Јас прилично гледам да се држам надвор од Скопје , значи имам кај да седам во Ск ама си седам во мојот град иако студирам во Скопје и неретко запознавам солиден број машки од Скопје кој и на кафе знаат да ме викнат и со кој си имаме муабет , исто и кога излегувам во Скопје се случило да ми пристапи некој и да се запознаеме а за фб да не зборуваме , а на никого прва не сум пишала , така да треба да размислат сите што мислат како тебе дека можеби и не се девојките тие што собираат и прават чуда . Не велам дека нема такви девојки ама па никој никого со сила не може да натера некого на било што , а посебно не на сериозна врска , љубов па дури и брак.
Не е дека нема машки во Скопјево. Туку кога имаш 23/4 години а ти се свиѓаат постари машки, тие се веќе женети. Па кога ќе стасаш на 33/4 години и тие на твоја возраст се ожениле. А помали не те интересираат. Е тоа е веќе проблем. Од друга страна, сметам дека колку што има ропаци по Скопјево толку и фуфли има. Не може да се генерализира дека само машките се станати за никаде. Секој со својата среќа. Зрел и разумен човек точно знае што му треба. Не се преценува, меѓутоа не се ни потценува. Доколку си искрен пред самиот себе и не се самозалажуваш тогаш нема да биде проблем да го препознаеш вистинскиот партнер во морето останати луѓе. Претешко е, не велам не, ама не е ни невозможно.
случајно наидов на темава, да се надоврзам и јас.. Прочитав некои мислења и според мене исто како и повеќето се согласувам, луѓе нема машки ни женски не само во скопјево туку и низ цела македонија. Секако секој си има свои критериуми за тоа каков дечко сака, но да бидеме реални све е извитоперено, извештачено. Не се криви машките, за нивното однесување и начинот на пристапување, да не ме свати некој погрешно не сакам никој да навредам но реално има премногу к**** во градов и затоа нема ни асален дечко, која поради пари, која поради нешто друго и разни интереси и затоа машките се женкари, глумат мангупи по сепариња гледаат да бидат со повеќе такви девојки и тн. Тоа е тоа
Aј да се замешам и јас .Aбре имало многу курви,а кој ги создава курвите ?Oдговорот е курварите,така да не е крив само женскиот пол.Tие девојки што коси скубат за машко,ми се несфатливи.Tуку отворете тема за машките во цела држава,или само во Cкопје снемало машки
Чекај малку, машките глумат мангупи по сепариња и се женкари? Мене ми личи како ти да си една од девојките која не може да се докачи до сепареата, па гледајќи од доле кон сепареата нагоре, не може да види дека не се машките само у дискотека на сепаре. Ај ќе се најде и за тебе некој шанкер/вратар.
Кажи Има теми за љубовни проблеми колку сакаш, ќе се најде некој ќе ти одговори. Ако не веднаш, после некое време. Како може да нема никој на форум со активни членови
Haha, ja odamna vikam deka nema muski u Skopje, zatoj dojdite si vi mominja ovakoj po-nastranu. P.S. nov sam ovdeka ne me karajte odma
Има машки АМА или се зафатени или се воопшто незаинтересирани и неодговорни. Нормално дека убавите круши свињите ги јадат. И факт е дека све е изопачено, јас свакам дека секој си има свои критериуми но неможам да сватам тоа што во повеќето случаеви критериумите се преувеличени. Исто мој личен заклучок е дека машкиве немаат м*** за да и пријдат на некоја девојка бидејќи очигледно во денешно време се летаат по фуфици кои нема ни да ги погледнат а камоли да им дадат шанса и така нормално губат од своето его. Мислам дека девојките имаат во случајов имаат повеќе храброст ако се одлучат нешто да превземат во врска со својот љубовен живот, но секој со свои принципи јас сепак сметам дека машките треба да го направат првиот чекор.
