Факт е дека зависи што бараат девојките. АКо бараат принц - нема таков Само случајов со три девојки што лично ги знам - прави да мислам дека навистнина нема мажи. Едната е магистар, убава девојка, со 6 години работно искуство, со една долга врска зад неа, висока, слаба, културна и згодна. Бараше дечко кој само ќе ја почитува - она има пари и кола за да го издржува. не и беше битно да црн, висок и со зелени очи и да има факс - она има се што би им требало за да успеат. Арно ама, мажите се пички. Страв им е да и пријдат, бидејќи е подобра од нив во скоро секој поглед. Нема маж за неа бидејќи се докажа дека мажите имаа јајца за им проиведуваат сперма, ама за друго - не. Другата, исто така магистер(значи не зборувам за овие новиве магистри со заокружување па мама плаќа, туку сама си плати за тоа и си полагаше усмено - ова само да не мислите дека е од чавките кои можат со трепкање и заокружување да магистрираат), смеѓа и висока девојка, вработена, 4 години со високо работно место и многу почитувана. Бидејќи е многу весела и разговорлива, нема срам да разговара со никој, пие пиво, а не мартини и мохито, мажите ја гледаа како другарка, се додека не и здосади па почна да им се пушта за да сфатат дека сака дечко, не другар. Е они, испаничија дека ке останат во врска со неа, и и раскинуваа бидејќи таа потсекаше на брак и другарство, не на пролазна девојка за месец два. А она бараше мажот да е забавен и образован, и да се однесува добро. Третата, бараше само маж кој ќе и разгори страст. Психијатар по професија, со редовна плата, со огромно разбирање за се и чуден смисол за хумор. Никој од мажите не знаеше да направи ништо посебно за неа- сите беа само вечера, па дома па секс. Досадни излегувања и шанкови со небитни и грди фаци наоколу. АКо само еден бил доволно маж, било која од овие ке имала дечко. Ама, ете, немаат. Од едноставна причина - мажите не ги почитуваат доволно жените. Оти жените не се почитуваат доволно. Затоа, колку и да спуштиш критериум за да најдеш добар маж, пак ке ти биде тешко. Не е дека нема мажи, само немаат јајца, хаброст и инвентивност.
Мислам дека нема потреба да се убедуваме сега дали останаа машки,дека повеќето се драпачи а останатите се сељаци,која што сака нека си мисли ич не се замарам,еве јас да ви кажам за разлика од вас што многу бирате и мислите дека нешто многу повеќе вредите се лажете,јас сум обичен дечко кој си сака обична девојка и фала му на господ сеуште има фини добри девојки, и незнам од каде ви е толкава омразата за машките.
Како јас досега (за жал) не сум сретнал барем една од твоите другарки? Според она што го пишуваш сите ми се допаѓаат, иако најпривлечна ми е првата(некако е најслична на мене) бидејќи е најблиску до мојот идеал за совршена девојка.
незнам дали да почнам со ха ха ха или со ццццц. значи како добро ги опиша ми се роди огромна желба да ги запознаам не сум саркастичен!
1. Цицките се битни. И јас потврдувам. Имам другарка со огромни гради, и сите машки од прв до последен сака да ја има *женската со големи гради*, никому не му е битно каква е, што работи, никој не ја гледа во очи, во ништо, само во градите. И тоа многу интелектуални, паметни, фини машки потпаѓаат по неа, за чудо (а, не само т.н сељаци). А, љубовта не е цицки. Ама, ај кажете им на тие машки што се затрчуваат, колку ќе ја сакаат таа женска кога утре ќе и се обесат градите до коленици. Или за 10 мин. стискање гради, ќе трпиш 24ч50м. некоја си никаква. 2. Не значи дека до толку мора да одиш на посебно место за да најдиш баш таков тип на човек. Сегде има секакви. Ех, јас на колку места сум била каде не сум ни помислила да појдам баш таму, а колку и не сум била некаде каде сум сакала. И пак ќе повторам, сегде има секакви. Не знаеш точно, каде на што можеш да начекаш... 3. Многу се напаѓаат машкиве, ама за жал денешно време мислам потешко е да најдеш нормално женско. Многу женски си ја креваат цената, ама ни пола од тоа не вредат. Се нашминкале, високи штикли, тесна фармерка, испеглани коси, и си мислат девојка од милион долари е. А, во главата жива тупа.
Кога сме веќе на темата ЦИЦКИ (ова како да не е тема Машки во Скопје, туку ЦИЦКИ во Скопје)... ок е, не си маж ако не се изјасниш јасно и гласно дека сакаш цицки! Којзнае за каков сељак ќе те мислат ако речеш - што е битно колкави и се цицките? Јас сфаќам машка генетика, натаму ти мава погледот и добро - гледај си, не е забрането, гледаме и ние кога има што да се види, арно ама сте запнале сите за тие гради ко давеници за балони... сериозно некој сака да ме убеди дека ако пронајде супер женска што му одговара скоро во секој поглед, истата може да ја откачи само заради големината на цицките? Па дали има поретардирано размислување од ова? Со дужно поштовање, ама и вие мажите сте тешки глуперди некад. Цицки та цицки... утре со цицките прави си муабет. Може и ручек ќе ти зготват. Масажа загарантирана.
