Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Остави ја Ивановска нека си мрази генерализации, муабетот ти е сосема на место и комплетно ја опишува реалната ситуација во Македонија. Баш ваква е. Ама знаеш зошто е таква?

    Затоа што ако во времето на вашите родители беше нормално еден тип да се окози за девојка, да направи сè што може за да дојде до неа, да ја чека со недели, месеци и години да се пекмези, да и` симиња ѕвезди, да се прави џентлмен иако реално е обичен маж што сака да ждрига додека пие пиво пред кооперација... ова време денешно не е такво, зашто се живее пребрзо и се нема време за долготрајни романтики и тоа не е проблем во мажите, туку во времињата.

    Е сега, кога го знаеме ова, доаѓаме до фактичкиот проблем, а тоа дека, ако маж веќе се реши да се потруди за некоја девојка, да и` симиња ѕвезди, да се смешка кога не му се смее, да се умилкува, да троши пари и време, да се прави син на Мијалков иако работи за 200 евра некаде... тогаш подобро таа девојка да личи на Маријана. Секако знае дека од двете девојки, и од таа плавушата на 20ки со деколте, и таа повлечената и просечна ќе го довие истиот однос и третман, па бира да се потруди за онаа што реално повеќе вреди според него.

    Еве да речеме дека шовинистички пристапувам на проблемот па да ја свртиме ситуацијата...

    Јас како маж, сум бил сведок на илјаааадници ситуации во кои мои другарки и познанички не ги ни погледнувале оние кои не се облечени како политичари, во сакоа, лакирани кондурчиња, залижани фризурчиња, кошула, каиш со тока обавезно да се гледа и став „сите вие сте цигани за мене“. Не ми кажувајте дека тоа се изолирани случаи, не се... просечни девојки бараат нивните мажи да бидат Бекам и Кристијано Роналдо на доделување на некоја награда и сите кои ќе се појават пред нив што не се скоцкани така, не ги земаат предвид ни најмалку.

    Сакам да кажам дека мажите се однесуваат кон вас исто како вие кон нив, ама па како викаше онаа реченица „ако не изгледаш како модел на Келвин Клајн, не очекувај девојката да изгледа како ангел на Викторија Сикрет“. ;)

    Вистинскиот проблем во ситуацијата е што евтините парчиња што ги купувате од Солун и кинеските реплики на Армани каишите што мажите ги носат, иако прават да се осеќате како да сте филмски ѕвезди, сепак не надоместуваат доволно за празните новчаници, вишокот пудра, екстремно ниската интелигенција, преголемите очекувања базирани на евтино порно и особено не надоместуваат за искривување на реалноста, бидејќи кога тогаш, сите ќе ја симнат шминката и ќе се соочат со неа, со суровата реалност во која нит се филмски ѕвезди, нит се посебни, нит заслужуваат ангели на Викторија Сикрет и модели на Келвин Клајн. Ги заслужуваат тие со стомаците и залистоците и ги заслужуваат тие со целулитот и без памет.
     
    На Hipica, omg92, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Капетане, нема лутење и вреѓање, сосем се согласувам со твојот пост, девојка сум, си го сакам полот но свесна и реална сум какви цуци има. Многу ми е јасно што кажуваш (фала богу не генерализираме), и сама не памтам колку пати другарка/ познанична објаснувала зошто не сака да излезе со некој дечко кој ја свиѓа а објаснувањата биле "абе дебел е*", "абе колку мене е висок", "абе проќелав е", "абе носи наочари"... Нема круната да им падне ако излезат на кафе со дечкото, можеби ќе им се допадне како размислува, можеби има супер смисла за хумор, можеби имаат исти интереси ама не - дебел е! |(



    *Да појасниме :!: не станува збор за машко кое тежи 150 кила, туку станува збор за најнормален балкански дечко кој јаде во 7ца и пие пиво :!:
     
