така е убаво пиша ,може нема машки како што си замислуваат од филмот Notebook , но нема ни женски што се однесуваат како дами ,туку се однесуваат како курви и спонзоруши ,или едноставно кажано за да има Џентлмени треба да постојат вистински Дами а не Курви
ама тие ректите ке се фатат со дрољите најголеми само затоа што дојде времето такво имај кола и пари ,женскте сами ке дојдат
Има нормални и машки и женски, само поголема веројатност е да добиеш 7 на лото, отколку да се пронајдеш со тој што ти одговара за жал
Е како па да не ! Да не умреа тие девојки со не трчаат по пари и кола ? Мене кој и да ми дојде да ми распава дека има кола , или индиректно на седејќи на кафе ми ги треска клучевите од колата на маса , по дифолт ме одвраќа одма! Нешто најомразено ми е тоа ! И што дека има кола и пари , може да ме купи ? НЕ! Ако ништо друго од дома ми дале пари да си ја платам пијачката , и од дома до местото кадешто одам и назад да си го платам превозот , а не да зависам од некој да ме однесе до дома! А вие си имате секс со дрољи затоа што ви пали одма кај нив , не ни мораш да ја молиш на тацна ти е! Е сеа овие ако се е*ат за една пијачка не значи дека секоја се спушта на тоа ниво , не генерализирајте ! Патем што не си ги жените ваквите ? Него барате некоја поштена за дома ? Колку што има дрољи во Скопје , толку и машки има што мислат дека секоја се купува со некоја пијачка , и се пали ако типот има кола ! П.С. секој има различна перцепција за што е нормално а што не ... за некого сум шлакната , а за некого сум Ајнштајн
Мене ми изглеа дека се потрошија машките во Скопјево, а ако има некое тајно место каде што се движат, ве молам пишете тука, да пројдам од таму 'случајно', си барам дечко за озбилно и најозбилно не можам да го најдам нигде п.с. и да се надоврзам на коментарите од погоре, не трчам по пари и кола, точак да има, да дојде до кај мене е доволно
Да се надоврзам на муабетов. Спојлер Со една школска бев на кафе и доаѓа некој нејзин другар и почна да се занесува пред мене, да ме заведува демек (не се познававме претходно). И ги вади клучевите од кола на маса, со огромен приврзок БМВ, па кажува нешто околу колата, ја купив пред два месеци, сега сакам појака, бла, бла, бла... (а, баш не сакам машки кои еднаш сакаат едно, а по две месеци одма ново), па вади Ајфон на маса, бил 4, сега ќе земал 5, па цигари Малборо, и еден куп фалбаџиски муабети кој викенд во која дискотека бил... И се зачудив кога разбрав дека работел како шанкер во некој кафич. Школскава отпосле кажа дека дома му било за нигде, ама најбитно му е тој да се покажи надвор. И сега на ваквиве машки им е нормално да им се лепат спонзоруши, ама за дома сакаат поштена, фина девојка. И кога кај таквата нема да успеат лесно, кој е крив ??? Па и јас лично не сакам некој занесен, правел се и сешто, па сега му текнало да се прибери, да се жени, и јас ќе му одам дома...??? Нека си земи од таквите жени !!! Имаше една смешна изрека, тие кои лајкуваат ороспии, за таква и нека се женат. И така да...има машки, ама ретки и преретки се тие поштени, добри и фер машки.
