Имам пишувано во темава претходно, додека бев девојка, во врска или не, небитно. Сега пак решив да пишувам, поттикната од моето искуство последнава година особено. Се прашувам, што толку на младите мажи - зборам за мажи на возраст од 25-30 години - им сме интересни ние постарите жени (значи конкретно за мажени со деца)? Прашувам од проста причина што кога и да излеземе само женско друштво, обавезно ни се придружуваат мажи на таа возраст, обидувајќи се да добијат нешто. Не ги спречува ни прстен на рака, ни тоа што ние не ги рецкаме воопшто, упорни се. Зошто на мажени, кога веќе има толку млади и убави девојки низ Скопјево? Од една страна - уште стојам на ставот дека девојките треба да бидат поопуштени и кога излегуваат да не биде тоа наменски да си најдат дечко, туку дека треба само да се забавуваат, па верувам дека ставот кој го имаат најголемиот дел од нив, им е одбивен на мажите. Затоа и ние „врзаните“ сме можеби поинтересни, оти не се замараме со тоа дали ќе запознаеме некој или не, оти сме излезени само да се забавуваме и да се издуваме од секојдневието. Од друга страна - забранетото овошје е послатко - можеби тоа што не сме така лесно достапни ги пали мажите? Можеби и тоа што поради годините во брак сме поопуштени, поискрени и поотворени, јасно ставаме на знаење што сакаме? Можеби тоа е она што мажите го бараат кај девојките, а не го добиваат? Ама друго нешто забележав во последно време и ми се потврдува секојдневно, плус, ми имаат и кажано дека сакаат само да легнат нешто. Па кај упали, упали, особено полесно е кај мажени, пошто има и незадоволни во брак, нели?
Има нешто вистина и во твоето, но според моја машка перцепција мислам дека пред се се должи на PornHub и ХNХХ и целата таа milf порно индустрија со коишто на повеќето мажи им ја искриви целата перцепција за љубов и секс и да се докаже на пазарот за секс дека толку е вреден штом легнал жена од 45 години. Тоа е точно дека порно индустријата само илустрира дел од фантазиите коишто не се јавни, но ни приближно толку колку што на пример ги извештачува работите. Целата приказна за постари жени коишто изгледаат како топ модели, а се сексаат бомбастично, се само приказни во филмовите и тоа е тоа. Често сум низ град, се движам низ разни места, излегувам често, а тие постари жени што ги гледам претежно се со расипани и неуредни заби, со вишок килограми, со слаба хигиена итн. И, тоа во Скопје, а можам да замислам каква е состојбата во помалите градови и села. Едноставно колку повеќе поминуваат годините толку повеќе се зголемува потребата од козметика и третмани да изгледаш атрактивно и помладо, затоа што телото и кожата попуштаат, а сето тоа чини многу пари и време. Тоа најголем дел од жените во Македонија многу тешко можат да си го дозволат. А, секако тука е во прашање и културата на живеење. Затоа велам дека сета таа порно индустрија ја искриви тоталната слика како изгледа една просечна постара жена само што притоа забораваат да напоменат дека машки и женски мозок не функционира исто. Постарите жени според мене ни приближно не можат да бидат убави и згодни како помладите девојки, затоа што генетиката и младоста си го чинат своето. За другото не би сакал многу да објаснувам, затоа што секој различно ги перцепира работите.
Ова беше погрешно и лошо кажано на толку многу различни начини А ти под мишка ги мирисаш жените во Скопје... а тие од другите градови и села па да не правиме муабет. Лелееее, се згрозив од исказов твој, и во свое име и во името на скопјанки и жените од другите градови и села. Демек скопјанки се грди, па камоли другиве.... еееејјјј.... ужас, предрасуди, снобизам, шовинизам и незнам уште што ли не.
Ти ова сериозно?! Па во какви кругови се движиш? Јас еве, во мое опкружување не гледам такви жени какви што ги опиша, а притоа замисли, се над 30-35 години и повеќе, со солиден изглед и хигиена, внимаваат на себе, без третмани и врагови за подмладување и што е најбитното, држат до себе. Можеби јас живеам во некој друг свет?
Јас немав никаква цел да навредам некој, ниту посочив со прст, туку едно мое видување на работите. Да изгледаш убаво и женствено на постари години треба и многу финансии, затоа што веќе генетиката не е толку силна страна, а кај нас финансиите се голем проблем кај повеќето семејства. Плус, културата на живеење. Не верувам дека поголем дел од мажите во помалите градови и села би дозволиле нивната жена да изгледа и да се облекува провокативно на јавни места. Баш напротив. Во Скопје е целиот бизнис сектор и самата позиција наложува жените да изгледаат убаво и претставително, па затоа и може да се најде поголем процент на убави и средени постари жени, но во помалите градови тој процент е скоро никаков. Плус, образованието е на многу пониско ниво и свесноста за личната хигиена и изглед.
Мислам дека не си прошетал по другите градови. И во другите градови има директорки, докторки, бизнис жени... а и не вработени жени кои се убави и средени. А тоа дека во Скопје, а особено 'во другите градови и села', скоро сите повозрасни жени се со грди заби, смрдат и се дебели, немам збор. А остај тоа.... маживе сите кој од кој и на 50 се како Бред Пит (тоа во Скопје, во другите градови и села секако со опинци излегуваат и запотени).
