќа ќе наследат бизнис и ќе бидат Леон. Ми беше муабетот,девојчето нека си сака црни или нека си сака плави дечки,нека сака мажи што имаат одреден стил на живеење,нека сака џезери или фолкери,небитни се нијанси,туку генералниот критериум кој се наметнува како а маст е тој. За утре да не се деси,ја га волим,а он се дрогира,бап тема на фемина,па ќе ни се смеат за простотилукот и идиотизмот на жените. Така што оди па види,еве ти жените каде се глупави. Ги мрзи,не мрзи да излеземе од точката на удобност за да де факто почнеме да живееме. Недостига дисциплина,а имаме леснотија која е неподнослива. А леснотијата се должи еве да речеме...јас не сакам да го преболувам,не сакам да му раскинам,за мене тоа ќе биде тешко,сега ме млати од ќутек,сепак го сакам,а тој ќе се промени,добро ми е и вака,иако ме боли душа и срце,а и коски,ама без него,не знам да живеам.Дап,леснотија на постоењето,ама буквална.... Така што,не ми беше поентата да речам сите мажи се исти или да увредам,кога така си стојат нештата. Зад мачоменството,либералноста,слободниот начин на живот,стои една мошне жална рушевина од личност...која и не заслужува некоја исклучителна почит.
Лилит, мала корекција, повеќето мажи станале мачиња и се вакви или онакви ама не СИТЕ . Чим нема генерализација нема ни бунење зашто си најголем дел во право но и Пирамитка е во право дека повеќето девојки и момци имаат лажна претстава за сопствената вредност па бараат ваков или онаков а не се гледаат себе какви се во очите на спротивниот пол а дека способни машки стануваат многу дефицитарна стока е факт, си признавам .
Муабетот на Лилит и тоа како држи вода. Факт е дека се‘ повеќе има машки недостојни да се наречат мажи со големо М напред. Иако во целина звучи како генерализација и во принцип не ги љубам генерализациите, ама процентите пак ги љубат луѓето и кога имаме квалитативно мнозинство веќе има и реални услови да се извлече заклучок па наречете го и генерален во целина, нека се живи и здрави исклучоците но веќе се толку малубројни што не се ни за статистичка обработка вредни. Овие квази-мажиња со неизграден карактер или со толку дупки во него па промаја од сите страни, секогаш одат по линија на помал отпор и ако погледнеме малку подалеку оваа реалност е она што всушност следи од нивните избори - доаѓа време да створат семејство. Тогаш ја бираат најнеугледната и по можност најситуирана девојка за сопатничка-животна де. Најдобро е ако средно учела во друг град, а факултет во друга држава за никој другар да не ја знае и да нема што да рече за нејзиното беспрекорно минато, кое дали е такво нема ни врска ама тој си има де факто одлична основа за покритие на чесноста, ем чедноста на жената му или па женат тазе или сеуште нематурирани средношколки онака шестнаесетче мх мх крцкалче. Нејзината физичка неугледност му е повеќекратна добивка - едно да не се замара тој со љубомора и конкуренција, друго - значи таа како жена не е потрошувачки ориентирана, за неа под шопинг се подразбира само кога во маркет и по пазари купува намирници за по дома, инаку пред сите тој е воодушевен од нејзиниот натурален изглед без шминки и фризури и останати врагови, а плус за нејзината скромност може да се напише книга во продолженија. И ќе изумев сите овие нејзини придобивки се предуслов и за тоа да е совршена домаќинка која во домашните обврски ќе се растопи ко прашок во вода, бидејќи мажево е скептично ама често и уверено дека убавицата девојка од другар му ќе го изневерува на секој чекор и ќе ја троши цела плата на штикли и шминки, а дома ни кафе не ќе знае да свари. Па, сега драгиот наш лик од приказнава ќе го натера дедото-таткото на сопругата да му купи автомобил, на драгата ќе и рече да оди со точак на работа бидејќи е добро за здравје, па откако ќе добие отказ бидејќи шефот го мразел со нејзината плата ќе оди на редовна тура по кафиЌи и дури ќе остава впечаток на надежен и перспективен господин и веројатно ќе има такви кои и ќе наседнат на тоа. Ех-да и главна тема на муабет на вакви квази-мажиња кога ќе се соберат повеќе е како Македонките не знаат да се е*ат, а од друга страна парче се