Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Ееее ама гледаш сега што е работата , ако на пример одбиеш некое машко (не ти ,општо зборам) или еве да се одбие некое машко , затоа што бил ружен во фаца или дебел бил или некоја физичка работа не е важно , тогаш ситуацијата е па сега јбг , иди трчај на кеј или купи си hair spray или било што ...

    А ако машкото , ја или било кој друг одбие некоја женска затоа што е ружна или дебела или пак било што , тогаш ситуацијата е , па како не ти е срам , не е битно надворешниот изглед , внатре е битното , па и она има душа , па вака , па така

    И на крај може женските да си бират по физички изглед а ако машките тоа го прават тогаш се без осет или се свињи или незнам што ....

    Не бива нели .
    Се разбира со исклучоци да не ме цитира некоја со "јас не правам така"
     
    На Hipica, Daydream, stojanovskata и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Capric0rn

    Capric0rn Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво, еве јас сум машко и еве ти потврдувам - за некои работи си во право, но да бидам искрен - на моменти има и толку голема контрадикторност во твоите мисли, па делува малку смешно.

    Eве на што мислам, најпрво тврдиш ова:

    OK, точно, тоа е делот со кој се согласувам!
    Но, да видиме „каде лежи зајакот“, или „што е тоа што ги ебе кокошките“, или „чија мајка црну вуну преде“ 8) :

    Па нели рече ќе сме се дружеле, не значи дека ако ти пријдам барам стриктно секс (за една / повеќе / безброј вечери) а и сама викаш „нема ништо лошо во ширењето познанства, затоа што никогаш не знаеш што ти носи животот“.

    Јас приоѓам на девојки што ме привлекуваат, да, понекогаш сум пасивен и чекам да дојде до „eye contact“, но тоа најчесто не ми е пресудно (што ако не си ме ни забележала, едноставно не сум ти во „eye span“! туку стојам негде позади, на страна, whatever, не ме гледаш, а еве јас сум те видел и сум ти пришол - за што е потребна уште поголема решителност, затоа што сепак не си ме охрабрила на никаков начин и затоа е за уште поголема почит!

    Особено ако девојката е дел од поголемо друштво другарки / другари - шетачи / непипкачи, па уште имам и публика :) . Таквиот пристап некогаш резултира со успех, а некогаш само се сведува на полнење на нејзиното его пред горенаведените.

    Зависи на што ќе налеташ, девојката може да е и многу пријатна, да си речеш после „уф, добро што се решив да и пријдам“ па и сето тоа да премине во нешто повеќе, но може и да е некоја проста што не го цени, ако ништо друго, самиот гест на приоѓање и користи ОЧИГЛЕДНО РЕТКА прилика за да излечи некои сопствени фрустри пред присутните.

    Е, таквите не сфаќаат дека всушност се патетични, а воедно и приглупи, затоа што не сфаќаат дека се патетични :D поради нивната потреба спектакуларно да одјебат некој што се решил да им пријде :) Но, ако тоа ги прави барем малку посреќни у животов, нека им биде - јас и онака кога ќе решам да пријдам, не го носам егото со себе, па од целата ситуација можам само да добијам.


    Тоа е тој вистински пристап, тотално спротивен од оној погрешниот, објаснет погоре. ;) Cheers!
     
  3. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Се во ред со мислењава. Но, не би искочил повеке со неа. Ни па со друштво. Како може што некој не го знае така да збориш? и да повеќе му верувам на другарот што живееме куќа до куќа и што ме вадел од секакви гомна.

    Второ, не се облекав за неа туку се облеков за мене, нон стоп сум имал добар избор на облакање. Али дотичнава, сака некој што има пари, кој има пари, облака скапа оплека, носи скапи часовници. Муабетот ќе беше супер, само она да се однесуваше како 15год,

    Трето. Доколку мислите и терате по тоа дека убавина е билет за врска, мување, или започнување на разговор далеку ќе стигнете. Заради 99% што мислам и терат на ова, многу добри луѓе, начитани, нашетани. што немаат којзнае каква лепота ќе останат ергени.

