Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. vesnaaaaaa

    vesnaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    15
    Дефинирај ги што се според тебе вистински мажи?[/quote]
    Човек што знае што сака од жената и животот.[/quote]

    Е многу јака ти е дефиницијата,зарем нема такви во Ск,ги има колку ти сака душа[/quote]

    Штета што не си ја разбрал дефиницијата веројатно си многу млад...или неискусен... А ако ги имало таквите мажи, сигурно на темава немало да се дискутира,

    Поздрав
     
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Човек што знае што сака од жената и животот.[/quote]

    Е многу јака ти е дефиницијата,зарем нема такви во Ск,ги има колку ти сака душа[/quote]

    Штета што не си ја разбрал дефиницијата веројатно си многу млад...или неискусен... А ако ги имало таквите мажи, сигурно на темава немало да се дискутира,

    Поздрав[/quote]
    Мислам дека ти бираш многу,размазени сте затоа преку леб погача барате.
     
  3. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Ај сеа овака.. ако веќе реално гледаме на ситуацијата, јас паралено на овоа ќе го поставам прашањето,

    Што мислам под жени - супер средена девојка, со културно однесување, добро воспитана и образована.. или кратко кажано оноа што на секој МАЖ му е потребно - вистинска Дама до себе.

    И кога ќе размислам подобро, овој тип на девојка, од ден на ден изумира се повеќе и повеќе. Девојчињава денес, се да си поплукаш под пазуви, да се прекрстиш и да си речеш "Бог да не чува од полошо." Се нудат на тацна. Материјалистки пред се. "Ако ти е длабок џебот може да праиме муабет." "Еј ти ферари возиш?!" Апсурдност на ниво. Облекла фустанче.. а фустан облекла, а гола испаднала исто ти се фаќа. Деколте до пупак..

    Па ти со намера си тргнала да се понашаш ко за 20 денари, а кога ќе ти префрлат од страна, зборовите се тураат при срце и се смета како навреда.

    Епа јас овде ќе се извинам што ќе застанам од машка страна, али на машкиве не им треба некоја што пола Скопје и го видел г*зот, или уште полошо ако пола град ја поминал.
     
    На Monika.J, Decibel, divi и 4 други им се допаѓа ова.
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    5.896
    Само да се гледало кај да се чекираат, кој ги видел, со кого ги видел, каква кола возеле, па клучевите низ рака да ги вртат. Аман до толку ли целово Скопје од комплекси пати?
    Кај се вистинските мажи бе? Каде? Ми се повраќа од плитки машки, ми се повраќа од мажествен изглед, а пички во душа. Дајте бре покажете што е маж, што е амбиција, што е столб, дајте покажете дека знаете како да освоите жена, без притоа да внимавате да не ви се исфлека белото кошулче и патиките Ла Коста. Аман!“
     
  5. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    темава си опстои веќе 3 години, бравос.... баш ме интересира на Трендафилка тоа десетината другарки дали успеале да си најдат вистински маж?? до сеа ваљда и некоја се омажила......

    јбг, барањето е тешка и напорна работа, на крајот доста време троши па да речам без месец дена ако не и два тешко да речеш работава ја бива или не ја бива.

    јас лично одбивам да судам, али преку к.. од Еготрип. па добро бе сите ли жени се его трипови. еее, сабајле се испокарав со дотичната ... да не смее да каже чоек дека му смета нешо, не му се свиѓа, не му паѓа ни драго ни мило. и крај на муабетот, абе испокарај се ако треба не ќути ко пи.ка кажи си го твојот став. НЕ толку, епа толку ако егото ти е поголемо од битноста на партнерот.

    мажи и жени има секаде кој и која како сака да се дружи......

    мене више ми се смачи ќе го гледам скопјево преку прозор и нема да оставам можност некоја да си го пуни егото женско....

    иам се што ми треба, стан, кола, работа, но фали вистинска жена за да бидам вистински маж.

    тоа ти е природа се иде у пар.

    поздрав Ж.
     
