Форумџика на годината

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Женски
    Не останаа,барем за мене,никогаш не сум се пронашла со некој од тука.
     
    На Deni87, KAZANOVA27, sjdgo и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Од срце ти благодарам за тагот и вниманието Dust. Никогаш не се посомневав дека наместо на чет ќе се дружиме и овде на форум, би сакал и другите да го видат нашето меѓусебно почитување. :handshake:
    Што се однесува на правото машко. За мене тоа не е некој супер-мен или нешто што не постои. Да пегла, да готви, да биде верен, па да угодува на жената се до совршенство. Сите сме маанџии и мажите и жените, кога тогаш ќе се најде маана. Сепак постојат мажи со силен дух, но нежно срце, тоа се за мене вистинските мажи кој често со емпатија и сочувство кон својот партнер ќе ги решат проблемите со мирна и добра интенција и нема да се плашат од одмаздата на жената подоцна поради својата фатална грешка направена можеби не намерно, но жената како понекогаш и ние мажите ставајќи на срце ќе си направи филм и ќе замрази одредена особина кај партнерот.

    Тоа сакав да и кажам на @Petra777, но таа од одредени причини жестоко ме нападна, се извинувам од срце и нејзе и нејзиниот ценет и почитувам сопруг од моја страна. Прашањето ми беше само дали се молат еден за друг бидејќи ја имам читано во тема религија, пример јас би се молел за мојата девојка и би сакал и таа тоа да го направи мислам дека тоа е најдобро искажана форма на љубов, чиста и безусловна, без никаков интерест.
     
    На blonde_supergirl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Не ти одговорив зошто темата е "Дали останаа машки во Скопјево" , а не "Брачен живот од православен аспект". Сега јасно е?
    Нема потреба од извинувања, само јас те замолувам да не ме цитираш. А сега доста со оф топици.
     
    На Daern му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Во ред се извинувам, еве повеќе нема да те цитирам. :handshake:
     
    На Dadusicka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Passenger

    Passenger Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Машки
    Ако веќе сакате искрени мажи, ајде да кажеме некои работи искрено.

    Според она што сум видел низ животов (а сум се изнаглеал свашта), често се дешава девојките да тврдат дека бараат каваљер, пристоен, културен, искрен, паметен, но кога ќе налетаат на таков, тие го стават у "friendzone" да им биде една врста на "gay friend", пошто го сматраат за „невозбудлив“, „превише мек“, „превидлив“ или така нешто.

    Знам цури што околу себе собираат цели чопори од вакви каваљери, пристојни, културни, искрени и паметни и ги шетаат навака - натака ко пудлици низ град. На чоек му доаѓа да го сними тоа со тел., пошто стварно смешно делуе. Нормално, дотичната цура нема да се спанџа / легне со ниеден од нив (мада они кутрите се надаат).

    Баш напротив, цурава ќе ја видите како трча по некој безскурпулозен лик, лажовчина, женкар, варач, мутибарa., a може чак и по криминалци, џанаци или сл. Имаш ситуации, типов ја праи типкава подоле од магаре, ја исмејава пред други, ја вара, а оваа буквално го моли на колена, плаче, рика, додека оној финиот момак, таа не го ни глеа. Пошто овој првиов е као „алфа мажјак“, а вториов може да се нада само да и’ биде „рамо за плачење“.

    Имаш ликови низ градов за кои секој знае дека се проблематични, нестабилни, варачи, дека кркаат дроги или сл., па пак по нив трча све живо. Чак и мажени жени со деца, клинки, старо, младо, машко и женско. Не збориме за изолирани случаи (еден или два), туку за доста присутна појава.

    Исто, некои девојки велат дека бараат вистински маж, значи мажествен, како во изгледот, така и во однесувањето, но има ликови низ градов кои праат ’ршум, но воопшто не делуваат така. Напротив, тие чак ми делуваат помалце „гејасто“. Но ај да не редам имиња за пример.

    На крају краева, како што девојките се жалат дека нема поише вистински мажи, и ние мажите можеме да се пожалиме дека не останале вистински жени. Еден добар дел од девојкиве се станати некако „претврди“ (чест на исклучоци). Тоа баш и не е женствено.

    Не го пишувам ова за да навредам некого, не генерализирам, но вакви проблеми има.
     
