Влакна-Единица мерка за маженственост во Македонија. Шо праиме се оние мажи кои природно се мазни не се влакнести?!? Тие по дифолт се гејови ?!?
А јас мислев дека се' имам прочитано на Femina. Сум била во голема заблуда. Значи дечко ми што откажа цигари, пиење и лош начин на живот и почна да спортува, да се храни здраво и притоа да вози точак е геј. Ех, чудно е како луѓево се' ќе измислат само да си го оправдаат својот (не)здрав начин на живот.
Па видоа со кој си имаат работа , куп женски кој глумат лудило некое и решиле да пробаат со другиот пол.... А тоа со влакната е чиста глупост , али добро што имам влакна на нозете иначе ќе мислат сите дека сум геј.
Настрана возењето точаци по кеј, баш се секси кога уз трчање подзастануваш и ги манијачиш такви наведнати на точакот Ама хеланките, не дека тоа ги прави геј (дури не се види какви му се афинитетите за во кревет, не можеш со сигурност да тврдиш дека е геј), ама мене ич не ми е по мерак. Ама ич.
И јас возам точак и обожавам онака заводливо да спуштам цвик кога се разминуваме, значи скоро со секој втор се заебавам така, али ме пукна бед коа пред некој ден у град видов еден од тие, ми се изнасмеа дечкото и отпосле ми текна дека го знам од кеј, 2-3 пати му имам спуштено цвик Хеланките мене ми се секси само на мужиња со убаво развиени мускули на нозе, баш да пукаат на нив. Значи лесно се праи разлика меѓу озбилен маж и лигле што трет пат у живот се качува на точак и постира слики на фб од огледало у теретана. Иначе машки у Скопје има колку сакате, да тачно дека сеа е некоја нова мода да бидеш педерчина, али уште ги има и тие „обичните“ за нас „обичните“ женски. Треба само малце да се преиспита секоја од нас дали критериумите што ги дигнала држат вода или малце да ги спушти сепак
Имам муабетено со моите другарки баш околу темава ,со дел од нив мн добро се разбирав но со дел само се убедувавме .Едните гледаа на работите наивно и мудро а другите опасно и смело . Неможеме да генерализиреме дека сите од "провинција " ги собрале машките од ск ,или пак дека некоја што на крајот и се споиле коците за љубовта (во/од Скопје) да ја третираме како к***а. Незнам како размислуваат девојките точно па ке се обидам да дадам мислење за нивно гледање на оваа тема .Би кажал каде лежи проблем И на машките околу оваа тема. Кратко и јасно ЛАГАТА уништува се ! - (кај сите ) Анализирајќи ,гледајќи дел од машките што се сингл можам да кажам дека не се свесни до каде одат со лажењето (не за било какво лажење ,туку едноставно одат во крајност каде они ја имаат главната улога уживаат да бидат НЕКОЈ и нешто но забораваат дека тоа е само филм во нивната глава или пак толку уметнички што го разбираат малкумина во нивно опкружувње бидејки се им е објаснето ). За жал би рекол дека таквите само си веруваат (и лицемерат ) едни со други ,си веруваат и подржуваат во своите лаги ( па и несвесни) .Знаете на што мислам од оној тип на лаги не каде бил и со кого ,не дали требал да се јави во 5 а се јавил во 7 па лаже да се извади ... Зборам за лаги што го изместуваат од колосек на нормална личност,каде фантазијата се претопила само во експонирање,докажување и надмудрување .Како да не им преостанува нешто друго за успех и градење на имиџот ,стилот ,карактерот ... Сиромашни (суров збор но не мислам на материјални работи )и ограничени ,задоволни конзументи на општеството ништо повеќе нема да бидат (според мене ) . Тоа се луѓе со комплекси ,совршени на прв поглед можеби ...премногу бујна фантазија но скоренета со лаги и манипулации .А ЦЕЛТА нивна ?хмм идеалната партнерка ( или партнер -ова за дел од сингл девојките од ск ) . Кога велам ИДЕАЛНА тоа се подразбира да ИМбиде најдобар до првото несогласување па одма е НАЈомразениот и НАЈглупавиот .... Што бараат таквите девојки -машки дали се запрашале ? Мислам дека само врска по нивни терк без разлика КАКОВ ке биде партнерот . Следни се оние со критериумите ,офф мајкооо однапред имаат целосна дефиниција за се ,несмее к**т да биде ни поголем ни помал (морав саркастично ова малце ) . Дали можеби овие девојки се спремни да не направат никакви отстапки во своите критериуми или пак се 1те што ке се променат кога се во врска ? :geek: (убаво имаа напоменато дека ако ставаш на катар се` стави се првин себеси види колку тежиш=вредиш ) Започнав со лагата да објаснувам но мислам дека сум јасен зошто повеќемината (машки-женски) гледаат негативно на потенцијален партнер ?Се плашат факт е тоа . Колку и да негираме не е добро и лесно човек кога ке се заљуби,па да биде приморан да изнаоѓа причини постојано да импресионира некој/а поради големите очекувања и ПОГРЕШНИТЕветувања дадени-направени Никој нема да биде импресиониран постојано од материјаните работи (Гардеробата и сл ) , сите се трудиме да бидеме скоцкани што повеќе со брендирана гардероба но мн е важно да се знае-може тоа да се носи (и со партнерот ) за да дојде до вистински израз .Изигравање на кловнови има насекаде па не треба да им замеруваме ни на едните ни на другите ( ако јас се прашувам и не толку битен-пресуден фактор е гардеробата на една личност,повеќе би рекол стилот е важен ) . Мерило за убавина кога е гардероба ,ништо од врската .. .(се повеќе добивам впечаток дека за повеќемина е така ) Постов трае и трае ,ми текана на Трендафилка што имаше пишано (можеби и во оваа тема ) .Неможе да се најде партнер секаде ,теба да се знае на кои места човек треба-сака да се движи и да биде со луѓе од неговата (класа) .Донекаде е во право но сепак мислам дека СЕКАДЕ има нормални луѓе ,достоинствени за дружба и муабет .Немора да значи дека во диско МОРА да се запознае некој/а ,или пак да се испушти прилика во Х ситуација да се зграби шансата за кафе и дружба Проблемите си ги правиме (самите) ,па затоа би прокоментирал дека- ДА постојат машките во Скопје но прашајте се КАДЕ,КАКО и КОЛКУ ги барате ?
