1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    [​IMG] :lol: :lol:

    DOBRO KAZANO..PRVOTO E STAVENO VO ZAKON :D
     
    На emotiven му/ѝ се допаѓа ова.
  2. topanskoboy

    topanskoboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Читав што си пишала тоа отварањето на тема се согласувам...мислам дека тоа го има и од машка страна...а дека има сељаци има...али има и машки кои се фини нормални итн....али и кај нив постои нешто што ќе го наречам страф зш прво тоа ми дојде како опис..страф од тоа дека ако и пријде на некоја девојка и таа го одбие и му рече види го оној нешо ауу бауу(али ова е најневазжмо) работата е таквите бараат исто така фини нормални девојки со кои ке им биде топ...а страф им е да идат со некоја што е “фина“,“паметна“ зш ќе се срами зс иде со неа.... треба да има некој баланс тука...али тоа е се надевам ке си се наогаме онака фини,нормални ...а другите нека си уживаат на нивни начин.

    п.с. со предизвикот не се согласувам :) иако е забеган :) али мојот би бил НАЈДИ ФИН/А И НОРМАЛЕН/А девојка/дечко ;) поздрав
     
  3. trapalce

    trapalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    1
    За тоа дека многу машки се плашат од одбивање,вистина е,а исто така дека и повеќето женски си ги креваат акциите,е тоа е уште поголема вистина.
    Но сепак мислам дека сеуште постојат добри девојки и добри дечки,затоа не губете надеж,исто како што и јас не губам надеж и мислам дека еден ден ке најдам некоја добра девојка
     
  4. trapalce

    trapalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    1
    Кога го пишав првото мислење ја имав прочитано само последната страна од темава,ама кога ги прочитав сите мислења верувајте дека првпат после 15 години ми потекоа солзи,не ми се верува дека стварно е тоа така...........
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Се согласувам. Си го чекам и јас принцот. Не мора да дојде на коњ, ни во Мерцедес, не мора да биде принц, може и тракторист да е. Ама го чекам. Или да му запеам Can you meet me halfway? :D
     
  6. trapalce

    trapalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    1
    солзи ми потекоа затоа што многу се разочарав,девојки не можат да си најдат асален дечко,а дечките не можат да си најдат асална девојка,а искрено и јас не можам да си најдам асална девојка,стварно не знам што е проблемот,дали е во мене или...?
     
  7. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    имаш едно големо браво за темава, требаше нешто вакво.
    Иначе вистина е тоа дека ако една девојка ги заебала потоа сите се курви и спонзоруши. Кога машко ке засака еднаш и познавам многу кои биле заебани (оставани) од девојките и потоа ниедна не чини.
    А што се однесува до скопските девојки се согласувам со тој што пиша дека поголемиот дел од нив се спонзоруши што гледаат само што вози, каде живее, колку пари има. Така да ни женските не се за мирисање, ама секоја чест на исклучоците. Вредни машки во скопје има, ама треба многу време и живци за да ги најдеш.
    И јас имав такво мислење како тебе, ми дојде преку глава од муабетите и сожалувањата, еј немаш дечко?
    Ама си го најдов типот што совршено ми одговара, не ме интересира каква кола вози, колку пари има и сл. Го сакам само него.
    Само напред и верувај дека ке го најдеш типот за тебе и ти ќе се фалиш пред фамилијата и друг ќе тапкаш по рамо за да го тешиш :)))))))))))))))

    pozz
     
    На emotiven му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    и.. останаа ли? Секако дека сите машки се пребирливи , да биде висока , да има такви очи , да збори вака , да збори онака ... да биде оваква , онаква..
    Мислам секој си има свој вкус , но они се претерано прибирливи .. И додека со некој одиш , тој љубомори што си се свртела , што си го видела тој , оној ..
    Мене исто ми недостигаат тие машки , но до нив секогаш е некоја спонзоруша , некоја која нема појма што со животов, незнае колку се 2+2 .. Важно има ци**и има задник ... и тој ужива во врската ..
    Но што е со нејзиниот МОЗОК АЛОООО ?! бедно е кога ќе видиш такви типци , убави , паметни.. До некоја курвица ?! :puke:
    и ние (обичните цури) не сме доволно добри за нив ?! ... немам зборови :|
     
