Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Имаш погоре пишано добри момци и фини како мене, па после дека си добар и фин и на крај дека си фин и добар. Ко прво, престани да го нагласуваш ова, изгледа патетично. Добар и фин човек нема потреба да го нагласува истото. Се гледа по неговите постапки. А имаш и многу пати пишувано дека сите женски се исти, дека сите бараат фраери бла бла. Ова е една од работите кои ти се грешка во однесување

    Второ: По какви трчаш ти уствари? Тинејџерки? Некои не изживеани паликурки? Нормално дека таквите паѓале и секогаш ќе паѓаат на ефтини и клише муабети. Преслушај се прво какви сакаш, какви се тие по кои трчаш и размисли подлабоко, ама размисли објективно.

    Трето: Да се вратам на однесувањето. Тоа што ти е тебе во главата се рефлектира на твојот муабет кога си со некоја дури и ти да не си свесен за тоа. Па и ако и нагласуваш како сите се исти и ти си најдобар, таа веќе изгубила интерес. Не сите сакаат фраери, ама сите сакаат машко со самодоверба, кој не се чука сам по гради ко да нема утре или како ги деградира останатите за да излезе тој подобар. Има разлика од фраерче и човек со самодоверба, а пошто овие фраериве имаат самодоверба, мислам дека и поради пецкаат по нешто.

    На крај доаѓа муабетов дека самодовербата е една од најбитните, ако не и најбитна особина која некое женско бара кај машко. Женските сакаат машки, а не лигуши кои ќе плачат повеќе од нив, мамини синчиња или па папучари кои ќе трчаат да лижат кај што оваа згазнала.

    Емоционално созреаните девојки бараат машки на кои можат да се потпрат доколку се работи за сериозна врска, а такви, на крај не се фраерите туку се т.н добри момци кои знаат што сакаат во животот и не ги интересира какви се другите.

    Аааа и да, надворешниот изглед е важен, да не се лажеме. Тоа е тоа што привлекува. Само осигурај се дека прво не леташ по некои "out of your league" и да не се преценуваш сам. Како што реков, гледај објективно на работите, не си ти совршен, поправи го тоа што треба да се поправи. И никој не ти бара да се сменуваш цело време за да фатиш женска. Имај свое јас, свои ставови кои не се "сите женски се исти", "само фраерите клецкаат" итн. Мислам дека ја разбираш поентава
     
    На crimson, Daydream, calliope и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Тебе очигледно ти се насмеала среќата.Но верувај од другата страната, реалноста е посурова од тоа што мислиш и гледаш. Не е патетично ако кажеш дека си добар и дека стварно го мислиш тоа, патетично е да бидеш сосема спротивно во ебаниов свет. Добро ти мислиш да идам во затвор да се пуштам на тинејчерки? Луѓе што се на мој години или -2,3 се далеку од емоционално созреани. Поготово денеска, како да бараш игла во песок за емоционално созреани девојки.

    И да, сосема добро знам каква улога игра лепотата. Зошто некоја би идела со некој, што е "out of her league" што ќе кажат нејзините дома, соседите и другарките? Мислам, ова ти е ептен плитко мислење, Демек таа или тој не е за тебе, надвор од твоја лига е, кога едноставно сите денес имаат асторномски критериуми.
     
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Бокче, со овие фрустации што ги имаш верувај дека девојка во блиска иднина нема да фатиш а и не ти личи на 25 години вака наивно да размислуваш, ако навистина имаш 25 години ;)

    Бр.1- моментот со "out of your league" што го пиша omg92 е сосем реален и практичен, ако не си лепотан, градска фаца или многу богат, нема да имаш девојка која и е клон на Марјана Станојковска. Помири се со тоа и продолжи со животот :) Добрата страна од се ова е што светот е преполн со девојки, кои можеби не носат миничи, штикли на платформа, длабоко дехолте и можеби немаат пропорции 60 - 90- 60 но се подеднакво убави, паметни и забавни.