прават и станување демонстративно ако им заѕвони телефонот и враќање со став дека глава не успеваат да кренат од сите жени кои ги мотаат во тој миг и натпревар во урлање по облини на случајни во видно поле упаднати женски индивидуи и колку од нив се на нивниот список чекирани како поминати. После некое време ги фаќаат кризи па бараат спас во алкохолот, неретко отпочнуваат и семејно насилство... Па, ако имаат машки потомци не само генетски туку и воспитно ќе им ги всадат ваквите вредности... Ова е лошиот исход во една многу реална иако навидум проектирана иднина, иако може и прилично подизлетав од границите на темава. * Немам ништо против жените од наведениов пример и немам а приори изведени предрасуди околу нив, само сакам да напоменам како пикираат и зошто ваквите типови на мажи... Донекаде е може и малку груб примерот но е добар одраз на нашето македонско спарување во современи услови инаку трпи и замена на улогите на главните актери т.е. главната машка улога да ја игра жена и обратното. И секоја сличност со наведените ликови е случајна, освен онаа која НЕ Е ... Инаку не дека сите девојки и женчиња се рози, јорговани или лалиња, на отровните бршлени почесто налетуваат оние ретките поисклучителните машки примероци и тие често ги женат ваквите. Во принцип на крајот на краиштата пофините луѓе завршуваат како мазохисти, додека квази-луѓето или човечките лушпи пак почесто играат садисти во драмата наречена живот. Паровите кои не припаѓаат на ниедна од наведениве генерализации или имаат луда среќа или навистина постои реинкарнација и ги отплатиле своите долгови низ минатите животи...
Ја рецимо несакам некој да ме освојува тивко, ненападно, полека но сигурно. Несакам мутљаци, нати го дај ми го или турни ме да ќинисам. Сакам одлучен, секси, отворен, иницијативен и креативно мрднат дечко. Сакам некој кој од старт ќе ме собори на нозе! А не да се забораиме од викторијански удварања. P.S. И ја сум шкорпија и баш затоа сакам некој кој би ме освоил у старт за потоа да се освојуваме колкушто може повеќе се додека не ни се одмили од животот! xD hahaha
Не поентирав соодветно . Темава е отворена под категоријата Single! Случаjно уз разгледување на коментариве налетав на овој на кој реплицирав и тоа не поради -нечив избор на партнер со одреден посебен момент на додворување и со тоа создавање на одредена интимност и блискост која довела до брак- туку, повеќе поради тоашто читајќи го вашиот совет-коментар ми текна на непотребното тупење од страна на мушкиве (ова за оние девојки/жени кои не се во врска-брак!!!) а, како причина за тоа е се поголемата податност од женска страна која резултира со родова рокада. Жените ја играат машката улога и обратно маживе ја превземаат улогата на жени! На некој му одговара на ти го - дај ми го одолговлекување на некогаш ''природните процеси'' на поедноставно стапување или врзување во врска (која во денешно време е исклучително комплексна категорија to get into) а, на некој не. Да парафразирам: причина за потешкото стапување во врска these days меѓудругото е и факторот ''секој се ебе со секој'' кој е еден од причинителите на = a really healthy relationship is practically a mission impossible to get into these days. НО, ОВА Е НАЧНУВАЊЕ НА ДРУГА ТЕМА! Kако тогаш да постои врска? Со која сигнификација одреден однос класифициран под категорија врска или брак би се разликувал од стотина поранешни (други) или сега (тајно) присутни односи и релации за да заживее и живее една врска?! Оттука нормало е дека нема да има врска и дека се ќе биде без врска-барем во светот на оние со статус Single - хахахаха. Напишаново е врз основа на моето и искуството на некои другарки. Не го побарав твојот/Вашиот , него темева си е во статус Single и логично на тоа коментрирам каков тип на човек ми паше Секој со своето искуство. Советчиња од типот: чекај се што е твое ќе си дое или тогаш кога најмалку очекуваш се појавува некој ахам да... се појавува секој - тоа не е проблем али, тој секој едноставно не ваља или ова ми е најомилениот совет: дај ја шанста на човекот (другар ти) кој е покрај тебе! се чисти bulls shiJat.