Во принцип ми се врти една теорија, можеби и грешам, можеби е и стереотип, не знам, веројатно времето и примерите најубаво ќе покажат. Мене тие мажи на пример, што се перчат со јака кола, последен модел на мобилен, па вади таблет у сред кафич да проверел нешто и упорно носи скапи кошули што не му одговараат во никој слуај, макар биле и најгрдите кошули на светот (обично и се!), само затоа што се во мода или бренд, тие за мене се една одделна класа на луѓе и тие бре си бараат таков тип на женска каква што ја опишувате сите. Он си бара таква стегната, дотерана, со истурени цицки, со испрчен гз, со дак фејс, некоја што не ни замислува да му даде број на дечко ако он нема јака кола, што очекува он да ја части, да и` плаќа се` и секаде, да и` купува скапи парфеми, да ја шета каде ќе и` прдне, а за возврат она има да ќути, да слуша послушно, да се смешка и да трепка како некој кукла и тоа е тоа. Oна е он си одговараат и си се заслужуваат, јасно е како ден. Прашањето ми е - зошто упорно одите на места каде што се собира ваква багра и упорно бркате вакви дечковци (или девојки, сеедно, оди во двата правци ова)? Oни нема да се сменат. После ви е криво зошто сте губеле време, зошто бил ваков или онаков. Значи размислете каков човек сте, кои ви се интересите, што сакате во животот, и според тој вкус ќе се водите каде воопшто и би можеле да сретнете ваш тип на дечко. Не зборувам за исклучоци од типот - го запознав дечко ми на кеј, или се запознавме преку другарка или го сретнав на курс по англиски... зборувам исклучиво за искачање. Значи Скопје е мало и кристално јасно е кои луѓе каде излегуваат. И дури и да се помешаат некогаш на исто место, од километар се познава кој каков е и што човек е. Јас еднаш имам застанато, значи не влезено, застанато пред 69 дискотеката и почекав, разгледав и си реков - ова не е за мене, овие луѓе не ми одговараат, ниту ќе ми е пријатно, ниту можам овде да сретнам некој што би ми одговарал. И толку, чао. Постојано гледам луѓе што упорно се обидуваат да влезат на погрешни места, излегуваат на глупави локации, и после се жалат - нема никој. Нема. Нормално дека ќе нема.
Комплетно ти е на место целиот пост, ама мене наеднаш нејасно ми стана, у меѓу време откри кај се движат океј дечковците, пошто ти си ја почнала темата. Прашувам за другарка. Озбилно, БлекМаркет од погоре прашала, па да не остане и она со празни раце. Инаку... Овие со кошулите и колите шо се момците, плус овие со цицките и со дакфејсот, сакале ние да признаеме или не, тоа се профилите на луѓе кои се бараат за физичка интеракција (пошто 90% од луѓето дефакто менталната интеракција им е сведена на zdr и pozz) и тие се на некој начин, врвот на побарувачката секаде во светот, па и во Скопје. Оној мал процент од луѓето на кои не им се важни цицките и оној мал процент на девојките на кои не им е важно превозното средство, се само исклучокот кој го потврдува правилото, а правилото е дека сељачаана ги диктира правилата и принципите. И 90% од оние што напишале тука на темата, како и во реалноста, кога ќе кажат дека не ги интересираат цицки и коли - ЛАЖАТ. Затоа уствари на оние исклучоците им е толку тешко да најдат саглам партнер, зашто од скоро милион луѓе у Скопје, бројката во која треба да го бараат парнерот се сведува на помалку од 1000. Од тие 1000, најмалку пола се грди, а фала Богу, колку и да не си плиток, сакаш партнерот да ти личи на човек, да можеш да го гледаш додека збори...
Си ме изнасмеал Captain-Omni скроз. Не знам искрено како пофино да објаснам или да илустрирам без да звучам како 16 годишна ограничена тинејџерка, ама моето искуство стварно покажало дека е така. Еве ќе зборувам за себе и прости примери, па кој сфати-сфати. Конкретно за 69 дискотеката се фативме (тоа постои ли уште, бог знае ) ќе објаснам зошто мене ми стана непријатно да стојам таму, камоли да влезам. За да постојано мигрирате од едно до друго елитно место се потребни пари и кој вели дека не се - лаже или се прави мутав, негов проблем. Јас немам во просек 1000 ден. да ги лупнам само на едно излегување, а грото што излегуваат таму - ги имаат. Ако, тоа е фино за нив, они си го нашле своето место, јас не се лутам. Напротив, мило ми е што сфаќам. Не можам да си приуштам такви искачања, скапи одмори, константни викенди на различни локации, шопинзи во Солун... не знам како да објаснам, не сум за тој свет, тогаш зошто би глумела лудило да седнувам во Тренд или Арабеска и да се правам лудача со сила? И да чекам таму некој да ми се допадне или јас да му се допаднам некому, кога тоа е тој ПРОФИЛ на луѓе што се движи во тие места? Ок е, ИСКЛУЧОЦИ нормално дека ќе има, ама како што кажа - тие го потврдуваат правилото. Знам дека муабетот ми звучи можда дебилно или ретардирано - Ааааа ти во Хавана искачаш, значи рокер си, ама ако размислите подобро јас сметам дека има поента и тоа добра. Каде да го најдете дечкото... епа јас што слушам рок и хип хоп сигурно нема да се з`гнам на транс журка. Или некоја што нема абер од читање книги упорно оди на такви промоции или поетски читања... за што оди да ја праша човек? И порано кога ќе ми речеа - во петокот бевме во Менада, Зоки Бејбе пушташе музика... ич немаше салам машки... ти тоа озбилно? Мене конкретно мислењата можеби ми се насочени кон локации, ама поентата ми е дека - не може да очекувате да пронајдете некого многу под или многу над вашето ниво. ФИНАНСИСКО, ИНТЕЛЕКТУАЛНО, и во поглед на УБАВИНАТА. И тоа е поентата.