    Бр.2- Ти за себе викаш дека си фин и добар ама па во секој пост викаш дека сите девојки се исти - вакви, такви, спонзоруши, идат со богати фраери итн... Епа златен може и ти не си толку добар и фин колку што мислиш дека си, зошто со спротивно немаше да имаш толко лошо мислење за целата женска популација.

    Бр.3-Не е проблемот во девојките, во тебе е! Ако после толку активно `бркање` девојка само добиваш корпи, нешто мораш да смениш. Или себе си или типот на девојки на кои им се пушташ, што не води кон

    Бр.4 - Јас сум убедена дека ти се пушташ на цуци во тигресто, долгоноги и долгокоси стегнати лепотоци(види Бр.1)! Епа златен, за да шеташ таков вид на девојка ти треба и кеш и статус кои ти, моментално, веројатно ти немаш. Пробај да направиш муабет со по`секојдневна` девојка па да видам дали ќе кукаш и понатаму на темава како не можеш да си најдеш женска :)
     
    На peperutka87, WarriorAngel, Daydream и 5 други им се допаѓа ова.
  4. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Би сакал и тебе да ти се насмевне среќа ко мојата

    2 врски сум имал подолги во животов, 2те завршиле на речиси идентичен начин, неколку мувања и тоа е тоа. Ја не ти го пишувам ова за да те навредам или од шо сакам да те критикувам. Ова е т.н конструктивна критика, ти сфати го како сакаш.
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Зависи на што се цели со кажаното. За мување/one night stands имало, има и ќе има. И тоа од двата пола. Најлесна работа е да се "слапаш" со некој и тоа можеш да го направиш со туку речи, било кој. А ако зборуваме за нешто на подолги стази, друга е работата и сега ќе говорам за момци на моја возраст, повеќето зреат ама уште не дозреале, а не за мажи во вистинска смисла на зборот зошто сеуште ги немам тие години и искуство.

    Лично јас, не можам и нема да речам дека сите машки се исти, добропознатата фраза кога некоја девојка се исфрустрирала оти не може да си најде дечко. :D (Не дека и јас некогаш порано не сум ја употребила. :$) Природно е да ти дојде лошо после 1, 2, 3 пропаднати врски, пропуштени шанси, неколку добиени "корпи"... Океј, разочаран си но не ги разбирам девојките (велам, на моја возраст) што мислат дека е крај на свет и зошто еден или двајца те зезнале, намерно или ненамерно веднаш сите се такви. После настапува пасивност од страна на девојката за наоѓање дечко уз што следи кукање како не може да го најде или пак дрскост, лошо однесување спрема цел машки род, глумење "пичка" и нормално, кое машко неа ќе и пријде? Или ќе се уплаши од неа, или воопшто нема да ја перцепира а она јадна, пак сама. Или па ќе и се закачи некој напудрен шарлатан, што ги врти шемите во Привилеџ и накрај пак ќе ја заебе.. И се така во круг.

    Да не испадне правам генерализации и плукам по цел женски род, ама зборував за одреден тип на девојки што во последно време се повеќе ги среќавам. Еве, сега да се земам себе за пример. Искрено, не можам да си најдам дечко. Зошто, ни сама незнам. По убавина, ете просечна сум. Карактер, барем јас мислам дека не сум злобна или дволична, имам интересен смисол за хумор (бар така ми викаат) трескам зелени и ете имам мана, понекогаш сум флегматична, мрзелива и своеволна - што ќе зацртам дека сакам нешто посилно е од мене и не слушам совети од страна.