    На emotiven му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Кога понекогаш слушам што се' се бара од една девојка, значи од надворешен изглед, да имала стегнат задник, вакви гради, онаква коса, не премногу нашминкана, ама не и - гроб ненашминкана, каква да и била кожата, па ноктите... искрено се прашував во себе - добро каква ли му била бившата на овој дечко Naomi Kempbell ли ја е**л??? :D
    И така, сега сум ама најискрена, страв и срам ме фаќало, си го проколнувам мојот целулут, мојата коса која после еден ден се мрси, моите големи колкови... Па се прашувам - дали доволно книги сум прочитала, дали сум доволно интелигентна, паметна, културна, воспитана, дали премногу зборувам, дали воопшто не зборувам, умеам ли да правам компромиси, си барам некоја проклета грешка, си викам чекај бе, ако е до мене целиот проблем, ќе пробам да се поправам... И така , до недоглед, се' додека на пример, не ја запознаам таа дотична бивша девојка.
    :o :o :o

    И тогаш... :D :D :D Не знам, да се смеам или да плачам, и јас и многу девојки што ги познавам... И си викам Црна Трендафилко (добро де, се викам по вистинското име :D ) ама реално си викам - Господ дека ни е напомош... Трпение-спасение :D
     
    На sleepingbeauty, crazylady и emotiven им се допаѓа ова.
  10. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Еве ние тројца батки... го правиме истиот муабет, само од машка перспектива веќе со месеци, па интересно ја најдовме темава. Прва реакција "Типично, пак жениве ни грам одговорност не превземаат".

    Ние тројцата каде стоиме...

    -Никој од нас нема пивски стомак... Ја сум ок и фит, другиве двајца се искрено ко манекени (плус и манекенска висина).
    -Сите тројца имаме успешни бизниси (на 23-26 години)
    -Мрзиме спорт, кладилници, и слични типично-балканско-мушки глупости (порно мада немаме ништо против)
    -Амбициозни, успешни, патуваме, зборуваме неколку јазици секој со стотици контакти и пријатели од цел свет

    За најголемиот број просечни или убави, паметни или просчени скопјанки сепак, не сме доволно добри. Грди или глупи девојки колку сакаш не бркаат... Но малку да влезе у просек, не сме доволно добри за неа. Така да, или лажеш за непребирливоста, или си реткост. Меѓутоа по моја проценка ќе речам дека како и најголемиот број цури во скопје си неискрена со себе.

    Нема да го речам тоа, бидејќи сите грди, глупи девојки што ги знам имаат убави дечковци. Обично просечните или убавите и паметните се сингл, бидејќи се нереалистични со критериумите... односно се преценуваат.


    А сакаш да ти кажам зашто овие девојки имаат убави дечковци? Бидејќи знаат дека не се привлечни решиле да превземат нешто во животот. Идат шмекаат типци, се пуштаат, флертуваат. Повеќето ок-девојки што ги знам седат во ќошот намуртени и очекуваат дека треба да им долета тип без да дадат никаков знак.

    Јас и другариве лично имаме пријдено на илјадници девојки. Јас пред година дена се заколнав дека во живот нема никогаш повторно да пријдам на девојка. Вториот другар ова си го вети после нова година, и еве третиов се опамети пред некој ден.

    Зашто илјадници? Бидејќи како и во секоја друга сфера во животот сме амбициозни, и не кажуваме дека нешто не функционира додека не го пробаме на сите можни начини. Повеќето луѓе тврдат не можеш да успееш финансиски иако не пробале пример. Али ако пробаш и си упорен, ќе успееш. Така... Повеќево мужи у градов тврдат дека жените се сите "бишес, спонзоруши итн", иако во живот не пришле на девојка. Ние го тестиравме ова 3 години, и на крај испадна мужите се у право. Нема логика да приоѓаш.

    Моментално ја имам честа да сум ментор на неколку млади дечки (18-20 години). Сите исто паметни, амбициозни... И на сите им го давам истиот совет... Да не приоѓаат на девојки ни под разно.