Се слагам тука, увек сум поштувал директ приод. Иако сум риба хороскопски,мноооогу ретко денес да се запознае таква цура...порано имаше, ама сега скоро па Ич.
Нормално дека останаа машки во скопјево. Смешно е прашањево ко ќе размислам... ги има на секој чекор... и тоа не само од скопјево него и од локалниве села па и градовите од внатрешноста. Поентава е со кој како каде кога и зашто? Иам 24 и веќе ми е здосадено... 7 години сум на сцена и се од ефтини финтици лажњаци лицемерие фурање препичавање бркање и барање. Идам у предвремена пензија Шо ќе праам до незнам таму триес и нешо... Изгледа дека се погаѓале некои шарам барам назови фраери со мулти опции во исто време па, оттаму било одолговлекувањето и тупењето. А, се зане дека за да се изгради квалитетен однос треба взаемна привлечност, време, нерви и уште еден тон фактори кои би иделе во прилог. Па не трае животов 100 години Колку и да ни се чини дека имаме време, моето искуство ми кажува поинаку и затоа ме нервираат и женски и машки тупатори
Спојлер Ти даде пример за тоа што сакав да го кажам. Седиме на кафе, другарки, поминува/приоѓа - небитно, некое машко и другарките одма го окарактеризираат: ОВОЈ???? КЛОШАР!!! ОВИЕ??? СЕЉАЦИ ОВОЈ???? ХАХА, КАКО ЗА ТЕБЕ; ТИ ДА СИ ГО ЗЕМИШ ; ХАХАХАХА. Значи не го ни познаваш типот, ни си ни чул еден збор од неговата уста, а одма врз основа на изгледот (ако не е облечен по последната мода, нема дебел ланец, скап мобилен, оригинал патики...итн.), одма човекот е КЛОШАР. А, тие другарки не се некои убавици, туку искомплексирани створења, за кои никој не чини, никој не е доволен. И потоа немало машки. Демек од жени преполно е. Ставиле маска на лице (мешавина од пудра, руменило, маскара), сукњата на кројач ја скратиле за 10см., ставиле чорапи в прслук, и нога пред нога чекорат по улица, чиниш ФТВ во живо гледаш. Сите интелигентни, убавици, светици, да врвиш и да се крстиш покрај нив, дека светици се де.
Темава веќе подолго време лично не ме тангира ама кога ке ми текне колку пати си го имам поставувано ова прашање...еее...Цел живот гледав парови околу мене-кои среќни кои не, а јас сама. Само да знаев што решиле наречниците 3 вечер ич ама ич немаше да се секирам.Да знаев дека овој животен сопатник ќе го имам ќе се поштедев од непотребни секирации.Вредело да се чека- среќата некому доаѓа порано некому подоцна-важно е да дојде.На крајот на краиштата не е важно дали останна машки во Скопје, важно е дали остана правиот за вас ,за мене... Што е мое ќе си дојде.Ми викаа за секое тенџерче има капаче и стварно така било . Ова моево совршено ми одговара.Можеби ова е вашата година,Господин ПРАВИОТ ќе се појави.Дури тоа да се случи уживајте во животот.