    Не ми е јасно, како може, женско да одбие или да не го погледне, само затоа што не бил убав, бил дебел, ружен, немал насмевка итн итн, Тогаш е во ред

    А машко кога ќе направи така... лел идиот си, како може така да направиш? Дали имаш ти совест итн итн.... тогаш не е у ред.

    Да знам, и ние машките сакаме такви, убави, згодни, со цициња, газе, ама тоа е само заради една работа, а не врска да имаме. Да добро би било врска да се има со "таква" но брзо завршуваат тие врски.

    Вие женските сакате таков за врска нели? Да го покажувате, да се фалите, зошто би иделе со некој што личи на квазимодо? Вас побитно е што ќе кажат другите.

    Многу парови, што шетаат ни Скопјево, кога искачам се баш такви парови. Згоден-Згодна. Пицнати, и стари и на наши години и па тие што се тинејчери. Нешто мешано нема, кој би идела некој со таков???

    Сега да им пријдеш на женско, одма го креваат нивното его, поготово ако е некој што спаѓа во нивен критериум, а што се дешава ако некој еве, што е испод нивен критериум?

    Ете затоа машките веќе, престануваат, или не сакаат да се пуштат на женско. Пошто вие, си го кревате егото, и вашите критериуми над небо. Можам слободно 99% од женскава популација да ја ставам во исто ќоше. Останите 1% потајно мачтеат да најдам некој, со исто покачени критериуми.
     
  4. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Кога веќе има машки во темава сакам искрено да ми одговорат на едно прашање што ме става во некоја двоумица. Гледам многу парови каде што момакот е доста симпатичен тип, а девојката е несредена без облини косата и е како метла изгорена и офарбана во крш плава боја. Немојте да ме сфатите погрешно не дека јас му судам на девојчето може карактерно е сосема океј. Ама што ве привлекува на прв поглед кај тие е тоа не ми е јасно.
     
  5. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Прашај ги тие што идат со такви. Освен тука ако некој идел или имал таква нека каже. Такви женски имав 7-8 во клас кога бев средно. Е баш такви, нема цице, али опнала плава фарба на косата,али немаше ден да не биде без дечко или мувач...
     
  6. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Епа незнам јас дали некој од вас имал искуство или не. Ама стварно не ми е јасно, непоислива е сликата како изгледаат несредено.. Што на прв поглед приметуваат стварно незнам. Нора да е нашминкана и облечена како за на бал, делуваат дека и основната лична хигиена не ја водат а сите такви не се сингл. Е тоа најмногу неможам да го сфатам. :!:
     
  7. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Епа замисли колку си досаден и напорен, ако покрај тоа што не си убав, пак те одјебало девојчето, а според твоите зборови, личела на Hatchetface.

    Сине, дај олабави ја темава, остави некој да праша нешто, одговори што имаш и прочитај другите што имаат да кажат. И опушти се, на форум сме. :emo:
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Аууу дечко, незнам кај живееш ти ама јас сосем спротивно сум заклучил :^)

    Јас гледам тотално нескладни парови...
    гледам сироти едвај мажиња со преубави девојки,
    гледам недораснати "деца" со прави жени,
    гледам типови со шорцеви над колена заедно со девојки со кратка сукња, штикла и деколте,
    гледам машки две глави пониски од девојката,
    гледам мрсни дибеци со прекрасни нежни девојки...


    девојкиве едно зборат ама друго прават... отвори си ги малку очите :!:
     
    На Lotus-14 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Ти дечко немаш апла поима што збориш. Јас сум далеку од тоа шти то пиша, и таа е уште подалеку од таа на сликата. Така да седи мадро.
     
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски

    Ете колку е лошо да се прави генерализации. И секој совет не се сфаќа здраво за готово .
    Пример мене кога и да ми се допаѓал некој дечко , не сум можела да одржам eye contact. :D
    Се сеќавам кога се запознавме со дечко ми , шарам-барам правев со очите , де чепкам по ташна ,де по телефон , де во коса. :D А ми се допаѓаше и тоа многу . Ама ете срам . :rofl: Така да се е индивидуално не се водете по совети ,предрасуди или не знам што . Кога се запознавте со некој оставете моментот и спонтаноста да ве води.