  6. divi

    divi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Тука грешиш пријателе, општеството те условува од мали години да се дефинираш преку екстерни работи, и затоа бараш валидација од истото тоа општество. Условен си да не се чувствуваш исполнет и цел затоа што секојдневно те бомбардираат со работи, како мораш да бидеш успешен, мораш да има школо, мораш да правиш пари, мораш да легнуваш редовно жена/и, мора да се ожениш, мора да имаш дете, па после ќе ти кажат дека вистински маж треба да има 2-3 деца, итн до бескрај. А знаеш кога ќе бидеш вистински маж... баш кога ќе престанеш да бараш валидација од други (поготово од жени), и самиот ќе се дефинираш како маж. Прави ги работите што те исполнуваат и ти прават ќеф само немој да им штетиш на други. Ако ти лично бидеш среќен верувај не треба ништо друго да му дадеш на овој свет, самото тоа (твојата среќа) ќе го направи овој свет подобар. Е само тоа ти е доволно да бидеш ценет... барем од луѓето како мене. Тесла и Њутн, не правеле пари, немале огромни богатства, немале ни жена никогаш (у превод не легнале никогаш ништо), и пак ги сметам за вистински мажи, затоа што тоа што тие го направиле е рамно на дела на богови. Така да ако сакаш барај си жена, ама никогаш не вели дека не си висински маж и никогаш не прашувај ни мажи ни жени што е вистински маж, затоа што повеќето, верувај не ти мислат добро... а за тоа ни тие самите не се свесни, затоа што за нив вистински маж е оној кој е во служба на општеството и на жена. А ова може скапо да те чини. Peace brother.
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Реално ако правиме муабет колку мажи има немажи, толку и жени има нежени.
    Мислам дека ми ја сваќате поентата. Така да има многу и мажи кои си го поставуваат истово прашање, остана ли жени во Скопјево?


    Тешки сте за сфаќање тешки сте искрено, уште имам неколку дилеми што не можам да ги разјаснам и верувам дека никогаш нема да ги разјаснам. Aма па исто и ние сме за вас за некои работи не јасни и тоа е вистината, има работи за кои апсолутно не можеме да се разбереме и треба само да ги прифатиме и тоа е тоа.
    Само едно мислам дека сите ние грешиме, премали ама премлади и незрели се заљубуваме, имаме доолги врски, сериозни на оние години кои не се сериозни или барем не треба да се до таа мера, губиме глава и душа, и кога ќе се повредиме, а ќе се кат тат, тогаш блуе оган и он едните и од другите.
    Луѓе сме и имаме его, големо его и не сакаме никој да ни го скрши или наруши, и кога ќе се наруши се претвараме во нелуѓе, неистрпливе сме.
    Секој си носи одредна животна приказна, нешто што на него оставило некој траг и тоа влијае во понатамошното однесување. Јас верувам во фактот дека некои луѓе нависитна ги среќаваме во погрешен момент, на погрешно место.
    И секој си има некоја своја сродна душа, некој што е за него тип, негов крој што му одговара, не сто посто ама барем 50. Сличностите се привлекуваат не различностите, сигурна сум во тоа.

    И компромис, нешто што мора да се научи да се прави, да се почитува и практикува.
    Со инает ништо не се прави.
    Јас сум секогаш позитивна расположена за оваа тема и не сметам дека е научна фантастика да се најде маж/жена, но научна фантастика е да се одржи таа врска и да се води на здав начин.
    Пребирања секогаш ќе има и имало,барење преку леб погача, ама сетоа тоа е мислам зашто сите ние сме навистина сеуште незрели и не ја сфаќаме правата суштина на врската, не на љубовта.
    Кога ќе созрееме до она мера да научиме да се почитуваме со сите наши ставови и навики и да се прифатим еден со друг, тогаш правиме муабет за една стабилна и озбилна љубовна романса.
    Со инат и кавги и препукување не се постигнува ништо, ама баш ништо.
    А реално има мнооогу повеќе такви парови и врски денес, само се залажуваат, заслепени се и несозреани.
    Мислам дека јас и многумина од нас, имаме уште многу фурни леб да изедеме додека да се стаблизираме и да речеме, да ова е личноста со која сакам животот да го поминам, а таа одлука е можеби најтешката и најкомплицираната од сите, и според мене не се носи брзоплето и во оние луди години.
     