  3. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    А форумите служат за дискусија, за јас МОЕТО мислење во врска со ТВОЕТО да го споделам и напишам. Што има твоето мислење да ме допре, кој фактор си ми ти у животов? Можда и си ми некој у реалност, али тука не се знаеме.
    Нејсе, кога веќе спомнуваме старлети, дали мислиш дека сериозно постои маж што би се шетал со таква девојка a.k.a не сум курва, ама се ебам за ситници и поголеми ситници, и после би си ја зачувал за девојка или жена еден ден? Јас немам видено нити слушнато, освен ако не е некој дедич над 60ка... Да, сум видела како им е мерак да се пофалат и јас сум кажала демек браво бе, види каква цура, али драга... минич до пич, цицки надвор, тигрест фустан... не дава слика за некоја што треба да те буди за на работа и да ти роди дечиња... Можда сум и ептен старомодна, што ја знам.
    Едно е да е девојката згодна како Маријана на пример, иако и она сигурно не стигнала кај што е ради лепота (а, која лепота? фаца лом, тело гром), а сосема друго да е курава, т.е. пардон културен израз старлета.
    Кога веќе спомнуваш момци на 30 години нормално е да зборат и да бркаат помлади, несериозни девојчиња во кратки фустанчиња, затоа што само на тоа и им се сведува изборот. Која девојка на 28-30 години не сака да се скраси и да се омажи? Ако сака да има деца нешто и прави тик так, тик так... Тоа е веќе природа и нема заебанција. Тука веќе станува збор за различни интереси, и едната страна и другата треба да се свесни за тоа. Твојата културна другарка која ја спомна, сигурно не сака да се ебава со некој за викенди, а преку недела да не се слушаат, туку сака момче со кое ќе има врска и такво треба да си бара- затоа што како што има од несериозните, така има и сериозни. Тоа што другарите на твојот дечко се, извини, дибеци и што ти се со такви ја упознаваш е веќе друго.
    ДА, ИМА, и во Скопје и во Узбекистан и секаде има машки, ама треба да почне да се предава у школо некој предмет сличен на сексуално воспитување, кој би се викал: „Како кога ќе пораснете да не изигравате Грејс Кели и чат-пат да си фатите по некој дечко, во Скопје и пошироко?“
     
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Исто е и кај мажите , оваа дебела , онаа ружна , таа види ја фацата , другата носи наочари , третата види ,4тата види се отварала со пола град (а не ни знаат дали е така) 5та види каква е ...

    И на крај и едните и другите ќе си бидат сами , годините ќе им минуваат и ќе зборат цело време како немало асални жени или како сите машки биле исти и на 35-40 год кога ќе ги фати криза и под притисок од општеството ќе бидат принудени да се омажат за некој си таму од прибилци што би се рекло или некоја од албанија и слично и така ...

    Страшно општество сме :D
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Јас не знам зошто толку ти смета тоа што го пишав, што толку ти боде очи :P Од начинот на кој ти се напишани двата поста ми делува како да сакаш да испровоцираш кавга, а не нормална дискусија и се мислев дали да ти одговорам ама ајде да не испаднам некултурна :)