    Инаку Бокче ти чинам пишуваше дека не си имал девојка никогаш, а сеа ни кажуваш какви девојки си водел во 7-8 мо одделение. :tmi:
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Темава т.е прашањето е некако малку тенденциозно поставено, дали останаа машки во Скопјево, машки секогаш имало и ќе има, и оние вистинските џеннтлмени и оние идиотите, исто како и кај девојките, секогаш ќе има спонзоруши и оние кои сакаат вистинска љубов.
    Малку е не етички своите фрустрации и незадоволства во одреден дел од животот да ги лечиш на тој начин што ќе се обидеш да ги омаловажиш ѓенерално целата машка популација, врз основа на примерок од дваесетина машки кои ги познаваш и да кажеш сите се вакви или онакви или дека нема машки во градов.
    Јас пред се мислам дека огледалото е фина и корисна работа ако не и нај корисна, која може многу да ти помогне. Лесно е да ги оценуваш другите и да бараш нешто за што реално не си дораснат/а но работата е колку си спремна/спремен реално да ја процениш сопствената вредност и соодветно да се вреднуваш. Често и јас сум бил во ситуација кога некоја девојка, или неколку девојки во низа кои ми се допагале да не ме ни рецкале и да кажам ма пушти ги спонзоруши, или често слушам од другари ма битно е да имаш пари секоја ќе те сака. Не е точно, никоја нема да те сака само ако имаш пари, ќе биде со тебе заради парите но нема да те сака.
    Значи доколку од толкуте мажи никој несака или тебе не ти се бендисува, тогаш мора да нешто со тебе не е во ред а не со спротивниот пол. И, мене мама ми вика дека сум најубав и дека ниту една девојка не ми е дорасната да биде со мене, но за среќа имам одлично огледало па си ја знав вистинската цена.
    За крај да потсетам дека дали ќе му се допаднете на некој маж или не не зависи само од тоа дали сте убава или не, познавам убави девојки но само додека отворат уста изгледаат совршено. Исто така познавам убави девојки а намќотри или даватори, која секој твој збор го анализира и бара толкување, зошто тоа така го кажа, па зошто се насмеа додека го кажуваше тоа...... и така ќе те удави цела вечер и потоа ќе каже дека нема мажи, секоако и обратни приомери, кога не е битно типот само да е убав а глуп. Но за среќа убавината и интелигенцијата и се останато од тој тип е релативно па за секое тенџерче ќе се најде капаче, па така верувам дека и оние кои на времето тврделе дека нема машки во Скопјево, дека сепак се разубедиле дека не е така и дека и тие се скрасиле покрај некој не совршен, бидејки совршен маж не постои како ни жена, се е ствар на вкус.
     
    На Sky-butterfly и mimiiiii им се допаѓа ова.
  12. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    @Bah

    На мама секогаш ќе им бидеме најубави, најсекси. Пошто таа е едниствената женска што те цени. Но што е другите женски? И мене мама ми вика дека сум најубав, најзгоден. Но изгледа сум грдотија за другите женски, пошто нели, они гледале убавина. Како може да идат со некој грд. од 50 женски да 49 го имаат истото мислење, оди најди ја едната. Па рушење на его, карактер и сигурност од добивање корпа. Без разлика колку машкото е психички стабилно. Затоа они сакаат ние да им приоѓаме први, кој сака да биде одбиен никој. И затоа сеуште си стојам на зборот, не секогаш ти си крив или треба нешто да смениш, само затоа да му и го покачиш егото на дотичната, ете и се пушта тип каков она што сака.
     
  13. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Има едно непишано правило вели: Како се гледаш ти сам себе, така ќе те гледаат и другите. Нормално е да не му одговара се на секој човек, тоа што кај една не одговарало на друга ќе и одговара. Се е ствар на вкус, а за вкусови не се дискутира нели? Ако во твоите очи некој е грд, може во туѓи очи е убав. Се надоврзувам со моето претходно прашање за несредените девојки, мене така ми делуваат и се прашувам што како и зошто ама очигледно дечкото до нејзе не го дели моето мислење и јас неможам по тие примери да заклучам дека целиот машки род е ист. А егото не би ми се срушило во никој случај, бидејќи сама сум го градела и не би дозволила некој за еден миг да ја сруши целиот труд која сум го направила со свои раце па дури и да бидам одбиена тоа нема да влијае на мене.
     
