Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Не останаа, еве веќе и јас не сум сигурен што сум, само коректно и пристојно машко сигурно не сум... Аххх... ;(
     
  2. divi

    divi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Да, се сложувам со тебе дека постарите мажи имаат поголем избор, буквално како што викаш ти од 18 нагоре му се на располагање, али не го гледај тоа на предност, затоа што не заборавај дека девојка на 18 години има многу поголем избор и може да си излегува со момци 18+, а дечко на 18 нема многу голем избор башка и фактот што треба да се „натпреварува“ со постари поискусни мажи за да ќари девојка. Работа е што кај девојките, како изминуваат годините изборот им се смалува додека кај мажите се зголемува, и да ти кажам баш ми е супер сега на 28 години, абе кога ке излезам... милина, едно 80% од девојките ми се допаѓаат, незнам од каде да почнам :)
     
  3. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    јас не мислам дека проблемот е во тоа колку се на број или какви се, туку проблемот во нашата земја е во нашите ограничени размислувања-ставови односно во она што нашите родители и општеството ни го наметнале...Да не биде многу постар ,но да не биде ни многу помал, да не биде скржав,но да не е ни растрошен, да не е сиромав, но немора и да е многу богат, да не премногу убав, ама не и премногу грд, да има добар карактер со што е можно помалку маани, или пак недостатици кои се прифатливи во нашето ограничено општество...Чисто стереотипно традиционално размислување...
    Сите овде како под калап да ги бараме истите мажи, скоро сите овде на форумот ги имаме истите или делумно сличните критериуми...
    Сите овде сакале или не се водиме според ограничувањата кои не ни се гласно диктирани но сите притајно ги знаеме и почитуваме...
    Додека светот постепено бега од стегите на општеството, само и само за да се срекни, ние се ограничуваме барајки го совршеното односно несовршеното, еден обичен премерен дечко со горниве карактеристики....
    Епа драга моја(ви зборам вам но и се обракам и на самата себе) времето што го бараш е на мама и на тато тоа е пред 20-30год, време во кое имало само два ТВ канали, време без компијутери , време без прикриени хомосексуалци, време во кое разводите биле табу тема, време во кое личниот опис не се менувал со пластични опрации, време во кое ако таткоти е кројач ти во никој случај нема да станеш бизнисмен, време во кое сложни брака кука градат,....
    ако сеуште мислите дека живеете во тој свет , светот на вашите родители тогаш е воред да ги имате истите критериуми, а ако мислите дека многу нешта се смениле од тогаш , тогаш е ред да ги промените своите критериуми...
    Е сега моето прашање е кои се денешните вистински критериуми? И дали воопшто треба да ги имам?
    Можеби најдобро е да немам критериуми односно ограничувања.
    До сега 90% се водев според моите односно нашите критериуми, и не бев целосно срекна, досега ниту еднаш не излегов со ни едно момче кое е надвор од тие критериуми,....Можеби тој некој без овие критериуми е мојата срека,..и нели нема да знам додека не пробам....Каков би бил мојот DATE без органичувања, без критериуми , без очекувања....
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    kolovoz ти не мора да се ограничуваш на некави критериуми,барај таков како што тебе ти одговара,мене ме нервира што стално кукаат девојкиве немало мажи тука,но имало во странство тоа е глупост за мене.поздрав ;)
     
    На Decibel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Јас сепак мислам дека треба да имаме и некакви ограничувања.Ок сега да не е списокот долг со барања,всушност треба да се свртиме и кон самите себе,да поработиме на нас самите,на свјоот карактер.

    Машките ккао индивидуи се со многу чуден карактер,генерално со поинакви и полиберални размислувања од женските.Но има и голем број на добри момци кои се веќе зафатени.

    Па потрагата продолжува......


    Се сложувам за размислувањето на Трендафилка и на Коловоз дека машките како популација имааат поголем избор од нас женските.
    Но не е се така црно.Мислам никогаш не се знае каде и на кој ќе налеташ. :!:
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Мислам дека проблемот на мојата генерација е тоа што премногу голтавне шпански серии додека растевне, па според теле-новела мучогранде продукции ни се врежа некоја слика како би требало да изгледа совршен маж.
    Има машки не да нема, но мене што ми е маката. Премногу има машкуданки ако така можам да се изразам, некоја верзија на девојче кое што премногу се дружело со машки па потоа решила да стане женствена.
    Можеби проблемот е во мене - можеби јас сум таа која што си создала погрешна слика, премногу ми смета феминизираноста - Искубани веѓи - Депилирана нога - Депилирани гради ( не дека сакам влакнести типови )
    Фитнес клубови -теретани - плочки, абе момчиња македончиња бидете малку со карактер- бидете малку со цврст став и само-увереност.
    Бидете МУЖИ оставете ни го средувањето на нас, не сакам јас другарка со која што ќе разменувам совети за козметичари,не ми се потребни плочки на стомак - флизури кој што ке ги менувате секој месец- тенка веѓа.
    Искрен совет до машките кој што го читаат ова, не се чудете зошто денешните девојки како никогаш порано трчаат по постари машки - погледнете се вие погледнете ги нив.
    За да бидеш МАЖ не е потребно само да имаш пенис, потребен е - карактер - однос и став.
    Нема жена од 18 до 88 која што кога ќе застане до партнерот, не сака да се чуствува заштитено и сигурно, кога ке застане да знае дека стои до МАЖ.
     
    На anneyy, Luka24, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    ТЕМА: Останаа ли машки во Скопјево?