    Тип на машко - немам, ми се допаѓа она што ќе го видам на прв поглед. Единствено, не сакам исфеминизирани машки, понапудрени од мене, лигави, кремот на градот, менаџерите по ситни/крупни клубови. Можеби не сум запознала некој таков доволно, но едноставно не припаѓам со некој таков. Сакам опуштен дечко, со кој ќе можам без срам да си пеам и си се смеам и зборувам глупости а воедно и сериозни муабети, ете да ме сослуша. Но, се повеќе има некои само за мување за една вечер и за ништо посериозно а по мене тоа ми е детска работа, и некако го поминав тој период на лапања по журки.. Ми се чудат, зошто со месеци не се мувам, па може и јас си се чудам ама не знам дали го знаете она чувство кога со некој што и првпат ќе го видите ќе направи нешто - клик! и знаете дека има некаква хемија меѓу вас. Ова зборувам да за мувања, дека би се мувала со некој што ме привлекува многу, макар било за еднаш ама скогаш барам потенцијал за нешто повеќе, ако нема здравје. А да се шлапам со некој само зошто сум попалена и прегорена, не можам.

    И ете, исто се наоѓам во период кога мувањето е премалку за да те "задоволи" , за нешто повеќе демек сеуште е прерано па муабети ииии, си му дала за газ или цице да те фати.. Па уште и ако на голо, аууу. И слични некои оговарања.

    Јас го раздолжив некако постот, а пак ми останаа некои работи недокажани. Лонг стори шорт, досега сум немала среќа во љубовта. Дали ми прелетале искри со некој од другиот крај на Македонија, друга држава, некој ме откачил, извисил не сум му се допаднала.. Триста варијации.

    Ех, и некој да ми каже ти сигурно фините момци си ги одбивала, трчаш по бед бојс. Можеби сум одбила некој стварно добар дечко, но не заради гордост или суета туку зошто едноставно не ми се допаднал, на било кој начин.

    За моите неуспеси во љубовта, не обвинувам никој, па ни себе. Ќе има и уште многу, додека не налета тој вистинскиот. Јас ќе си останам таква каква што сум, зошто сакам да ме запознаат и сакаат онаква каква што сум, а не да се менувам заради некого. Понекогаш, треба да тргнеме од себе.. И од времето и периодот (сушен :D) во кој се наоѓаме а не се да покажуваме со прст кон машките.

    (На крај краева, битолчанки ја в Битола ќе идам и ќе ви украдам еден фраер што му го имам фрлено меракот :wasntme: ама после крива да не бидам, ви ги крадам мажињата :P оти в Скопје нели ги нема)

    Со ова ја потврдив тезата, некој од другиот крај на Македонија..
     
  6. korgpa80

    korgpa80 Нов член

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    bravo zenska svakati cast mnogu si iskrena barem priznavas deka ne samo maskite se trandafili za mirisanje tuku i zenskite se isto ,sto rekol narodecot ,,,, site prsti se na edna raka no ne se isti ,, masko moze kameni most da mu se napravi na zensko se dodeka stigne do pomegu nozete ,posle toa kako da e se gotovo ,koga se upoznavame se drzime za race ponataka za polovina eden na drug a na krajot zenskoto ili maskoto se cuka poglava ,mislam veke ne ni se ravni ni zivotnite ,so pocit do site ne mi zameruvajte bi sakal da e podobro za site ke licime na luge :tmi:
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Не останаа машки во Скопјево право да ви кажам... кој во Охрид, кој во Сплит и Дубровник а оние посреќните на Малдиви и Сејшели. Барајте од 1. септември, сега август е по одмори се.
     
