Се' што е во вреска со темава веќе сум го напишала и прокоментирала 100 пати, ама нешто ми падна во очи последниве неколку месеци... мажите во секој случај имаат повеќе избор. Зошто? Еве да земеме за пример 27 годишен дечко и 27 годишна девојка. Првиов машкуданец, може да си фати женска од 18 години нагоре, и ич око да не му трепне, да не изгледа ни смешно, ниту чудно. Значи се' што е 18+ (обрнете внимание колку генерации му се, ќе бидам blunt - на располагање), и дури и 3-4 години постара од него, доколку сака нели. А јас како девојка со 27 години, нема да сакам за дечко некој што има 18, 20, 23, 25 години. Не доликува, не оди, просто нема логика (чест на исклучоци кои си сакаат помлади мушкарци). Во таа смисла, мажите имаат многу повеќе избор, за разлика од жените на одредена возраст.
Мислам дека прочитав претходно од некојси Алекнови беше и тој убаво кажа се додека вие девојките имате големи очекувања и високи критериуми за вас не само во Скопје туку и пошироко ке нема машки за вас,за жал така стојат работите,а и ние машките немаме голем избор,пошто не сме ви доволно добри ке мораме од странство да одиме за да се ожениме,ова го пишувам затоа што ми е смачено повеке да ве слушам како кукате.
Одат да во странство и се женат, како не Има слободни моми по селата во Албанија и масовно прават свадби. И тие се сметаат за странкињи нели?
Мене тој муабет со критериуми ми е просто кажано смешен, абе ти можеш да имаш листа со 1000+ критериуми и да се заљубиш у дечкото/девојката што не поседува ни еден од тие критериуми, што и најчесто на крајот излегува така, тотална спротивност од вашите замисли. А машки и женски има доволно на светот ако не ви е испод ниво да пружите рака и да се запознаете со некој што ви се допаѓа или да дадете шанса кога некој сака да се запознае со вас.
Од една страна се криви девојките со тие критериумите и сл. Ама иако порано не верував или несакав да верувам ама и кривицата е повеќе накај машкиот род со години "добрите" дечки станале срамежливи и изгубиле самодовербата од XXXX Причини (ја обвинувам Америка) и со таа нехраброст што ја имаат оставиле да сељачињата се пуштаат на убавите моми.... после 20-30 сељачиња убавите моми ќе изгубат надеж и тогаш доброто машко момче ќе собере храброст и кога ќе пријде тогаш ќе добие НЕ за одговор оти убавата мома ќе мисли дека и он е сељачиња како другите пред него .... со тоа доаѓа до ситуација каде што машките ќе викаат тоа што викаат и девојките ќе викаат тоа што викаат.... Решение е едните да соберат храброст а другите да играат на лото оти може да им се посреќи и да ја најдат љубовта на нивниот живот , ако не секогаш можете и да станете лезбејка
E чедо,намали со его трипот,те молам. Јас нити имам намера да те анализирам,нити искрено ме засега твојот приватен живот,јас го кажав мојот став околу твоето мислење за дискусијата која се води,ништо повеќе. Мамката го дефинира уловот,само што за разлика од рибите,со мажите е малку поразлично. Ако сакаат да си играат и да клецаат,ќе најдат некоја за клецање. Ако сакаат врска,ќе најдат некоја за врска,језда кај многу од машките тоа се случува многу покасно,а вие стапуете у врска многу порано. Ни едниот ни другиот пол никогаш нема да најде златна средина околу тоа. А подобро е да сте сингл отколку да ве напуни ко ќурки некој шутрак што вие сте го мислеле за мушкарчина па да плукате по машкиот род,нели? И машките,и женските до 20 и кусур се неразвиени за врска,некои си ја пробуваат среќата,некои не,така да не бидете толку нетрпеливи и не се навикнувајте на тоа цело време вие да ги држите уздите и да го креирате просечното машко,премногу сте променливи за тоа. Има машки,некои се сеуште на возраст на која сакаат авантури,останатите веќе си имаат девојки верувам,така да не се брзајте. Инаку Јипи,јас бев едно од тие машки што ти би рекол дека немаат храброст. Само јас би рекол,не е проблем храброста,проблем е една ствар што често ја викаат friendzone. Оние машки што се обидуваат да пристапат на поинтелигентен начин се закачени на фамилијарното стебло како браќа,оние што влагаат и излагаат од животот на цурите како во трговски центар се прифатени за дечковци,мажи и така натаму. А,заборавив чедо,мојата теорија ќе ти ја потврдат темите на форумов за Згодни Мушкарци,увери се и сама кој е стереотипот за идеално машко а после тоа ќе се вратиме на муабетот. Поздрав.