    Слабо само по некој ендем... :emo:
    ништо чудно викенд е...
    скопјаните си отидоа дома.!?
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Decibel

    Decibel Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2010
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Машки
    Има, има мажи ...
     
  9. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Марли брат, ти се верува ли дека темава е сеуште жива и актуелна...аман веќе, има машки во Скопјево само треба да ги најдете :D :lol:
     
    На teletabis4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    25
    Дали имало мажи во Скопјето?
    А пензионери? Камиони и автобуси?
    Шо, да не имаше војна во меѓувреме а јас сум ја преспал... :)
    Прочитав неколку мислења и ме изненади почетната претпоставка дека како места за запознавање на идни партнери се земаат предвид дискотеките и кафичите.
    И не само тоа туку муабетите течат во таа насока, дека тоа се примарни места за такво нешто.
    Ниту биле ниту ќе бидат некогаш. Чак бих рекао да таква ситуација се случува многу ретко.
    Наравоучение - не барајте или очекувајте да најдете таму ништо слично. Скоро ниеден посетител на диска/клубови не оди таму `за да си помине фино и да се изнаигра` туку оди воден од потребата за коитус. Обично, уан најт стенд. Посебно машката популација. Иако ова важи и за двата пола, за третиот не сум сигурен. :?:

    Ма немој, оделе да играат. :D 99 од 100 луѓе абер си немаат од играње.
    А пијачката е поефтина на други места. На места каде што може и да се муабети/трачари и подјебава без да се дереш на нечие уво за да се разберете.
    Некој да приоѓа на некоја за запознавање - треба да се дере, пошто татнат 200 децибели околу. Што на старт прави проблеми.
    Така да муабетот околу одење на такви места за `фин помин и играње` се глупости. Све пицнато, депилирано, парфемизирано, скоцкано...али дошле бре да си поминат `фино`. Не да изрекламираат цицка, нога или бицепс и да испратат сигнал за парење. Се оди на такви места за евентуално брзо доаѓање до секс. Поточно со таква намера и надеж. И тоа е тоа.
     
    На miss.pretty и zoki-poki им се допаѓа ова.
  11. DELFIN-15

    DELFIN-15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки
    Кога се прашува дали останаа машки, треба да се размисли дали „има“ и девојки. Во љубовните врски, многу поважно од тоа дали ќе го најдеш вистинскиот човек е дали ти самиот/самата си „вистинска личност“ ?!
     
    На glosipgirl и Puflice им се допаѓа ова.
  12. Luka24

    Luka24 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    17
    Одлично кажано,браво :clap:
     
    На Decibel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Аааа вакви муабети да не чујам веќе ! Немало машки Скопје...дојдете Охрид да видите што е немање
     
  14. mac22

    mac22 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    :) uste malce kvalitetni ostanavme
     
  15. vesnaaaaaa

    vesnaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    15
    нема вистински мажи.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Дефинирај ги што се според тебе вистински мажи?
     
  17. vesnaaaaaa

    vesnaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    15
    Човек што знае што сака од жената и животот.
     
  18. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Јас имам да измрчам нешто тука.

    Не ми е јасно зошто си се фатила како слеп за стап за овие влакната и мускулатурата?

    Дали во твојата глава еден млад дечко треба да е распуштен, влакнест и и и што друго? Не се потребни плочки? А зошто да не? Стомак изгледа подобро? Или цел бојлер да турка пред него?
    Еве дури и да не си го туркам примерот во екстрема со бојлери, зарем обичен стомак изгледа подобро од стегнати плочки, барем минимално изразени?

    Кажи ми зошто да не?

    [​IMG]

    Во врска со веѓите. Има илјадници што одат на чупање, тоа факт. Не знам некој што има тенки веѓи, некако природно на место средени па оди дополнително да си ги тенчи до смрт.

    Голем проблем што и јас го имам е споени веѓи, барем природно така ми одат, не зависи од мене.

    И треба ли да се оставам ко церада да имам на очите? Сенка за лето, ам? Гајтан веѓи ги викаа, така?

    А ти знаеш ли дека целосното одрржување на хигиената на телото е полесно без влакна? Па секако дека знаеш. И што треба да имам влакна наоколу како шимпанзо, како на татко ми генерацијата од пубертет шо им подникнало, до денес стои. И тие се мажи?

    Машкоста е во влакната? Во бојлерот? Тоа беше права машкост ќе немаше една несреќна жена во светот моментално.

    Слободно можеш да кажеш дека на денешните машки им фали карактер и понашање, во тоа и јас ќе те поддржам, ама не мешај физички изглед и лично оддржување.

    Јас сум далеку далеку од метросексуалец ама нема да се понашам како да живеам во 70-тите.

    Да, не ме спомна мене во твојот пост, ама алудираш на голема група машки од денешно време и делумно се пронајдов. Ова е мој став.
     
    На glosipgirl, sindi87, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.276
    Пол:
    Женски
    Ова не е мој проблем фала Богу ама се знае денешните "мажи" не се многу по љубовта се разбира со исклучоци..така да остануваат само оние над 18 тие ќе да имаат поголем мозок од помаливе.. ретко може да се најде дечко помал од 18 да сака врска [*]НОРМАЛНА (не 1 месец, недела, ден па и година). И ќе се надоврзам со постот над мене те поддржвам ЕлеМентал ама сепак тоа е секој има право на свое мислење та и женските како машките сакаат побуцкасти, да речам, партнери ама мислам дека повеќето девојки сакаат со плочки ии не многу влакнести машки
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Е многу јака ти е дефиницијата,зарем нема такви во Ск,ги има колку ти сака душа