  14. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Ајде да те просветлам и тебе и останатите машки и да и укажам на една голема вистина. Верувале или не, на девојките воопшто не им е битно или не најбитно дали дечкото е убав или не. Единствено што девојката бара од еден маж е внимание и почит. Верувај ми, дури и да имаш физички недостаток девојката ќе те сака ако знаеш да бидеш внимателен, да и кажеш убав збор, да ја сослушаш, едноставно на девојката ниту и е битно дали си ти мистер или имаш во панталони 20ка и дали имаш банкарска сметка. Има мал дел на кои им е важно но тоа се тие таканаречени спонзоруши, на кои впрочем парите им се најважни, и да бидат видени со страва дечко, како што тие ги викаа за да другарките им бидат љубоморни. Девојката ќе те сака таков каков што си па како што реков макар и да имаш одреден хендиќеп, бидејки девојките се многу по храбри попрво девојка би била со хендиќепиран дечко отколку обратно, девојка кога сака таа сака до крај, но за да те сака треба да има причина нели?
    Значи нормална девојка сака само внимание и убав збор, сака да ја третираш како човек а не како сексуален објект, сака да ја гушнеш искрено а не само да гледаш да ја соблечеш и да се испразниш......
    Незнам зошто но мислам дека личните фрустрации и неспособност ги префрлате на спротивниот пол и веднаш почнувате со она, без пари не те сака, треба да си убав и слични небулози. Не, нетреба да си убав, треба да си среден, треба да си чист, треба да знаеш да обрнеш внимание. Еве ајде кажими дали некогаш си подарил цвет, на девојка без повод? Дали си и купил омилена работа без да мораш, дали си и рекол те сакам таква каква што си, и за мене си најубава и кога си во пижами со несредена коса.....
    Запомни едно, жените се вљубуваат во она што ќе го слушнат, а мажите во она што го гледаат.
    Девојките се најуавото нешто што бог, или пртиродата ни го подарила, нема лоши девојки, само има девојки кои налетувале на идиоти па створиле некој заштитен околоп и тешко дозволуваат некој да им се приближи. Но доколку си доволно упорен и и дадеш време да таа ги препознае твоите добри намери, верувај ми дека нема друга пречка да го освоиш нејзиното срце.
     
    На anina, eloves, glosipgirl и 3 други им се допаѓа ова.
  15. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    ^^ Ајде јас вас да ве просветлам. Прво, убавина е релативна работа. Ако мене некој ми се допаѓа не значи дека и за другарките мои ќе биде убав. Ама за да бидне нешто со него мора малце барем да ми се допадне. Може да се случи, мене ми се има пар пати, да започнеш со некој муабет онака чисто другарски па толку да те одушеви што почнува да ти се допаѓа и покрај тоа што на почеток не ти бил симпатичен физички. Ама во 90% од случаевите мора да има некоја физичка привлечност. Она што е многу побитно после тоа е како ќе се усогласите со муабет, со размислувања, вниманието, почитта што ЕДЕН НА ДРУГ ќе си го дадете, значи не само момчето на девојката или обратно, се тоа води кон нешто посериозно како врска итн.
    Девојките не бараат само почит и внимание, на девојките им треба и психичка и физичка и финансиска сигурност. Што ќе ми е мене манекен што не знае 200 денари да заработи и што и да ги има ќе ги потроши на спортска? Или лепотан што си ги чеша мудата додека седиме у кафич... И што ќе му е него лепотица што не знае една асална реченица да сврзе и чека да ја части на секое искачање во елитни ресторани... Значи изгледот е важен и често пресуден за да води кон наредна фаза, ама не секогаш дефинитивно. Јас никого не сум одбила за да си направиме муабет, ама ако едноставно не ми е до ништо со него без разлика дали не ми се свиѓа на изглед или тапа муабет ми врти, тоа си е мое право. Ако не ми се допаѓа некој не правам ништо со него. Не може сега јас да имам нешто повеќе со секој што има добра смисла за хумор, нели? Вие кон тоа ја вртите темата. Демек ајде не изгледа wow ама добра душа е тоа му е плус. Да, голем плус ама не кај секоја девојка. Секогаш има некој што ќе има и изглед и карактер што ти одговара, додека не го најдеш тоа идеш даље. Единствено што треба да се запази е културен однос и без префриганост, од двете страни.
    И да нагласам зборам за врски, не за one night stand или врски без обврски.
     