Секако дека има,само на какви налетувате е проблемот,дали се вистински машки или само убава фасада празна
јас ли треба да ви казам за вашите големи критериуми,па јас не се жалам вие сте тие што постојано плачете како нема асални машки,на крај краева тоа е ваш проблем,што се однесува до мене сепак мислам дека има добри девојки јес да се во мал процент сепак ги има и сум налетувал на такви,толку од мене,не сакам да влегувам во расправија.поздрав девојки
Зависи на кое дрво лаеш Со пишаново се ставаш себеси во таа група на луѓе од типот -сите машки/женски се исти. Ако тебе ти се допаѓа девојка која те третира на таков начин, тогаш можеби треба да си го промениш својот вкус на жени. Јас незнам стварно каква околина ве опкружува, каде излегувате, какви девојки/мажи ве привлекуваат, па да излегувате со вакви тврдења. Ова не се однесува само на тебе, туку и на мажите и жените што излегуваат со вакви изјави. Велиш да ја ѕирнеме темата за Згодни мажи? А да ѕирнеме една просечна тема со наслов Згодни Жени, на што би наишле? Па што ако ми е секси Џејсон Статам. Мислиш идам по улици и барам лика и прилика на него? Тоа што те држи до човек е карактерот, љубовта, а не рамниот стомак и фотошопираното лице. Ќе ми набива комплекси бре, да е таков Барем во моја генерација и постари, сеуште постојат луѓе кои не се фасцинираат од пластичните девојки и мачо мажи. Убаво си пиша Моира А ставам потпис и на ова Јас не си го најдов (не сум го ни побарала ) ама барем кога ќе излезам многу добро знам да ги распознавам
ова за девојки од странство ми звучи познато-чекај да се сетам од каде да бе кога двајца мои вујковци не најдоа Македонки според своите критериуми, па преку стројници најдоа невести од Албанија-едниот стројниците го излажале, малку си имаше проблем со невестата ама ок ја примија нашата вера, и пополека се вклопија во средината во која живеат. епа така е кога се правиш паметен и кога Македонките биле вакви или такви, на крај и невеста по мерка ке си бараш
Спојлер И да, останаа онолку машки колку што треба да има. Верувам дека секој, кога тогаш, си го наоѓа своето капаче, затоа и никогаш не сум се замарала за тоа какви машки/женски има во градов. Никогаш не ми сметале спонзорушите на пример, затоа што постојат оти некој упорно ги „храни“, ниту спонзорите, оти јасно им е на кој начин можат да ќарат нешто. Супер за нив, браво! Се` додека има побарувачка, ќе има и понуда, само прашањето е кој сака да купува од тој пазар? Битно е луѓето да се среќни и да го добиваат она што го сакаат, зошто само тогаш ќе се однесуваат ко Човек. Се` друго е ирелевантно и лично, и не знам зошто толку револт по ова прашање.
