@RAF Camora пиши си слободно не си полн со (не пишувам во навредлива смисла,да не се налутиш). Да ги имаш ти парите или од твоите сами девојките ќе те прогонуваат ич од ич не ќе треба ни кафич ни кафана нит клуб. Јас и затоа пишав машките заминаа в бел свет за да печалат. Ама не се ни враќаат кога таму налетуваат на либерте жени без предрасуди. Е сега што таквите се доволно независни да заминат од брак ако мажот балканец не им одговара тоа друга тема.
Нема зошто да се лутам кога таква е реалноста.Во право си за тоа што го напиша, но не е поентата условно да ме сака поради тоа. Тоа веќе не е љубов туку е врска од корист. Јас не сакам да имам таква девојка поради тоа и сум сам, сакам да бидам со некоја девојка со која ќе се разбираме и ќе се сакаме онакви какви што сме. Мене на пример убавината ми е сосема неважна работа кога зборуваме на оваа тема, плус јас не сум некој лепотан па сега да барам девојка врз основа на физички изглед. Важно е да си помагаме и да функционираме како едно, се разбира дека секогаш нема да ни биде идеално но едноставно тоа е нормална работа. Инаку да се надоврзам на твојот муабет, имам слушано од мои познаници разговори од типот каква риба сум наполнил вчера вечер (да ми простиш на изразот). И го прашуваат и сега што во врска ли ќе бидете, а тој вели: Каква врска бе сега ми врти не и се јавувам , тоа беше авантура за една ноќ. И така јас го слушам и не ми се веруваше дека можат да бидат толку сурови. Јас бидејќи имам совест никогаш не би го направил тоа бидејќи сметам дека ниту една девојка не го заслужува тоа. А како можат другите ја немам појма. Епа поради сите овие причини јас сум сам, а секако дека сум можел да бидам со девојки кои со мене би биле само од корист. Но не сум бил до сега поради тоа што знам дека на крајот ќе бидам повреден, а не го посакувам тоа. Мислам дека одговорот е сосема на место.
@RAF Camora убаво пишано,ама темава не е за мене или тебе. Може и не требаше да пишам за,ама претежно така е,а и делумно како смешка го пишав. Што си слушнал слушнал,таму нека остане. И јас слушам и гледам кондури ама си правам мене како ми чини.
Нема врска не сум до толку мек на срце јас. А ова што го напишав директно за мене сакав да ти ја опишам ситуацијата, за да не се дообјаснуваме во понатамошната дискусија и да отидеме во недоглед. Инаку дечкото за кого го напишав ова не верувам да се препознае, а дури и да се препознае негов срам е не е мој. Барем јас така мислам можеби грешам.
овдешните се либерте за странци ...по се изгледа погрешни луѓе победиле во втора светска војна (зирни шо вика хитлер во мојата борба кој најчесто моеш да најдеш во центар на секоја поганерија)...али јбг на крај или ќе се асимилира малцинството(коа неможеш со глава низ ѕид) или ќе победи дарвин
Прееска бев во Броз кафе и видов тројца машки горе седнати на една маса. Едниот од грб го видов, не сум сигурен дека беше машко, ама како и да е, другите двајца сигурно беа машки!
Ima ima , ama recisi bezmalku nema zeni a da ne se licemerni , na nekoj nacin site stanale Gold Digger
Хммм, а ги загледа ли повнимателно, било каква ташна да не носат со себе, гласот да не им е онака понежен или случајно фарбани да не се? Ако да, не се важат
Ухууу јака тема. Што е за мене маж? Тргам од тоа јас што го гледам. Маж во денешно време ретко знае шајка да удри, мајка му го фали колку нежни раце имал, како не му давала по дома да помага ништо, го учи дека жената е таа која треба да прави се дома, да биде домаќинка, да чисти, пере, пегла, готви, да чува деца, да смени сијалица, да провери дали има вода у колата, да знае да смени гума и у исто време да заработува и да е тука за мажот коа ќе му се посака. Ова го кажувам инспирирана од повеќето ситуации околу мене за мажи околу 30тите години кои се во брак, или пред брак. Воедно има и мажи кои се посаглам и освен нивното огледало за дотерување, знаат и да помогнат околу пазарење и ситници низ куќата и толку. Чест на исклучоците кои се навистина ретки во денешно време. Некако се ми е извитоперено, жените некако помашкудањести се во денешницава. Мое мислење не мора да се уклапа со туѓо.
А што треба мажествен маж или женствена жена да прави? Како да стане жената поженствена? Што е ова што на денешните мажи им фали кај жените?
Војска бе сесре, војска Уште прашуваш, па до кога више ќе нѐ учат тука... А за женственоста на жените, што знам, нема отворено тема за експертиве да се произнесат што тоа треба да се врати... Можда животни вештини у школо или како и да се викаше тој предметот (ако е ваљда укинат, оти и јас во „мое време“ памтам дека го имаше ко изборен), али поинтензивна обука и само за женски нормално...