епа ке нема кога девојкиве од другите градови ке дојдат у ск и прават граби и бегај додека нашиве скопјанки го чекаат принцот на бел коњ на ленинова и пошироко и ти се молам послем немало
Правиот односно вистинскиот is just an illusion girls. "Не'' учат да чекаме на...или да тргнеме во потрага по правиот во тривијални серии од типот на Сексот и градот и кој си ја обича султанот величенствен=хорор од серија . Постои само некој кој во моментот може да ги исполни нашите барања и очекувања но, само во моментот. People change and life goes on. А, кога девојките би сфатиле дека сето ова не им се случува само на другите, туку дека е апсолутно апликабилно и во нивните сопствени животи тогаш, еее дури тогаш, би си направиле себеси една гоолема услуга во служба на себе незалажувањето дека постои Mr.Right. Мажите не ја бараат вистинската девојка/жена за нив туку, ја бараат најподатната за нив, или пак онаа од која имаат најмногу ЌАР за себе и нивниот живот. Доколку ова е дефиницијата за вистинскиот и вистинската ондак нешо отишло во бедови уште одамна! Тоа ги објаснува врските кои си течат и еволуираат уз меѓусебно КИНЕЊЕ ама КОРНЕЊЕ од ВАРАЊЕ и брзите разводи во замена за нови партнери. Ете...
Ја сум СВЕТИЦА СВЕТА... се шалам. Ко ќе се прекрсти некој пред мене ок ондак го зиам треба машкиве малце поише да си наметнат ГАЛАНТНИ манири при моментите на пристапување кон девојките во замена за СЕЉАЧКИТЕ манири.
Колку само не си во право за болдот и плус првиот дел не го негира последниот дел, па јасно дека сакаме да имаме ќар исто како што сакаме да ја најдеме најзгодната, најубавата, најинтелигентната и таа која со карактер ни е е најкомпатибилна. И те како ја бараме вистинската само не секој ја наоѓа па со тек на време симнува критериуми а истото и вие го правите. Кој најде нешто вредно си ќути а кој не си се теши дека вистински партнер нема .
Ве молам не го нервирајте XMan!! Никој не е совршен!!! И џабе генерализација кога сите нешто изводат и претеруваат, а и имаат различни барања и желби за партнерот покрај себе. Ама не треба да се чека совршенството, ако гледате дека личноста е интересна, одговорна, стабилна, и се грижи за себе и вас, направете чекор, за да подоцна не се каете. Едно е сигурно, мажите станаа бетер од жени!!!
Познавам апсолутно некомпатибилни парови кои гураат заедно колку да се рече и тоа на долги стази. Реално познавам мноогу помалку компатибилни парови. А како тогаш постојат оние (маж/жена, дечко/девојка) кои си се вистински едни за други, кога и тие кои не се апсолутно компатибилни се заедно? Any wild guesses? Таа најпаметна, најзгодна, најубава не постои и vice versa истото важи за машкиот род. Кој си ќути нек не отвара уста и нек продужи да си ќути. Не е тешење дека вистински партнер нема -> Ако не си го нашол него автоматски е реална вистина. Како за кого.
Познавам и јас и тоа едно купче се некомпатибилни ама прашањето е зашто не сакаат да раскинат и да си побараат компатибилен партнер? Едни секако од страв да не бидат сами, други од навика, трети дека немаат поим што навистина сакаат, четврти мислат подобро врапче во рака него гулаб на гранка, петти имаат нереални барања а нудат премалку за тоа што го бараат, причини за некомпатибилност има многу. Но ако знаеш кој си и што нудиш и каков партнер бараш има шанси да го најдеш ама тоа често бара и жртва додека не се најдете да седиш сингл а многу за тоа не се способни. Паметни, згодни и интелигента девојки сум сретнал неколку во живот што значи пак ќе сретнам некоја и со една ќе клапне трајно ама разликата е што никогаш не сум симнал критериум и не сум тргнал со девојка што не ми задоволила најголем дел од критериумите така да шансата да заглавам во долга врска со погрешна кај мене е исклучена. Кој знае што и како да бара ќе најде а кој не знае ќе си направи компромис и ќе си се теши дека толку можел .