    На glosipgirl, Annath и Madam-A им се допаѓа ова.
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Бокче те читам со денови ти кажав во некој пост пред некој ден и пак ќе ти кажам. Грешката е во тебе брат. Во секоја девојка што ќе ја запознаеш ти неможеш да гледаш на неа како твоја идна женска. Ќе те излажам ако ти кажам дека физичкиот изглед не е битен. Секому му е битен некому повеќе, некому помалку. Ама внимавај што ќе ти кажам. И да не си најубав важно е да знаеш како да се однесуваш. Значи ако се запознаеме јас и ти (ти зборувам за пример ова не е понуда да не се разбереме погрешно) на прв поглед може физички изглед нема да ми се допадне, но ако ти знаеш да се однесуваш пред мене како што треба во првите 5 минути да кажеш две асални реченици, некоја шега да се насмееме или некој гест да направиш што ти ја знам да ме повикаш друг пат искрено мали би биле шансите да те одбијам. Чисто да се запознаеме подобро па и да не биде ништо здравје. И да ти повторам ова не е понуда немој да мислиш ти зборам пример оти сум девојче и како од страна на женско. Е ако ти мене ми збориш за тоа како било во Америка, па на секој збор ги навредуваш девојките, македонките, ми се жалиш, ми очајуваш, патетики верувај дека мене мозокот ме боли од такви глупости. Тебе ти влегло во глава тоа дека сите Македонки се исти и не ти излегува. Девојките секаде се исти, девојче како девојче само ти треба да знаеш да ја освоиш. И ако една, две , пет те одбиле не значи да очајуваш сега тука. И ќе те замолам да престанеш во секој пост сам себе да се фалиш а девојките да ги навредуваш. Исто така да бараш партнерка овде на фемина оти нема да ја најдеш. Друга работа е тоа што и јас лично да сум некој премногу фин и културен ми делува како лигав. Друга работа знам дека сум малечка ама сум имала дечко и јас. Сеа не го фалам ама би го опишала во кратки црти. Беше и тој културен и фин, ама не лигав. Знаеше да се извини, да се однесува, да прави муабет и се ама не постојано да се лигави и пренамага. Беше љубоморен ама не го покажуваше тоа на лош начин туку со убаво. Не беше дечко од типот да ме уценува ако не направиш вака така ќе биде тоа не. Имаше мотор ниту еднаш не дошол по мене со него, пешки си доаѓаше, знаеше дека несакам фалења и такви работи. За физичкиот изглед малку повисок од мене и онака си се облекуваше нормално фармерки и блуза. Значи конкретно за физичкиот изглед без ланци, тркатанци, обетки, прстени, нараквици, залижани коса, раскопчани кошули и смакнати панталони знаете до каде. Значи дека сите девојки не се исти и несакаат багабонти, ете јас несакам. Последните наведени работи ме асоцираат на сељак. (Кога велам сељак немислам на човек од село) Несакам фалбаџии од типот имал ваква кола, таков мотор или онаков трактор. За почеток не ми е битно што има и колку има. А тој што многу се фали ан крај излегува и ништо да нема. Од ова се надевам дека сфати дека ниту на мене ниту на некоја друга девојка тешко ќе и се допадне твојот карактер. Од сите твои постови до денес сфатив едно. Ти си најкултурен, најфин, најубаво се облекуваш, знаеш да комуницираш, си сменил парфем (си заборавил да напоменеш кој парфем го користиш) и уште што не, а девојките се тие кои не чинат. Ти кажав грешката е во тебе. Тој што е фин и културен и добар и се нема потреба тоа да го спомнува на секој втор збор тоа се приметува. А ти овде ни се исфали на форумот ваков сум таков сум најдобар сум вие не чинете и на крај пола форум е во врска, ти најдобриот неможеш женска да си фатиш.
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Aјде да ја оживеам дискусијава на темава којашто замре со заминувањето на летото. :lol:
    Морам прво да кажам дека чувствувам некоја тенденција, слична на онаа во темана зошто привлечни и убави девојки се сингл. Богатството и убавиот изглед секогаш се поистоветуваат со надменост, со третирање на партнерот како ѓубре, а недостатокот од истите, со добрина, скромност, почитување на партнерот и слично.