    Јас мразам кладилници, но обожавам филозофирање до 3 сабајле за спиритуалност или готвење пици у природа... Па ќе ти кажам зашто го преферирам тоа отколку да повикам девојка на кафе... Прво тебе (вас) ќе ве запрашам... Планирате барем грам одговорност да превземете во животот? Ако тип порадо би седел дома и би играл плејстешн отколку да ве повика вас на кафе, што кажува тоа за вас?

    Каде вие грешите? Дали 100% од вината е во мажите и вие сте совршени, перфектни и немате грам вина?
    Одговор:

    - Бидејќи очекуваат од машкото многу повеќе отколку што даваат... Мажите решија да се исклучат од играта бидејќи е нелогична.
    - Бидејќи чекаат да им слета тип од небо директно у скут без да го завршат женскиот дел од играта
    - Нереални критериуми
    - Неприодливост
     
    На crazylady, Srekicka, eleni23 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    :o :o
    епа одвај го дочитав постот од дечкото ама :clap: :clap: :clap:
    ....мора да се признае во право е...ама сепак не се ете 90% :)
    опиша типичен пример на девојка (релативно пристојна) и како таа се однесува кон дечко во денешно време!!!
    ФАКТ - мора да се признае имам видено така се однесуваат, ама како што од секое правило има исклучоци така и од ова има :D се ќе си дојде со време, за секое грнче - капаче ;)


    П.С. јас веќе сватив дека машките се повлекоа од игра....па ова само некако како потврда ми дојде на моите заклучоци.... :!: ех драги мои затоа ги земав конците во мои раце....па ќе видиме што ќе биде :$
     
    На aleknovy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Ч))) Се фати за тој пост. Се фати за некој си пример. Не е секогаш така. Јас имам сфатено дека во диско не се фаќа дечко ама ајде никогаш не вели никогаш. Па понекогаш постои некоја надеж.
    Од друга страна викаш не се пуштате на жени, а даваш совет во друга тема, девојката да се смее.
    Јас сум пример кој се смее и денса. И да ќе дојде некој ама ќе ме убие со чудниот став или прашања или однесување како да сум на пазар. Може остро напишав, се извинувам ама стварно не знам како да опишам поинаку.
     
  13. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Нејзина е темата. И одговарам на неа.

    Кој рече дека е секогаш како?

    Зборам за мене лично, не секој маж на планетата, али добро што ме потсети да кларифицирам. Моето ново правило е не се пуштам без интензивна покана. Ако таа не смета дека вредам да таа нешто инвестира и ризикува, тогаш таа не вреди да јас ризикувам на неа. Едноставно. Значи под интензивна покана подразбирам да ме шмека 20-30 минути ДИРЕКТНО, не она глупото гледам-ама-не-гледам... или да ме потчукне на поминување со поглед неколку пати итн итн...

    Пример со другариве кога излегувам, тоа веќе е нормална шема. Минимум 20-30 непривлечни девојки ќе го направат тоа. Неколку дури доаѓаат и муабет да направат. Овие просечните и убавите? Седат у ќошот намуртени, и после дома си идат сами.

    Ова е проблемот. Строгоста и нереалните очекувања. Знаеш ли ти колку е страшно за едно човечко суштество да ги ризикува своите емоции и да јавно се експонира пред цел бел свет? Ако има "чуден став", тоа е затоа што е нервозен и исплашен. Замисли, и ние мажите имаме емоции... Чудно, но вистиното. Изгорен од голем број девојки претходно кој го третирале како нечовек... сега анксиозен и исплашен да не биде повторно третиран така, станува чуден.

    Нереалноста тука доаѓа, каде што девојката очекува дека секој маж на планетата треба да ја има харизмата и самоувереноста на еден Џорџ Клуни. Го кривам холивуд. Најобичен човечки срам и исплашеност, повеќето девојки го осудуваат и нарекуваат "чуден". Нормално дека е чуден ако го споредуваш со Џорџ Клуни.

