Сериозна врска не се создава благодарение на нашата одлука дека така сакаме да заврши една врска.Едно е ние што сакаме да постигнеме,а сосема друго е тоа колку ни одговара партнерот во емотивно-карактерен поглед.Самата ситуација и спонтаноста се доволен знак за да сфатиме дали тој/таа е вистинскиот за нас.Но,за да се случи тоа треба доволно добро да се познаваме себе си и да знаеме што не исполнува и не прави среќни.Ако шаблонски ја сфатиме потрагата по сериозна врска,значи дека не знаеме што бараме.А тоа значи дека проблемот е во нас,а не да го обвинуваме другиот како не сфатил.
Девојката прашува за конкретен дечко .. Значи може и се допаѓа дечкото па сака нешто повеќе .. А тоа што им се насмевнала и кокетирала со згодни дечки го направивте како грев , туф ,туф ... Сингл е по долга врска зошто да не. Инаку од каде тоа дека за сериозна врска треба да си мртов сериозен . Јас пак мислев дека за да си најдеш партнер што ти одговара треба да бидеш таков како што си без пренамагања .. Ако си сериозна , биди таква , ако си ведра и се смееш на глас , биди таква .. Оти јас знам другарка која си го контролираше волуменот на смеењето бидејки слушнала дека дечкото што и се допаѓа не сакал кога жените се смеат гласно. У право е дволичен дека има многу пренамагање и лажно преставување . Јас пак сметам дека човек треба да си биде каков што е оти само така може некој вистински да се заљуби во тебе, а цел живот не можеш да глумиш. А тука не мислам дека не треба да работиме на себе оти сме совршени , простор за подобрување секогаш има , но нашата природа и карактер можеме да ја прекриеме за кратко а тоа пренамагање носи само гушење на сопствената личност и обострано разочарување.
Јас имам едно прашање за вас, одговори од машки или женски сеедно, иако би преферирала повеќе од машки. Не ми се смејте, сериозна сум. Што е љубов? Не, најсериозно и искрено прашувам што е љубов, да си заљубен во некој? Кога си всушност заљубен, како се заљубуваш? Малку сум во сакам кажам - незнам речам момент, но ќе пробам да објаснам на што мислам. Што е тоа да си заљубен, во што си заљубен? Во личноста ќе речете така? Од тоа што знам, не привлекува некој поради начинот на кој се движи, се смее, гестикулира, оди итн итн...ако одам подлабоко...во неговата/нејзината култура, почит, размислување, гледање на работите итн... значи карактерот...но колку е убавината пресудна и дали е? Велиме карактерот е тоа најбитното, а не физичкиот изглед, но сепак еве на пример јас не би можела да се заљубам во грд дечко. Не ме сфаќајте погрешно, дааалеку сум од површна, напротив многу гледам на карактер во луѓето, многу повеќе од надворешниот изглед, само не ми е јасно.. Колку е пресудна убавината? Што таа дава? Да не мислите за убавината сум се запнала..тоа е само дел од моите нејаснотии. Ако дечкото има пари... - добро, тој е финансиски стабилен Ако е грижлив со мене и ме почитува - мноогу ми е мил и драг, супер човек е. Ајде совршен е да речеме...убав згоден паметен финансиран грижлив културен со почит абе најубаво... дали сето ова е = љубов? Што е љубовта? Во што/како се заљубуваме? Или едноставно нема одговор, но сепак се сомневам дека е така Не знам колку ме разбравте од сево ова, се надевам одговор од некој поумен од мене, да си ги решам прашањава p.s мислам дека би имале добри одговори и дебата за муабетов
Mimiii, очигледно за мојот пост болдираново, каде што кажав дека имам сериозна врска и уште не сум му се насмевнала на дечкото. Една од работите кои ми се допаѓаат кај луѓето е смислата за хумор. Интелегенцијата да сфатат дека има иронија и да се насмеат. Ако не знаеш, повели. http://lmgtfy.com/?q=%D0%B8%D1%80%D0%BE ... 1%98%D0%B0 Веројатно има машки во СКопјево, ама девојките не знаат да ги привлечат. Спуштен „цвик“ на секој втор, незапамтување на две мислења постирани тука, а притоа сопствени, па донекаде и немањето смисла за хумор, се причните зошто нема момци. Бегаат. И јас би бегала од спуштен цвик за заебавање. И Ивановска, не бери гајле, ке ме видиш на кеј. Ама јас не одам таму да спуштам цвикови и да барам маж за сериозно, одам да вежбам, трчам, пешачам, возам. И да спуштиш два цвика, нема да те забележам.
Cka тоа што го спомна само ме потикна да напишам збор два за таа појава .. Оти не е мал бројот на девојки (многу често го гледам во моја блиска околина ) се пренамагаат и преправаат со цел да бидат атрактивни за дечковците .. А всушност си ја губат природната привлечност и шарм. Инаку да сакав да ти одговорам на тебе ќе те цитирав .. Се надоврзав и на муабетот на Дволичен и нафрлив неколку работи кои сум ги приметила . И фала што ме подучи , не знаев инаку . А и не знаев дека има правила како треба да се флертува .Спонтан момент е тоа .. Се сомневам дека некој анализира .. Од каде ви е потреба да омаложувате некој, па и според начинот на кој флертува ?