Оу да, кај нас генетиката и тоа како ни е силна страна... сеуште... додека не не потепа ова загадувањево Не мора да имаш јаки финансии за да изгледаш добро. Не мора жена да се облекува провокативно за да привлече внимание
Не е поентата во тоа каде се движам, туку тоа што го гледам. Колку што приметувам ти си стоматолог по професија, се движиш претежно во таа фела луѓе каде што самата професија ти диктира убав изглед и хигиена, а самата професија е профитабилна и носи убава живеачка. Но, ти и твоите колешки не сте единствени претставници на македонската жена. Баш напротив, туку те советувам наутро да се провозиш со автобус, да застанеш пред некоја фабрика за конфекција и да видиш збрчкани жени, со неуредна коса, неуредна гардероба и слично, но јас не им судам воопшто на тие жени. Едноставно животниот стандарт ги приморал на таков однос и запустеност во животот. На нив последно во животот им е штикла од 15 цм и подвезици. Ги мачат основни егзистенцијални прашања, прекувремена работа, разочарувања од животот и многу други прашања, а во помалите места полно семејства сеуште кубурат со основна човекова инфраструктура.
Значи убавината е 15 цм штикла и подвезици. Значи сепак тебе ти удрила во глава милф порно индустријата, затоа што сметаш дека убава 40 годишна жена е жена со некоја убава професија и секси штикла и подвезица. Овие што не прават фризури секој ден не се убави, а? Еве македонската жена НЕ Е штикла и подвезица... со што, на пример, мислиш дека германската жена е баш таква?
Секој ден се возам по автобуси, и не се движам баш во некои елитни кругови, иако сум стоматолог (не ми е јасно како по дифолт тоа ме става во некоја шема). Работам претежно со социјални случаи и затоа ја знам и таа грда страна на животот во Македонија. И баш затоа ти велам дека генетиката се уште ни е јака страна. А финансиите повеќе или помалку влијаат, но не се пресудни. Јас велам дека ако жената држи до себе, нема да дозволи да се запусти. Па бабите наши не биле толку учени, ама држеле до себе. Основни работи се хигиена и среденост. А провокативно облекување и подвезици, штикли и не знам што, тоа не е секојдневие во нормални средини. Забега темава во друг правец.
Taman sme si so Brad Pitt. Klasichen primer e samodoverbata na toj glupak. Jasno napishav deka napnuvashe cel saat. Ako sepak tebe ne ti e jasno kje ti povtoram, se motashe okolu mene i manijachki se dzvereshe, nekolku pati proba i da razgovara so mene delejkji mi prostachki "komplimenti". Seto toa iako ubavo mu beshe dadeno do znaenje deka nema teren za taa rabota. I ne ja spomnav negovata vozrast shto celata stvar ja pravi ushte pomanijachka. Kultura i finost ne se primenuva so sekogo i vo sekoja prilika. Ajde pozdrav.
Дали ви се допаѓа или не муабетот на @Dorian Gray и дали некој се пронаоѓа во неговите зборови е негов проблем, олабавете се, почитувајте спротиставено мислење, Жаклина научи се да дискутираш, срамота е ваква реторика. Постои едно општо мислење кај македонските мажи, за мажените жени кои излегуваат по кафулиња и дискотеки, дека се жени кои бараат брза забава, во смисла, излегува, наоѓа секс, си оди дома. Лесен плен се, а сите мажи сакаат брз и необавезен секс. Тоа што Дориан го начна како муабет, мислам дека е реалната причина зошто е такво мислењето на македонските мажи. Прво, што се вели во вчера мажените жени не можеше никој да ги види после 21 часот надвор од дома, а и ден денес, главнината е преокупирана со турски серии и домаќински работи. Македонската мажена жена нема традиција на излегување и забава. Сега, кога нештата се менуваат, cougar девојките се многу побарани зашто се исто како обичните девојки, со плус искуство и минус обврска да ги бараме по one night stand. Плус, не бараат гага пијачка, не треба да ги возиш до дома, а не мора ни да ги мољакаш и да смислиш pick up lines, зашто за нив сите тие игри се одамна видени и проѕирни. И @Annath trust me, многу од твоите мажени другарки излегуваат токму за такво нешто. Фала Богу, сите можеме да видиме околу нас какви бракови има, на кое дереџе се македонските мажи и воопшто институцијата брак, секс има кој кај стигне и со кого стигне. Моралот е на најниско можно ниво во историјата на овој народ и кога на тоа ќе додадеш дека е еден вид престиж сопругот да има швалерка и еден куп Македонки со гордост си кажуваат дека маж им има швалерка, тогаш што им преостанува на девојките во брак и со деца кои сè уште чувствуваат живот во себе и потреба за секс? Да плетат гоблени?
Капетанче, не се секирај, не се пронајдов, далеку сум јас од средовечна жена, хахах. Срцка си!!! Се згорзив од муабетот, не друго, и да мојата дискусија си е на ниво, не побарав твое мислење дали ти се свиѓа мојот начин на дискусија или не. Ако имаш нешто што не ти се свиѓа што кажав, посочи си, а мојот стил на дискусија не е твоја работа.
Кај мене па обратно, женети во брак, кој долгогодишен кој не толку долг, со деца и се' останато. Ни срам ни перде. Ниту еден врсник ми се нема пуштено толку директно, без усул ко оваквите. Да му се згади на човек
Па баш само во скопјево дали останале машки ли, што им фали на скопските машки не дека нешто ги бранам, ама зависи ние женските какви машки одбираме