    Ти имаш генерално 2 избори:

    1) Да сфатиш колку е тешка неговата улога... собирање храброст да пријде некому, и малку да му олесниш, да го насмевнеш, да го опуштиш. Кога ќе види дека не касаш, ќе видиш колку магично ќе престане да биде "чуден"

    2) Да се жалиш зашто мажите се чудни додека притоа на лицето имаш израз на осудување и "како се осмелуваш да ми правиш чуден муабет"... и уште толку му отежнуваш.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    :)))) ajde ajde, okey, u win :D. Znam deka e taka, ama sto da pravime... toa e. Ke se pogodi nekogas, se nadevam, ako e poznanik na nekoj, neli e taka najlesno, najbezbolno? :D
     
  15. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    P.S. Mnogu biten zaklucok. Se javija dvajca mazi na ovaa tema. Sto znaci => ostanale maski vo Skopjevo! YES! :D
     
  16. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Секоја чест за дечково.Доста реално зборува.Сепак да си кажам-во се си има исклучок.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    :D
    И вас не ви е лесно. Јас темата си ја отворив врз основа на моето искуство, и мои несреќни дешавки, а гледам дека си ги имаш и ти, т.е. вие тројцата. Ти убаво си ми одговорил на секој мој дел од постот и не викам дека не си во право. Исто како што ти не гледаш повеќе поента во приоѓање на жените, нешто така слично сум се одлучила и јас за мажите (освен делот кај што не сум ментор на ниту една девојка :) ). Тука очигледно се разликуваме ;)

    Зошто така сум се одлучила?
    Прво, сум имала нереални критериуми, т.е. се преценувам. Мене Џорџ Клуни лично и не ми е некој тип (ова колку да почнам некако да објаснувам) :D Ние нормално не се познаваме, и да не се лажеме - СЕКОЈ/А на планетава си има каков-таков критериум. За да видиме дали јас се потценувам или преценувам, треба да набројам барем дел од што се сум налетала во овој живот, што ми е малку и смешно и идиотско. Ќе кажам, како што и кажав - јас лично зборувам со секој кој ќе ми се приближи. Значи во делот со муабетот, не ми е хумано да ми пријде некој и да ме праша нешто, а јас да се врткам и да се преправам дека не постои. :^) Тоа си е веќе и воспитување. Сум правела муабет со секакви, ми пришол тип, ако ништо друго ќе слушнам што има да си каже.

    Во делот кај што девојките решиле да преземат иницијатива, и тоа сум го пробала еве јас лично си кажувам за мене. Дечкото во тој момент мистериозно се претвара во девојка! :D Како што ти не опишуваш, или се прави наудрен, или се дига во облаци, или сосема погрешно ми го интерпретира моето здраво, како - ајде кога сакаш да те легнам, кажи? ;)

    Се правеле ние напредни или не, ова општество си е такво, се чека на машкото и тоа е тоа. Мене ми е и за тоа криво - кој век сме, па се да се чека на вас? Ама јас како девојка да се решам да пријдам на некој, и уште пред да изговорам здраво, а потенцирам не му се приближувам со секира или намуртена, да ми рече "шо е ма"??? просто ти доаѓа да се убиеш или него да го убиеш (еве ти кажав и пример, морам инаку не можете вие да сфатите какви се мажи има низ Скопје).

    Твојот одговор:

    - Бидејќи очекуваат од машкото многу повеќе отколку што даваат... Мажите решија да се исклучат од играта бидејќи е нелогична.
    - Бидејќи чекаат да им слета тип од небо директно у скут без да го завршат женскиот дел од играта
    - Нереални критериуми
    - Неприодливост

    Мојот одговор: Сосема си во право! 100% се е точно. Не можам да лажам, убаво си напишал, немаш сигурно потреба да лажеш и така си е.
    Да се познаваме на пр. јас би можела да те демантирам што се однесува до мојот случај. Не викам сега дека јас не сум направила некогаш ниту една од овие грешки, сите си имаме доблести и маани, и јас сум човек и грешам, не сум светица. Ако почнам да набројувам конкретни примери за мои случувања, стварно би изгледало како што и претходно реков смешно, ќе испадне дека сум супер-феномен во ова општество, јас се правам како што треба и пак нема машко за мене.

    Еве поубаво ќе пробам да појаснам (ова последното ни јас не си го разбрав :) ).
    Мојот личен проблем е што генерално сите сме пикнати во истата кошница. И реално јас не можам да се лутам , посебно во овој град и оваа изопачена држава. Гледаш колку девојки ми одговориле и се согласиле со мене -веруваш дека сите сме малоумни, непријателски настроени кон мажите, и ниту една од нас не пришла никому прва, или можно е СИТЕ ДО ЕДНА да имаме нереални критериуми? Ние сме дел отворени, насмеани, пристапни - остатокот од толпата што е значително поголем е вечно уфуран, како што си пишал - седнат во ќошето, те стрела со погледот, не те ни погледнува, станува и си оди дома.