    Убаво си пишав на што се мислеше под курва
    И ако немаш видено ниту слушнато обичен, просечен дечко да оди или да се ожени со цуца во тигрест минич, не знам што друго да ти кажам освен дека треба да излегуваш почесто и да се дружиш повеќе. Исто така, на профилот ти пишува дека имаш 23 години, почекај уште некоја година, ќе го правиме муабетов тогаш, животот и тоа како знае да не демантира ;)
    Кога веќе до толку се фати за мојот пост, да ти реплицирам - станува збор за две различни `културни` другарки; дечкото од првата ситуација го знам уште пред да го запознаам дечко ми, вториот дечко и јас самата за првпат го запознав таа вечер сосем непланирано (дечко ми и типацов сосем случајно ни се убација во друштво) а третиот дечко е мој другар со кој се знам и дружам повеќе од 15 години. Работата е што, иако знаев дека другар ми се пали по манакенки, ( не дека тој тоа јавно го има кажано ама јасно ми стана- после толку години искачања заедно, имам очи и гледам на какви девојки им се пушта) мислев дека е малцинство! За првиот дечко појма немав дека сака такви девојки, сепак не сме толку блиски за да правиме такви муабети (плус не ми се верува дека машко отворено би и рекло на другарка дека се пали на цицлести лепотици со три кила шминка и блуза што глуми фустан) додека на дечко ми на долго и нашироко му објаснувал каква девојка сака. Кај вториот дечко, баш дибек, очигледна беше работата зошто се однесуваше како другарка ми да не постои. Премногу ми беше разочарувачко тоа сознание дека ако девојката не е долгонога, пицната, наштиклена, итн џабе и е и убавината и паметот и образованието и културата и се, ќе помине неприметена.
    Следствено се согласуваш дека во Скопјево не останаа машки? :D :D :D Штом било нормално машките од мојата генерација да бркаат помлади, несериозни девојчиња во кратки фустанчиња(бидејќи немаат друг избор), ние 30 годишните што треба да правиме? Треба да се собираме една кај друга, да играме бриџ, да плетеме гоблени и чуваме мачки? И што е полошо, уште и сами сме си криви бидејќи веднаш сакаме да се омажиме и да раѓаме :D Ах, тој фамозен биолошки часовник, не само што чука, туку кај и да ќе се огласи и алармот :D

    Шега на страна, секако дека постојат прекрасни машки во градов, исто како што постојат и прекрасни девојки. Лошо е кога во краток временски период ќе налеташ на неколку дечки како тие за кои пишував, многу лесно е да се разочараш и да изгубиш надеж. Јас што сум во врска па се запрепастив а што останува за оние девојки кои бараат дечко и сакаат да бидат сакани?
     
  6. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Најпрво генерално му се нафрлаш на девојчето за мислењето бранејќи ги мажите и сакаш да ми кажеш дека е нормално мажиште од 30 години да брка девојче од 19-20? :o Како може да нема девојќи кои имаат по 28 години и се за мажење а со сигурност бараат некој партнер. Или несакаат да се мажат и не се свесни дека годините за раќање и создавање фамилија им летаат?! Друго ниедна таканаречена старлета не сум ја видела да шета осамено низ град, незнам и не ме интересира зашто се тие мажи со таквите ама сведоци сме дека и тие носат бурми на рацете. И нормално дека никоја девојка не би сакала да бара да биде само викенд разонода за некого. Контрадикторна си еднаш ги браниш овие од ситуацииве, потоа ги плукаш. На светов имало и ќе има се, проблемот е што масовно се менуваат односите маж и жена. Се дискутира општо секој со своето искуство и мислење кое има право да го искаже.
     
  7. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Lotus, ај не ме тупи еј... од вчера ми контрираш те памтам :D
    Секоја девојка над 16 години законски има право да биде со колку сака постар маж, без него да го судат за педофилија. Каде живееш ти? Излегуваш некогаш низ град, гледаш што се случува низ кафичи, дискотеки?
    Не да има, врие од млади девојчиња со дечковци на 30 години. Зошто? Затоа што него му одговара да ебе младо, нејзе и одговара некој да ја спонзорира со фустанче, вечера, а на крај краева девојче на 19 е сеуште младо и наивно да бидеме искрени, така што искусен дечко може лесно да ја изманимупилира па дури и на крај малата да се заљуби. Скроз надвор од темава. Дали е нормално? За мене не е, затоа што мене општо не ме привлекуваат постари момци, секогаш сум со моја генерација или 1-2 години постари.
    П.С. Бог да чува сте еј, после ќе се чудите зашто немате дечковци. Па кој би ве трпел вакви? На никој не се нафрлам, дискутираме на темава, АЛО, дај смирете малце предменструални синдроми.
     
    На omg92 и Gosling им се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И јас сум зачудена од бројни машки, кои еден муабет не знаат да направат.
    Му надвиснал стомакот до над коленици, бара женската да е ваква-таква...измислува непостоечки пропорции. |(
    На 30 год. се однесуваат како зелени во главата. :drunk:

    Но, не дека и женските се цвеќиња за мирисање. Има и обратни случаеви.
     