Мими каде тоа ти заклучи од тоа што го напишав дека мислам дека треба да бидеш сериозен за да бидеш во сериозна врска? Да потполно се согласувам со тебе, дека не треба да има преправање и да се претставуваме нешто што не сме.Дечкото треба да те засака онаква каква што навистина си.Единствено нешто што ми спеташе со коментарите на ИвановскаМ е тоа што како може во рок од еден ден да напише две потполно различни мислења и ставови за една тема?
Сигурно ќе има и позитивни одговори... но мислам дека најдобро би било предлог темата да се преформулира во 'како да налеташ на такви ликови' (без разлика на полот) со оглед на тоа дека (за причините и нема потреба да се дискутитра) ретко се движат по дискотеки или слични места каде има простор да се оствари некаква интеракција...
Cka, искрено јас со тебе и со твојава препотентност не би разменила ни два збора, јаден твој дечко со ваква досадна цура... Не глуми лудило и не ми пропагирај тука поштеност, молим те. Ти седи дома, не искачај, немој да се насмееш на друг дечко, биди сериозна али не замарај околина со глупи ствари... Не си толку бистра ко што мислиш, искрено... Тебе целта ти е да ме вреѓаш, а мене ич не ме боли такво што ти мислиш за тоа како јас се забавувам... Кај го запозна ти дечко ти? На слава кај тетка ти? Честито женска, ти си права сериозна цура, еве ти орден. И јас возам точак и трчам за да се рекреирам, и за разлика од тебе си го правам тоа интересно на мој начин. И јас мојата врска ја завршив, а нигде тука не плачев по темите него си продужив со животот како што си сакам. Ти пошто си страшно озбилна, ќе замараш тука со плачки и срања кога ќе ти заврши твојата СЕРИОЗНО сериозна врска. Ај да не ти кобам, ама со досадна личност ко тебе не знам кој би издржал вечно. И ако за тебе е курва и распуштена девојка што се насмевнува на рандом места затоа што е весела и таков и е хуморот, тогаш стварно... утепај се е најблага фраза што можам да ти ја кажам. И бај д веј... пошто машките бегале од вакви цури како мене што немаат смисла за хумор, се курвараат на кеј пошто се насмевнуваат и флертуваат со други дечки, јас до сега за мојата кратка 24годишна кариера кога сум посакала секогаш сум имала дечко, прво затоа што немам критериуми до небо не се понашам ко светица затоа што не сум, второ не глумам лудило и не почитувам стереотипи дека кога имам дечко треба да буљам само у земја и да се изгубам од светот. И за чудо, никад никој не бегал од мене. Ја би рекла бегаат од сељанки што прв пат фатиле дечко за озбилно и мислат го фатиле Господ за м*да.
Битен фактор дека се од Скопје како да се на распродажба .Тука се дебатира дали има уште нешто останато за под рукав или пак да се бара нов извор
Извини девојче, немав време вчера да ти одговорам, се досадував. Дечко ми го запознав, не на слава, туку на погреб. Толку сум сериозна. Одиме цели 2 недели, и сеуште не се смееме. Ова за мене е најсериозна врска досега. Ти може имаш 24 години и 24 годишно искуство во врски, ама јас на 7 години домашни пишував. Ме тепаш у искуство. Ај сеа малку сериозно. Совет си побара како да имаш сериозна врска. Не знам што бараш кога веќе си имала прекрасна сериозна врска, која за жал, ти завршила. Ти си била прекрасна, он дибек, и тоа е. Може цвикот не му бил добар. Знаеш како да фанеш дечко за сериозно, не знам оти прашаш. Може оти наеднаш 2-3 те легнале, а утредента не ти се јавиле. Ама тоа ти си знаеш. Не знам зошто толку се вознемири, ти побара совет, јас бев доблесна да ти одговорам. Извини што сакав да ти укажам на недоследноста во однесувањето кон машките и да ти посочам дека тоа е она што треба да го смениш за да фатиш дечко за сериозно. А за мене, ако те интересира мојот личен живот, можеш во ЛП. Нормално, ако немаш твој живот.
По 100ти пат , зашто уште постои темава ... има и машки и жески , само се кријат , треба да ги пронајдете , ако сте биле добри во жмурка (не ме кривете не го знам мкд зборот ) ќе ги пронајдете ..... Лесно како математика
*Бараниот збор е криенка. Мене темава ми личи како на тема поставена по некој силен земјотрес, па сега се бара дали останале машки во Скопјево (под претпоставка дека епицентарот бил во Скопје). Можеби језиво звучи, ама друга причина за ваква тема не ми текнува. А па и кога ќе видам муабетот кон што се разврзал, па се повеќе ја зацврстувам таа моја теорија.
Хахаха, абе јадна си.... Прво мојата врска ако те занима зашо завршила можеш у ЛП, второ која будала сака сериозна врска после сериозна врска? Јас реков да ме сфатат сериозно, а не дека сакам сериозна врска. Има разлика. За сериозни врски јас ги сметам тие што траат повеќе од година и што целат да потраат уште подолго. Ама за да имаш ВРСКА која можеби ќе стане, можеби не сериозна треба некако да го освоиш типот. Штета што јас немам со што па ја покажувам ружноќата испод цвикот и сите бегаат, ама тоа е... Ај не го тупи више на темава жити се, олабави се.