Многу ми е смешно ( читај - патетично ) која ќе дојде некој и ќе каже ја сум скромен, добар, фин, паметен али никоја женска не ме сака. Као прво, ако си сите овие работи ( според тебе, нели ), не значи дека ќе и се свиѓаш на секоја девојка по дифолт, а најмалку па на онаа девојка која тебе ти се свиѓа. Ако една не те свиѓа, идеш на друга и така. Ма да скоро сите овие свиѓаат некоја надвор од своја лига, или пак не знаат два реда муабет да сврзат за да остават впечаток, и после девојкава е спонзоруша, курва -на сите дала само на него не, и што ти ја знам. Затоа најголемите радодајки први се испоомажија, оти на никој не му паѓа курето дали ќе му речат не. И тука испаѓа големиот алфа мужјак што отсекогаш сакал да биде. Јас сеа тука можам листа да пишам што сакам, што не, али на крај ќе завршам со оној со кој имам хемија во живо, или со оној со кој може и немаме некоја на почетокот, али се труди и не се откажува, па ќе имам време стварно да го запознаам. Не јебе леп, него упоран, на крајот на краиштата. Затоа некоја лепотица ќе ја видиш со некој звер, затоа што има самодоверба. А сеа дека има шанси да ја има таа самодоверба само поради јаката кола што му ја купиле мама и тато - тоа е друг жален муабет. А за немањето машки, има. Само сакаат да легнат се што оди додека да напунат 30 години, и после да се оженат со некоја невина. Или пак немаат муда здраво да ти речат у живо, а камо ли да ти пратат френд рикуест. Ги има и оние кои ќе ти речат, здраво, ќе те викнат на дејт, па ќе се видите неколку пати, па ќе се фатите...Само што не се сами веќе.
па јас уште на првиот пост пишав дека се додека тој тип ме привлече никогаш не би го одбила, ама ако не ме привлече не би. Тоа е се Зошто разум? За љубов се ти треба само разум не
А ти по што се водиш? Оти хемијата е основа. Бираш партнер со кој ќе имаш,меѓудругото и секс, а не само да седите ко пријатели и да зборувате. Треба да те возбудува,да го посакуваш,побогу.
Извини, дали јас некаде напишав дека партнерот треба да биде намќор? Не. Дали јас некаде напишав дека не треба да биде воопшто забавен? Не. Пишав само дека кога се избира партнер човек секогаш треба да се води според логиката и разумот, не според хемијата. Зошто ако се водиш по тоа секогаш и на крајот завршуваш со човек кој не ти одговара. Па после пишувања по форуми од истите тие како биле разочарани од некој билдер... Епа тогаш нема причина да го пишуваш коментаров, зошто јас ништо не пишав лошо... Барем од моја гледна точка, сега не знам од твоја.
Колку и да имате заеднички теми со партнерот, ќе дојде ден кога ќе сакате да си ќутите. Останува само страста.
А, извини, во кој тоа дел јас го проблематизирав твојот став за намќор или што год? Прво и основно е да ме привлекува. Следна етапа е дали исполнува се' друго... или што велиш, логика. Џабе ми логика ако не ме возбудува ни малкуцка. Џабе. Или тебе ок ти е без возбудување, привлечност, страст, секс? Ги мешаш малкуцка работите. Хемија и билдерство нема врска. Бар за мене. ц
Не, прво гледаш дали има хемија, па потоа логички размислуваш дали и покрај сета хемија, вреди да се занемарат сите негативности. И не знам што имаш толку против билдерите...
Аха, значи сакаш да кажеш дека по цена на хемијата ќе прифатиш човек кој ќе ти прди на маса дур јадеш така? Јас не ги мешам воопшто работите, јас убаво напишав напишав и потенцирав дека не треба да биде некој намќор и сл. туку дека треба да биде исто така нели и малку забавен освен пријатен, културен и фин и дека едноставно не треба тие работи да се занемарат на цена што човекот бил помалку забавен од некој друг. И некогаш треба да се направи жртва, односно да се прогледа низ прсти за некоја ситница, ако сакаш да бидеш среќна.
Еве, јас пак ќе се повторам: Јас не ги мешам воопшто работите, јас убаво напишав напишав и потенцирав дека не треба да биде некој намќор и сл. туку дека треба да биде исто така нели и малку забавен освен пријатен, културен и фин и дека едноставно не треба тие работи да се занемарат на цена што човекот бил помалку забавен од некој друг. И некогаш треба да се направи жртва, односно да се прогледа низ прсти за некоја ситница, ако сакаш да бидеш среќна.
Абе чоек, аман. Никој не е совршен, секој има маани, Дали ќе го бирам со хемија, или по каталог , секогаш ќе најдам замерка, и секогаш ќе пробам да го решиме проблемот, а ако не ја бива работата ќе го оставам. Али поарно у меѓувреме од него да ми игра срцево, и да ми се влажни. Поздрав.
/\ Прво те молам прочитај што пишував претходно па после коментирај. Лесно е со испревртување на зборови и ред други работи.
Извини ама, хемија нема везе со билдерство, нема везе со намќорство, нема везе со пријатен и забавен и културен и фин... има везе со тоа дека вечерва одиме на кафе. Седнувам,те гледам и осеќам х и у работи. Нешто во стилот, јас радо би те изела = сакам да те видам пак и пак. тоа што ти ќе си културен, фин, не ќе си намќор, ќе вежбаш или не, ќе возиш џип или ќе се возиш со бус... ќе бидеш фино облечен или инаков...ќе биде само екстра поинтс за тебе.
Значи ти сакаш да кажеш дека има можност да те привлече намќор ако се создаде хемија меѓу тебе и него? Навистина чудно. А како може да се создаде хемија меѓу тебе и еден намќор ако некој цела вечер блее како теле во тебе и ништо не каже?
Видиш, е ова е проблемот со тебе. Значи дека многу погрешни заклучоци правиш генерално за другите луѓе,а тоа вели и за себе во однос со другите. Не можам да ти помогнам со тоа.
@Petra777 i @Daern сметајте дека сте предупредени. Останатите, посмирено, да не дојде до бришење Продолжете си со дискусијата. И @zhap4e и @+++ Дискусијата си препукување продолжете си ја во ЛП. Ќе бидете бришени додека сум тука а после....
Џабе толку зборење, џабе полемизирање, мислења, критериуми... на крај може некоја девојка да ја освои сосема поинаков маж за кој не ни помислувала. За некои работи не се потребни филозофии туку само да се створи некакво внатрешно поврзување меѓу нив.