    Имав на времето едно другарче, татко му беше на убава позиција, пари, привилегии, ти реков ми рече (не она ептен ептен, но доволно за да го кренеш носот) . Значи никогаш ни со изглед/гардероба, ни со однесување не се трескаше од земја. Кога, сосема случајно дознав дека е син на таков човек, ми дојде ептен чудно. Значи детево срце беше. Oд манири, до скромност, до све... да, ретки се таквите, знам. Особено во време во коешто се` повеќе материјалното диктира некои нешта. Детево едноставно така си беше воспитано.
    Oна што е исклучително добро и вредно за задржување е ретко, како и секоја скапоценост. Ретки се таквите луѓе и меѓу посиромашните и меѓу побогатите... и меѓу фраерите и меѓу поповлечените. Се` останато е однесување од немајкаде и поттиснување.

    Има и такви коишто иако никогаш не биле богати и фраери, си имале некоја своја надменост и лош однос кон девојките. Тоа што не фурале имиџ на фраери и на богаташи, не ги напраило магично добри.

    Значи прво насочете ја лупата кон самите себе, откријте што ве усреќува ВАС, не комшиите или општеството и потоа патот до станување попријатно друштво за другите е лесен за одење. :)

    Затоа што, све гледам очите ви се во спонзорушите. Спонзорушите вакви, спонзорушите такви. Па машала, штом сте стигнале толку да ги запознаете, баеги време трошите на нив. А со тоа, веројатно и поскромните и приземни девојки се занемарени... природно колку повеќе време и енергија се троши на нешто, толку помалку од истите останува за нешто друго. А ако на крај откриете дека најмногу ви годи друштвото на такви и најмногу лично ве исполнува, па што да речам, почнете со правење пари.
     
    Последна измена: 24 декември 2014
    На presiosaP, RedWine, glosipgirl и 9 други им се допаѓа ова.
  10. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Има машки во скопјево, не дека нема. Само зависи и од вкусот. Некад човек гледа дека иста грешка прави само со различен дечко, а уствари....вкусот му е за менување...
     
    На Dvolicen, tinan и tessie им се допаѓа ова.
  11. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    DigY, за спонзорушите збориш? Обично така си ги дефинираат критериумите... "да е богат, убав, среден, добро облечен, културен, да плаќа у кафана, да има свој стан, да е добар у кревет, да е добар со деца.... и уште што не..."
    Мислам дека не им е до вкусот, до друго е. Порано кога некој повозрасен ќе шеташе млада цура сите ќе ја оговараа. Сега као нормално му доаѓа и уште и им завидуваат другарките. Веројатно затоа и повозрасни ко мене добиваат шанса со 25-35 годишни. Уствари не шанса... се набацуваат отворено,... а знаат колку години имаш.... и не се сите спонзоруши,.. некои се стварно цури на место а некои би можеле и мене спонзори да ми бидат.
    Незнам. Или стварно нема мажи (мислам на old school моделот), или младиве се многу незрели па девојките си бараат нешто на нивно ментално ниво, или младиве момци не ги интересираат девојки, т.е, не ги интересира брак и обврски,.... незнам стварно.
     
    На Annath и Daleron им се допаѓа ова.
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    @tinan се што наброја веќе спаѓа у луксуз. ако збориме реално -со сите тие работи да ги има , збориме за средовечен човек. не за дечко од 27-8 години. пореално би звучело ако бараме паметен човек зошто-паметен човек е и амбициозен, културен, среден, добар не само со деца- со луѓе и со животни. Јас повеќе зборев за -ако 2 врски ти пропаднат од иста причина, ќе да треба да си го смениш вкусот...и не само ти, веќе никој ништо не знае.
     
    На tessie и tinan им се допаѓа ова.
  13. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Не бе брат,сите се во Кривогаштани :D
    Многу мразам вакви глупави теории наметнати од уште поглупи серии како сексот и градот. Тоа толку мажи,врие,вие се жалите мажи немало :rofl: Абе ајде! И уште па тие што ги имало,им фалело ова,им фалело она... Не биле асални! Ние па сите совршени да не сме? Сите ние сме и асални и неасални за некого :) Не се оптоварувајте со глупости и ќе си најдете дечко.
     