    На imelda, Moira, WildCherry и 5 други им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Многу малку самокритичност на сметка на екстремно високо ниво на пасивност и себесожалување како мотив за таа пасивност. Додека не се поработи на тоа, ќе бидете turn-off како појава и за вратените од пуст остров шо не виделе човек сто години. Ова важи и за мажи и за жени.

    Ќе зеам ќе му се докажувам на некој дека не сум спонзоруша или нешто слично. Вијагра не може со моќта на искуствово. |(
     
    На Hipster и imelda им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Рече човекот на кој секое второ мислење му е кукање како повеќето жени се спонзоруши и трчаат по пари.
    Добар ти е совет во болдираното, навистина, но примени го и за себе (и не се вреѓај одма и не го сфаќај како напад туку како најдобронамерна препорака за на самиот тебе да ти биде поубаво).

    И ќе завршам со две реплики од Сексот и градот:

    Peter Mason: There's not one woman in New York who hasn't turned down ten wonderful guys because they were too short, or too fat, or too poor.

    Miranda Hobbes: I have been out with some of those guys. The short, fat, poor ones. It makes absolutely no difference. They are just as self-centered and unappreciative as the good-looking ones.
     
    На Hipica, Hipster и Monika.J им се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Одбивам да прифатам дека мажите пред се си гледаат само нив да им е убаво. Знам неколку мажи кои чуда прават за жените во нивните животи. Без разлика дали тие жени им се сестри, мајки, сопруги или девојки. Истите пред се гледаат нивните жени да се чувствуваат задоволно.

    И доста реален совет даде Хипстер. Истото дека премлади влегуваме во сериозна врска го зборувам и јас. Но некако повеќето мислат дека се бламирам не верувајќи ми само затоа што јас сум во сериозна врска. Само забораваат дека јас врската ја почнав после мојата 20 и некоја година, а тие нивните ги започнале во тинејџ фазата. Не дека јас се сметам за остарена и спремна за сериозноста која ја носи мојата врска. Баш дека не се сметам и малку ме јаде црвот на сомнежот - дали ја правам нај исправната и паметна одлука да сум со овој човек.

    Верувајте дека ако знаете вие како да се однесувате кон дечкото и да го респектирате, тој тоа ќе ви го врати 10 кратно. Ако му дозволите да сфати дека до него има дама која е премногу вредна, никогаш нема да не ве почитува.

    И ние самите избираме каков ќе ни е дечкото. Никој не ни е крив што не ги отвараме широко очите пред да избереме со кој ќе се обидеме да создадеме сериозна врска.


     
    На Hipica и Hipster им се допаѓа ова.
  11. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Многу , многу точно!
    Ама што се 27 години, луѓе? Според мене до 35 години е сосема ок да си singl (во денешно време)

    Читам и се чудам од 25-30 се сметале за незнам колку стари, дечковци не можеле да најдат!
    Аман!

    Па вие знаете ли колку има над 40 што се singl? И истите муабети ги зборуваат!
    41, 42, па и 45 години! Е ова е алармантно!
    27 години, во цветот на младост :rofl: ! (според мене имаш избор на “мушкарци“ :) (така ги викаше баба ми, мушкарац :D ) до 35 год.Машкото треба да биде и постаро, бидејки после со годините почетокот на стареењето кај жените порано се забележува генерално, но има и исклучоци)

    Другар ми се ожени на 43, сега синче си има.
    Знаете кои муабети се вратат кај оваа “категорија“?
    Демек немале да имаат време за развод, т.е. за втор брак :rofl: :P .
     
    На Glasna, Ilinaaa и Gocaa им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Kaренин ова го пишав лично од свoето скромно искуство, после 4 годишна врска, започната на 19 години, завршена на 22.

    Учам од сопствените грешки, анализирам веќе месец дена и дојдов до тој заклучок дека многу незрели влетуваме во врски, јас ама и многу кои ги познавам другарки и по некој другар.
    Поголем дел од моите блиски луѓе, па и некои познанички и познаници се во веќе долгогодишни врски а сме тука некаде иста поздраст, до кај 25 години максимум.