Цицките се важни. Потпишувам! Но не секои цицки мора да се изложуваат целосно кога се во јавноста. Доколку имаш добри цицки тие ќе се забележат безразлика како си облечена. Битна е твојата појава - целосна, од глава до пети. Таа појава нема врска со тоа дека мора да ти се гледа деколтето за да мажите се вљубат во тебе. Колата? Колата незнам како би можела да е важна. Дали вие кога запознавате дечко кој физички ви се допаѓа веднаш го прашувате дали има кола и доколку нема го прешкртувате од вашата листа на потенцијални партнери? Како може да ви текне првенствено тоа прашање дали тој има кола? Јас разбирам да го прашате дали работи нешто, чисто за да имате претстава колку му фаќа кликерот или колку е способен и вреден итн. Разговарате за да видете дали и покрај неговата физичка убавина тој би ви одговарал и на интелектуално ниво.Покрај тоа и: Она коешто мажите го носат доле е важно, не колата. Колата со тек на време ќе ја купи ама ако не знае како да ве направи задоволна жена ништо нема да биде од таа врска. Некои работи не се купуваат. А тие се оние баналните за пола од нас.
^^ Се согласувам со Трендафилка. И овој муабет пробувам да го разглабам пред другарки што секогаш ме прашуваат како да најдат дечко. Пример, другарка од скромно семејство, излегува еднаш во месецот, зошто нели, толку може да си дозволи, и упорно на истите места, кадешто неретеко си поминувала ужасно. Зошто? Девојката на неколку наврати потенцира дека сака да си фати дечко со кола, со подлабок џеб, што ќе ја части кафиња во Тренд и ќе и плаќа пијачки во (при)вилиџ... И таков профил на дечко, среден, симпатичен(ова е доста дискутабилно), со длабок џеб, излегува на едни исти одредени места, и таму е СЕКОГАШ. И пошто малата сака баш таков, упорно и упорно ќе излегува таму. Друга, не можела да најде нормален во главата дечко. А она одеше на истите тие места, се додека со сила не ја довлечкавме, малце да смени локации, да погледа друг народ, што би се рекло. И си најде нормален(ова нормален е по мој критериум), студира, си подработува, симпатичен(пак ќе кажам врло флексибилна категорија), не е распизден, ама секогаш е стокмен. Се' се сведува на критериумот за дечко што вие си го имате во главата ставено. И за секој профил на машко, постои место кај што може да го барате и да го најдете. Ние може до утре да се правиме наивни, ама знаеме кој каде излегува, кој со кого се дружи, и дали пристапот до тоа друштво или до ТОЈ човек е лесен. И можеби звучи лошо, ама секој си знае или барем треба да си знае (што е тешко зошто има луѓе што се потценуваат или преценуваат) на кое “ниво“ е, па согласно тоа да си бара партнер.
Еве еден note to self што треба да си го запишат оние кои не можат да ја најдат својата идеална половина: “I need to stop falling in love with my idea of people.” Домашна задача: 50 пати во тетратка да си ја напишете реченицава.