    На Andromeda1, Decibel, LadyC и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.586
    Допаѓања:
    201.820
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум пишала на темава, ама ја зачитав последниве неколку страни. Женско сум, ама жени бре, застанете малку, размислете... многу големи очекувања имате.

    Хемија нема секогаш од прва средба, тоа да ви биде јасно. Не давате шанса, факт! И претходно сум го пишувала тоа, и сега повторно ќе го напишам, не им давате шанси на момците што би сакале да ви пријдат, да се дружат со вас, да ве запознаат убаво. Излегувајте за да се забавувате, а не единствена цел да ви биде да си најдете фин дечко. Сакате да најдете некој со кој што кога ќе ви се сретнат очите преку преполна соба ќе заискри меѓу вас и колената ќе ви откажат послушност. Е па драги мои, таквите се ретки. Не невозможни, но ретки. Освен тоа, таа страст ретко трае долго, повеќе е животинска страст, нешто за one night stand, евентуално fuck buddy во моментите кога ви се сака, а немате сериозна врска. Со таква страст не може да се одржи врска на долги патеки, многу е ретко тоа. А жените најчесто бараат сериозна врска од сам старт, за разлика од мажите. Мажите се поинаку програмирани од нас жените, не размислуваат за сериозна врска од првата средба како што ние жените тоа го правиме.

    Кога некој ќе ви пријде, или ќе ви даде знак, не гледајте го како опција за сериозна врска од почеток, и немојте веднаш да му наоѓате недостатоци. Пробајте, дружете се, дајте си шанса еден со друг (дајте му шанса на дечкото повеќе би рекла). Од сам старт ги одбивате ко да ви рекле дека ќе ве женат, а само сакаат да видат каква личност сте. Па ако ви оди муабетот, може пак да излезете во исто друштво, после тоа и дејт да падне, ако не, никому ништо, секој на своја страна. Хемијата може многу подоцна да се роди ;) не знаете каков бисер може да најдете, ризикувајте малку.
     
    На Andromeda1, Decibel, DrMTR и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Не останаа машки по Скопјево отидоја домазети по други градови.
     
    На PogbaPol, elimkd и Dadusicka им се допаѓа ова.
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    А што имало нешто војна или епидемија во Скопје во меѓувреме, ќе кажеа на Сител сигурно ако имаше нешто такво :devil:

    Е сеа може не останале "прави" мажи, оние кои имаат загинато барем два пати во ратот, кои воспитуваат со каиш, кои во ЈНА гризеле кабли за струја со заби, онакви кои се нервираат оти ги повлекоа книжните 10 и 50 денарки пошто сега треба да лепат по стотче на певаљката во биртија...денес све било така...недефинирано...:party:
     
    На blonde_supergirl, Dadusicka, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Passenger

    Passenger Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Машки
    Држи муабетов (касно го приметив, па не го прокоментирав у мојот претходен пост). Не е дека сите мужи се програмирани чисто да сакаат секс, а девојките озбилна врска. 21 век е, има модерни, урбани женски и доста промискуитетни. Рипаат од кревет у кревет, нејќат да се „врзуваат“. Тоа им е као безвезе, патетично, ги „гушело“, сакаат да бидат независни, да прошетаат, све да пробаат или да градат кариера (зависи). Не осудувам, секој нека си фура по свое, ама ова е проблем за оние мажи што сакаат нешто поозбилно. Не можеш да градиш врска со такви девојки, а ги има све поише. Можда ќе има one night stand, можда и two, three, ама никад озбилна врска. А чоек може да се „зацопа“ (и мужите се луѓе) и тука почињаат проблеми. Има такви „фатални“ цури ќе те збрлаат и со изглед и муабет, ќе помислиш „то је то“, ама џабе ти е. Да пробаш па да ги „мењаш“ е глупо и не вреди.
     
    На LadyC и Jean-Baptiste им се допаѓа ова.
  10. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Останаа, ама и машките до некаде ги оправдувам, како да се решат за нешто посериозно, кога немаат стабилна работа? Основна егзистенција немаш, ништо немаш. И тие делуваат некако разочарани. Генерално тешка е финансиската ситуација за оние што не се во редовен работен однос. И после тоа зошто не се решавале да се женат, е ај нека се женат де..
     