    На galapce, Daydream, Bokchee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Ова ви е типичен old school маж. Вакви треба да барате кога веќе барате мажи/машки
    [​IMG]
    Проблемот е во тоа што повеќето женски бегаат од човек кога ќе слушнат дека тој работел како келнер, некаква земјоделска работа или било каква работа, што се смета за нашите големи стандарди, деградирачка и најчесто трчаат по мамини синчина кои се расфрлаат со парите на тато, а се средуваат повеќе од мама
     
    На softy1, galapce, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Се` е до вкусот. Има девојки/жени на коишто пак таквите им се тотално непривлечни и нивната слика за маж е сосема поинаква. За секое тенџерче ќе се најде капаче. Милијарди различни луѓе шетаат низ светот и исто пати по толку слики за идеален партнер. Мајсторијата е да почнат да се бараат на вистинското место. Не може за се` другите да ни` се криви.
     
    Последна измена: 25 декември 2014
    На Daydream и Adina им се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    @tessie Каде е вистинското место и јас да си најдам еден! :P
    Не е работата во исфеминизирани мажулиња или исфрустрирани од многу пари. Акаллии нема тоа е најголемиот проблем.
    Ама пак кога ќе размислам дека не можеш сите работи да ги споиш во едно ќе се задоволиме барем со едно нешто, кој како си мери така и си сече.
     
    На DELFIN-15, Annath и tessie им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Не мислев место како географска дестинација, туку мислев на тоа да сме си начисто со себе што сакаме од партнерот и кои особини ни` се приоритет и кон таквите луѓе да се ориентираме.Е тие луѓе се “вистинското место“, Идеалното е илузија, тоа си во право, но работата е во тоа што многу често се случува луѓето да се со партнери коишто не ги остваруваат ни нивните приоритетни критериуми поради тоа што ќе рече некој друг или пак што ќе помисли. Спонзоруша, мангуп, лош, добар, ваков, таков, поарно биди со него/неа, кога со поинаков тип на партнер, ниту ти си исполнет, ниту пак ти можеш да го усреќиш.
     
    Последна измена: 25 декември 2014
    На Annath и Daleron им се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    52.109
    Пол:
    Женски
    Можеш да имаш куп критериуми за совршениот маж и пак кога ќе го запознаеш тој ќе биде исклучок.
    Не е дека нема машки или дека сите жени се спонзоруши, туку повеќе од половина од луѓето што ги знам бараат партнер што има многу повеќе од тоа што тие самите можат да понудат. И во физички изглед и интелигенција и карактер, не зборувам за финансиска состојба :)
     
    На softy1, galapce, tinan и 2 други им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    Во право си. Со тоа што ќе се надополнам. Многу е важно и врз која основа се градат критериумите. Правам муабет за зрели личности. Дали врз нивно градење влијае мислењето на мама/тато/друштвото/општественото мнение... или се тоа искрени и длабоко лични нешта за коишто знаеме дека ЛИЧНО нас ќе не` исполнат. Тие обично поретко се кршат. Но, секако, постојат ситуации во коишто се` тоа што сме очекувале паѓа во вода, кога идеалните детали биле победени од идеално составеното цело.
     
    На Annath и crimson им се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Јас цело време се повторувам и го викам истото на секој другар или другарка што ми се жали дека неможе да си фати асална женска/дечко

    Следниот пат кога некој ќе пријде да се запознае со вас а притоа тој не е физички добар (дебел/а , грд/а и сл.) наместо уште од старт да го одбиете и да кажете нема шанса , дајте му/и шанса , кој знае , можеби нема ништо да се деси а можеби многу ќе се изненадите.
     
    На Annath и Daydream им се допаѓа ова.