    Јас можеби сум го завршила мојот дел од играта на флертување - верувај ми, нема кој тоа денеска не го протолкувал како понуда за секс, или како типична спонзоруша. Треба да носам натпис дека не ме интересираат твоите пари, ниту кола, ниту кај работи татко ти, ниту дали имате стан во Охрид , или да одам од човек на човек и да се објаснувам?
    Што и да кажам ќе испадне дека јас се вадам или дека се правдам или дека сум стварно тежок исклучок или ретко нсреќен случај. Ќе си кажам дека и голема вина имаат жените-станаа изопачени, алчни за туѓи пари, пре би фрлиле пари за еден мини-курс "како да го фатите најбогатиот дечко во Скопје и да го прелажете да ве ожени во 10 минути" , наместо да се погледнат во огледало и да си поработат на себе - и надворешно, а посебно внатрешно. Заради такви суштества, сега "сите сме исти ".
    Значи, не ги обвинувам само мажите , ги обвинувам подеднакво и жените. Нели гледаш колкав дел сме посветиле на спонзорушите и непријателски настроените девојки. Не сум слепа, па излегувам сама со моите другари и гледам како се мачат и се нервираат, а и јас се нервирам со нив, што има таков свет таму надвор! Ама убаво рече една девојка - штом вие сте одговориле има надеж дека остана некој нормален ;)

    Ако вие се истакнувате како дел надвор од таа толпа мажи за кои ние зборуваме , логично би било дека мора да има и такви жени, нели? Барем така би требало да функционира универзумот. ;)
    Поздрав и искрено фала за искреноста, ми одговори на доста прашања. Секој од нас треба да си размисли.
     
    На emotiven му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CVETENCE

    CVETENCE Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    eh vie najdovte da se zalite a so da recaat prilepacankive, koga em kaj nas nema ubaj mn. maski a kaj vas seto se ubaj kaj nas tie so se ubaj se zafateni i nikoj na nikogo ne mu prijuduva, seto se klosari skapani maskive kaj nas nema nikakvi maski bogatite i ubaj se zemeni a za obicnite i za niv da ne prajme mubaet .
    Kurvistana se prezedoja sekoj vtor koj ke stasat, ti idi duri da se preselis od gradov noken klub ni ostana samo eden a kaj vas ima ilijada znaci da ne prajme mubaet za toa ama vie ste vo golema prednost .
    taka da ne se zalete ve molam
     
  19. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    36
    Прашањето дали има пари ,дали е богат , дали работи и слично , како деца кога сме биле не сме му давале преголемо внимание. Но со текот на години и стекнатите искуства , морам да кажам дека се повеке размислувам за тоа. Еве јас сум добро ситуирана имам приходи, стална работа кола и стан во скопје. И сега прашањето е.
    Има еден потенцијален дечко кој прво не работи , нема ништо , нема кола , живее во ченто и нема пари за излагаање или евентуално бара од домашните. Што мислите дека ова би можело да опстане или не? Али исто така не сакам некого цел живот да носам на грб и терет. Имам искуство од пријателки и другарки кои не гледале на тоа но сите тие завршија со разводи. И мене не ми е битно тоа дали има и колку , но гледам дека почнува да ми смета , утре ако треба било што не може да застане и да ти помогне. Јас трега да бидат таа која ке биде шилото кон животот. А јас лично преферирам мажот да застане , да биде прав маж. Стварно не знам што да правам со дечкото сум во врска многу кратко нема ни месец, и сега сум на мисла дали воопшто да продолжам или тука да ја решам целата работа додека е на почеток, а тој за разлика од мене ми се напика ептен.
     
    На emotiven му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    33
    Otkaci go ako nema pari,stan,kola ne e za tebe,ti si situirana a toj klosar,mislam deka site znaeme kako e vo sk,tuku kako da se promenat rabotive,otsekogas bilo problem tie masko-zenski odnosi.