    На Lotus-14 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Прво дали сум или не сум во предменструални синдроми е мој проблем, второ многу добро гледам за да видам што се случува и не ти контрирам но тоа незначи дека треба да кажам амин на твоето мислење е мое право, бидејќи очигледно не сме на иста бранова должина. И ако се прашуваш кој би не трпел верувај има некој кој бара квалитет не квантитет. А се сложувам дека и не ми е баш нормално тоа што се случува. Сите некогаш манипулираме но поентата е да не се оди во крајни граници какви што се овие горе наведените. Дадени беа општи примери за кои е сложувам дека се точни, невелам дека нема и бетер. Ама ако сите рипаат во Вардар тоа незначи дека и јас треба да рипнам, нели? Ти се обраќам со многу културен тон и не очекувам да ми биде возвратено со зборвои од типот - "тупи" не е вкусно. Првиот впечаток некогаш е последен, иако ова е само форум но тутор немам намера нити да глумам нити да бидам. Поздрав
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Абе факт е дека можностите за партнер со годините се обратно пропорционални кај жените и мажите.
    Те додека е млада и зелена до кај 25 години има додворувачи на претек , а мажите пак во помладите години потешко доаѓаат до девојка ,што се вика уште не личат на мажи. :D

    Е после се менува мажите од 30 години можат да бираат партнерка од 18 па до 30 . А жените од 30 им се стеснува изборот , на мажи од 30 или постари од 30 ( а повеќето од нив се веќе женети).

    Тоа е прв проблем.

    Друго како што кажавте нереалните очекувања. Се враќа брат ми од кафе со фино девојче ( јас ги местев :geek: ) и првиот муабет му беше дека била премногу слаба. |( А јас би утепала за нејзиното тело. :D

    Не знам ваљда се работи за хемија или ја има, или ја нема . Или сите се премногу стегнати па не си дозволуваат да погледнат подалеку од нивниот нос.
    Ама како и да е , за секое тенџере капаче . Ќе се најде за секој по нешто.
    Туку ни остаре нацијата додека си се пронајдат судените. :D
     
    На Bridget, Nausicaa и daylight им се допаѓа ова.
  11. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Ја со муабетов се сложувам со Омни, Иваноска и МадамА. Многу често женските не знаат што сакаат, мислам бараат фини, џентлмени и кога некој таков би им пристапил, за нив е после досаден, многу бил фин па, се лигавел, незнам шо таму. Барале вакви, такви па овој не чинел оти немал плочки на стомаков, а другиот не бил упорен доволно...го одбила само 15 пати. Колку сакаш бе некој упорен да ти биди? Ти Џесика Алба си па јас да те молам за едно ебено кафе? Колкава доза на "џентлменство" сакате бе? Ако некој премногу ви удоволува, досаден е, се лигавел незнам шо праел, ако не...сељак е. Не бил романтичен, тој можи е...ама вие не приметувате. Не да ви симнува некој ѕвезди, и по глава да ве тресни со нив нема да видите од што не знаете шо сакате. И ќе ми кажи па некоја, јас во пари не гледам или слично таму. Кој не гледаш бе, ако најдиш некој со малку подебел новчаник одма овој стариов одпаѓа од игра. Или пак еве сум бил сведок а и учесник во вакви ситуации. И пристапувам на некоја (се трудам да се горе долу вака како јас, пошто не сум јас Бред Пит не барам ни Анџелина Џоли) и оваа само ми врти глава или па ми вика нешто во смисла сељак, манијак или глупости. И шо згрешив ја толку што со едно здраво излегувам сељак? Па вас и да сака човек да ви пристапи, неможе да летне толку високо во облаци колку што сте вие кренати. Па затоа ве молам, пред да идите на форум со мислења од типот сите машки се ѓубриња, сељаци, кретени и трчаат по курви, запрашајте се вие ШТО ТОЧНО сакате уствари? Јас не негирам дека има машки што не би погледнале некоја во фармерки ама па има и женски што не би погледнале во обични дечки со блузи од 300 денари.
     
