Големи се шансите да налеташ на пичкицка,кукавици, педери, и некој типови што мислат дека никој ништо не им може. Не ме сваќај погрешно, не сум педер и не барам машки. Знам што и како се дешава во Скопјево, Се е отидено наопачки. Исто како мене и моето друштво, што неможеме да фатиме женски.
Машка популација има во сите градови,па и во Скопје.Не е прашањето дали останаа машки во Скопје,туку дали девојките знаат што сакаат и како да препознаат дали тој некој би бил вистинскиот.Лесно е вината да се пренасочи на другиот.Но,претходно треба да бидеме реални и искрени кон самите себе и да си ги признаеме недостатоците затоа што никој не е совршен.Се сложувам дека тешко се наоѓа другата половина,ама со приземен критериум за избор на партнер шансите се поголеми.
Се сложувам со тебе делуно дека треба да се има приземјени барања, но времево се изопачува и некој нормални барања на некого му личат на заостанати и застарени. Затоа и претходно реков се е до начинот и карактерот со кој се гледа кон светот, баш тука чежи суштината да се најде некој има слично размислување за работите не целосен контраст. Ч)
Веќе не е како порано. Машките не се толку упорни, џентламени. Вредностите се изместени и сепотешко е да се најде стабилен партнер.
Ако веќе се зборува за (не)стабилност, тоа е обострано па на момет добивам чуство дека е поизразено кај девојките и пак сето тоа како последица на 'модерниот' начин на живот... Во делот на џентлменството ќе се согласам но не и со тоа дека машките треба да се упорни, мило ми е што почнаа повеќе да се ценат... хемијата не е калкулативна, ја има или ја нема... што би помогнала упорноста тука?
Да, се согласувам. Има и женски кои се нестабилни, ама сепак машкото треба да покаже внимание, да биде фин, културен...Упорност, сакав да кажам во смисла ако еднаш девојка го одбие машкото за кафе пиење поради оправдани обврски, да не заборави пак да ја покани.
Резултатите од терен кажуваат дека девојките се помалку сакале фини момци, затоа голем дел од нив се преориентирале...кака викаат, ако не се вклопиш во околината ќе бидеш отфрлен а оној помалиот дел си останал она што се... па доаѓаме до заклучокот, не дека нема - само поретко се среќаават поради тоа што се малцинство
Има ЏЕНТЛАМЕНИ лепотице, ама тие вообичаено сакаат девојки кои сакаат џентлмени. Инаку, не можам да се сложам со тебе дека нема веќе машки кои се упорни, ако нешто има во Скопје, тоа се упорни сељаци кои мислат дека со напињање едино се стига до девојка. Стварно ме интересира дали напињањето им помага да имаат редовна столица.
^ жените не знаат што сакаат. На едни им чинело џенталменство на едни не ми чинело. Јас искрено не гледам како упорноста е знак дека некој сака да е со некоја. Па од инат ќе се напне и ќе ја фати ако сака и после во 2потези ќе ја откачи. Истиот случај е и обратно, ептен ја сака, оваа го мава од земја и толку од неговите обиди. Тоа со упорноста ми е некако видоизменета варијанта на она старсконо кога ќе дојделе кај некоја мома дома со стројници да ја бараат и ајде со домашните прават договори. Патем што е тоа со потребата мажите да се докажуваат. Јас да бев машко, нема да прашував два пати. Или сакаш цуро или не сакаш и ај пријатно. Не сме мали деца па ајде ќе се мољакаме. Не е до мажите што не биле како порано, до жените е. Од безобразните и дрски женски невоспитања што им налагаат мажите да не пристапуваат џенталменски поради исмевањето кои ќе следи, сега овие другиве што бараат нормален машки примерок ќе си патат.
Дискутабилно е дали е непотребно, ама во глобала работава испаѓа (не испаѓа, туку жените ја направиле да испадне) дека е така како што викаш. Нашле па снашле и еве им сега што ги снајде од глумење лудило. Ама ако, така треба. Само жално е што не ретко и други девојки го кркаат маслото на овие оперираниве од манири. Меѓутоа, 90% од случаите и врските се секој - како што си заслужува. Ќе добиеш, како што ќе дадеш. Ќе најдеш ако знаеш што и каде бараш. Нема некоја голема филозофија во бирање партнери: Прашуваш/прифаќаш - пробуваш - продолжуваш/оставаш. Другите 10% се потврда на фразата дека животот не е фер.
Епа зависи бре вие мажи што барате и што сте се стремеле да уловите. Каква стабилност барате од девојка чие здолниште недава никаква прибраност ( нагласувам: несакам и немам намера да навредам никого, прво на избор ). Таму нормално дека ќе нема никаква стабилност, во никој случај ни мажите ни жените неодат сите во исти кош.
Кога мажите би посветиле барем малце време на анализа на ситуации, наместо анализа на цицки и газе една вечер и кога ќе научат да разликуваат која женска е излезена со другарки за провод, која излегла да ќари или да ја ќарат, која е у депресија затоа што раскинала со дечко и, многу работи би биле поинакви. Нити цурата ќе биде напната, нити фраерот ќе биде откачен. А се приметува ептен едноставно. Таа што излегла за провод уопште не приметува кој и што има околу неа, пие у граници на нормала, танцува и се забавува околу другарките. Таа што излегла да ќари нешто лигави една пијачка цела вечер со надеж дека некој ќе и се закачи и ќе ја почасти и (според неа)дава заводливи погледи на 80% од машкиот род во околина. Последните апла се познаваат, пијат неограничено, трчаат у wc на 5 минути да мочаат или повраќаат. Да, постои некое „правило“ дека мажите треба да се ловци, колку се согласувам... па не би рекла дека е така, ама ни дека не треба да биде. Вредностите се измешани, ама измешани се затоа што самите ние ЖЕНИ се залагаме за многу работи и слободи, така да Цацко ни е крив на крај. Јас искрено ако имам симпатија према некој тип и ако не ме покани он мене, а сум му дала до знаење дека ми се свиѓа, го канам јас, ако ме одбие па Боже мој... Најмногу затоа што не сум воопшто трплеива и кога чекам било што ми се чини ко целото време на светот да ми лета. И не викам дека некогаш не сум оставила очаен впечаток.. ама некако и не ми е битно толку многу. Така да, нормално дека останаа машки. Е сега има 30% ако не и више педери, сли стрејт уште преовладуваат у секој случај.