    На DivineFM му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Ајде сега јас да те просветлам тебе...
    со овој муабет можеш само лајкчиња да си собираш на форумов ;)

    Реалноста е дека се почнува со физичкиот изглед, а недостатоците се надополнуваат со карактер и количината на пари. :!:

    Во зависност на нашата средина и искуства овие работи варираат... јас конкретно секогаш налетувам на овие девојки што се надополнуваат со пари :wasntme:

    И тука не зборам за просечни девојки ниту за спонзоруши туку за девојки кои според мене се навистина убави.

    А јас добро знам што е внимание и почит, знам што е убав збор и знам како да сослушам... ама овие работи мене никогаш не ми помогнале |(
     
    На Captain-Omni и Summerlover им се допаѓа ова.
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Ајде во реалност такви поговорки да си кажувате, ама па и на форум да се изиграва светост? Смешно е некој кога ќе рече дека одма карактерот привлекувал, добрината, искреноста во стилот, на чело на секој му пишува каков е. Факт е како што рече Гослинг, дека се почнува од физичкиот изглед.
     
  18. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    [​IMG]
    Си понесов и ја за просветлување у случај на Бах муабетот да не ме просветли. Иначе, супер што се намножија машки, фин доказ се дека не за џабе е поставена темава. ;)
     
    На Lotus-14 и Summerlover им се допаѓа ова.
  19. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Па ја шо зборам. Секогаш убавите, згодните, набилданите(иако некој женски нејќат вакви типови, им биле одвратни, :?: :?: Ама секогаш се влажнат на вакви) ќе имаат повеќе шанси од некој што е дебелко, искушен, квазимодо итн. Карактер и убавина, извините, ама овие две работи, ретко идат заедно во пакет, т.е ги нема, сведени се на 0.

    Вез разлика колку добар карактер некое машко има. Ниту една женска нема да го погледне ако не е од тие убавите.

    Татко ми е можеби старомоден, поинаку беше во негово време. Ми кажа денес да фатиш женска, треба да биде Богаташ, Лепотан и Познат, една од овие или поточно три ако некој поседува, дури ни женскиве што не сакаат такви, пак ќе им се залепат. Како магнет ви се ваквите дечки.

    О, да, знам дека женскиве сакаат, внимание и шо ти ја знам. Ама они сакаат, е баш од овие. Ако некој не им даде, они се разочарани, стануваат љубоморни. сите машки се исти за нив.

    Сум дал повеке внимание на женски што не засложуваат, мислев така некоја ќе освојам. И не, не бев нападен. Ама после кога ќе видам каков дечко сака, или со каков иде. Едноставно.... јбг тешко е...
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Изненадувачки е фактот колкав дел од убавината доаѓа од главата. Од енергијата која зрачи од нашата внатрешност. Од тоа како се гледаме себеси. Колку пополнети мажи знам кои никогаш не се сами. Сега само на четворица ми текнува.

    Нит нешто посебно богати, нит нешто посебно дотерани. Едноставно свои. Никогаш не сум помислила дали се криви, прави, грди и тн. Опсесијата со сопствените недостатоци е интересна работа. Со нашата сугестија ги насочуваме другите кон нив и сме не толку пожелни. Колку преубави машки сум приметила после сто години што се вика затоа што ... едноставно не зрачеле со таа енергија.
     
    На glosipgirl и Daydream им се допаѓа ова.