  12. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Даелку од тоа дека сите мажи се исти. И зошто да не би излегла со некој што има блуза дури и од 100 денари ако знае да направи асален муабет. Пре би со него одколку со некој што носи ролекс саат а две реченици асални незнае да сврзе. Може си налетал на некоја лепотица што премногу се квалификува и единствената способност и е да се насмее за кадевечер и слично. Тие што премногу бираат на крај остануваат со празни раце или очевидец сум на тоа дека завршуваат со нешто што не е ни пола од она што го очекувале. Штета што заради нив и некој најнормални девојки со реални барања се изложени на предвремен впечаток кој нема врска со нивните специфики. :)
     
  13. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Па јас никаде не велам дека сите женски се исти. Само кажувам какви се добар дел од нив. А добар дел стварно нема појма што сака во животот. И не делам на машки и женски, примерот е таков пошто јас сум машко. На крај нагласив дека и машките се голем дел такви површни
     
    На Lotus-14 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Вака. За темава, башка врти сучи има машки. Јас сум еден од нив (лол). Финтата е што, денес, е премногу тешко да се најде партнер. Јас се прашувам дали воопшто има женски во Скопјево? Да знам, има ако знам кај да барам, но оние ги сакам и ги обожавам.. нормалните. Ако има, повелете на ПП.

    Поентава ми е. Денес има премногу стериотипи, преголеми критериуми, нафурани машки, bad boys топови, нафурани женски, што префртуваат очи само ако ги погледнеш, не да зборам нешто да сакаш муабет да правиш. Порано на прсти можеш да ги избориш, сега има преголема кункуренција.

    Пред некоја вечер, бев излезен, на забава. ме опознаа со пуничка женска, она сама јас сам. Немам големи критериуми за женски, типкава иако немаше којзнае каква лепота ни па тело, ама имаше ептен слатка насмевка итн итн. Незнаеше да направи ни една асална реченица, без да врти со поглед, и да си го крева деколтето. Му кажала на другар, дека сум имал мн ефтина облека на мене, и зашто не сум имал, некоја алка, или некој саат од незнам каде или зошто сум ја носел таа боја на кошулата.


    Друга работа е што, вие женските се едниствените комплицирани битија. Сакате да ви се пуштаат машки, после викате не замарај. Викате на нет, сакате, каваљери, сакате примарни машки, што знаат што сакаат, што имаат цел, што незнам што уште не. Но во живо сте друго. во очите гледате сосема друг тип на машки. Исто и ние машките. Ама, нас кога ни се свиѓа некоја ни се свиѓа, нема двоумење, и ќе се обидеме да ја освоиме. Ама секогаш, дотичната, врти очи или уста, кога некој под нејзини критериуми ќе и се пушти, или покаже малце упорност, не она несака да ја замара некој.

    Какви машки има во Скопјево?
    Шупаци
    Женкари
    Мамини мази
    Разбацани типци
    Машки со повски стомак. што најчесто и не се баш погледнувани од женска страна.
    Bad boys
    Љубоморни
    Пасивни

    Какви женски има во Скопјево?
    Спонзоруши
    Материјално обсесивни.
    Дигнати
    Љубоморни
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ^На прво видување може многу површни проценки да паднат. Рекла нешто негативно, добро, и ти не си нешто воодушевен од неа, таман сте. Имавте можност да си покажете нешто повеќе од себе? Можеби не, прв состанок, неофицијален, не мора филмски да е па да речеш веднаш-She is the one. Зошто веднаш се обесхрабрувате, каде ви е храброста да си речете -Ма има да се заљуби во мене толку многу што омилена боја ќе и стане онаа од кошулата :D Секако ако ти се допаѓа и си решен да ја "ќариш".
    Повеќе храброст, самодоверба и верба дека сите сме од крв и месо, како и да изгледаме надворешно колената не клецаат од добра кошула и саат, па покажи и' од што.
     