    Какви се глупости не сум се изнагледала, изнаслушала и ЛИЧНО доживеала да ви раскажувам ќе се смеете, мајке ми. Ама самите сме си криви, прерано трчаме да пораснеме, демек сме нешто којзе колку созреани и големи па сите мислиме дека се знаеме и ние се сме доживеале. Што е најтрагично и јас вака се залажував до пред некое време, али среќа ги отворив очите.

    Уште сме мочли и мочковци со по 20 и нешто ситно години кои мислат дека се што се лета се се јаде.
    И машки и женски.
    Па отворете на форумов какви се не приказни читам од долгодишни врски, па какви проблеми се појавуваат после тооолку долго време заедно, и нема друг одговор освен несозреаност и елементарно непознавање на карактерот и маните на партнерот. И никогаш не ми биле јасни оние кои се обидувале од петни жили да ги сменат партнерите, као демек јас ќе му ги сменат маните.
    Знаете како велат, железото се кова додека е топло, врска се гради од првиот ден, а не после втората година. И некои маните се прифаќаат, не се менуваат, барем не оние кои се дел од нашиот карактер.
    А во брак работите не се менуваат магично преку ноќ, ама некои касно го сфаќаат тоа.

    Останаа мажи во Скопјево и жени и мажи, но како прво никој нема тој што вас ви одговара дома да ви го донесе, сервиран на тацна во чинија спакуван како бајадера. Некогаш и ние малку треба да се потрудиме околку тоа што го сакаме за да биде наше.
    И што би рекла Пеперминт, некогаш треба да погледнеме малку поубаво и не само со очите.
     
    На hermosa, XMaN, Gosling и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Целосно се согласувам со Hipster. Да се надоврзам само со муабетот, другарка ми и дечко и' се караат зошто таа отишла со другарка на кафе, а не отишла со него. И? Сака да ми каже дека дечко и' бил созреан... :D Офф мори мајкоо. И искрена да бидам сите врски што се околу мене на таа возраст се со такви "тешки проблеми". :lol:

    Инаку во врска со темава. Има и машки и женски и не само во Скопје туку секаде низ земјава и повеќе од потребното, само за кого како е работава. Мене ако ме прашувате има, ама ако прашате некоја од моите познанички што мислат дека светот околу нив се врти ќе рече дека нема ни за лек. Значи зависи кој како си ги гледа работите, односно кој како си се гледа себеси. Ако јас се гледам како принцеза нормално дека принц по мој терк нема да најдам и за мене машко ќе биде рамно на вода во пустина. :D

    Не генерализирам ама повеќето или еве вака да се изразам девојките што јас ги познавам можам онака благо да се изразам дека се лигла до лигла. Ми кажува другарка (ако може така да се нарече) дека некој дечко и' се пуштал во дискотека и ми вели абе ајде сељак. И јас сега :?: ... Велам, а зошто сељак? Па така сељак. Господе боже помогни им. Дечкото и' се пуштал, и само заради тоа она заклучила дека е сељак. И после ќе се жали дека нема машки, епа нема да има кога бара некој што ќе биде најубав од сите (за неа најубав), некој што ќе кршат врат по него, ама не се запрашува каков мозок има таквиот, впрочем воопшто не е ни битен мозокот во нејзиниот муабет. Јас само кога сум излагала со нив, еве да речеме од 6 другарки во просек на вечер сигурно по двајца машки (кои биле баш онака супер момци) на секоја ќе им се пуштат. И што е трагичното ќе правиме муабет другиот ден и велат абе ајде ги виде какви беа? Е какви беа бе? Нормален, среден, симпатичен дечко, кој и пришол со културен муабет. А за неа не бил ништо посебно. И после нема. Како бе нема? Сега да не излезе дека се со такви јас се дружам, нема врска имам некои другарки што целосно се сложуваат со мене и си се сосема ок девојки. Епа како бе за мене имало машки, како за некои други има, само за нив нема. Абе ајде, што се они принцези, па тато не ги дава за некој што не е принц.

