Aиии не, нема мажи. Се ова само часни сестри по Скопјево Друго нема. Гледам и оваа тема се одалечила од топикот, не ме ни чуди што е така. Ама ајде.. Ај што не си наоѓате дечковци, у реду е, се дешава, ама пак како успевате секогаш да испревртете и да наведете причина дека е ДО НИВ, нив ги немало, е тоа не ми е најјасно. Ако сакаш дечко, побарај, ќе најдеш. Ама не после: па што да го барам, нека ми се јави тој; зашо јас прва да пишувам; е па сеа ќе одам на кафе на кеј, па јас сакам Дебар маало; еее па сеа бил на работа и уморен е не може да излезе со мене, готово крај, како смее да биде уморно копилето... И мрднете од тоа фб малку, така дечко не се фаќа. Ако се отвори, па и уште машко ако ја отвори одма ќе се сврти муабетот: а вие (машките) па вакви, такви, онакви, и пак криви ќе испаднете, а сите жени асални women's logic
Остај тоа... Ќе ме банираат. Ќе мислат дека сум машко со лажен профил Башка што ќе отворам? Знам дека има, еве ме мене - чист пример
Не ич каде,да има машки во СК.Само сите сингал битолчани,Скопје појдоа. .Децата уште од средно од Битола одат Скопје.А да не збораме за студентите. И да не забораме сите,од Битола шо појдоа Скопје,не се вратија. Така мили СКОПЈАНКИ не кукајте по многу.Патент на уста! П.С. И не само битолчани,туку од сите делови на Македонија момци одат во СКОПЈЕТО,ваше.
Цвете алал ти вера ,ама затоа мор во Скопје не останале машки,овие од провинција ги сокрија,ги убија што ли им бидна ги снема .Значи се бараат скопски машки,а не таму нашите од Струмица ,Битола,или било кој рандом град појдени во Скопје :geek:
Епа сменете го насловт.Нега биди „Останаа ли СКОПЈАНИ во Скопје“ Ем имате,ем се жалите.Ем нашле,ем зашле .
Е де де.. нити цела армија мажи од еден град се кренала за тука, нити па само мажи дошле во Скопје. Работава испадна како жени да не доаѓаат или пак како да ги враќаат на влез. Малку претеруваш со патентиве ама ок, разбирам, ти се свиѓала фразата па ајде да ја вметнеме. Инаку, пишав и претходно во однос на нема мажи во Скопје , нели наводно само штикли се шпацираат низ град, ама истото ми важи и за другите градови.. Жалењето дека нема машки во било кој град ми е многу сирот муабет. И еве ајде да речеме дека е така.. што? Да почнеме ако не тука да собираме потписи за да се вратат.. не џабе се рекло: снаџи се, па живи
Здраво. Ги прочитав некој од погоре напишаните мислења па сакам да го споделам моето. Не очекувам сите да се сложат со она што ќе го напишам, но нели секој си има различно гледање на нештата. Момци во Скопјево сеуште постојат, ги сретнуваме сите секаде на најразлични делови во градот и лично сметам дека не се работи во тоа дали ги има, туку каков тип на мажи се работи и дали имаат доволно храброст... Нормално живееме во модерно време но некој работи се дефинитивно погрешно модифицирани во нашиот мозок. Незнам дали она џентлменство сеуште постои, ретко кога сум го сретнала а може да се искаже било каде на било каков начин кој може да воодушеви некоја девојка. Никој не е недостижен и секогаш постои начин за да се почне. Но денешниве како и да не започнуваат, храбри се да погледнат очи во очи е за остатокот да се молиме да се случи. Но некако како да недостига онаа машкост и решителност, ако кажам сега да ја слушнеме машката страна ќе почнат рафалите ние жените вака ние онака. Па никој не е совршен нити ние, нити вие. Секој си ги знае квалитетите кои ги нуди и нормално ќе се обиде да ги задоволи. Ако не пробаш како ќе знаеш дали би успело? Кога веќе немаш што да изгубиш, можеш само да имаш добивка. А ако нема фидбек тогаш искуството го прави своето ако не првпат, вторпат ќе успее. Или се работи за она машко его кое е високо издигнато... Незнам да одговорам на некој прашања искрено. Да се надеваме дека некој нешта ќе дојдат на свое место. Ама без акција нема реакција. Потребна е взаемна заинтересиранот и се зависи од волјата, човекот и она што го има во себе.
Прашање од милион долари. Викате дека нема машки во Скопјево? Какви машки барате вие чим викате дека нема?
Нормален тип со реалистички погледн кон светот, добар човек кој ќе знае да те поддржи во секоја ситуација и да застане машки покрај тебе. И пред се пријател па се останато.
Тоа не во Скопје,во светот ретко ќе го најдеш .Светот тргна во лоша насока,21 век,тешки времиња.Тој кој ја наоѓа вистинската љубов и останува засекогаш со таа личност ,блазе си му