    На Hipica, tessie, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
  17. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Друже да се сложувам на прв поглед, но на втор коа ќе се подзамислам може сево ова и не е 100% толку прецизно. Невелам дека не пребираме ние жените, ама и вие мажите сигурно не идете со тоа дај шта даш. Не си носел саат или некоја алка е добро де големо чудо, ако таа го приметила тоа не е последна. Постојат други кои ако имаш барем малце шарм и знаеш да направиш муабет ќе те забележат, ако пак не испадне некоја љубов од прв поглед нека биде пријателство кое подоцна ќе резултира со нешто друго. Ви недостига храброст искрено може тоа е и најголемиот проблем. Пример седиме 4 девојчиња карши нас во кафичот седат 6 мажи и загледуваат во нас културно, па добро бе толку немаше ниеден храброст да се приближи и запознае ?! Нема девојче, нити маж кој е недопирлив сите сме луѓе и сите имаме некоја слабост на која паѓаме. Неможеш никогаш да имаш едно глобално мислење кое ќе ги опфати сите целокупно, секогаш постојат исклучоци.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Абе, само да се чекало прилика да се нападнат Скопјанки, вакви биле, такви биле. Како едвај да се чека прилика за тоа. Лудила. Никој никого не терал сосила да се сели тука, што ви се Скопјанките и Скопје криви?

    Град со град не се поднесуваме, а битно на темите ќе ги етикетираме оние кои се национално и верски толерантни со најпогрдни епитети.

    Си кукале. На форум се, ако им е до тоа, ќе си кукаат. Ни те навредија со тоа, нит град твој спомнаа. И ти кукај, нели маката ти е поголема.

    Тууу.
     
    На Daydream и Lotus-14 им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Од говорот на нејзиното тело треба да знаеш дека не е заинтересирана, штом избегнувала контакт со очи - пиши пропало! Дали баш така кажала или другар ти нешто дошминкал, неможеме да знаеме но постојат секакви девојки така да тоа не си го ставај при срце, освен како не си носел кошула хавајка, во тој слушај фрли ја :) Ние луѓето сме визуелни суштества и битно ни е тоа што го гледаме но мрчење за евтина облека и немање скап саат е глумење лудило. Од друга страна, читајќи го твојот пост и начинот на кој на опишуваш девојката - полничка, `немаше којзнае каква лепота ни па тело` помислувам дека можеби ти на неа си гледал како на `сигурен улов` па можеби и начинот на кој си и пристапил бил погрешен.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Еве јас искрено ќе кажам дека изгледот Е битен, затоа што е прво нешто што го забележуваш кај кој и да е. Момчето кое мене ми се допаѓа во моментов има прилично лош стил на облакање, или подруго кажано едноставно не обрнува никакво внимание на тоа. Ама кога ќе ми се насмее, кога ќе ме бакне, толку не ме занима зошто облекол таква маичка и што некој ќе си помисли кога ќе не види заедно, или зошто јас сум облекла фустан и штикли, а он дошол така... Со бившиот јас понекогаш имав висински кавги зошто излегол со 14 бои на него, зошто ги купил најружните патики, зошто не ме викнал заедно да одбереме итн итн... Тоа е многу површно од моја страна, не велам не. Ама кога некој ќе те освои со нешто друго, облеката е најнебитен фактор. Друго е ако е несреден, смрди на пот, облеката не му е испрана итн... Поентата ми е тоа што он носел кошула во (за неа) без везе боја и немал саат на рака е знак дека на прв поглед и оставил лош впечаток, а после муабетот уште полош чим искоментирала такво нешто.
    И на крај само еден совет до момците, ако стварно не ве занима нити имате време за бирање дотерување, шопинзи - keep it simple. Повеќе од 3 бои нека нема на вас, не ставајте ланци и глупости, алка или саат е доволен аксесоар за вас, не носете маици на V - на никој од вас не му стојат добро, не купувајте пантолони во сите бои, купете неколку пара класични фармерки и едни покласични црни пантолони и имате се што ви треба.
     
    На Captain-Omni и Dvolicen им се допаѓа ова.