не останаа, зошто се разбегаа по викенди во внатрешноста на Мк,кпј со точак по планините,кпј по женска по кафичите
Ајде за мене еден совет. Како да му дадам уште веднаш до знаење дека не сум само за забава? Без да биде тоа нападно и да биде се изгубено уште пред да почне? И како би реагирале вие ако сте со девојка која имала сериозни врски, а вие до сега не? Дали тоа ви значи дека и со вас ќе го сака истото или може баш спротивно ви е ризик да не сака само да се излофтира со вас? Значи не велам ни дека веднаш остро влегувам со замисла дека ќе бидеме цел живот заедно, туку дека сум сепак посериозна од one night stand или дека не ми е целта да искачаме колку да не седиме дома... Значи никој од нас сеуште нема силни чувства према другиот, но не сакам ни да се јават кај мене, а веќе да е се отидено во друга насока?? Се надевам некој ме сфаќа што сакам да кажам
Ивановска јас сметам дека такви работи не се даваат до знаење . Што знам мислам дека работите сами ќе си течат по својот тек, ако треба да прерасне во сериозна врска ќе прерасне, ако не никому ништо . Сосема ок е врската да биде лабава на почеток додека се запознавате , па ако се погодите природно ќе стане сериозна без да се дава до знаење . А и ти како знаеш дека сакаш да се обврзуваш со некој кога не се познавате доволно, мојата врска која трае 5 години , првите 2-3 месеци беше онака за забава па се изпозаљубивме . А што велиш за one night stand дека не си , многу лесно можеш да дадеш до знаење со што ќе ги поставиш сама границите , ако му е само за тоа сам ќе го снема , ако сака да те запознае ќе продолжи да те бара и тоа е добар знак. Јас би ти предолжила да уживаш без да се оптоваруваш каде води врската . Од толку притисоци и размислувања што и како ќе биде заборавме да бидеме опуштени и да дозволиме да се заљубиме .
Па, ако си го запознала со спуштање цвик, тешко дека ќе направиш друг имиџ за себе од „само за забава“. Како и да е, убаво ти напиша Мими, зошто се оптеретуваш со тоа. Може ќе биде ужасен kisser, може нема да знае ни со три раце да ти го откопча прслукот и ќе биде најлошиот секс што си го имала и ќе го имаш во животот. Направи си го меракот, покажи му дека вредиш за второ гледање и ако и тој самиот ги исполни твоите очекувања, тогаш второто гледање и врската сами ќе си дојдат.
Може сум стара, ама дечко за сериозно вака ли се фаќаше? Да не е за една вечер, спушташ наочари додека си опната на точак(веројатно спуштам цвик е спуштање наочари?!) и тоа на секој втор, и оппппппп си факаш дечко за сериозно. Вау. Остарена сум, жими се. Јас па дечко за сериозно си фанав оти бев мртва сериозна. Еве уште не сум му се насмеала.
Хахахах со тие бициклистички лелее И дечко ми носи такви али ептен на тренинг коа иде и коа има утакмица и тоа мукаа пошто многу го стегало вика. А мора да носи пошто е кошаркар и за да не развијат кила од скокање душичка со мука ги купуваше неќна, му се згазив од смеење. Иначе такви лиглиња не поднесувам, депилирани нозе, со женско гласче уххххв
Добро бе девојко не сите сакаме дечко за озбилно, нити сакаме да се ебаваме секоја втора вечер со различен дечко. Дали си слушнала за златна средина? Како што има илјада и една смисла за хумор, така има и за забава. За вкусови и карактери не се дискутира... Супер за тебе што си фатила дечко за сериозно и други девојки на светот имале сериозни врски па не се курчеле... Јака работа. И јас имав врска од 6 години, и што, треба медал да ми дадат? Сум била сериозна, сега не сакам веќе, што сум сега распуштена сељанка? Се дискутира за друго на темава, ако толку ти е досаден животот прошетај се на кеј може ќе ти дигнам и тебе ЦВИК па ако ништо друго ќе ја искривиш устата да напраиш некоја глупа гримаса. Ајт. Опушти се малце
Bо овој пост ,бараш совет на кој начин би можеле да те сфатат дека си за по сериозна врска од спротивниот пол,а од друга страна ноншалантно си кажуваш како умееш добро и кокетирачки да се расфрлаш со свиркање,намигнување и што ти ја знам по мажи у бициклистички или хеланки беа што поминуваат успатно кој сакаш така посериозно да те сфати??? Bеќе кога си решила да бараш партнер за подолго,барем не се нуди на таков начин ....не ти е крива Cка
Мене не ми е јасно.ИвановскаМ што всушност сакаш, и каков совет бараш?Многу си контрадикторна.Во еден коментар бараш совет како да му дадеш до знаење на машкото дека не си само за забава дека сакаш сериозна врска, а веќе во друг коментар, викаш дека си била претходно во 6 годишна врска си била сериозна сега не си сакала.