Ја вака, јавно у темава, да ги пофалам момците од Скопје на возраст од 25 - 27 отприлика Како приоѓаат, алаВ да им е! Најсмели се. Колку такви ми пришле, ми направиле муабет, ме поканиле на пијачка у последно време, мх мх. Е сега кога доаѓа моментот на не-одгатнување на моите години и тука секогаш се смејуцкам, па се чуствувам поласкано, па некои праат back-pedalling одма, или од други причини, или едноставно само сме си направиле муабет и тоа е тоа, никому ништо. Поентата ми беше друга. Браво! Слатки се ко вафлите од Мартини Овие од моја генерација олку смели не се. А ова помладово, гајле си немаат. Им се допаѓа некоја - веднаш и приоѓаат и тоа учтиво, културно, ќе си прашаат - сама си? Не си? Фала, чао, пријатно. Барем не ми се случило засега да кажам - да се „изсељачи“ со тапија некој. А и јас не сум од оние кои сукаат тесто за кифлички со очињата некој ако им пријде. Баш ги зборувавме со една другарка, не начекаа во текот на едно искачање едни двајца момци, 5 годинКи помлади од нас. Видоа дека тогаш застанавме сами двете на коњопојче да си направиме муабет, и, онака, клизачи ни улетаа Јуху, девојчиња, блазе си ви Имате избор. Што да ви кажам. И тоа ме радува, што не се сведува се само на олимписка дисциплина - шмекање преку шанк. Така да, да не сум видела носиња кревање у вис. Давајте шанси
Прво,слободно ѕирни во темата Згодни Жени и направи разлика од момите што жените ги постираат и момите што неколкуте машки ги имаат постирано. А со мојот коментар апсолутно не се ставив во групата Сите женски се исти,јас потенцирав дека си земав за право да генерализирам бидејќи мнозинството тежнее кон таквите издепилирани набилдани момци. И без однесување како да не знаете каква е реалната состојба и да се ставате во дискусија негирајќи ги фактите. Зошто во таква ситуација муабетот не ви држи вода. Моира,револтот е заради вашиот необјективен чист феминистички став околу машките,на прво место,ако се прашувате ДАЛИ останаа машки во Скопјево,треба да се прашате дали ВАШИОТ ПОГЛЕД кон машките не е лош,затоа што јас никогаш не сум се прашал себеси дали останаа девојки во Скопјево,зошто знам дека ги има и не сум воден од никаков шовинистички идеал чисто колку да отворам тема на разговор.
Поим немам што се тие чудни суштества што шетаат по град,влакнести се и им виси нешто меѓу нозе. Убаво мирисаат,многу поразлично изгледаат од нас. Ама тоа е, на убавите сингл девојки не им се угодува бе дечки. Јебига, и како што кажа големиот Панта Реи( ), ДРЖЕТЕ ГИ ШТИКЛИТЕ И КРИТЕРИУМИТЕ ВИСОКИ!!! ЧАО!
Ретко ретко денес да се најде добро машко во нашето ни мало Скопје или многу се пребирливи или сакаат девојки за една вечер а ни девојките не се поарни.
Инспирирана од една не толку убаво помината вечер,сфатив дека имате мУжи во тоа вашето Скопјенце,ако бидеме буквалисти. Очигледно работава си е по некоја аналогија,кога нема мажи во родниот крај,има во Скопје,кога нема во Скопје,има во провинција,е веќе ако нема никаде се оди во Австралија или Work and Travel програма... Значи,девојка,3-4 години постара од мене да зборува такви будалаштини од типот- да,во Скопје се наоѓа,имаш избор,немаш баби и познаници кои ти дишат во врат на секој твој испад...ок,за второво,ама првово небаре одиш на сезонски шопинг ебаго. И ќе се повторам по не знам кој пат и ќе се согласам со некои членки- Ако знаеш што бараш,кога-тогаш ќе го најдеш,па макар да гризнеш неколку црвјосани јаболка,едно од тоа ќе се погоди. За оние кои не знаат што сакаат,цел свет им е мал,а не пак да стане збор за Скопје Е сега ако ви е „провинцијалската“ среќа во Скопје,тогаш моми скопјанки,елате во околината ќе се најде некое момченце и за вас