затоа си искачам во Midnight влезот е бесплатен хахаха убаво кажавте погоре , на сите места се знаат какви луѓе се движат
Секое машко што мисли дека со кола ќе упеца згодна риба(а поштена да речеме) за мене е неспособно машко. Значи ти немаш што друго да дадеш. А и реално доста им пали. Кога само ќе си слушнев другарките, лелеее колку му е убаво средено домаа, абе овој купил кола НОВА замислете, е ако де супер. Па што ако му е убаво средено дома, демек пари имал. Од старт знаеш каква е таа девојка и што бара. Епа јас не ја продавам љубовта, а ниту било кој дел од мене. Цицкиии ( сакам да имам малце поголеми ), пресудни се повторно за машки кои гледаат моментално задоволство. Жениве сакаат богат типац, и да ги сака, а маживе бараат фуфица а по можност невина. Кој не сака пари, моќ, убавина а и љубов, се на едно место??? Сакам, но знам кој ми се можностите. Не патам од комплекс дека ако сум со факултет морам да најдам исто така некој со факултет. Ако тој некој е вреден и си заработува за живот мене ми е топ. И едно прашање до оние машки кои се перчат со пари, коли....Зарем не гледате дека жените ве користат???(се надевам нема на форумов вакви иначе може ќе се навредат). И за жените, толку ли ви е зорт, па идете само за пари???? Еве пример од мене, ја знаат повеќето мојата животна приказна. Само со мајка, не успеав да завршам факс, ринтав на 20 години, ама сега успеав во љубовта, добив стан....ќе дојде време ќе го уредам....битен ми е човеков до мене да е на место, да се сакаме да имаме подршка, а не дали ќе се возиме во BMW или пегла. дали станот е 105 или 65 квадрати. Да си најдеме по некоја работичка, за да си изградиме семејство. Знам дека успеав до некаде и ќе успеам уште многу. И уше збор два за излагањево... Го запознав на нет пред скоро 7 години, после 5 години дружење и излагање во парк, се фативме. Имав една слика во главата за него, а излезе многу подобро, ама си дадов шанса себе си.
Ни самата не би можела ова подобро да го кажам. Да можев, би ти стегнала барем едно илјада лајкови. Поздрав и само напред за девојките со овој став. Едит: И да немам пари да си платам превоз, пешки би си идела до дома, а не да дозволам некое умислено лигле со bmw да ми се к*рчи оти мисли дека Господ за брада го фатил.. а да, со парите на мама и тато.
Дефенитивно нема! 80 % од машките се преценуваат(не сакаат врски, само муваат, драпаат, кршат срца и што е најтрагично - оговараат. ), а 20 % се сељачишта. Да, постојат цури со напрчен газ, цицките ван и duck face. Но, постојат и многу нормални девојки. А овие горе си наоѓаат дечковци, а овие понормалниве, не. До сега не сум сретнала дечко фин, мил, да не оговара... Уствари сум сретнала, али ете не ми се допаднал. Е, сега фин, убав, згоден...НЕМА! Има, али се зафатени тие. Или брак или долга и сериозна врска. Не барам јас дечко со кола и пари. Барам да биде убав, фин, мил и да има планови или завршил факултет. Али изгледа нема. Девојки, пакувајте се, заминуваме.
Буквално ми се стемни пред очи. Незнам од каде да почнам , дали тоа дека сите машки се сељаци или расипани (80%+20%) дека сите се драпачи мувачи(патем незнам што е страшното да машкото сака девојка за мување :^ ( се разбира ако девојката сака дечко само за мување тогаш е ок , тогаш може , иначе ако е машко тогаш НЕ , да се пали) и дека се оговарачи , (НЕ , не се машките оговарачи , СИТЕ СУШТЕСТВА на планетава се , сите оговараат , мажи ,жени ,животни , дали вчера,денес,утре или задутре исто е.) Или пак тоа дека од сите тие расипани мажи се нашол некој што е во добрите , ама не и се допаднал (претпоставувам дека е физички неспремен , дали грд или дебел нема везе) а ако е така , тоа значи она карактер пред убавина или убавина минлива а карактер засекогаш се само колку да се искажат ( нема проблем ,никогаш не сме ни поверувале дека ова и го мислат ....) А тие ти што ги бараш ги нема , ги има на филм .... А и незнам што е жалењево , судбината или господ или како сакаш ти ја прикажал шансата , ти си го избацила ... тоа е тоа , нема втора шанса ... И фала што ме нарече расипан или сељак , зависи во кој ќе ме ставиш 80% или 20% ... пакуј се и бегај за Америка или кај сакаш , сигурно таму ќе најдеш некој што е убав , фин , мил (???) , со планови (какви?) и завршен факултет (приватен се рачуна?)
аххахаах убаво и кажа значи нејке дечко со пари , кола ,нејќе грд , дебел ,расипан , селјак , сака со факултет, добро ситуиран , да има иднина , сака згоден , убав , у форма , нели карактер у овој сличај е неутрално ама поише одговара у вториов случај ахахахххххахахххахахахахахахаххахахахахахахх се скинав од смеење