Поговоркава никогаш не ми се допаѓала. Дали јас која мислам дека имам совршен дечко, или твојата другарка, или твојата братучетка, сме свињите? Ние сме мршничките кои фанале јаки момци? Не се тешете со тоа кога ке видите дека типот кој ви се допаѓа има девојка. Не е она свињата, туку знае како да го добие и задржи. Пробајте енергијата да ја насочите кон ваш иден дечко, а не кон омраза на оние кои веќе фатиле. А првиот чекор е сеедно кој ќе го направи. Јас прва го бакнав дечко ми. Уште ми е круната на главата.
Уффф навистина ми падна тешко што можеби се се пронашла во поговорката. А како си го фанала дечко ти и дали прва си го бакнала ама баш ич не ме занима. А фала богу што не спаѓам во групата на девојки кои момците знаат како да ги добијат и задржат по цена на се момците. А омраза лично немам спрема никој, секој со својата среќа во животот. Позз
Заедно во друштво од моја страна беше еден другар, а од страна на другарка ми нејзина другарка. Неколку пати сме излезени така на кафе заеднички. И другаров се заинтересира за нејзината другарка, а во муабетите и таа некако како маче предеше по него. И сега пред некој ден и пратил тој неа порака на мобилен (не е љубител на фб) демек како си, што правиш...? И замислете таа му вратила: Спојлер Еби се брат! Кога ми кажа не верував зошто таа изгледа многу фина и мила, па тој ми ја покажа пораката да се уверам. И потоа за некои женски немало машки ???
Eeee silver колку такви приказни има за зборење ... Најсмешно е што после истите девојки викаат како немало мажи или како сите биле исти и расипани ....
фините и милите знаеш дека се тие најопасни ,можда ви се Правела фина и мила ама по карактер сигурно не била
Пред се' вакво однесување е знак не некултура и невоспитување. Како може девојка што изгледа убаво и мило да употребува и да се расфрла со вакви зборови. Не можам да сфатам. Па реков јас еднаш дека девојките си се криви. Знам зошто тоа го зборам зашто и јас имав две вакви другарки како твојава. Само не одеа до овие екстремности. Ама тука некаде се приближно. И после нема дечко за нив. Ццц како бе за мене има? Како за комшиката има? Како за некоја нормална девојка има? Само за нив немало. Епа нека си седат сами штом нема за нив. Самобендисани себичњаци што мислат дека никој не е доволен за нив.
Тоа ми беше муабетот. :up: Дека прво, многу од нив се прават светици со сила. А, второ немаат култура, ни речник и на крај се жалат дека немало машки. (А, вакви примери и јас ги знам милион, ама овој е најнов па се сетив на темава да го напишам)
Дури сега и го гледам оговорот, па добро нешто повеќе од месец каснам. АКО НЕ ТИ Е ГАЈЛЕ, ШО МЕ ЧИТАШ???? И ако не мислиш дека убавите круши ги јадат свињите, што си го пишала тоа? АКо немаш омраза кон нив, зошто ги нарекуваш свињи? Ах...доволно. Инаку, имам еден рабовор да ви кажам. Една девојка, или жена, ај, на 40 години, немажена, со 1-2 пропаднати врски, ја советувам да смени нешто во изгледот - да отиде еднаш на фризер, да биде поопуштена, да излегува почесто во друштво, не само на исто место, со исти луѓе, и дека можеби ке најде дечко. Во глобала советот ми беше да се спушти на земја, дека треба да стане попривлечна и да се потуди за да фане дечко. И ми вика, ау, јас да се мењам за некој??? Да се фарбам, да се смеам кога не ми се смее? Да одам некаде каде што не ми се оди? Плус, ако некој ме сака(значи некој кој уште не ја ни видел) ке дојде јас каде што излегувам и ке ме сака каква што сум. И не знаев што да кажам. Има секакви карактери. Јас сум пофлексибилна, она, не сака ништо да направи за да се смени тоа што со години е сама. И на крај ми вика, секако нема мажи у Скопјево, за кој да се трудам?
Затоа сама и ќе остане, освен случајно некогаш ако не појде некој на местото каде што таа излегува и да се заљуби во нејзината коса што не видела фризер.