    Пак ќе кажам зависи од тоа како ние самите си се гледаме и каква замисла си имаме за дечко. А во денешно време сите сме современи, сите сме образовани, егото ни е до плафон, умислени сме, најубави на мама и нормално кога таква некоја ќе излезе надвор ќе си мисли дека она е единствена и МОРА да има единствен дечко. Незнам, моето искуство, работите што ме опкружуваат, муабетите кои сум ги слушала во врска со оваа тема ме навеле да донесам заклучок дека девојките сами си се криви.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90

    Па не можат да најдат дечковци само тие што се занесуваат со филмови како Беверли Хилс и сл.
    Као ние Америка да сме, па и сите во Америка не живеат како во Беверли Хилс!
    Јас мислам дека си има фини момци во Скопјево. Човек треба само да си држи до себе.

    Братучетка ми е повозрасна и има еден куп познати и другари и другарки, и да ви кажам
    секој 2 брак е разведен. Она вели дека се женеле на 23, 24 и сега на 42-43
    ги факало криза и досада после 20 - тина години брак. А и тие што опстанувале
    повекето биле веке проформа, само за децата или да немаат проблеми со делење на стан и сл.
    Страшно!

    Па јасно ми е зошто овие немажениве/неженетиве од 40 -тина велат дека немаат време за втор брак, таман по 20 години ке имаат 60-тина години и тогаш веке влегуват во трето доба и партнерите како што велат психолозите се повеке се поврзуваат бидејки се зависни еден од друг.

    Братучетка ми и другарките(нејзини) ми велат до 35 да не се мажам. |( А, што ке кажете феминки?
     
  15. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    а коа ти рекоа да родиш?

     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Ваљда на 40

    Абе ајде ова е смешно...
     
  17. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    За сингл девојките во Ск не е лесно стварно сите се женети швалеришта или во врака а или се сељаштво но туку па се чудам како теткине нез заби и замирисани на пот секогаш си имаат по некој !!!
     
  18. CrnceSK

    CrnceSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    59
    изгледа на погрешни се наидуваш 8)
     
  19. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Одамна зборам дека нема квалитетни мажи во Скопје. Има преубави девојки, материјално добро ситуирани и сосема доволно паметни, ама дечко да си фатат, нема шанси бидејќи секој сака да му биде партнерот на ниво, а мажи како нив, нема.

    Оние кои се, веќе имаат девојки кои ривалките се спремни да ги бодат со нож само за да не им го земат дечкото, што е нормално, квалитетни момци речиси и да нема. Од друга страна, дури и овие океј момци, свесни се дека се океј, па си дозволуваат премногу, флертуваат, изневеруваат, ама им проаѓа зашто понудата е очајна и знаат дека нема да бидат оставени.

    Жал ми е за вас девојки, искрено, ама изгледа ќе мора да се задоволите со некој „мешко“ кој не е сигурен колку букви има азбуката и најголемиот успех во животот му бил да фати кец у два втора лига Англија или тоа што завршил факултет. Ако се вработил у банка или министерство, тоа ти е подвижна глуперда што мисли дека е прв братучед на Џемс Бонд. Џејмс Бонд?! Како се вика Бонд уствари?

    Од некоја друга страна, фала Богу знам какви све девојки не ми се правеле Парис Хилтон у животот. Кози и овци со седум слоја малтер на фаците, ми се правеле манекенки, девојки кои ја прочитале „Девојката со портокали“ ми се правеле несфатени филозофки, девојки кои биле прва година на економски ми се правеле астрофизичарки и сите тие со еден поглед од горе надолу, кој вели „Не вредиш за мене“.
    Епа ако не вредам за тебе, барај си го сега таткото на твоите деца некаде од Горно Коњаре и Свиларе, да те тепа секој ден, а ти да мислиш дека нема бољи од него.

    Муабетот ми е, паричката секогаш има две страни. Колку што вие можете да извадите минусчиња за дечковците во Скопје (со што многу веројатно ќе се сложам), така и ние можеме да извадиме минусчиња за девојките.
     
    На Hipica, Cka, Glasna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Па не би рекла дека "налетувам " туку живеам во центар на Скопје 30 години се движам низ урбани фини шема места бар на фаца ги знам луѓево од градов и не зборам дека ги нема ама ретки се :)