    На LadyC и RAF Camora им се допаѓа ова.
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    19.579
    Пол:
    Женски
    Све е дигнато до плафон 8)
    Машки има , има и жени , но сите се со огромни очекувања и затоа се сами
     
    На LadyC, la.malparida, filip4 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Читам викате има добри момчиња кои девојките не ги рецкаат,можно. Но нивен проблем е што одат по девојки кои се вртат со три машки во исто време и гледаат само луда и незаборавна забава, а пак не ги рецкаат оние кои се добри,паметни и срамежливи. Мое мислење е дека станува збор за сатисфакција по освојување на нешто што е барано од повеќе луѓе.

    Еве јас баш такви добри момчиња преферирам, и бев со еден кој мислев дека е таков ама ме откачи поради тоа што се плашел од врзување. (facepalm)

    Мислам дека машките денес сакаат само забава и лабави врски, а после кога ќе им дојде времето за женење ќе им текне дека треба да бараат девојка која е стабилна,добра и паметна. Ќе бараат таква каква што воопшто не ни приметувале дека постои во младоста.
     
    На LadyC, celineparis, twilight123 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Stargazer

    Stargazer Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2017
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Машки
    Што правиме со тие што немале предмет хемија во средно? :?:
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  14. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Ние женските викаме нема машки,машките викаат нема женски, ама на крајот се се сведува на тоа каква ти е среќата.

    Има девојки кои долг период се сингл и без успех и такви кои два месеци по претходната влагаат во нова врска( иако не можам да сфатам кај ги наоѓаат толку брзо)

    За жал шансите тој што ви се допаѓа на вас да му се допаѓате и вие на него ( и да го сака она што и вие го сакате) се помали,но не невозможни. Така да се некако зависи од среќа,има работи кои ние не можеме да ги контролираме.
     
    На hermosa, Читател, twilight123 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Ги има да да не се лажеме иако се можеби во мал број.Реално нема ни женски во Скопјево.Јас почнувам од мојава генерација 2ра-3та средно што се.Да не отварам уста ајде.
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  16. saren_petel

    saren_petel Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2018
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Машки
    Eve od provincive im prakame u SK. bidejki stana pomodarstvo da sme ziteli na zagadenata od smog, metropola. Ke imaat u SK. devojkite na pretek provincijalci.
     
  17. Deep

    Deep Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Машки
    the last mohikanec is here ... me pobara nekoja ? :?::angel:
     
  18. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Охооооооооооооо колку ги има,ги има еден куп
     
  19. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Не. Сите заминаа по белиот свет да заработат и си купат млади невести. Кондурите само им останаа тука.
    кондури.jpg
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Еве ќе се земам јас за пример зошто ви изгледа дека не нема како појава во Скопје. Јас веќе одамна не излегувам по : кафани, дискотеки, ноќни клубови или слични објекти. Зошто е тоа така? Затоа што од една страна ми е здосадено да бидат сведок како некои си ја покажуваат силата во физички дуели поради дечко или девојка, од друга страна залудно би си го трошел и тоа малку слободно време што го имам. Јас сметам дека ниту момците ниту девојките не се виновни за оваа ситуација, денес многу е тешко кај некој да стекнеш доверба за да можеш да изградиш добар однос за да може тој однос да премине во нешто позначајно за двајцата. Исто тука голема грешка прават членовите од фамилијата со муабетите за твое добро дека ако продолжиш така ќе останеш сам или сама. Тие ти вршат уште поголем притисок поради кој почнуваш да се откажуваш. Од друга страна јас се трудам да ги испочитувам родителите бидејќи само бараат некоја помош, а со тоа си го трошам своето време на банални и понекогаш глупи работи. Кога се обидуваш да не повредиш никого најчесто остануваш сам на крајот од животното патешествие. И како после сето ова да знае некоја девојка дека јас постојам ако сум излегол 1-2 месечно , дури и кога ќе излезам изгледам депресивно поради напорните денови кои сум ги имал претходно од кои сум изморен и истоштен. Од некоја друга гледна точка премногу брзо донесуваме заклучок за тоа за каква личност станува збор.
     
    На LadyC, PaLaVa, miley21 и 3 други им се допаѓа ова.