Па сега не би рекла дека тоа што жените се борат за правата и се бореле одсекогаш влијае премногу врз љубовниот живот. Сигурно нетреба да се вратиме наназад и жената да биде само домаќинка и да раѓа деца, далеку од тоа дека нетреба да ги има и тие способности... Мислам дека мешате баби и жаби, едно е кариерата која секој сака да ја изгради, друго се емоционалните моменти кои се потребни во сечив живот.
Секако дека влијае. Има многу мажи кои едноставно не можат да бидат со жена која заработува подобро од нив, има посигурна работа итн, самите на себе си прават ситуација да едноставно се осеќаат потчинето. И јас тоа сосема го разбирам и немам намера да осудувам. И нормално дека тој маж нема да пријде на жена која за него е “супериорна“, нити па и да му пријде она би останал со неа.
За секое лонче постои и капаче. Она што го бараш од некој ќе го измериш на вага дали е во согласност со она коешто имаш да го пондулиш. А кога станува збор за супериорноста на некоја жена и колку таа заработува не би сакала да дојде до мешање со животните класи, меѓутоа факт е дека дури и најсупериорните бараат некој сјај во животот зошто знаат дека среќата не е само во оние ексклузиви кои им ги овозможуваат парите. Не се купува се со матријалноста.
За останување останаа, ама какви? Ситуација бр.1- Му зборам на дечко ми да огранизираме искачање со една моја сингл другарка и наш заеднични другар, исто сингл. На иста возраст и двајцата, на исто место во животот и ,според мене, прилично компатибилни во карактер. Дечко ми фино лепо ме ислуша за да на крај ме пресече со зборовите "Џабе, он сака курви!" Курви во смисол не порно ѕвезди туку цури со дехолте, минич до пич и штиклетини. Имајте во предвид дека не станува збор за млад дечко туку за 29 годишен (навидум созреан) маж но кој очигледно е уште неостварен и неизживеан и не си бара партнерка туку трофеј за да се фали пред другарите. Идеме понатаму: Ситуација бр.2 – Во парк со дечко ми, моја другарка и негов другар. Другарка ми е убава, паметна, со супер смисла на хумор, забавна. Се облекува многу елегантно и класично, дискретно се шминка и другаров не сакаше два реда муабет да и направи, едноставно не му се трошеше ни атом енергија на девојка која не е Памела Андерсон. Ситуација бр.3 –Имам другар, закоравен металец, многу фин, многу културен но скоро секогаш сингл. Зошто? Затоа што сака девојка му да е 20 годишна 180 цм. висока , 45 кг. тешка долгокоса плава манакенка. Ја приметувате шемата? Морам да потенцирам- гореспоменатите `фраери` не се манекени, не се богати, не се некој јаки фаци па да кажеме дека се занесуваат туку напротив, станува збор за најобични, најпросечни 30 годишни мажи со пивски стомаци и веќе проретчени залисци. Да беа помлади ќе ми беше полесно да сватам зошто толку инсистираат нивната идна девојка да биде цицлеста, дакфејс лепотица но возрасни мажи, до толку неиживеани и ископлексирани, навистина немам зборови...
Биолошкиот часовник лета, се надевам ќе се освестат за тоа... А ако се надоврзам со ситуации мислам дека крај ќе нема... Да не ги спомнуваме оние што од џебот на своите родители би го земале и последниот денар за да се истакнат со сепарето/конопојот во вечерната скопска шема или да почастат некоја пијачка од која некоја цура ќе падне во транс. Трагедија невидена станаа некој извитоперени работи. Се сложувам во целост со тоа што го имаш нашишано, само која ли сила би ги сменила работите незнам.
Поповршно и погенерализирано мислење одамна немам прочитано. Прво за вкус не може да е дискутира, ако другарка ти за тебе е убава и класично среден цура, момакот сигурно не ја гледа исто. Второ, ако некој сака женска со големи цицки ќе си брка таква, зошто да не? Исто како што јас може сакам повеќе плави од црни момци. Моите другари се на моја возраст отприлика (23-25) па скоро пола и повеќе имаат девојки со години, дали е тоа сериозна врска они си знаат, од останатите поголем број сакаат да си најдат девојка, има и такви што не сакаат обврски, ама не ги надвладуваат другите. Така да како што твоето искуство е да речеме лошо, моето со мои другари е баш спротивно, што докажува дека нема теорија да вршиш било каква генерализација базирано исклучиво врз сопствено искуство.
IvanovskaM, значи не пишувам докторска теза, поткрепена со статистика и анализи, туку на конкретна тема, на јавен форум, го пишувам моето мислење, базирано на моето искуство, не знам што толку те допре напишаното? Друго, за вкусови не се дискутира но кога тројца сингл (пак ќе повторам 30 годишни) мажи идеалната девојка ја опишуваат како Кортни Студен, мое право е да превртувам со очи - од една страна постојано плачење и пекање како се сами и како сакаат да си фатат девојка, од друга страна ниедна реална девојка од крв и месо не им се допаѓа. Или Марјана Станојковска или никоја друга