хаха Трендафилке ме изнасмеа епа стварно значи и да потполно се согласувам со тебе дека маживе се токмаци понекад и не размислуваат дека цицките или гзовите нема да им готват или сл али тоа е за жал размислуваат со другата глава
Да, значи многу лош е моментот кога ќе се избаци некоја прејака типка и истата се става на своевиден пиедестал. Мислам, сфаќам дека тие таквите прејаки се поретки, и дека треба да се ценат, ако ништо друго чисто за да си исплакнеш очи, али многу машки забораваат дека и они се луѓе и на нив гледаат на погрешен начин. И така си доаѓа до тој стален проблем да многу повеќе внимание се обрнува на површината на работите, а длабочината да си биде занемарена. Иначе за темава има многу да се збори, кога ќе бидам при време ќе се приклучам посоодветно во дискусијата.
Се додека жените трошат на шминка и попонки за цицки, на мажите тоа ке им го одвлекува вниманието. Се додека жените прашаат- убава ли сум ти, наместо паматна ли сум ти, мажите ке гледаат дали е убава. Се додека трошите пари на шанкови, место на странски јазици и книги, мажите ќе ве гледаат како сте облечени. Затоа, не се криви мажите што гледаат дали имате цицки - ги покажувате, нормално дека ке гледаат. А ако вие не ги покажете, нема да ги видат и ке отидат кај следната, што дури и тетоважа има на нив за да бидат повпечатливи. Не се криви мажите, ние сме. Така ги научивме. Затоа темата со шминка има повеќе мислења откоклу темите со книги.
не се машките криви кога главно оружје за да освиоте машко ви се цицките и гзовите и 3 кг пудра на фасеот,место паметот и хуморот ,епа кога ги давате под кирија за една пијачка цицките и гизовите нема ниедно ЧИТАЈ НИЕДНО машко да одбие . Така да констатацијава не ти држи ич . И незнам кој спомна дека некој дечко раскинал со девојката само заради цицките или сама си измислуваш :geek:
^ Бре бре, па и у множина не изнареди сите, нема проблем, тие сме . Не знам ти Црнче на какви женски налетуваш, ама одма да ти кажам дека ниту една паметна девојка која се цени себе и има троа грам памет у тоа тиквата која не ја користи само за шишање и шминкање како што викаш - НЕ ГИ НУДИ цицките на мегдан! Деколте-изволте нема да најдеш кај паметна девојка со смисла за хумор каква што ти опишуваш, само кај тие што ѕиркаат што клуч имаш на привезокот, потајно распрашуваат со што се занимаваат мајка ти и татко ти, да не „случајно“ имаш вишок стан и каде си го поминал летото (и може ли следното и неа да и` платиш на истата локација?!)? Кој ви е па на вас крив што се лепите за такви калаштури без 2 грама мозок? Ама неее, убаво е другарите да ти речат - лелеееее браааааааат ти ја ебеш оваа, АВИОН братееее алал да ти е, наместо да донесеш некоја скромна, фина и паметна девојка у фармерчиња и карирана кошула закопчана до грло... немој да ми ги продаваш мене тие муабети па уште и се дрзнуваш у ист кош да не` ставаш сите. МАРШ ТАМУ ! И не е точно дека НИЕДНО МАШКО НЕМА ДА ОДБИЕ таква простакуша со стегната груда и истртлен гз што се шлака со 3 тони пудра за на Водно и се пикнала у тренерки 3 броја помали си натпис SEXY со глитер на буквите. Познавам минимум 10 такви што ќе и` се изнасмеат у фаца, а уште 20 други девојчиња што не би се бламирале така ниско макар животот да им зависи од тоа.
Те молам кога пишуваш вакви постови кажи си уз пат мислам онака дека не мислиш на сите девојки. Исто како сега јас да кажам дека СИТЕ МАШКИ СЕ СЕЉАЦИ И ДЕКА НЕМААТ ДВА ГРАМА МОЗОК И ДЕКА СИТЕ СЕ ФАЛАT СО ТОА КАКВИ КОЛИ ИМААТ. Ок се чувствуваш? ТВРДАМ, можам и со двете раце да потпишам дека нема секое машко да прифати таква фуфица до него. Всушност на секое машко што погледите на животот му се маааалце подалеку од носето на некоја таква може само да и' го покаже нејзиното вистинско место, а најмалку па ќе му биде гордост да ја седне до него. А другото Trendafilka детално го објаснила.